логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Ruina.jpg

 ЗОШТО Е НЕОПХОДНО ДА ИМ СЕ ПОПРЕЧУВА ВЛЕЗОТ НА СТРАСТИТЕ ВО ДУШАТА

 

 

Лоша, многу лоша работа е да им се предава човек на лошите страсти, па затоа треба на секој начин да ги одбиваме и да им браниме да влезат во нас. Кога страстите ќе ја зафатат душата и ќе почнат да ја владеат, тие, како оган што паѓа врз суви дрва, разгоруваат во неа страшен пламен. Затоа ве молам, употребете сè, за да им го попречите влезот, и не му оставајте простор на никакво зло, смирувајќи си ја совеста со вакво размислување: што има врска ова или она? – кое што е погубно за душата. Зашто токму од таму се раѓаат безброј видови зла. Подмолниот ѓавол употребува големи лукавства, кога треба присилува а кога треба попушта за да го погуби човекот, и своето дејствување го започнува со нешто малечко.

 

 

 

  • Погледни: тој сакал да го доведе Саул до тоа да отиде да го слуша брборењето на маѓепсницата. Ако тој веднаш почнел да му го сугерира тоа на Саул, Саул не би го послушал. Навистина, како би послушал нешто такво тој што самиот ги истребувал маѓепсништвата? Затоа тој незабележливо и малку по малку го доведува до тоа. Првин, Саул не го послушал Самуила и во негово отсуство се дрзнал да принесе сепаленица, а кога бил обвинет за тоа, одговара дека бил присилен на тоа зашто бил притиснат од непријателите; значи, и тогаш кога би требало да му е жал, останал спокоен, како ништо да не направил. Потоа, Бог заповедал да бидат истребени амаличаните, но тој ни тоа не го исполнил. Понатаму следувале неговите зли намисли кон  Давид – па така, незабележливо и малку по малку лизнувајќи се, тој веќе не можел да застане, додека најпосле не пропаднал во бездната на погибелта.


Истото се случило и со Каин. Ѓаволот не го навел одеднаш на тоа да си го убие братот, зашто не би ни успеал да го убеди да го направи тоа, туку првин го наведува на тоа како жртва да го принесе полошото, вложувајќи му во душата чувство дека тоа не е никаков грев. Како второ, разгорува во него омраза и завист, убедувајќи го дека и тоа не е ништо. Како трето, го убедил да си го убие братот и да се затвори пред Бога во гнасното убиство. И не го оставил, сè додека не го довел до крајното зло.

Според тоа, злото треба да го отфрламе уште од почеток.

  • Дури и ако првите престапи не повлекуваат по себе понатамошни престапи, и тогаш тие не треба да се потценуваат, зашто тие доведуваат до поголемо зло кога душата е мрзелива. Значи, неопходно е да се употребуваат сите можни средства за да се истребат пороците уште на самиот почеток. Не гледај на тоа дека гревот сам по себе е малечок, туку памети дека тој станува корен на големо зло, кога не му обрнуваме внимание и не работиме на тоа да се ослободиме од него.


Дали да ти кажам нешто што е навистина зачудувачко?
Поголемите гревови не бараат толку грижа и труд колку малечките и незначителните. Самата специфика на гревот нè тера да ги одбегнуваме поголемите гревови, додека малечките,
со самото тоа што се малечки, нè расположуваат кон мрзеливост и не ни дозволуваат смело да се зафатиме со тоа да ги истребиме. Затоа тие бргу стануваат големи, ако сме успани. Тоа обично се случува и со телото. Така и кај Јуда се родило она големо зло. Да не мислел дека не е важно што краде од имотот на сиромашните, тој сигурно не би попаднал во гревот на предавството. Исто така, да не сметале јудејците дека не е важно што се заробеници на суетата, не би дошло до убиството на Христос. Па и секое друго зло обично се извршува на тој начин.

Знаеме дека никој не станува нечесен брзо и одеднаш.

  • Несомнено е дека во нашата душа постои некој вроден срам од гревот и почит кон доброто, па душата не може во еден миг да дојде до таква бесрамност да отфрли сè одеднаш. Напротив,до конечната погибел таа слегува незабележливо, малку по малку, кога ќе стане мрзелива и нема да работи на себе.  Така и идолопоклонството влегло во светот, кога се почнало со тоа прекумерно да се почитуваат луѓе, како живи, така и умрени. На истиот начин луѓето почнале да им се поклонуваат на извајаните ликови (статуи). Така, најпосле, се засилиле блудот и другите пороци.


Забележи исто така: некој се насмеал неумесно, другиот му забележал за тоа; друг го отфрлил стравот, велејќи: тоа не е ништо. Што има врска што се насмеал? Што лошо може да излезе од тоа? Но, од тоа излегуваат празни разговори, од таму излегува срамното зборување, а потоа и срамните постапки.

Некој друг, кога му забележуваат што му се потсмева на својот ближен, се смее и зборува лошо, го презира тоа и вели дека да се зборува лошо за другиот уште ништо не значи. А всушност,
од таму се раѓа неизмерната завист, непомирливото непријателство, бескрајните приговарања; а од приговорите – тепачките; а во тепачките често се доаѓа и до убиство.

  • И така, оној лукав демон од малечкото го доведува човекот до поголемото, а од поголемото до очајот, изнаоѓајќи така еден друг начин, не помалку погубен. Навистина, не убива, не погубува толку гревот, колку очајот.


Оној што згрешил, ако остане енергичен, преку покајание набргу ќе ја поправи својата постапка; а кој очајува и не се кае, останува без поправка токму затоа што не го употребил покајанието како лек.

(Св. Јован Златоуст, во книгата ,,Зошто не бива да му посакуваме зло на другиот,,.)

 

Подготви:Весна ВЗ

16- ти ноември, лето Господово 2014



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2028
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2048
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 494
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная