логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 vozdvizenie.jpg

Иларион Алфеев
Да се има или да се биде?
Влијанието на сексуалната револуција во промената на природната клима и
социјално-економските односи во современиот свет


Прашањата за половиот живот во соврменото општество добиаат сѐ поголемо внимание. Преовладува мислењето дека сферата на сексуалноста е веројатно најважна во животот на човекот. Често можеме да слушнеме дека мажите и жените се должни да создаваат семејство на основа на таканаречената „полова рамноправност“, - поимање кое е вештачки создадено од заинтересирани кругови за комерцијални цели. Навистина човечката сексуалност и околу неа создадените смешувања веќе одамна станаа објект на комерцијализација и жешка стока на глобалниот пазар на потреби.
 Имено, денес пазарот највеќе ја експлоатира човечката сексуалност, придавајќи ѝ повисок интерес во потрагата за добивка. На сосема очевиден начин концепцијата на постојаниот развиток на пазарната економија истапува во противречност со традиционалниот начин, оформен на основа на религискиот светоглед, а во рамките на кој се регулираат односите помеѓу половите. Од гледна точка на Црквата, човечката сексуалност треба да се развива исклучиво во рамките на брачен сојуз меѓу маж и жена – сојуз на кого една од главните цели е раѓањето на деца. Секаква појава на сексуалност вон бракот од христијанска гледна точка е неприродна оти моралниот живот претполага целомудрено поведение и воздржување.
 Живееме во општество во чија основа лежи концепција на постојан развој на економијата. Творците и гласниците на таа концепција се обидуваат да ја претстават како паницеја за разрешување на сите постоечки проблеми. Но, сосема е очигледно, дека пазарната економија не може да се развива бесконечно. Пазарот на стока и услуги во современото европско општество е пренаситен, и му треба сѐ поголемо проширување. Насекаде забележуваме, дека пазарот презема инвазии во сфери кои досега се сметаа за неподвластени на пазарот, сфери како вера, култура, морал, патриотски чувства. Во современите услови пазарот се стреми да преобрати сѐ во стока, која е подложна на продажба, или да го искористи како средство кое ја стимулира гладта за потрошувачка. Со помош на рекламите на комерцијалните организации се обидуваат да предизвикаат во потрошувачите ненаситно и собластително стремление „да соодветствуваат на нивото“. Поинаку кажано, во современиот свет се судруваат двете парадигми на Ерих Фром – „да се биде“ или „да се има“.
 Од гледна точка на традиционалната христијанска етика, човекот е повикан од Бога кон посветеност и самоограничување. Според зборовите на апостолот Павле „зашто целиот Закон е исполнет во еден збор: Љуби го својот ближен како самиот себе!“ (Гал. 5, 14). А љубовта кон ближниот е невозможна без самопожртвуваност, оти во самопожртвеноста се содржи вистинската самореализација на личноста, т.е. висинското постоење во христијанска смисла. Бог е вистинско битие, токму затоа што е Љубов (1. Јов. 4, 8), оти Он му дава живот на сѐ што постои, го подржува и го крепи Своето создание, му ја дава Својата љубов. Тајната на искуплението на човечкиот род се совршува во Христа, таа Божја љубов во потполност се појавила преку доброволното принесување на Синот Божји за жртва на гревовите на целиот свет.
 Така, од христијанска гледна точка, да се биде – значи да се даваме себеси, да се жртвуваме. Спротивно на тоа, „да се има“ значи ограничување на должностите, напуштање на вистинското постоење за кое човек беше создаден. „Да се има“ значи просто збирање, трошење, конзумеризам, егоистичка сосредоточеност врз сопствените задоволства, наслади и доживувања, со еден збор угодување на сопственото „его“. При такво однесување кон светот ближните можат да се покажат како пречка, досадна бариера на патот кон она што се смета за своја вистинска суштина, оти тие ни го одземаат драгоценото време, коешто можеме да го посветиме за добивање на задоволства. Затоа, очигледно е дека таквото расположение го лишува човека од неговата суштина, затворајќи го во сферата на внатрешните доживувања, го исклучува од општеството и во најширока смисла, од светот воопшто. Зарем не е во тоа е вкоренет нездравиот индивидуализам  кој стана карактеристична црта на нашата епоха?
 Тоа од своја страна влече со себе цел спектар на социјални проблеми. Организираната трговија со луѓе, принудувањето во проституција, снимањето порнографски филмови, секусалната експлоатација и распространувањето на половите перверзии не се остатоци од средновековието, туку токму во наше време добиваат пазарна инфраструктура. „Претприемачите“ кои се на чело на таквите системи, владеат со современите методи на менеџмент, маркетинг и реклама. Експлоатацијата на човечката сексуалност за стекнување на профит, не е исчезната и покрај мноштвото оформени законски ограничувања и строг политички надзор. Напротив, таа стекнала системски карактер, го распространила своето влијание на највисоките слоеви на општеството, таа поседува моќно и влијателно лоби во парламентарските и владини структури на многу држави ширум светот и се води од одредена идеологија, на чија обработка се занимаваат специјално одбрани луѓе.
 Во многу држави во светот веќе се оттргнати законските пречки за она што до неодамна се сметаше за сексуална перверзија. Некакви забрани сѐ уште постојат, но во секој момент некаква новопојавена политичка партија или општествено движење можат да побараат да се оттргнат законските забрани за педофилија, распространување на порнографија, вовлекување на малолетниците во полови односи или сексуална експлоатација. Таков пример веќе постои – во Холандија на парламентарните избори во 2007 год. учествуваше скандалната партија Naastenliefde, Vrijheid en Diversiteit (NVD) („Љубов кон ближниот, слобода во различноста“). Нејзината предизборна програма вклучуваше поништување на забраната за продажба на наркотици, симнување на забраната за педофилија и воведување на забрана за било какво религиозно воспитување. За среќа немаше многу гласачи – само 3% од населението на таа држава, но во условите на современото информациско општество би било природно да се очекува во скоро време моќен бран на пропаганди од тој тип на „хуманистички“ идеи со цел да се промени општественото мнение во таа област.
 Во традиционалните општества сексуалниот морал беше исклучително строг, некои пројави на тоа може да се видат до денешни дни во законите на нашите држави, - на пример, државата го ограничува распростирањето на порнографија, ја забранува продажбата од таков вид на изданија на лица помлади од 18 години, кривично ги гони половите контакти со малолетници, квалифицирајќи го тоа како унакажување на малолетните. Денес, сепак, финансискиот капитал се обидува да ги гурне тие граници, апелирајќи на слободата и правата на човекот. Јасно е дека му станало тесно во постоечките рамки, регулирани од законодавството, кое сѐ уште во некои ставови е ориентирано на христијанските морални норми.
 Христијанството проповеда воздржување, умереност, самоограничвање и во таа смисла тоа бездруго го попречува безузданиот раст на потрошувачка, на која е основана современата пазарна економија. И затоа многубројни се луѓето, кои би сакале да го оттргнат христијанството од животот на општеството.
 Доколку митот за постојан раст на пазарната економија (кој, да потенцираме, по навидум природен пат влегол во фразеологијата на современото економско движење, на пример во Светскиот совет на цркви) во наредните години не ја увиди својата целосна неодржливост, ние би можеле во целост да станеме сведоци на „раширувањето на правата и слободата на личноста“ за сметка на намалување на моралните норми во однесувањето на човекот во општеството. Финансиски заинтересираните кругови ќе се обидат да го оттргнат влијанието на христијанската етика од сферата на економијата и бизнисот, целосно потчинувајќи ги на основното пазарно правило: „понудата треба да ја надминува побарувачката“. Тие исто така се обидуваат да ја еманципираат сферата на експлоатација на човечката сексуалност од секој облик на општествена контрола, а првенствено да ги лиши христијаските Цркви од правото да ја изразуваат својата загриженост по тоа прашање во јавната сфера.
 Што можеме да им противставиме на тие тенденции ние, христијаните, кои понекогаш сме толку фрагментирани та немаме едномислие не само во богословски, туку и во антрополошките прашања? Нам мора да ни стане очигледно што се крие под маската на либерализација на христијанската догма, под ерозијата на неговото морално учење. Зошто таа област на христијанското богословие станала објект на различни облици на експерименти и релавитизации помеѓу протестантските цркви и општини на западниот свет, а не некоја друга? Зошто воопшто и стана можно во тие општини да се разгледуваат христијанските морални норми? Кои сили стоеле и стојат зад тие процеси, какви цели имаат тие? Доколку во која било црковна заедница оние што се нарекуваат себеси христијани, а се практикувачки хомосексуалци биваат произведени во чин на „епископ“, доколку се благословува чинот на благословување на еднополовите сојузи, доколку се ревидираат основните библиски норми кои се однесуваат на бракот, семејството, човечката сексуалност, тогаш може ли таквата црковна заедница да се нарекува црква? Тоа е сол која ја загубила својата сила, престанала да биде солена, и веќе за ништо не е погодна, „освен да биде фрлена надвор и луѓето да ја изгазат“ (Мат. 5-13).
 Да обратиме внимание на тоа дека на нападите во секуларниот печат се подвргнуваат не оние христијански заедници коишто застанале на пат на ревизија на евангелскиот морал, туку тие кои се обидуваат да ги сочуваат традиционалните морални норми. На што се усмерени компаниите во Средствата за масовни комуникации кои систематски ги дискредитираат традиционалните Цркви и нивните свештеници? Одговорот е јасен: има сили кои се обидуваат да го поткопаат авторитетот на Црквата, да ја симнат од сферата на општествената контрола над сочувувањето на нормите на морално однесување, да ја лишат од статусот mater et magistra –институција која проповеда и интерпретира етички принципи и однесувања во општеството, основани на библиското Откровение. Оти во современите секуларни држави таква друга институција нема, ниту парламентот, ниту владата, ниту академијата на науки не владее со вистински таков авторитет. На крајот, каде ќе може да пријде општество отргнато од морални ориентири, општество во кое поимите „добро“ и „лошо“ секој ги определува засебно за себе? Не ни се чини ли очевидно, дека по отргнувањето од страна на извесен народ од традиционалните морални норми ќе следуваат негова дисимилација и самоуништување како етничка и етичка стварност, ќе следува преобразување во маса на асоцијални индивидуи?
Дилемата „да се биде или да се има“ денес стои остро пред човештвото. Настроението да се има сѐ, од ништо да не се откажуваме, и во ништо да не се ограничуваме, се покажува како самоубиствена за многу народи. Пазарот никогаш не бил и не може да биде движечка сила за човечкиот развој. Заповеста Божја „плодете се и размножувајте се“ не може да се исполни според законите на пазарот, кој ги исползува најниските човечки инстинкти. Народите се размножуваат до тогаш додека во нив се сочувуваат цврсти морални кодекси, додека се сочувуваат такви институции како брак, семејство, раѓање и воспитување на деца. Во наши дни тие институции се подложени на масивен напад од секуларната идеологија, основана на пазарен принцип: „Земи од животот сѐ што можеш“. Како резултат на тоа невиден број на разводи, абортуси, нецелосни семејства, уништени човечки судбини, загубени животи.
 Во таквата ситуација ние, христијаните, сме повикани кон максимално активно заемно дејствување пред лицето на тие предизвици. Би било наивно да се надеваме дека тие ќе исчезнат сами од себе: премногу големи средства се инвестирани во проектот за отргнување на религијата од животот на општеството и во нејзино максимално маргинализирање. Единствено доколку ги обединиме силите ќе можеме да се справиме со тие опасности. Тоа е неопходно за преживување на нашите народи, оти либерализацијата на  законодавството во сексуалната сфера веќе доведува до најтешки демографски последици за цели нации, кои влегуваат во опасност од постепено умирање. Христијанските општини не смејат да охрабруваат либерални тенденции во областа на човечкиот морал. Сосема спротивно, токму денес, како никогаш до сега, е потребна заштита на традиционалниот христијански морал, вклучително и традиционалното разбирање за бракот и семејството. Компромис со духот на нашиот сегашен свет во овој случај не е ништо друго, туку компромис со сотоната.
 Православната црква е спремна, кажано со зборовите на апостолот Павле, да подаде рака (види Гал. 2, 9) на сите браќа и сестри во Христа, кои ја споделуваат грижата за судбината на христијанството и за утрешното светско општество во целина.

Превод од руски јазик:
Даниел Јовановски

ПРАВОСЛАВЕН ПАТ

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная