логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Живееме во тетовиран свет. Живееме во епоха на нов паганизам. Во општество што високо ги подига трубалните обележја на својата самопрогласена доминација врз родната планета. Силата на самоувереноста, или ароганцијата, на трагите и воинствените бои запишани на лицето од нашето присуство е озаконето во императивите на природната селекција. Светот останува на посилните, а не на помудрите, или подобрите. Дали тоа беше макијавелизам или дарвинизам? Прашањето, секако, е реторичко.

Во нашата колективна свест незапирливо избледнуваат идеалите на класицизмот. Проекциите за над-човекот како генијално животно со енциклопедиска ерудиција и префинет дух се заменети со антиутописките концепти за човекот-машина, трансформер со голема физичка сила и неисцрпен капацитет на електронска меморија, отелотворена во интерпланетарните дата-ресурси на WWW. Поголемиот дел од човештвото, особено помладата популација, онаа на која и припаѓа иднината, во секојдневната комуникација почесто се служи со говорот на кратенките, лозинките, сините потцртани линкови и веб-адресите, одошто со целовити, логични, течно изговорени реченици. Естетиката на изразот или стилските фигури веќе одамна се сметаат за анахронизам, или во најмала рака за трошење време и скапоцени мегабајти меморија. Сé е во функција на економијата на изразот.

Зборот ја губи силата во динамиката на современата култура на живеење и општење. Реториката на сликите и визуелните пораки диктираат ново устројство и нови модуси на она со што сакаме да се изразиме и со што сакаме да се идентификуваме себеси. Но, во колкава мера ваквите навидум нови начини на комуникација му помагаат на човекот да ја надмине оттуѓеноста? Да се охрабри да проговори. Да го слушне гласот на ближниот. Со сé пооскудните и поредуцирани средства за изразување и општење современиот човек сé повеќе наликува на некој пештерски предок, одошто на олицетворение на хуманистичките идеали што со векови го вртеа тркалото на човечките цивилизации.

Мудроста на општењето не е повеќе во нас, во сознателните сили на умот и срцето. Но, таа не е ниту во ортопедските помагала на мозокот, во екстерните мемориски единици на некое глобално складирање информации. Технолошките иновации во секој аспект на нашето живеење не нé направија подобри, ниту почовечни. Наместо тоа, почнуваме да пелтечиме, да испуштаме неартикулирани гласови и примитивни знаци, човечкиот глас го заменија електронски крцкања и шумови и ние комуницираме преку тие поднебесни созвучја; како некои нови дивјаци што заборавиле да се служат со својата словесна природа. Од позиција на објективен и непристрасен набљудувач, без пренагласено карикирање, имено, така делуваат секојдневните кореспонденции на жителите на денешново глобално село.

Како би можеле да ги споредиме, на пример, една и-мејл порака во која смајли со бели крилца и смајли со црни рогови се посадени меѓу зборовите на синтаксички масакрирана реченица (по правило без интерпункција), наспроти "Загубениот рај" на Милтон, на пример, "Божествената комедија" на Данте, или барем еден хаику на Мацуо Башо, иако намерата и во едниот и во другиот случај е да изразат некаква состојба на духот?

Денешницава што помпезно ја нарекуваме зрело доба на цивилизацијата, ја карактеризира осиромашена (или поточно екстремно поедноставена) визуелна комуникација, нов паганизам, којшто во споредба со визуелното мислење на авторите на пештерските мурали од палеолитот и тетовираните космогонии на полинезиските домородци, делува како блупринт од мизансценот при ритуалот на парење на некои инсекти.

Книги сеуште се пишуваат и печатат. Во големи тиражи. Тоа е прашање на престиж, а не на едукација. Затоа пораката ќе стигне до илјада пати побројна публика, ако според книгата е снимен филм. Конечно, еден отуѓеник, загубен во урбаната џунгла на современите мегалополиси, попрво ќе се обиде да се избави од анонимноста и да се изрази себеси преку спектраколор тетоважи со коишто ќе го покрие целото свое тело, одошто пишувајќи искрено исповедно писмо или отварајќи ја душата во непосреден разговор со некој свој близок. Светот е сé посиромашен за вербално заедничарење и чист допир на душата со душа.

Лицето на градовите и нивните историски и современи обележја исчезнуваат зад новата кожа, агресивниот епидерм на неонските билборди и рекламни паноа со дречливи пораки и гигантски извичници вперени директно во очите на минувачите. Станавме свет на слика и акција: GO FOR IT! TASTE THE HEAVEN! JAST DO IT! ENJOY! DON’T STOP!... Сé е подредено на идеологијата на незапирливо купување и продавање. Сé треба да помине низ дигестивниот систем на незаситното човечко око. Далеку од моќта за разбирање и поимање. Вистински пандемониум од бои и форми со микронски дози значење. И не само тоа, туку и целата философија на нашето постоење исповедана само со неколку букви. Едвам реченица. Дали е навистина тоа во што човекот верува денес? Дали вака мислиме?

Наместо да општиме со стилот и естетската порака на убавата архитектура и хортикултура во јавниот простор, со човечката мера на урбаните сензации, со животот кој циркулира околу нас, ставени сме во ситуација (свесно, или потсвесно) да се браниме од стихиите на исценираната Шангрила-илузија, којашто нé оддалечува од реалноста на не-безличното постоење, со шепот, или громогласно: Do you want me to seduce you? Is that what you`re saying?
Графитите во облик на калиграми, сигнатури или слики, дури и цели визуелни приказни, како стрип (comic book) што буквално експлодира од ѕидовите и ќошињата на метрополите, се глас од пустината на отуѓениот живот, што бара трошка внимание, што ги подава рацете за топла човечка прегратка.

Желни да се обратат некому, но немајќи кому, се обраќаат секому.
Дури и обичните патокази во јавниот простор: влез, излез, лифт, ескалатор, скали, тоалет, рецепција..., веќе не можат да се видат таблички со калиграфисан текст, туку само сликички со геометриски исчистени визуелни асоцијации на определената порака. Напатствие што може да се употреби било каде, без разлика на јазичните разлики. Во ваквата ориентација на стерилно примопредавање на информациите светот почнува сé повеќе да наликува на антисептична, климатизирана аеродромска чекална. Исчистена од човечка комуникација, но не и од информацискиот отпад што го задушува светот.

Најраспространета парадигма за рудиментирањето на словесната комуникација на современиот човек е феноменот на вербалната компресија во СМС-кратенките од типот: IOU, ASAP, DIY, 4U2, OMG!, RU OK?, B4, CU L&R, J2LYK, WUWH  и.т.н. Човечкиот ум започнува да ја следи логиката на зипуваните пораки. Бинарната логика на антиномиите. Човечкиот глас занемува.

Човечките тела се покриени со тетоважи. Од темето до петиците. Веројатно три четвртини од целата човечка популација денес е обележана со овие пестротни фус-ноти на животот. По личен избор, на сила, во состојба на стеснета свест, од медицински причини, од религиозни причини, како израз на бунт, како лекомислена имитација. Слики и стилизирани текстови што треба нешто да ни кажат за личноста што ги носи: кого љуби, кој и недостасува, која е врвната философија на животот, која мисла го исполнува срцето со восхит, на што се надева, од што сака да се одбрани, во што верува. Тоа никогаш не се случајни или попатни значења. Потребно е да се претрпи многу болка, илјадници убоди од игла натопена во мастило за да се соопшти пораката. Секако, мора да постои силна причина за да се интервенира врз природниот украс на телото. За едни тоа е бласфемија. За други - посветеност на одредено верување. Потреба да се запаметат, посилно одошто со умот, цели епизоди од животот сведени на слика или лик. Како во приказната за тетовираниот човек од Реј Бредбери. Слики што оживуваат во егзистенцијалниот крик на новите пагани и што го следат човекот до крајот на неговиот живот.
Желни да се обратат некому, но немајќи кому, се обраќаат секому.

Митрополит Методиј Златанов
(Извадок од зборникот есеи “Безбојни патокази“, издавачки центар ТРИ, Скопје, 2010)

 

Извор: http://www.akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=1098&Itemid=28

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная