логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Оче Тадеј, Вие живеете духовен живот и затоа нашата овдевремена стварност можете да ја опфатите со духовен поглед. Кажете ни, Ве молам, неколку збора за невољите кои го снајдоа српскиот народ, зошто тие ни се случија и како да ги совладаме?.......

Па страдаме затоа што мислите ни се зли и желбите ни се зли. Самите тоа го предизвикуваме, бидејки нема покајание кај нашиот народ. Нема покајание ни кај побожните, а да не говориме за оние кои не се побожни. Педесет години комунизмот многу големо зло направи, поголемо зло отколку 500 години под Турците. Толку (тоа зло) го одстрани народот од Бога, човеку! Па тие наши зли мисли и зли желби ја растурија хармонијата и мирот, просто ги разбиле и вродиле зли и тешки плодови. А самите сме за сето тоа виновни. Го береме плодот на своите мисли и желби.

Мора да се обнови покајанието. А тоа не е само исповед кај свештеникот, иако и тоа е потребно за слобода на човекот од злите мисли, туку покајанието е свртување кон апсолутното Добро. Значи, свртување кон Бога, бидејќи апсолутното Добро е Бог. Треба да се свртиме со срцето кон Бога и да бараме мир со Господ, да ни даде сила да бидеме добри. Заради своето добро да имаме добри мисли и добри желби. Ние тоа не го правиме и заради тоа страдаме.

Бог е во нас, и Он бидејќи е љубов не сака да ни ја наруши слободната воља. Задржуваме во себе многу зло и тогаш тоа доаѓа до израз: и во семејството, и на работното место, и во друштвото. На крај резултира со страшно страдание. Еве гледате на каде тргнавме...

 А не е злото само кај нас, туку и во целиот свет. Но посебно кај нас, бидејќи сме сепак избрани од Господ, Христијани сме. Има многу души од нашиот род кои страдале за Господ и кои се молат пред Него и пред Мајката Пресвета, но ние со своите мисли и желби сето тоа го стопираме. Сепак, Господ не штити, многу не штити...

 Треба да се ослободиме од злото во себе. Ја имаме историјата на Израилците, Стариот Завет.. поголемиот дел е историја. Кога и да одстапил од Господ израилскиот народ, малиот филистејски народ го десеткувал и го покорувал, и многу страдал. Кога и Израилците да се покајале и  обрателе кон Господ, со малку луѓе ги покорувале непријателите.

 Во книгата за судиите имаме пример како Гедеон со триста Израилци со помош Божја ги победил Мадијаните, кои беа "многу како песок по морскиот брег". Гедеон најнапред собрал доста војска израилска и имал намера да им се спротивстави на Мадијаните. Но Господ му рече: "Многу народ има со тебе", па Гедеон отпуштил голем дел он нив да си одат дома. Но Господ повторно му се јави и му рече тој преостанат дел да го изведе на вода и добро да го набљудува од страна. Секој оној војник кој црпи со шаката вода и пие од неа да го одвои. И издвои се на се триста војници. Се на се триста, од мноштво војска. Тогаш Господ повторно му се јави на Гедеон и му рече: "Па како ќе се справам со триста луѓе против толкаво мноштво војска?". "Ќе победиш со триста луѓе!" И војската мадијанска беше разбиена. Ете што значи Господ и неговата сила.

Ние сме мал народ, но да сме едномисленици на патот Божји, ниту еден непријател нема да може да ни одолее. Бидејки тогаш во нас е Боженствената енергија, и тоа – собрана Боженствена енергија. Тоа е сила човеку! Од еден илјада бегаат! А таму дисхармонија, кај непријателот. Но, докажи го ти тоа, кому тоа ќе му го кажеш кога брат братот не може да го поднесе... Ете тоа значи: со малку луѓе може да се победи многу поголем и посилен непријател.

     Каков е нашиот однос кон ближниот, таков е и нашиот однос кон Бога   

Нашите интереси многу не сопнуваат во животот. Те еден интерес и план, па друг, па трет, па четврт, па петти... И сметаме дека ништо нема да постигнеме ако не планираме, ако не размислуваме, ако не превземаме нешто. Ние навистина треба да се трудиме да работиме според совеста, но не забрзано. Бидејќи во забрзаноста не оборува непријателот. Во таа брзина, ние и не обрнуваме внимание дали ние повредуваме некоја личност или интересот на нашите ближни, дали попречуваме некого, не обрнуваме внимание на тоа, бидејќи сме зафатени со своите планови... И така низ животот ќе згрешиме кон ближните свои. А кога ќе згрешиме кон ближните свои, всушност нема да згрешиме кон личноста на човекот, туку лично кон Бога грешиме. Затоа што Бог почива тајно во секоја душа, и секаде почива. И каков е нашиот однос кон ближниот таков е и нашиот однос кон Бога.

Не ни е јасно дека не сме на добар пат ако кон оние кои кон нас имаат љубов, се однесуваме со љубов, а кон оние кои не мразат им одвраќаме со иста мера. Не сме тогаш на добар пат, бидејќи мораме да бидеме синови на светлината, синови на љубовта, синови Божји, деца Господови. Да, Негови деца да бидеме, да го имаме Неговиот карактер, Боженствениот карактер, карактерот на мирот и љубовта и добрината.
   

      "Да не се противиш на злото" значи – да го сочуваш својот внатрешен мир

Знаеме како Господ, додека беше во тело, беше внимателен кон сите, кон секого, кон оние кои Го гонеа. Он Бог Семоќен, Чија само една мисла и збор и – се паѓа, се се руши. Но, Он ни го покажа патот како треба да се учиме да се тргаме од злото. И Господ Самиот вели: да не се противиме. Вели да не се противиме на злото, а "да не се противиш на злото" значи - да го сочуваш својот внатрешен мир. Противењето е зло, тоа сака да возврати со иста мерка, и тогаш настанува војна, и тоа е, тогаш, храна за паднатите духови на поднебесието. А кога напаѓаат, а немаат противење тогаш оружјето веднаш им паѓа и се поразени. Затоа по секоја цена да се потрудиме, со помошта Божја, постојано да го молиме: "Господи, да ми го сочуваш внатрешниот мир, да ме научиш како да бидам мирна, тивка, блага душа, како што се Анѓелите твои и Светите".

Но затоа мораме постојано и со мислите да бидеме со Господ. На оние кои ги сакаме во овој свој живот, нашите родени, на ближните им посветуваме внимание и целиот свој живот, и мислите, и чувствата, се. А всушност тоа Господ и го бара од нас (да го имаме кон Него), бидејќи Он е наш Родител, и со право го бара тоа што ни го дал, да Му го вратиме, заради нашето добро, за да учествуваме во Боженствената радост, во Боженствениот мир, во Боженствениот живот; да не бидеме туѓинци, и за да не се измачуваме самите себеси. И затоа, треба да се научиме постојано да се обраќаме кон Господ, непрестајно во молитва да Го бараме.
   

    Светите Отци се молеле:
   "Господи, да ме избавиш од заборавот!"

Светите Отци велат: штом станеме од спиење, веднаш нашето внимание нека биде со Господ, нашите мисли нека бидат соединети со Господ, и така, преку ден, постојано, постојано да се сеќаваме на Господ. Светите Отци се молеле: Господи, да ме избавиш од заборавот!  Постојано тоа се молеле Светите Отци – за избавување од заборавот! Бидејќи ние се забораваме во предметите, во работата..забораваме дека Господ е секаде, дека е тука присутен и дека работата што ја работиме е и Негова работа. Ние се мислиме дека луѓето ни дале задача да ја завршиме и некако без воља работиме, а кога работиме без воља тогаш во нас се создава одвратност и противење. И така тече нашиот живот, од ден во ден, во противење, и така ќе остариме, веќе сме во години, а животот ни истекол во постојано противење.
   
    За внатрешниот мир

- Што е најважното во духовниот живот?
- Најважното е , мислам, чувањето на мирот во срцето. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување.
Мислениот хаос е состојба на паднатите духови – (демоните, духовите кои отпаднале од Бога). Нашиот ум, меѓутоа, треба да е собран, единствен, внимателен. Само во единствен ум може да се насели единствениот Бог.
    
    Внатрешна молитва
  
Како вие се учевте на умносрдечната молитва
-Бев сеуште сосема млад кога почнав. Отец амвросиј ми рече: "Што и да правиш, непрестајно говори си во себе: Исусе, Сине Божји, помилуј мја!" Бев дете и се целото срце го послушав. Секој ден ќе му исповедав на отецот духовник што внатре во душата ми се случуваше, а тој ме советуваше што да правам. После извесно време осетив дека заедно со воздухот кој го вдишувам молитвата "влегува" во срцето. Со текот на времето молитвата и сама од себе почна да се врши во срцето.  

Но потоа умре мојот духовник и многу години поминав во големи душевни маки. Тагата ми ја ќинеше душата. Стравот кој го имав стекнато уште од детството повторно ме мачеше. Се плашев дека постарите нема да бидат задоволни со мене и не можев да се издишам.
     

Тогаш што правевте?

 -Кога како. Најчесто ја зимав армониката, одев во самотија и свирев. Отсекогаш ја сакав музиката, и тоа ќе ми донесеше утеха.
Понекогаш самиот себеси се прашував: "Што сакаш? Дали си гладен, дали си жеден, гол, бос, болен? Бог се дал, па што сакаш тогаш? Но сепак душата тагуваше и бараше некој да ја утеши, но немаше никој да ја утеши".

Одев кај некои духовници, барав совет, но и тоа не помагаше. Тоа беше така додека не ја прочитав Патот на спасението од Теофан Вишенски и Господ помогна. Кога нема никој од луѓето да не утеши, тогаш Господ и преку книгата доаѓа да ја израдува душата.

Подготви: С. Стефановска

Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3122
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7592
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/11/2024 - четврток

+Светите Козма и Дамјан; Светиот маченик принцот Ерминигелд; Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная