логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Трет и последен дел од написот




А сега дојде време да се разоткрие најглавната тајна на црковната економија: Црквата живее од парите на атеистите.

Замислете дека јас сум млад „боготражител“. Доаѓам во храмот и барам од свештеникот да ме крсти. Свештеникот, откако поразговара со мене, сфати дека желбата ми е сериозна, но познавањата на Евангелието и на нормите на црковниот живот – никакви. Тој ми предложува да поминам некое време во неделна школа или во беседи со него. Поминува време (можеби, месец, можеби – години). На крајот, и тој и јас доаѓаме до заклучок дека дошло време за моето сознателно крштение. Ќе земе ли од мене, студентот, пари свештеникот, кој многу сили вложил во тоа моето решение да постане посознателно и подлабоко? Или попрво и самиот би ми дал подарок во денот на моето духовно раѓање?.. Впрочем, токму така и се случи со мене во 1982 година – при моето крштение не само што не ми зедоа ниту копејка, туку и ми подарија крст и свеќи.

Поминуваат години. Момчето расте како навистина црковен човек, редовно се исповеда, се причестува; во храмот оди не само на големите празници… И еден ден му приоѓа на свештеникот, но не сам: „Отец, запознајте се, ова е мојата Тања… Сакаме да се венчаме…“ Дали свештеникот со нив ќе поразговара за пари? Или ќе го венча својот духовен син радосно и бесплатно – дури и книга ќе му подари по овој повод?

Поминува година. Младиот човек и неговата Тања, која истата година станала парохјанка и духовна ќерка на истиот свештеник, му приоѓаат нему со друга молба: „Знаете, ни се роди Иван… Кога да го крстиме?“ Кој овде ќе спомне за пари?

Многу години поминале. Татјана ожалостено приоѓа кон истиот свештеник (ако сè уште е жив) и му вели: „Станав вдовица… Отпејте го мојот сакан“. И зар за погребението на човекот, кој самиот го воспитал, кој целиот живот го поминал пред очите на свештеникот, тој ќе земе пари од својата нажалена духовна ќерка?

Еве го парадоксот на градскиот црковен живот: постојаните парохјани, вистинските духовни чеда на свештеникот, практично во храмот не донесуваат пари. Храмот не живее од жртвувањата на парохјаните, туку од парите на оние што „поминуваат“ (игра на зборови во рускиот јазик: прихожан – парохјанин, захожан – случаен посетител, заб. на прев.). Пред сè, од парите на оние што ги донесуваат двапати во животот: првиот пат, за да ги крстат, а вториот – за да ги погребаат. Токму овие практични атеисти, непознати ниту на свештеникот, ниту на парохјаните, и ги ставаат своите пари во црковната „каса“. За себе и за оној (црковен) човек.

Таквиот систем на црковната „економија“ се оформил во советските времиња. Денес тој, секако, е посложен. Се појави трговијата со книги и икони (има храмови во кои чесно предупредуваат: книгите во нашиот храм се поскапи од световните продавници. Но, разберете, драги, со купувањето на книгата од нас, вие жртвувате за возродување на храмот). Има добротвори – спонзори. Има помош од страна на градските власти.

И се покажало дека топлината на човечките односи се наградува стократно. Парохјаните, кои го засакале свештеникот и се убедиле во некористољубивоста на неговата служба, потребите на храмот ги восприемаат како свои. И ако самите не можат да помогнат, наоѓаат познаници во новите руски елити (во Владата, по банките, во сферата на бизнисот), ги запознаваат со свештеникот и ги убедуваат да помогнат. Оние свештеници, што како наемници се однесувале со луѓето и на парохјаните гледале низ банкнотата – останале сами со сите грижи на финансиската криза. На добрите пастири, кои човечки и христијански се однесуваат со луѓето, се збиднале евангелските зборови за грижата за земните добра: Барајте го најпрвин Царството Божјо и неговата правда, а сè друго ќе ви се придодаде (Мт 6,33).

ѓакон Андреј Кураев

Photo of a Collection Plate

P.S. Психологија на самооправдување

Темата што ја обработува Кураев во овој текст е една од поактуелните во нашево општество. Секогаш кога меѓу нашите сонародници како предмет на разговор ќе дојде Црквата и нејзиното делување, токму темата за црковните „ценовници“ се јавува како еден огромен „камен на сопнување“, една голема „соблазна“ која дополнително ги оттуѓува луѓето од црковниот живот и ги утврдува во сопствената решеност ниту со прст да мрднат и да направат нешто за сопственото спасение.

Црквата по својата богочовечка природа не припаѓа на овој свет, но таа својата мисија ја извршува во него и тоа нејзино историско постоење е придружено со сите атрибути што ги има која било световна институција или организација. Меѓу тие нешта е и аспектот на финансирањето.Бргу завршило времето на апсолутниот социјализам во Црквата, кога верните немале ништо свое, туку сè им било заедничко (Дела 2,42-47; 4,32-35). Но,оттогаш многу нешта се промениле и сега сè е поинаку. Кај нас нема модел на оданочување на членовите на Црквата како што тоа било во минатото, а и сега е случај во некои земји. И затоа е неразбирливо негодувањето на некои православни дека кај нас свештениците сè прават за пари, а божем во црква сè треба да е бесплатно и притоа наведуваат примери од други земји. Но, дали тие се свесни дека христијаните во странство платиле многу за таа „бесплатна“ услуга, преку данок или десетина.

Благодатта на светите тајни во Црквата нема цена. Но, човекот што го гради своето спасение преку светотаинскиот живот во Црквата треба да знае, дека од него се очекува и да ја поддржи Црквата материјално (…ако сме го посеале при вас духовното семе, многу ли е, ако го ожнееме кај вас телесното? – прашува св. ап. Павле во 1Кор 9,11 и неговата поента е многу јасна, секако, во контекст на целото негово послание). Како христијанинот ќе го направи тоа денес? Со купување на црковни свеќи, даренија и со одредени парични суми што ќе ги дава во клучните моменти од животот. Ако се направи една груба пресметка на сите црковни услуги (услуга е технички термин во случајов) што би ги искористил еден член на Православната црква кај нас во текот на својот животен век (крштевка, венчавка, погреб), сумата не би била поголема од половината на една просечна плата во Македонија. И во ваквите услови, како што заклучува и Кураев, да се биде православен би било „најевтино“. И на крајот на краиштата, во Црквата може да се живее и без да се придонесе материјално (освен тоа, да споменеме дека Црквата одвреме навреме организира масовни крштевки и венчавки коишто се бесплатни). А ако некој навистина не може да ја плати одредената сума за одредено црковно дејствие, не можеме да бидеме цврсто уверени дека некој свештеник би го одбил таквиот. И ако се случило тоа, секако, станува збор за изолиран случај, но не и за генерална карактеристика. Но, ваквите негодувања најчесто произлегуваат, а ова е сведоштво на личниот опит, од оние номинални христијани кои материјално се и повеќе од моќни да платат за трудот на свештениците. На пример, за венчавка, истите тие, откако ќе ја платат за нив „високата“ сума и ќе поговорат за „алчноста“ на свештенството, подоцна ќе дадат многу повеќе за услугите на кетерингот, дотерувањето, а да не зборуваме за музиката. Во повеќето случаи овде станува збор за човечката психологија. Откако при дискусија на оваа тема ќе се објасни зошто постојат „тарифници“ во Црквата, веднаш соговорникот преминува на друга „валкана“ тема од црковното живеење. Во стилот: ама свештениците се вакви, тие се онакви, како јас да постапувам правилно. Значи станува збор, пред сè, за духовната состојба на луѓето и нивната психологија на самооправдување, со што си ја потсмируваат совеста за својата неактивност (да не работат на себеси). Ова не е апологија на свештениците (или поповите, како што би рекле некои критичари на Црквата, термин во кој веднаш се чувствува негативната конотација на нивниот пристап). Главната цел е да се објасни постоењето на феноменот црковен „тарифник“ кај нас. Можеби има, а сигурно има, да не се лажеме, негативни примери меѓу свештеничкиот клир, но има и многу светли образи кои треба само да ги воочиме и подражаваме. Но, од нас зависи кој пример ќе го видиме и следиме. Тука е слободата, но и одговорноста.

rsz_hristos gi izgonuva tgovcite

Црквата и парите (1)

Прв дел 

rsz_ikona1

Црквата и парите: „цена“ или „жртва“

  Втор дел



Подготвил: Георгиј Глигоров

Извор:  Мистагогија

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2041
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2062
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 509
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная