33.
14 април 1948 г.
Мир на тебе и Божји благослов!
Не паѓај со духот, бдеј, моли се на Господа и барај Негова помош. Ако понекогаш и и кажеш на X. некој лош збор, не паѓај во малодушност. Па не си ангел, на човека му е својствено да се гневи. Само грижи се да ја носиш нејзината немоќ и Господ ќе ги понесе твоите немоќи. Не вознемирувај се што понекогаш те напаѓаат телесни по¬ мисли, тоа е природно. Единствено Божјата благодат од нив може да не ослободи, а знам — тие до гробот ќе не потсетуваат на себе, дури ни староста не е ослободена од нив.
Да, духовниот живот е многу сложен, бара духовно смирение. Со разумот нема да го разбереш — разбирлив е само преку опит за оној кој настојува да живее според советите на св. отци. Ако некој те праша за совет, одговори како што знаеш, но пред тоа помоли се во себе и предади се на волјата Божја. Зборувај едноставно, не мудрувај и не настојувај сама да делуваш — ако е за корист, благодатта Божја тоа ќе го направи! X. во духовен поглед е дете и треба да се храни со млеко. Она што ти го кажува, слушај го трпеливо! Кога ќе искаже се, ќе и биде полесно. Кажи и да не обрнува внимание на другите и да не зема пример од нив во нивните недостатоци. Секој човек сам за себе ќе даде одговор на Бога, тие во своите дела нека се познаат себе. Немаме од Бога заповед да бараме љубов и правилен живот од другите. На другите нека внимава оној кој за тоа е поставен од Божјата промисла.
34.
З0 мај 1948 г.
Твоето писмо е богато со содржина, пишувано е со чувства. Јас го добив навреме и го прочитав со љубов. Му благодарам на нашиот Господ, Исус Христос што Тој , по Својата милост, те ослободи од тегобите на твојот внатрешен немир, а таа помош дојде по твојата вера, а не од мене грешниот исполнет со гревови. Добро е што прибегнуваш кон Бога за помош во тешите мигови, бидејќи нашата душа е создадена според образот и подобието Божјо, зашто само од Бога можеме да добиеме помош и утеха во тешките мигови.
Знај, дека без неволји и жалости не можеме да живееме. Господ рекол дека ќе имаме неволји во светот. Кога не би имало неволји, не би имало ни спасение, велат св. отци. Господ за проповед ги избрал св. пророци и апостолите, но ни со нив не ја симнал тежината на неволјите. И нашиот Господ Исус Христос, совршен Бог и совршен Човек (човек е во се, освен во гревот, бидејќи немал гревови), живеел на земјата живот полн со неволји. Од човекот, кого Сам го создал, претрпувал прекори, навреди, презир, потсмев, тепање се до срамотната смрт со распнување. Те советувам да не опаѓаш со духот и да трпиш, моли се и труди се да бидеш мудра како змија, а незлоблива како гулаб (Мт. 10, 16.). Ако прибегнуваш кон Бога, Тој според Својата милост ќе те измудри и ќе ти даде незлобливост и кротост како на гулаб.
Еве го мојот совет за твојот сопруг: нека постави поцврст темел на одлуки во своето срце, да не пие повеќе вино и нека се моли на Бога за помош, бидејќи Господ го слуша секој човек — во тоа никој нека не се сомнева. А самите наши напори, без Божја помош, се слаби. Алкохолот секогаш е пријатен и залажува; почнуваш да пиеш поради веселба, а на крајот на краиштата, доаѓа духовна и телесна болест и страдање. Тоа го знам од искуство. Господ нека му помогне да се избави од алкохолот. Нека не пие, па ќе престане и да сака да пие, илјада пати ќе престане тоа да го сака.
Не ти советувам да мечтаеш за манастирски живот. Господ те води во вечен живот преку брачниот живот во светот. Труди се да живееш заради Христа во семејниот живот и Господ, гледајќи ја твојата желба, ќе ти помогне да се спасиш преку него! Во тоа не сомневај се! Преподобниот Макариј Велики наведува пример за две жени кои Му угодиле на Бога: тие го постигнале совршенството на духовниот живот повеќе дури и од отшелниците. И двете имале желба да го минат животот во манастир, а од некои причини имале сопрузи. Господ, гледајќи ја нивната желба да Му угодуваат во манастир, им помогнал да се спасат, водејќи семеен живот. Во денешно време животот во манастирите не е онаков каков што го замислуваш и ти, поради својата неискусност во духовниот живот, со него денес можеш само да се соблазниш.
Овие денови одев пешки во женски манастир, оддалечен од нас 14 километри. Ноќевав таму и го набљудував нивниот живот — огромен труд, а исхраната бедна. Господ нека им помогне! Тие веќе се прекалени со таков живот, а некој, кој дури сега сака да стапи во манастир, тешко дека би можел тоа да го поднесе. Нашето братство се намалува. Можеби мене, кој ги пишувам овие редови, зад грб ми стои смртта, која набргу ќе го покоси мојот живот. Господи, помилувај ме мене грешниот и избави ме од вечните маки по патиштата што ги знаеш. Амин.
35.
Господи, благослови!
Го прочитав твоето писмо, се разбрав и почувствував, па, и не кријам, заплакав. Слава Му на Бога, си преживеала тешко време. Не преокупирај се со тоа како да го промениш својот живот, препушти се на Божјата волја и моли се, со време, постепено ќе го промениш. Добро е што не си направила свечен парастос, и без тоа си имала многу грижи и работа.
Секако, тебе ти било тешко да ја видиш и да ја преживееш смртта на својата мила мајка, бидејќи порано си немала можност да престојуваш покрај некој што умира. Сепак, умирањата се различни. Игуменот Маврикиј Валаамски се борел со смртта 40 дена, а јеромонахот Иринеј 60 дена; вчера, пак, погребавме монах кој имаше 74 години, кој почина одеднаш: до ручекот работеше, по ручекот остана сам во ќелијата; кога дојдовме во ќелијата, тој лежеше покрај масата — му ја предал душата на Бога.
Човекот не умира, но преоѓа во друг, вечен живот. Телото ти е од земја, па во земјата и оди, а душата е од Бога, па затоа и кон Бога се враќа.
А таму е Неговата света волја што одредува за вечен живот, според делата на секого. Нека биде, Господи, Твојата милост на нас, кои се надевавме во Тебе! Немој премногу да читаш книги, труди се на работа да бидеш вредна. Ако времето ти дозволува, секој ден читај по една глава од Евангели¬ето и апостолските посланија и катизма, односно само првата глава. Св. Гшсмо е поважно од канонот.
Господ нека те варди!
36.
8 јануари 1949 г.
Христос помеѓу нас!
Моментите на малодушност не се појавуваат само кај тебе, сите луѓе ги вкусуваат тие тешки моменти, понекогаш ти доаѓа да викаш на цел глас.
За човечките судбини во задгробниот живот ние не можеме да одлучуваме, тоа е Негова света волја. Сепак, нема сомневање за душата на православниот верник, јас не се сомневам во нејзиното спасение. Степените на блаженство, секако, се одредуваат според „заслугите" на секој човек. Како што рекол св. апостол, „една е славата на Сонцето, друга е славаа на Месечината, и друга е славата на ѕвездите, бидејќи и ѕвезда од ѕвезда се разликува во славата". Ако некоја грешна душа отиде во адот, светата Црква се моли за таа душа и Господ ја ослободува од уздите на адот. Јас, грешниот, верувам во црковните молитви.
По Божја милост, здрав сум. Господ нека те варди!
(Продолжува)
Извор:
Издавачка установа „Канео“ при Дебарско- кичевската епархија ,Охрид 2001
Главен и одговорен уредник
Митрополит Тимотеј
Друго:
Писма на валаамскиот старец (1)
Писма на валаамскиот старец (2)
Писма на валаамскиот старец (3)
Писма на валаамскиот старец (4)
Писма на валаамскиот старец (6)
Location and nature of Valaam, legends about an origin of the name and about a most ancient history Valaam
There are places which seem to be especially destinied to glorify God, places reminding of the primordial harmony of the world. Often these places are separated by Nature from the surroundings. One of such places in Russia is Valaam, an archipelago in Ladoga Lake with the Monastery of the Transfiguration of the Saviour.
The total area of its fifty islands is thirty-six square kilometres. The wonderful nature of Valaam, according to the words of hidrographer A.P. Andreev, "is unique in Europe: sheer rocks rasing high from the depths, little islands, capes, bays... Straits, lakes surrounded by thick plants and sullen granite rocks reflect everything in their azure, and tall coniferous trees complete the marvelous, magnificent picture. "The name "Valaam"is translated from Finnish as "the high land", less probable are the translations "the land of vow" or "the land of light". Sometimes the name of the island is attributed to the name of the pagan god Baal (Veles), or the biblical prophet Balaam.
One of Valaam legends says that long time ago, before the finno-ugric and Slavic peoples inhabiting the shores of Ladoga lake adopted Christianity, the islands used to be a huge site of pagan sacrifices. The first of Christ's disciples, St. Andrew the First-Called went preaching in Scythian and Slavic lands and having visited Novgorod left for Valaam where he destroyed pagan altars and erected a stone cross. St. Andrew predicted the islands' great future. The prediction turned true after the establishing and further flourishing of the monastery which became an indispensable part of Valaam.