Презвитер Горан Стојчевски
23-ти февруари , лето Господово 2015
Прашање: Која е основата на женската филозофија?Да ми е да знам.
Одговор:
Одговорот е даден во една друга прилика пред Богојавление, и сметам дека дава одговор според улогата на жената, нека се нарече дури и женска философија, но ако приведува кон Христа, сe нарекува само философија во Животот, во Христа. Еве го тогашниот одговор: "Жената во остварувањето на евангелските вредности дава нежност во светот и низ тоа ги актуелизира заборавените: достоинство, чесност, послушание..., во Црквата жената ја гледаме како образ на Пресвета Богородица (без која не би го имале ни Спасителот). Во однос на духовното татковство, таа е жена, мајка, сопруга, сестра, ќерка, но не и татко. Мајчинството во ништо не е подоле од татковството, само е поинаква служба, затоа не треба понекогаш поуките и ставовите во Црквата да ги сфаќаме како дискриминаторски или забранувачки за жената, оти тие изгледаат такви само во изградените секуларни идеологии на човечкиот ум, но не и во Христа. Ако учествуваме сите во радоста на празнувањето и бараме наше исцеление и просветување во осветените води, зошто жената би била лишена од учеството и во ова Богојавление? П.С. Поентата не е кој ќе го фати крстот, туку дека сите добиваме осветување и во таа средба со Христа".