логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Миртополит Американско- канадски г. Методиј

metodi.magisterska1.jpgИ покрај брилијантните аргументи што еволуционизмот ги везе со децении обидувајќи се да ги врзе сите карики меѓу човекот и мајмунот, секогаш останува крунската забелешка која оваа смела теорија сериозно ја релативизира: мајмуните не прават такви злодела (ни на самите себе, ниту пак на другите) како човекот. Се јавува дилемата, дали грешката е во концептот, т.е. не се работи за еволуција, туку за дееволуција, или мајмуните се денс многу, многу подобри од тоа какви биле пред оние милијарди години во кои од нив настанал човекот, со сите гадости и мајмунлаци во кои денес "еволуирал"? Или можеби во прашање е трилема во која треба да се вброи и хипотезата дека човекот своето потекло го има во некоја друга клета животинка? Има такви видови во природата што го убиваат својот пород. Најчесто ако од одредени причини родителот не може да го препознае своето младенче. Вакви појави се случуваат кај животните кои живеат во големи заедници: крда, јата или чопори. Автодеструктивноста кај овие суштества се јавува како инцидент, врзан најчесто за инстинктот за самоодржување. Парадоксално.

Уште една карика секогаш останува проблематична во еволуциониот ланец. За разлика од бесловесните живи суштества, човекот е обдарен со разум. Таа разумност, макар и на ниво на спекулативна логика, секогаш малку покомплексна од онаа во која се дресираат лабораториските живинчиња, го прави човекот нешто различно од останатите животински видови. Дали таа различност ќе ја дефинираме како совест, како морална одговорност, како богообразност или како супер-мајмунска супериорност тоа е навистина сеедно. Фактот останува: природната разумност (словесност) и чедоморството се две потполно некомпатибилни појави во едно живо суштество. Станува збор за суштинска противречност. Она што е живо не може да му се спротивставува, да го исклучува, да го уништува животот што го раѓа. Со други зборови, апсурдно е дури и да посака животоубиство она што е обдарено со живототворство. Проблематичен е во таа смисла и деструктивниот однос кон животот воопшто (убиство, самоубиство), а особено кон животот кој произлегува од сопствениот живот. Ваквата појава, - а сведоци сме дека чедоморството не само што не се третира како злосторство, иако е злосторство пар-екселанс, туку уште е и озаконето во многу "цивилизирани" општества, - покажува дека Дарвин сериозно ги навредил приматите и животните воопшто кога на нивниот генетски, или еволуциски ланец закачил едно суштество толку противречно по своето поведение и несфатливо во својот потенцијал за самоуништување.

Да се зборува за абортусот денес и на ваков начин можеби некому ќе му изгледа бајато и банално, но поводот едноставно не може да го остави човека рамнодушен. Приказната во основа е општо место. Како плод на наивно невнимание, како што во денешно време се сфаќаат младешките сексуални експериментирања, една девојка, во последните години од своето тинејџерство, забеременува од момчето во кое мисли дека е заљубена. Бременоста, се разбира, никогаш не е опција во пакетот на таа заљубеност. Неколку месеци крие од своите родители, за кои благословената состојба на нивната надежна академка не доаѓа пред вид, а времето не стои. Кога конечно дознава нејзината мајка бременоста е во мошне напредна фаза. Девојката и нејзиното момче се во бесознание. За нивните родители единствената прифатлива и мошне вообичаена варијанта е абортусот. Ваквиот "родителски" став ја изгонува од главите на младите можноста зачнатиот живот да се сочува и да му се даде шанса да живее. Смртната пресуда е донесена, иако биолошкиот часовник вели: бременоста е во седми месец! Тоа рапидно ги менува деталите во злосторството. Родителите уште скоро еден месец бараат насекаде во државава таков медицински монструм кој ќе ја изврши егзекуцијата. На памет им се дури и оние бабички од типот на Вера Дреик кои своите џелатски постапки ги дефинираат како услужна дејност. И по сите перипетии, како во квалитетна класична трагедија следува препознавањето. Местото на злочинот не е некоја опскурна селска одаја, туку една од градските клиники во градов. За многу, многу, многу пари се најде јунак да абортира девојка во осми месец бременост. Ја исчистиле, но од што? Од нешто гнасно? Што е тогаш доволно чисто (во нас, или во светот воопшто) за да преживее? Логика крајно неприфатлива: да се уништи живот за да се оправда гревот. Некоја садистичка варијанта на макиавелизам. Телесна хигиена што ќе ја обезбеди светлата иднина за младите академски граѓани кои по зваршувањето на студиите, просветени со нашето високошколско образование и модерните текови на цивилизацијата ќе треба само да се обидат да заборават на една грозоморна епизода од својата младост? Ама големиот дар на заборавањето не е обратно пропорционален со грижата на совеста. Тука почнува трагедијата на општествено ниво. Огромна концентрација на незадоволство и исфрустрираност од "непознати причини": божем заради лоша економска состојба, културна изолација можеби и слично, иако со легалните абортуси и нивна идеолошка поткрепа обезбедуваме концепти за родителство кои ни Стивен Кинг не би можел да ги смисли. Веднаш ќе ја дисквалификуваме и заблудата, тоа сега можеме храбро да го направиме. Не е неприфатливо ова злодело само бидејќи се случило во одмината бременост. Често се спекулира дека ембрионот во првите месеци од бременоста не е живо суштество, не е човек.

Духот на животот, постои уште во репродуктивните клетки. Тоа е единствената причина заради која еден сперматозоид и една јајце-клетка можат да образуваат нов живот, нов човек. Затоа и велиме дека Бог ги создава луѓето, преку вдахновението на Духот на животот, а човекот раѓа, учествувајќи на тој начин во домостројот на Создателот. Овие религиозни формулации имаат експлицитна научна конотација. Но тие се епска фантастика во ушите на младите и изненадени "мајки" и "татковци", и нивните насекирани родители. Всушност, како што вели поговорката: малите мечиња учат од големите мечки. Младите треба да знаат сî за сексуалноста и нејзините функции (!?), освен фактот дека абортусот или насилното прекинување на бременоста, во било која фаза, е убиство. Поточно, сите дознаваат, само премногу доцна. За денешните девојки, абортусот е нешто како вадење шминка после луда журка, само малку понепријатно. Во неа можат сосема да ја загубат можноста да раѓаат, или, ако се одлучат за некој неинституционален "козметички салон", можат да искрварат до смрт. За нивните момчиња, абортусот е хигиенски метод во кој се одржува чиста средина за нови сексуални искуства, нешто како купување нов кондом, само поскапо и најчесто проследено со агонии и срам. Грижата за падот на наталитетот не е техничко туку етичко прашање, а започнува вака: до кога ќе убиваме за да ги задоволиме сопствените страсти?

 

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная