логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

×

Предупредување

Joomla\CMS\Filesystem\Folder::create: Неможно креирањена папкаPath: [ROOT]/t3-assets/dev

Joomla\CMS\Filesystem\Folder::create: Неможно креирањена папкаPath: [ROOT]/t3-assets/css

Joomla\CMS\Filesystem\Folder::create: Неможно креирањена папкаPath: [ROOT]/t3-assets/js

Кожувчанка


МИСТИКАТА ВО ПРЕДАНИЕТО НА ИСТОЧНАТА ЦРКВА

 Под терминот „мистика” се подразбира единствено духовното искуство, израз на одредена догматска позиција.  Доаѓа - од гр.  - затворам очи – гледање на невидливото со затворени очи, доживување на скриеното во религијата, или таинствено духовно општување со нематеријалниот свет, независно од физичките услови, во кои што сме поставени. Мистиката е стихијата на религиозното чувство, без мистички преживувања религиозното чувство е бледо, анемично, безживотно. Од степента на мистичната расположеност на еден човек може да се суди за силата на неговата религиозност.
Но, како што во секоја друга област од душевниот живот на човекот може да има болни пројави, извратувања и ненормалности, така и во религиозната област некои нездрави религиозно-мистички преживувања можат да предизвикаат опасни заболувања. Невидливиот свет се состои од светлиот Божји рај и од темното  царство на демоните, поради што мистиката може да биде божествена и демонска, според достоинството на нејзиниот предмет и според квалитетот и карактерот на мистичкото доживување. Заедничарењето со Бога, со ангелите и со прославените од Бога светители, кои што поминале по својот краток земен живот во рајскиот живот, е здрава мистика, која што секогаш има благодатно воздејство врз душата на верникот. Заедничарењето пак со демоните, под каква и да било форма, е бесовско, демонско, болна мистика, чии што последици за душата се крајно гибелни. Здравата мистика се темели на правилната вера во Бога и цврстата евангелска моралност.
 Во одредена смисла секое богословие е мистичко, доколку ја изјавува тајната Божја, основните дадености на Откровението. Од друга страна, често пати мистиката е спротивставувана на богословието како област, недостапна за спознавањето, како необјаслива тајна и скриена суштина, која што повеќе би можела да биде преживеана, отколку позната, како нешто кое што надминува какво и да било сетилно или умствено воспримање.
 Источното предание никогаш не ги разграничувало драстично мистиката и богословието. Догматот кој што ни се претставува како недостижна тајна, треба да биде преживеан од нас во еден процес, во кој што наместо да ја приспособуваме тајната кон нашето сопственото воспримање, треба да се потрудиме за длабоката промена во нашиот ум, за неговото внатрешно преобразување, така што да ја придобиеме способноста за мистично искуство. Богословието и мистика се надокнадуваат и меѓусебно се дополнуваат. Едното е невозможно без другото. Учењето на Црквата, не може да има никакво влијание врз човечката душа, ако не го изразува по никаков начин внатрешното искуство за вистината, кое што е дадено во различен степен на секој верник. Нема христијанска мистика без богословие, но посуштинско е, дека нема богословие без мистика.
 Спротивно на гносисот, христијанството во крајна сметка е само сретство, севкупност од знаења, кои што треба да ни послужат на една цел, која што го надминува секое знаење. Таа крајна цел е заедничарењето со Бога, или обожувањето, теосисот на древноисточните оци. Така доаѓаме до еден заклучок кој што може да ни изгледа премногу парадоксален: значењето на христијанското созерцавање е во повисок степен практично и тоа толку повеќе, колку што созерцавањето е помистичко и понепосредно се стреми кон врховната цел – заедничарењето со Бога.
 Кога збориме за „мистичко богословие”, имаме во предвид, дека тоа не е мистика во сопствената смисла на зборот – личното искуство на различни учители на духовниот живот. Всушност, тоа искуство останува најчесто недостапно за нас дури и кога е возможно да биде изразено со зборови. Тоа е првото определување и ограничување на нашиот предмет – мистичкото богословие на Источната црква.
Другото определување го оцртува нашиот предмет така да се каже во просторот. Тоа ограничување до некаде е неприродно. Духовниот живот и догматот, мистиката и богословието се неразделно сврзани во битието на Црквата. Што се однесува до Источната црква, таа не прави суштинска разлика помеѓу мистиката и богословието, меѓу областа на опшата вера и сверата на личното искуство.
Патот на здравата мистика е многу долг — толку долг, колку што е долг бескрајниот пат на совршенството и богоуподобувањето. Здравата мистика започнува кај сите правилно ориентирани религиозно луѓе со природно-мистички доживувања и завршува кај ретки Божји избраници со надприродни чудесни јавувања. Таа го гради бавно, системски, премудро спасението на душата. Природно-благодатните доживувања — покајанието, молитвеното заедничарење со Бога и т.н. за неа се најкарактеристични. Надприродните јавувања не се неопходна последица: Кај здравата мистика се започнува, како што тоа е нормално, со поставувањето на длабоки основи. А нема подлабока основа за правилниот духовен живот од покајанието, со кое што Спасителот ја започна Својата проповед (Мат. 4, 17), и од смирението, за кое што Тој ни го вети Царството Небесно (Мат. 5, 13). Покајанието и смирението единствено ја привлекуваат врз душата Божјата благодат, која што не возродува, осветува и спасува.
Речиси никогаш кај здравата мистика немаме уште во почетокот на духовниот живот виденија и светлини, општување со ангели и небесни жители. Гледањето на скриените нешта во духовниот свет е дарба на совршените, давана по Божја промисла на ретки избраници. Како може да се пројавува таква дарба кај почетниците? Тоа е истото — од едно 7-годишно дете, кое штотуку започнало да учи како да го држи во својата слаба рака моливот, да се бара од него наеднаш да почне да црта совршени слики или да пишува дела со длабоки содржини. Како што не може да се започне градбата на проектот од покривот, така не може и во духовниот живот да се започне со највисоки мистички доживувања, како што се виденијата на ангели, светители и др. Здравата мистика никогаш не бара виденија и откровенија, таа знае, дека тие не се плод на молитвени усилби, а дар од Бога.
Здравата мистика се темели уште и врз тврда евангелска моралност, т. е. врз светост. А светоста може да се изгради само врз една основа — благодатната основа на смирението. Етика, која што го исклучила смирението како база на добродетелниот живот, не може да биде ниту тврда, ниту евангелска. Таа е етика на гордоста, т.е. богоспротивна, ѓаволска етика.
Бог е свет (Ис. 6, 3). Оној кој што сака да се доближи до Него, треба да се уподобува на Него во светост. Затоа е кажано: „Осветувајте се да бидете свети, зашто Јас Сум свет!“ (Лев. 11, 44). Може ли човек, кој што тони во разни гревови, да го гледа во мистички доживувања Исус Христос, Пресвета Богородица, небесните ангели и Божјите угодници? Каква заедница може да има помеѓу доброто и злото, помеѓу светоста и гревот, помеѓу Христос и Велзевул (Мат. 10, 25)? „Осквернената душа не влегува во чистото царство и не се присоединува со духовите на светителите“, вели свети Исак Сирин.
Бог е апсолутната вистина. Оној кој што сака да се доближи до Него, неговата вера треба биде правилна, раководена од смирението, насочена кон религиозната вистина, т.е. да се стреми правилно да верува во Бога, да е подготвен да се покори на богооткриената вистина, ако сеуште не ја достигнал целосно, и да сака да се поправи, доколку во некој пункт на верата заради незнаење, или заради човечка немоќ греши. Затоа, ако пројави горда непокорност кон богооткриената вистина и кон вразумувањата на Црквата, тој нема да има заедница со Бога, апсолутната Вистина, а со ѓаволот, кој што е воплотување на лагата и татко на лагата (Јован. 8, 44).

Припремил:
проф. м-р Дарко Милев

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2025
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2047
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 493
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная