логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Како што ни е познато од Светото писмо на Новиот завет, но и од историските сведоштва, на почетокот Христовата Црква била гонета од страна на Јудејците, а потоа и од незнабожците, па и од страна на самата Римска империја. Во првиот век апостолите и Христовите ученици беа живи сведоци кои го пренесуваа Христовото учење, нив ги наследија нивните ученици кои во црковната историја се познати под името апостолски мажи. По периодот на апостолските мажи и нивните дела кои имаа за цел проповед и ширење на Христовото учење, историските околности довеле до потреба од појава на нова група црковни писатели кои во историјата се познати како христијански апологети.

Историски, нивната појава може да се оправда со активното вклучување на тогашната незнабожечка интелигенција во борбата против христијанството и потребата на истата соодветно да $ се одговори. Апологетите како што кажува и нивното име имале за цел да го бранат Христовото учење од нападите на разните нехристијански философи и незнабожци, ова најчесто било во писмена форма, а воедно и изворно и вистинито да го изложат и претстават она во што веруваат и она што го исповедаат и сведочат христијаните. Зошто велиме изворно и вистинито, бидејќи голем број од нападите насочени против христистијаните и она во што тие верувале се темелело на неинформираност, претпоставки и најразлични предрасуди за Господ Исус Христос и за самото христијанството како религија.

Голем е бројот на христијански апологети кои го бранеле христијанството, но, за жал, мал е бројот на нивните дела кои дошле до нас. За некои од нив имаме податоци само за нивините имиња, од други само извадоци и цитати од нивните апологии кои ги сретнуваме кај други писатели, а бројот на целосни апологии (условно целосни) што стигнал до нас е навистина мал.


КОДРАТ ЕПИСКОП (СВЕШТЕНИК) АТИНСКИ
(QUADRATUS)

 За неговата Апологија дознаваме од Евсевиј, но истата не стигнала до нас. Според Евсевиј, Квадрат бил ученик на апостолите и епископ (свештеник) на Атина, а Апологијата била упатена до императорот Адриан.


АРИСТИД (ARISTIDES)

Живот и дело
 Еден од првите христијански апологети е Аристид и за него имаме многу малку податоци. Се претпоставува дека е од Атина и дека (според Евсевиј)  со своја апологија на христијанството се појавил пред Адриан, додека пак други сметаат дека истата била упатена до Антониј Пиј (138-161). Јероним, во IV век, сведочи во своето дело De viris illustribus., XX, дека истата е широко позната и распространета меѓу христијаните, тој Аристид уште го нарекува и philosophus eloquentissimus, а во своето писмо до Магнус (Ep. 83, ad Magnum) зборува за апологија која е contextum philosophorum sententiis.
  Истата е спомната во IX век од страна на Адо (Ado), архиепископот на Виена и од Усуард (Usuard) монах од манастирот „St. Germain“. Сè до XIX век на истата $ се губи трага. Во 1878 монасите Мецхитаристи  од Свети Лазар во Венеција публикуваат латинска верзија од ерменски фрагмент на Апологијата на Аристид и една ерменска омилија под наслов: „S. Aristidis philosophi Atheniensis sermones duо“, после една деценија (1889) проф. J. R. Harris од Кембриџ го пронаоѓа целиот текст на Апологијата во манастирот на Света Катерина на планината Синај и истиот во 1891 е преведен и публикуван на англиски јазик (Texts and Studies, Cambridge, 1891, I, i).

Резиме на Апологијата на Аристид
Својата апологија Аристид ја почнува со темата за тоа Кој и Што е Бог (гл.1), а потоа следува потеклото на народите кои ја следат Вистината и оние кои остануваат да живеат во заблуда. Потоа следува претставувањето на барбарите (гл. 3 - 7), а по нив пишува за заблудите на Елините (гл. 8 – 13), во 12 глава ги споменува и Египќаните. 14 глава е во целост посветена на Евреите, а наредните 3 глави (15 – 17) зборуваат за христијаните.
Интересен факт кој треба да се забележи од оваа Апологија е поделбата на човечкиот род на: барбари, Елини, Евреи и христијани.
Главната мисла во неговата апологија е знаењето дека Бог е апсолутно совршено битие, неродено, од никого создадено и бесмртно. Знаејќи го ова, веднаш се наметнува заклучокот дека незнабожечките богови воопшто не може да бидат богови, бидејќи тие се дела на човечкиот ум и човечките раце. Тие (незнабожците) своите богови ги гледаат и разбираат како несовршени суштества коишто имаат мани исто како и луѓето. Потребата на овие богови да се претвораат во животни или, пак, во бездушни предмети, како што е случајот со Зевс кој од „бог“ се претвора во животни за сексуално да општи со жени е само аргумент повеќе против нивната божественост. Арес, богот на војната, ги има сите негативни човекови мани: себичност, агресивност, нечовечност, тој со помош на оружје и сила го добива она што го посакува.
 Вака изобличувајќи ги овие лажни богови Аристид својата апологија ја завршува со вистината дека сета полнота на вистината ја имаат само христијаните, бидејќи единствено нивниот Бог е вистински Бог. Христијаните се единствените кои и живеат според вистината, а сите клевети и обвинувања се лажни и плод на незнаење.


АРИСТОН ОД ПЕЛА
 Аристон од Пела живеел во првата половина на вториот век и се смета дека бил Евреин. Својата апологија ја посветил на одбрана на христијанството од  Евреите и е позната под името: Полемиката меѓу Папискус и Јазон (Јасон). Целзус вели дека Јазон е христијанин од еврејско потекло, додека, пак, неговиот противник е евреин од Александрија. За жал оваа апологија не стигнала до нас.

 

СВЕТИ ЈУСТИН МАЧЕНИК И ФИЛОСОФ
(Flavius Justinus)

Живот и  преобраќање
Најпознат и најистакнат од христијанските апологети е свети Јустин Филозоф и Маченик. Следејќи го неговиот живот не може да не дојдеме до констатација дека тој е типичен апологет во целост посветен на одбрана на христијанството, а воедно и првиот христијански филозоф кај кого се сретнуваат и оригинални теолошки идеи и мисли.

 Роден е во грчко-римската колонија Флавија Нова (Flavia Neapolis)  во Самарија, самиот се нарекува Самарјанини, но во пракса бил незаинтересиран за Мојсеевиот закон, не бил обрежан, ниту пак бил запознаен со пророците. Според средствата потребни да ги помине сите училишта кои што ги посетувал може да заклучиме дека потекнува од имотно семејство, неговиот дедо имал грчко име – Бакиус, татко му се викал Прискус (Priscus) – латинско име, а и името на Јустин е латинско. Можеби тука може да најдеме една од причините зошто бил незаинтересиран за јудејското учење.
 Што се однесува до неговото образование може да кажеме дека бил ученик на најпознатите тогашни филозофски училишта, но и дека немал големо познавање од другите тогашни науки. Ваквиот заклучок може да се изведе од неговото брзо напуштање на Питагорејците кои за да го поучуваат барале да има огромно познавање од музиката, астрономијата и геометријата. Жеден за знаење тој ги поминал, како што спомнавме, скоро сите тогашни филозофски школи, единствено го одминал учењето на Епикурејците коишто ги презирал. Најпрво отишол кај Стоиците, но си заминал од кај нив бидејќи, тие сметале дека постоењето на Бога е невозможно или, пак непотребно; следуваат Перипатетиците, но тие биле повеќе заинтересирани за тоа добро да наплатат отколку нешто да го поучат, па заминал и од кај нив; поради недоволното познавање на музиката, астрономијата и геометријата, Јустин заминал и од кај Питагорејците; најпосле стигнал кај Платонистите кои со љубов и ревност ги прифатил. Јустин сметал дека ги пронашол вистинските учители и вистинското знаење кое ќе го доведе до целта на ова филозофско учење, а тоа е познание – видување на Бога. Но, ова негово убедување било расклатено по средба со еден старец-христијанин кој го упатил да ги прочита еврејските пророци кои се постари од грчките филозофи и кои сведочат не со разумни шпекулации, туку како сведоци. Пророците го претскажаа доаѓањето на Христос – тоа и се случи, и нивните пророштва се исполнија за време на нивниот живот и работа. Овој разговорот кој го водел Јустин со овој старец ги потресол од темел неговите тогашни убедувања. Неговата желба за знаење го упатила на тоа да го послуша старецот и тој ги прочитал пророците од Стариот завет кои објаснети и потврдени од Евангелијата му ја откриле вистинската и непогрешлива филозофија.

 Ова само ја објаснило неговата дилема околу христијаните кои без страв и со радост го давале својот живот за Христа.
 Следувало преобраќањето на Јустин и тој од ревносен платонист станува ревносен христијанин, кој понатаму сиот свој живот го посветува на одбраната на христијанството. Иако го примил христијанството, свети Јустин никогаш не ја соблекол својата филозофска наметка,  туку и понатаму продолжил да ја носи, но сега како христијански филозоф.

Самиот Јустин рекол: Секој оној кој може да ја проповеда вистината, а не го прави тоа ја навлекува на себе осудата Божја. Следејќи ја оваа своја мисла тој им проповеда на сите, Евреи и незнабошци.

Престојувал два пати во Рим каде што првиот пат отворил и свое училиште. Во Рим се случил и неговиот разговор со филозофот Маркион. Престојувал и во Ефес каде се обидел да ги покрсти Трипо и неговите пријатели.
Вториот престој во Рим (166) бил погубен за Јустин. Бил фатен од римските власти и одведен пред управителот на градот Rusticus каде исповедал дека е христијанин и одбил да принесе жртва на боговите. Кога го прашале да каже нешто за Христа тој им одговорил: Јас сум премногу мал за да кажам нешто големо за Него. Ние не бараме ништо повеќе од тоа да страдаме за нашиот Господ Исус Христос, бидејќи тоа ни дава спасение и радост пред Неговиот страшен судиски престол пред кој мора да се појави сиот свет. Ова биле и неговите последни зборови. Поради ова заедно со уште шест други христијани бил измачуван и обезглавен.

Дела
 Покрај неговото неуморно усно сведоштво и одбрана на христијанството тој бил и неуморен писател на апологетски дела. До нас се стигнати две апологии и еден текст насловен како Разговорот со евреинот Трипо (Trypho).

 Првата апологија има 68 глави и е упатена до императорот Антониј Пиј (137-161), така што и времето на нејзиното пишување се смета дека е во времето на владеењето на овој император. Како поткрепа на ова е и сознанието дека истата е напишана пред Синтагмата против Маркион кој работел и поучувал во Рим во периодот од 139 до 145 година. Свети Јустин, пак, вели дека пишува 150 години по раѓањето на Спасителот, доколку ова не е само заокружување на бројката тогаш е од голема помош да се датира текстот. Модерните критичари Првата апологија ја да датираат: 147-150 (Volkmar, Baur, Von Engelhardt, Hort, Donaldson, Holland), 150 (Lipsius, Renan, 160 (Keim, Aubé).

 Втората апологија е помала и има 25 глави, истата е еден вид продолжениe на првата, нешто како заклучок и е упатена до истиот император.
Одете апологии претставуваат одбрана на христијаните и нивната религија од прогонувањата и лажните обвинувања. Единственото што свети Јустин го бара во овие свои дела е правдата за неговите собраќа христијани коишто се осудени само поради тоа што се христијани. Тој се обраќа од пониските кон повисоките судски власти барајќи од вториве правда и заштита од неправдите на пониските судови и разјарената толпа, воедно искажувајќи убеденост дека еден мудар император како што е тој [з.н. императорот] ќе дозволи чесно да бидат сослушани. Јазикот во обете апологии е како филозоф кон филозоф.

 Третото дело кое дошло до нас е Разговорот со евреинот Трипо е пишувано по првите две апологии (истите се споменати во 120 глава). Има 142 глави и претставува потврдување и докажување на христијанството од страна на Мојсеј и пророците од нападите на јудејците. За разлика од апологиите каде разговорот беше меѓу филозофи, овде зборува како на верник од Стариот завет со син на Авраам. Разговорот траел два дена и се сведува на две прашања: како христијаните може да исповедаат дека Му служат на Бога, а сепак да ги прекршуваат неговите закони, и како може да веруваат во човек Спасител Кој страдал и умрел. Разговорот завршува пријателски.
 Покрај овие три дела, познати ни се и Против ересите и Против Маркион, но истите не стигнале до нас. Првото се споменува во Првата апологија, а од второто има неколку фрагменти зачувани кај Иринеј. Евсевиј ги посочува и Псалтирот на Јустин и делото За душите, но за нив немаме друг податок.

 Покрај овие погоре споменати дела, има и такви коишто го носат неговото име и можеби тој е нивниот автор, а тоа се: До Грците, За Единството на Бога, За Воскресението. Покрај овие има и други, но за нив науката со сигурност покажала дека свети Јустин не е нивниот писател, па овој пат ќе ги изоставиме.

Извор: http://www.scribd.com/doc/28172888/Hristijanski-apologeti

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная