логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



протојереj Борис Пивоваров

 

Ядый Мою Плоть и пияй Мою Кровь
во Мне пребывает,
и Аз в нем.
(Ин. 6:56).

Ядый Мою Плоть и пияй Мою Кровь
имать живот вечный,
и Аз воскрешу его в последний день.
(Ин. 6:54).

Наместо предговор

uspenie.rusija.jpgБожественатa Евхаристиja е центар на целиот црковен живот и основа на духовниот живот на секој православен човек. Целта на оваа статија е — да покаже колку важно значење во духовниот живот на членот на Црквата Христова Православна има Светата Причест. Моja основна задача е —да ги обjaви најактуелните прашања на современата евхаристиска практика во Руската Православна Црква и преку сведоштва, позајмени од изворите на црковното богословие, да се предложат можни патишта кон решениjата на тие прашања.
Првиот поднаслово го покажува централното место на Евхаристиското богословие во црковното богословие. Вториот поднаслов е посветен на евхаристиската практика. Третиот — содржи сведоштва за благодатните деjствa на Евхаристијата, а четвртиот —практички препораки и посакувања.

Евхаристиско богословие

Евхаристиjaта — не е проблем (во современата, световна употреба на зборот), туку тајна, или според светоотечкото именување — «Тајна на Тајните» црковни. Затоа богословското истражување на Евхаристијата мора да биде соодветно на литургиското и светоотечко Предание на Црквата Христова Православна.
Говорејќи за Црковното Предание како за учење на Црквата, свештеномаченикот Иринеj, епископ Лионски, напишал: «Нашето учење е согласно со Евхаристијата, и Евхаристиjaта пак, го потврдува нашето учење» .
Најважните писмени извори зa Евхаристиското богословие се текстовите на Светото Писмо, а исто така и текстовите на литургиите. Евхаристиските молитви на литургијата на свети Василиj Велики се врв на црковното богословие. Во нив се содржи восхитно опишување на Божественото домостроителство и најизразително литургиско молитвено сведоштво за спасителните плодови на Евхаристијата.
Евхаристиjaта на најдобар начин ни ја открива верата на Црквата Христова Православна. Таа «во себе го опфаќа спасителното деjство на Крстот зa сите времиња» (свети Јован Златоуст). Таа секогаш ни напомнува за нашето посветување на Бога во тајната на крштевањето. «Затоа и свештеникот, — пишува свети Јован Златоуст, — нè повикува кон тоа (кон Светите Тајни), нарекувајќи ги свети: «Светињата на светите!» Во Светото Писмо на Новиот Завет, свети — како што е познато — се нарекуваат сите што примиле свето крштение, то ест сите христијани.
«Сите црковни Тајни се соединети со Евхаристијата. Имено, Евхаристиja им ја дава деjственоста — пишува митрополитот Пергамски Јован (Зизиулас). — Ние сме ги одделиле Тајните од Евхаристијата, и тоа е најголемата трагедиja во литургиска смисла» .
Евхаристиjaта нè прави причестници на Христовото Воскресение и наследници на Вечниот Живот. Преосветениот Василиj (Кривошеин) († 1985 г.), архиепископ Бриселски и Белгиски, вели, дека «Тајната Евхаристија исто (како и крштението) е тајна на смртта и на животот Христов и наедно со тоа, возвестување на Неговото спасително дело и очекување на Неговото Второ Доаѓање: «Секој пат, кога го јадете овој леб и ја пиете оваа чаша, смртта Господова ја возвестувате, додека Он да дојде» (1 Кор. 11:26). Причестувањето со Светите Христови Тајни е извор и наш залог за Неговото воскресение, како што за тоа сведочи Самиот Господ: «Ако не ја јадете Плотта на Синот Човечеки и не ја пиете Неговата Крв, не ќе имате во себе живот. Оној што ја јаде Моjата Плот и ја пие Моjата Крв има живот вечен, и Jас ќе го воскреснам Него во последниот ден... Оној што го јаде овој леб ќе живее довека» (Јн. 6:53—54, 58). Еве зошто Cвети Игнатиj Антиохиски ги нарекува Телото и Крвта Христови: «лекарство за бессмртност, противотров за да не се умре» (види Еф. 20:2) .
Како новозаветна Пасхална трпеза Божественатa литургиja секој пат на верните им ја jaвува Христовата Пасха и напомнува за Второто славно Христово Доаѓање. «Твоjата Смрт ја возвестуваме, Господи, Твоето Воскресение го исповедуваме!» — воскликнувале по ѓаконите сите учесници во Божествената литургија во древната Црква. (Овие зборови се зачувани во чинопоследованието на Литургијата на свети апостол Јаков).
«Агнецот Божји кој доброволно оди на колење, стои во центарот на целиот чин на Литургијата. И наедно со тоа, Тој Страдален Господ — е пред сè и Живиот, и Прославениот, и Воскреснатиот; со зраците на неговата слава, со зраците на Воскресението е озарена целата Тајна Евхаристија» .
Со Божествената Евхаристиjа се обележуваат сите црковни празници. Може да се каже дека, Божественатa литургиja ги извршува црковните празници. Во деновите на постот Четириесетница според црковниот Типик; литургиja не се извршува (освен Литургијата на предосветени Дарови, која се врши по завршувањето на подвигот на дневниот пост, заради закрепнување со Света Причест на тие што постат).
Празникот на сите црковни празници е Христовата Пасха. Многу важно е да се разбере, дека во Огласителното Слово на Пасха од свети Јован Златоуст има повик не за престанок на постењето (не к розговенью), туку кон Свето Причестување: «Вие што постевте и вие што не постевте, развеселете се денес! Трпезата е полна, насладете се сите! Телето е угоено, никој да не излезе гладен, сите да се насладите од пирот на верата!». Кон новозаветната Пасхална трпеза, то ест кон Светата Евхаристија, нè повикува на Пасха свети Јован Златоуст.
Не може да се исцрпи целата богословска содржина на Евхаристијата, затоа што со Евхаристиjата во црковниот живот е поврзано воопшто сè и во духовниот живот на секој православен христијанин посебно. Но, најважното во Евхаристиското богословие е — евхаристискатa практика.

Евхаристискатa практика


Не постои Евхаристија без Причестување со Светите Христови Тајни. Зaради тоа и се извршува светата литургиja, за верните Христови луѓе да можат да го примаат Неговиот преголем и спасителен дар — Светата Евхаристиjа.
Наедно со тоа, црковните правила (канони), светоотечките творби и црковно-историските извори говорaт за тоа, дека во различни периоди на црковната историја постоела различна евхаристиска практика — од секојдневно до многу ретко причестување. И ако во едните случаи реткото Причестување било соодветно на исклучителните услови за живот на христијанинот (пример — преподобна Мариja Египетска), во други случаи, и најчесто, реткото Причестување сведочело за ослабување на Евхаристиската свест на верните. На пример, светителите Василиj и Јован Златоуст во своите творби изразувале загриженост за тоа, дека меѓу христијаните се губи ревноста кон Евхаристијата.
Свети Василиj Великиj му напишал на Кесариј: «Добро и преполезно е секој ден да се приопштувате и да ги примате Светите Тело и Крв Христова, затоа што Самиот Христос jaсно говори: „Оној што ја јаде Моjата Плот и ја пие Моjата Крв има вечен живот“ (Јн. 6:54). Зашто, оној што се сомнева дека, постојано да се биде причесник на животот, не значи нешто друго, отколку да се живее многуобразно? (на-славjaнски „множаjше/најмногу“. — забел. на авторот). Ние се причестуваме четири пати секоја седмица: во Денот Господов, во среда, во петок и во сабота, а исто така и во други денови, ако има спомен на некој Свет» .
Ова е — сведоштвото за евхаристиската практика на подвижниците, на монасите. Но, воскреснатa/неделната Евхаристиja, како што говорaт црковните канони, е одредена зa сите.
Тешко е основано да се суди за тоа, колку често се причестувале православните во Русија во првите векови после Крштението на Русија, но добро е позната практиката на краjно ретко причестување на мнозинството православни во Синодалниот период, за што многу жалел големиот проповедник на Евхаристијата, Свети праведен Јован Кронштатски. Во една од своите проповеди тој говорел: «Постојат луѓе кои само по потреба и неопходност пристапуваат кон примање на Светите Тајни еднаш во годината. Тоа, исто така, не е добро, затоа што своjот христијански долг го исполнуваат како под палка, по неопходност... А, ако Господ е Вистинскиот Леб, ние сме должни да го посакуваме тој Леб не само еднаш во годината, туку, по можност, секој месец, секоја седмица, дури секој ден. Зошто? Затоа што тоа е — насуштниот Леб зa нас, зa нашата душа, а бидејќи насуштниот Леб ни е неопходен секој ден, тогаш и небесната храна — Телото и Крвта Христови, ни се неопходни секој ден. Затоа и во Господовата молитва ние се молиме: Лебот наш насуштен дај ни го денес» .
Почетокот на Евхаристиската преродба во Руската Православна Црква може да се види во учењето и примерот на преподобниот Серафим Саровски, коj на своите духовни чеда им говорел, дека христијанинот не може подобро да го почитува црковниот празник, отколку со преискрено учествување во Божествената Евхаристија. Затоа, тој советувал во големите црковни празници да се грижиме неодложно да пристапуваме кон Светата Чаша. А на оној, што се засегал од своето недостоинство или недоволна подготвеност, тој му велел:
«Ако ние и цел океан би наполниле со нашите солзи, ни тогаш не би можеле да го задоволиме Господа за тоа, што Он бесплатно ја излива и нè храни со Својата Пречиста Крв и Тело, кои нас нè мијат, очистуваат, оживотворуваат и воскреснуваат. И така, пристапи без сомневање и не се збунувај, но само верувај дека тоа е вистинското Тело и Крв на Господ наш Исус Христос, коja ни се дава за исцелување на сите наши гревовни рани» .
За да се оценат овие поуки на преподобниот Серафим за Евхаристијата, треба да се потсетиме на општиот обичаj во оние времиња. Луѓето тогаш се причестувале еднаш или два пати во годината, а на сите останати литургии тие «ја слушале литургијата», или «се молеле за литургиjата», како што се велело во тие времиња.
Благодарение на примерот на преподобниот Серафим и прероденото старчество во Русија преку учениците на преподобен Паисиj Величковски, односот кон Евхаристијата постепенно почнал да се изменува кон подобро. Не само монасите, но по нив и благочестивите мирjaни/лаици почнале почесто да пристапуваат кон Светото Причестување. Најогнени повици кон Причестување наоѓаме во творбите на праведниот Јован Кронштатски, коj на иконите најчесто е насликан со евхаристиската чаша. Зa страшниот XX век (заради гонењата) Евхаристиската преродба станала залог на зачувување на Православието во Русија. Имено, во времињата на прогоните, Евхаристиjaта како тајна на страданиjaта и Воскресението Христово станува како никогаш посакувана Свештена трпеза зa православниот човек. Кој не ги знае примерите, колку се ценела Причеста со Светите Христови Тајни во затворите, логорите и прогонствата?!
Во периодот на празнување на 1000-летието од Крштевањето на Русија, по Божја милост, црковниот живот во Русија почна да се преродува. И најутешен признак на оваа преродба е стремењето сè поголем број православни луѓе за полновредно учествување во Божествената литургија, то ест кон Светото Причестување.
Во современиот црковен живот има многу важни аспекти на евхаристиската практика, кои бараат богословско разгледување. Треба да ги наведеме барем најважните од нив: «Исповед и Причест», «Децата во парохијата и Причеста», «Мисионерскатa деjност на Црквата и Литургиjaта», «Црковниот поглед на бракот и Евхаристиjaта», «Врската меѓу црковните Тајни со Евхаристиjата». И многу важнатa тема — «Евхаристиjaта и црковното единство». Затоа што, Евхаристиjaта била и останува најважен израз и сведоштво на црковното единство. Црквата, по определбата на Светиот апостол Павле, — е Тело Христово (1 Кор. 10:17), а Светата Евхаристиja, како Причест со Телото и Крвта Христови, благодатно го ѕида од верните тоа Тело Христово. Христос еднаш се принесе Себеси како Жртва за гревовите на светот (Евр. 10:12, 14), но секогаш ги осветува оние што се причестуваат. (Тропар на 9-та песна од канонот пред Свето Причестување). Во тоа е суштината на Божествената Евхаристија.
На Литургијата на Свети Василиj Велики се вознесува прекрасна молитва за единство на христијаните: «Нас же всех, от Единаго Хлеба и Чаши причащающихся, соедини друг ко другу, во Единаго Духа Святаго причастия...». Такво натсветско единство меѓу луѓето на земјата е можно само преку светата Евхаристија.
Евхаристиjaта според своjата литургиска природа (најзаедничкото свештено дело на христијаните) сведочи за општото, а не само за личното спасение, и за љубовта на христијаните еден кон друг. Повикот кон Причестување е истовремено повик кон љубов еден кон друг. «Со страхом Божиим, верою и любовию приступите!» — гласи древнaтa црковна формула. Зборот «с любовью» некако излегол од нашиот литургиски возглас. Слава Богу, што тој останал во литургиското чинопоследование кај грците, значи, и нам полесно ќе ни биде да го вратиме испуштеното. Но, тоа испуштање не е ли уште еден признак на осиромашување на нашата евхаристиска самосвест? Неслучајно во древната Црква, не само свештенослужителите, туку и сите учестници во Евхаристиското собрание давале еден на друг сведоштво на христијанската љубов, велејќи: «Христос среде нас!» — «И е, и ќе биде!»
И така, споредувајќи ја современата евхаристиска практика со древно-црковната, може да се рече, дека во сите времиња стоело и стои едно и исто прашање: Како Причеста, која е задолжителна за спасение, да не се направи принудна? Зашто, во последниот случај не е можно да се избегне профанацијата на «Тајната на Тајните», кога самата Причест не ќе биде за исцеление на душата и телото, не во залог за Вечниот Живот, туку поскоро — за осуда.
И уште еден важен момент. Сите молитви на Божествената литургија се вознесуваат от всех и за всех причаштајуштихсja / од сите и за сите кои се причестуваат, за таа конкретна литургиjа (освен молитвите за огласените, на кои им е определено свое место во чинопоследованието на литургијата). Тоа не може да се побие со никаква «говорничка вештина / извитием словес».
Апостолските правила 8-то и 9-то, а исто така оние што им се соодветни во учењето на Црквата за Евхаристијата, другите црковни определби (правилата 66-то и 80-то на Трулскиот собор, 2-то на Антиохискиот и 11-то на Сердикискиот) jaсно покажуваат, дека Црквата Христова Православна ги повикува секогаш и сите свои чеда на постоjaно учествување во спасителната Евхаристија — Новозаветната Пасхална Трпеза (иако не воведува принудително правило, како граѓанскиот принудителен закон).
Тие правила огласуваaт, дека свештенослужителите кои не се причестуваат на литургиjата «соделоваются причиной вреда народу / стануваат причина за штета на народот» Божји (Ап. 8-то), дека верните кои не се причестуваат на литургиjата — «творят безчиние / прават неред» (Ап. 9-то), дека оние што не се причестуваат «уклоняются от порядка / се отклонуваат од поредокот» црковен и за тоа се должни да се исповедаат (Антиох. 2-то), дека за неучествувањето во три литургии «во три неделни денови во текот на три седмици» следи одделување од црковното општење (VI Вселенски Собор, 80-то). Сето ова не треба да биде непознато зa нас. И ако заради нискиот степен на духовниот живот ние дури не сакаме да ги сметаме овие канони задолжителни зa нас (иако никој не ги укинал), неопходно е сепак, да се трудиме да се приближуваме кон нив, а не да ја браниме онаа евхаристиска практика, коja сведочи само за опаѓање на нашата Евхаристиска самосвест.
Познатиот византиски канонист Теодор Валсамон (XII в.), гледајќи, колку далеку отишла нему современатa евхаристиска практика од непосредната смисла на 8-то Правило на светите апостоли (тоа не го зема во обѕир простото присуство на свештенослужителот на Евхаристијата, туку учеството во литургијата го поврзува само со Причеста), ја сметал за тешка непосредната смисла на ова правило. Но, преосвештениот Никодим, епископ Далматинско-Истриски, со право забележал, дека толкувањето од Валсамон на тоа правило «на ништо не е основано» .
Таа дилема — Причеста на литургиjата е задолжителна, но не е принудителна — обично верниот ја решава сам или со помош на духовникот, слушајќи го постоjаниот повик на литургијата за Причестување («Приимите, ядите…» и «Со страхом Божиим и верою приступите!») и помнеjќи го предупредувањето од Свети апостол Павле за безрасудно однесување кон Светата Евхаристија (1 Кор. 11:27-30). Но, задачата на православното богословие во тоа и се состои, да го помогне правилниот однос кон Евхаристијата. Впрочем, Светите Отци зa тоа и ги донесувале црковните правила кои се однесуваат на Евхаристијата.

Благодатните деjствa на Евхаристијата

За благодатното деjство на Евхаристијата прекрасно кажал во една од поуките богомудриот свети Филарет, митрополит Московски († 1867 г.):
«По многуразличната сила на Божествената Храна и Пиење, по многуразличната премудрост, благост/добрина на Божествениот Хранител, осетниот плод од вксувањето на Господовата Трпеза на верните им се јавува или со неизречена радост во срцето, или со слатка тишина во душата, или со светлина во умот, или со длабок мир во совеста, , или со стивнување на разбеснетите искушениjа, , или со прекратување на душевните и телесни страдања, а понекогаш и со целосно исцеление, или со најживо чувствување на љубов кон Господа или со умножување на ревноста и силата кон духовни подвизи и добродетели. Но, какви и да се нашите искуства во оваа Таjна, ќе речам со Свети Златоуст: „Да биде повистинито и од помислата, и од нашето гледање словото на нашиот Господ“. Откако, Он рекол: „Оној што ја јаде Мојата Плот и ја пие Мојата Крв во Мене престојува и Јас во него; Оној што ја јаде Мојата Плот и ја пие Мојата Крв има вечен живот“ (Јн. 6:56, 54), — како ќе се дрзнеме, ние макар и недостоjни причестници на Неговата Плот и Крв, како ќе се дрзнеме да одрекуваме, дека Он е во нас и Ние во Него, и дека Ние во Него „имаме вечен живот “, единствено ако самите не се оддалечиме од Него, единствено ако самите не се фрлиме себеси повторно во гревовната смрт?» .
За благодатните деjствa на Евхаристијата jaсно сведочат молитвите пред Света Причест и по Причестувањето. «Буди же ми благодарение сие (то ест — оваа Евхаристиja, оваа Причест, оваа литургиja. — Забел. на авторот ) — в радость, здравие и веселие. В страшное же и Второе Пришествие Твое сподоби мя грешнаго стати одесную славы Твоея».
Светоотечките творби и некои изреки за Причестувањето уште подлабоко го разоткриваат спасителното значење на оваа голема Тајна .

Практички препораки

1. Изразувајќи надеж, дека оваа Конференциja ќе има продолжение во понатамошната богословска работа на нејзините учесници, сакаме да се надеваме дека Рускатa Православна Црква ќе одржи и богословски собраниja, посветени на Евхаристијата. Нив, изгледа, не вреди звучно да се именуваат «Евхаристиски конгреси» или «Евхаристиски конференции», затоа што зборот «Евхаристиja» — е свештенотаинствен, и треба внимателно да се употребува. Но, со благослов на свештеноначалството, добро би било да се организира, на пример, братски богословски семинар по литургиско богословие. На него, секојдневно извршувајќи ја Божествената литургија, би можело да се разгледаат најактуелните прашања на современата литургиска практика, кои се однесуваат на Причестувањето, на постот, на исповедта воопшто, на исповедта пред Причест и врската на Евхаристијата со другите црковни Тајни. Такви литургиски семинари со текот на времето би можеле да помогнат во изменувањето на современата парохиска практика на исповед и Причестување во подобар правец.
Бидејќи во денешно време се насобрани многу прашања, поврзани со сегашната евхаристиска практика, изгледа, потребни се цел ред чекори во таа насока. Не е можно да се набројат сите недоумици, поврзани со неразбирање на значењето на Евхаристијата во духовниот живот на православниот човек. Такви недоумици има и кај свештеници и кај многу наши богољубиви парохјани.
2. Братските богословски собраниja или собири, посветени на Евхаристијата, со време ќе се одразaт и на предавањата на предметот «Литургика» во духовните школи, а можеби, ќе содеjствуваат и во формирање на Духовни академии и семинарии од таков многу важен богословски правец, како Литургиското Богословие. При изучувањето на литургиското богословие темата «Евхаристиja» мора да биде прва и основополагачка. Изучувањето на црковниот Типик, можби, најдобро е да се почне со службата на 9-иот час, која поставува почеток на дневниот круг на црковните служби. Но литургиката, како и литургиското богословие, вероjaтно, треба да се почнува со напомнување на заповедта од Христос Спасителот: «Ова творете го во Мој спомен» (Лк. 22:19).
3. Во парохиите, каде што има повеќе од еден свештеник, многу добро би било за свештенослужителите — не само во големи празнични денови, туку и секоја недела како во Ден Господов, да се стремат да учествуваат во трпезата Господова, даваjќи им добар пример на сите верни чеда на Црквата Христова Православна.
Сите други пастирски грижи и обврски (а нив во недела, природно, ги има најмногу) мора да бидат потчинети на Евхаристијата или максимално да се усогласуваат со неа. За жал, во сегашно време таканаречените треби се бара да се извршуваат без одлагање, а зa Евхаристијата останува минимум од пастирското време и учество. Ќе се помоли свештеникот на Проскомидијата и, како што се чини, доволно поучествувал во литургијата. Во претходните времиња тоа до некаде било оправдано: тогаш еден храм имало за цел град или, како во Сибир, дури за неколку градови. Сега пак, ситуациjaта е изменета, а обичаjот — свештеникот сам да служи литургија (за другите во тоа време да се занимаваат со треби) — остана.
Евхаристиската обнова на нашиот црковен живот ќе биде отежната ако свештениците, наспроти апостолскиот пример и правило (Ап. 8-то), во недела како во Ден Господов, не се причестуваат сите со Светите Христови Тајни. Ако тие се стремат секоја недела и секој голем празничен црковен ден да пристапуваат кон Светото Причестување, тогаш тоа ќе биде реален чекор кон закрепнување на Православието на нашата земја.
Противењата од таков вид, дека, на пример, за време на литургијата има крштевки, венчавки, причестување во домови, погреби и други треби, имаат прост одговор: времето за крштевки, ако се сака, постепено може да се сообразува со времето на Евхаристијата, за да не се совпаѓаат. И другите треби може да се подредат на литургијата. За причестување во дом на тешко болни постои црковна определба: «аште (болниот) зрит кон смерти», тогаш и свештеникот треба да го одложи чинопоследованието на литургијата (ако не стигнала до определен момент, а ако стигнала, тогаш треба да брза кај човекот на умирање по извршувањето на службата). Ако пак, во парохијата има неколку свештеници, тогаш еден од свештениците може во секој момент да побрза по итниот повик кај тешко болниот. Така, со добра желба, сите пастирски грижи/должности може да се сообразуваат со литургиjата. Целата работа е во приоритетите.
Несомнено е дека Причестувањето на болните и старите во дом, на болните во болница, на страдалниците во затвор, сето тоа — е света обврска на свештеникот, зашто и овде тој ја служи Божествената Евхаристија.
4. Многу е тажно кога свештениците се придржуваат за обичаjот да забрануваат, барајќи секакви причини зa да не му дозволат на парохјанинот да се причести. Стремежот на верниот човек кон причестување не смее да се искористи како повод за демонстрирање власт над него. Несомнено, треба упорно да им се обраќа внимание на парохјаните на вечерната служба спроти Причестувањето, на читање на молитвите пред Света Причест, на важноста на исповедта, на помирувањето со ближните, на должното однесување во саботната (или друга претпразнична) вечер. Тука некаде најмногу и се пројавува проблемот на катехизацијата во парохијата. А, какви било забранувања без катехизација сведочат само за тоа, дека ние свештениците стануваме слични на оние законици, кои ги зеле клучевите на знаењето и самите не влегуваат и другите не ги пуштаат кон благодатниот извор на Божествениот Живот.
Не постоеле и не постојат такви црковни правила (канони), кои при подготовката за Причестување би пропишувале за свештенослужителите попусти во споредба со парохјаните. Ако сакаме да сметаме дека свештенослужителот стои «повисоко» од парохјанинот на црковната скала, тогаш евхаристиските побарувања кон него, исто така, мора да бидат повисоки (построг пост и повнимателна исповед). Инаку, се добива лицемерие. Не напразно Светите Отци забележувале ваква закономерност: колку е построг односот кон себе, толку поснисходително/повеќе попустливо се постапува кон другите, и обратно — колку е построг кон другите, толку повеќе е попустлив кон себе...
Аргументот кој гласи, дека «свештеникот често служи, значи, тој не может или не мора да пости пред Причест, за разлика од лаиците кои ретко се причестуваат» — од гледна точка на црковното богословие е сосема беспомошен. Но, ако дури и така размислуваме, тогаш прашањето сепак не се решава во полза на свештенослужителите. Ако лаиците, ценејќи и љубеjќи ја Евхаристијата, ќе се причестуваат исто така често, како, на пример, свештенослужителите, тоа значи дека и тие/лаиците ќе можат незадолжително да постат пред Причест. Тоа се однесува и за исповедта. Инаку, зa секој свештенослужител се наметнува правилото — пост и исповед пред секоја Причест. Целиот живот на православниот христијанин мора да биде подготовка за Светата Евхаристија, или, поправилно е да се каже — да ѝ биде соодветен.
5. Постојат редица богословски прашања од аспект на Типикот, кои се однесуваат на Евхаристијата. На пример, трикратното читање на тропарот од 3-иот час е поцелисходно пред молитвата «Еще приносим Ти словесную сию и безкровную службу...», отколку после неа. Но, бидејќи «Служебникот» укажува на обратниот поредок, зa решавање на тоа прашање потребна е Решение од вишите инстанци на Православната Црква, а и богословско образложение зa сите свештенослужители на Црквата, за да не настанат расколи заради тоа. Друго прашање — е читањето на таjните или, поточно, — свештенотајните молитви (читањето во себе или нечујно).
Постои уште едно важно прашање од евхаристиската практика, кое, можеби, уште е рано да се покренува, но кое може да застане пред нас. Ако денес затвораме очи пред него, тоа не би било правилно. Тоа е — прашањето за самопричестувањето. Опширно сведоштво за тоа, како во древната Црква во време на гонења или во други околности христијаните сами во своите домови се причестувале со Светите Христови Тајни, има во спомнатото писмо на свети Василиj Велики до Кесариј .
Вo богословските журнали веќе имаше публикации на овие теми. Но, ваквите прашања не е можно да се решаваат кабинетно, то ест одделно од конкретната литургиска практика. Ќе даде Бог, започнатата Евхаристиска преродба сама ќе доведе кон нивно практичко разрешување, а потоа ќе дојде и нивното теоретско осмислување. И тоа ќе се случи многу полесно, отколку што изгледа сега. Тогаш ваквите промени ќе се примаат не како обновеништво/новотарство, туку како насуштна црковна потреба, како востановување и усвојување на литургиското и Светоотечко Предание за Евхаристијата. Сепак, грижливото изучување на евхаристиската практика од претходните векови треба да започне сега, и да не се чека, овие прашања да се заострат. Гонењaта од ХХ столетие веќе ја покажаа нивната актуелност.

Заклучок

Закрепнувањето на Православието, не само во Русија, туку и во целиот христијански свет е неразделно од Евхаристиската преродба. Евхаристиската преродба во Руската Православна Црква, слава Богу, започна, но на неа ѝ е потребно и содеjство и од свештеноначалството и од богословите.
Црковниот живот, како секогаш, го претекнува учебничкото богословие, а литургискатa практика ја претекнува литургиката. Многу наши добри и усрдни парохјани , верувајќи во силата на Евхаристијата, љубеjќи ја Евхаристијата, се стремат кон Евхаристиската Чаша, додека на семинарската клупа, за жал, понекогаш «се разработуваат» уште оние конспекти по литургика, во кои се одразува синодалнатa практика на реткото причестување. Тогаш богословите биле принудени да ја оправдуваат таа практика, расудувајќи за различни форми на учество во литургијата, за антидорот/нафората, која небаре ја заменува Причеста, за «слушање на литургијата» и т.н.
Божественатa Евхаристиja — е основа на литургискиот живот на Христовата Црква Православна, и Таа е основа и на духовниот живот на секој православен човек. Таа основа ја положил самиот Спасител на светот, кога рекол: «Ова творете го во Мој спомен» (Лк. 22:19; 1 Кор. 11:24—25).
Нашиот духовен живот е неодделив од Евхаристијата, зашто Евхаристиjaта — е најсигурниот пат кон спасението. Нашата заедничка грижа се состои во тоа, потпираjќи се на литургиското и Светоотечко Предание, по мерката на силите, да ја помагаме евхаристиската преродба. Неслучајно во Руската Православна Црква се утврдил обичаjот — не само на Пасха и во Пасхалната седмица, како што тоа е наложено според древниот богослужбен Типик, туку речиси на секоја литургиjа, речиси во текот на целата црковна година, за време на причестувањето да се пее пасхалниот киноникон (причестен стих): «Тело Христово приимите, источника безсмертнаго вкусите!».
Одговорајќи на прашањето за основите на духовниот живот во Православието, треба да се спомне заповедта на Спасителот на светот, нашиот Господ Исус Христос, за Евхаристијата (Лк. 22:19) и Неговото големо ветување, поврзано со Причеста (Јн. 6:54—56). Употребувајќи го изразот од свештеномаченикот Иринеj, Епископ Лионски, кој рекол: «Нашето учење е согласно со Евхаристијата, и Евхаристиjaта пак, го потврдува нашето учење», може да се направи и главниот заклучок по прашањето за основите на духовниот живот во Православието: духовниот живот на православниот христијанин — нашиот духовен живот мора да биде согласен со Евхаристиjата, а должниот однос кон Евхаристијата, од своја страна, ќе ја потврдува потврдува правилноста на духовниот живот. Значи, Божественатa Евхаристиja — не е просто основа, туку е основа на основите на духовниот живот и залог за спасението нa сите што го бараат спасението во Христа (Јн. 6:56, 54).

превод од руски: ѓакон Тони Петрушевски
БЕЛЕШКИ


  Св. Ириней Лионский. Творения. М., 1996. Репринт од изд.: «Сочинения Святого Иринея, епископа Лионского». Спб., 1900.
  Митрополит Пергамский Иоанн (Зизиулас). «Богословие — это служение Церкви». — Церковь и время, № 3, 1998. С. 92—93.
  Архиепископ Брюссельский и Бельгийский Василий. «Спасительное дело Христа на Кресте и в Воскресении». — ЖМП, №2, 1973. С. 69.
  Н. Арсеньев. «Душа Православия». — Зборник «Из жизни духа». Без м. и г. С. 63. (Статијата е напишана во Париз во 1928 г.).
  Письмо к Кесарии, жене патриция, о Приобщении. — Творения иже во Святых Отца нашего Василия, Архиепископа Кесарии Каппадокийския. Изд. 3-е. Ч. 6. С. Посад, 1892. С. 201.
  Новые грозные слова отца Иоанна (Кронштадтского), произнесенные в 1906 и 1907 годах. СПб.: Изд. Синодальной типографии, 1908. Слово 10. С. 28 и 27.
  Сказания о подвигах и событиях жизни Старца Серафима, иеромонаха, пустынни-ка и затворника Саровской Пустыни. Изд. 3-е. СПб., 1877. С. 153.
  Правила Православной Церкви с толкованиями Никодима, епископа Далматинско-Истрийского. Репринт. Т. 1. М., 1994. С. 67—68.
  Чаша жизни. — Святые Отцы о таинстве Причащения. М., 1999. С. 58—59.
  Види.: О Евхаристии. Из Отеческого предания. — Богосл. труды, № 21, 1980. С. 151—156.
  Письмо к Кесарии, жене патриция, о Приобщении. — Творения иже во Святых Отца нашего Василия, Архиепископа Кесарии Каппадокийския. Изд. 3-е, Ч 6. С. Посад, 1892. С. 201—202.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная