логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Митрополит Мински и Слуцки Филарет

Терминот «есхатологија» потекнува од грчкиот збор «есхатос», што значи «последен», а исто така и «крај», «крајна граница». Во најопшта смисла есхатологијата е — учење за «последните нешта», за конечните судбини на светот и човекот.
Во Светото Писмо се говори за «последни времиња» (Ис. 2. 2; Дан. 8. 19) и за «последни денови» (или «последниот ден» — Јов 19. 25; Јн. 6. 39). Се говори и за тоа, дека ќе настапи големиот «Ден Господов», кога Бог ќе го изврши Својот суд над светот, кој отстапил од Него. Оттука е првата смсла на есхатологијата: постоењето на овој свет во времето, светот кој од ништо е создаден од Бога како резултат на Нeговиот творечки акт, ќе има крај. Историјата на овој свет има не само почеток, туку и крај. И тој крај на историјата исто така ќе биде и завршување на Домостроителството на нашето спасение.
Како резултат на гревопадот, човекот отпаднал од Бога. Сепак, Бог кој е богат со милост, не го презрел Своето создание и сè извршил заради нас и заради нашето спасение — сè до тоа, што го дал Својот Еднороден Син, за секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот (Јн. 3. 16). Тој вечен живот, приготвен за Христовите верни, настапува веднаш по есхатолошкото завршување на битието на «овој свет». во Никео-Цариградскиот Символ на верата оваа есхатолошка вистина е изразена во форма на надежта на секој христијанин: «Го чекам воскресението на мртвите и животот на идниот век».
Овие зборови укажуваат на два идни есхатолошки нâстана. Како прво, сите умрени повторно ќе станат од мртви «во последниот ден»; и, како второ, ќе се отвори «новиот век», новиот преобразен свет, чии жители ќе станат сите што нашле спасение во Христа.
А, меѓу овие настани е — Божјиот Суд над стариот свет. Символот на верата кажува за второто доаѓање на Господ Исус Христос. Ако Неговото прво доаѓање било «во образ на слуга», второто ќе биде «со слава», за да им суди на живите и умрените. Господ ќе дојде повторно, за да се зацари во новиот свет и неговото Царство не ќе има крај. Така, Денот Господов кој ја завршува историјата станува почеток на невечерниот ден, а есхатолошкиот крај на светот е почеток на бесконечното Царство Христово.
Така, ако битието на овој Богосоздаден свет го разгледаме од гледна точкa на Свештената историја, есхатологијата укажува на последниот настан како определувачки за нејзините последувателни настани: творење — гревопад — откупување/искупение — суд. Второто доаѓање на Христос Спасителот ја завршува историјата на овој свет и ја отвора новата метаисториска реалност.
Сепак од богословска гледна точка не може да се ограничиме само со «историското» разбирање на есхатологијата, зашто таа има и друга смисла.
hristos.voskresenie.jpgАко се обратиме кон сведоштвата на првоврвниот апостол Петар, ќе видиме две, на прв поглед противречни, тврдења.
Од една страна, во своето Второ Послание тој говори за «последни денови», имајќи го предвид «денот на Судот», настапувањето на «денот Господов» — доаѓањето на денот Божји, во кој запаленото небо се урива и разгорените стихии се распаѓаат (2 Пет. 3. 10, 12). Овде апостолот говори за ветувањето на новото небо и новата земја, на кои владее правдата (2 Пет. 3. 13).
А од друга страна — што вели апостолот Петар во денот Педесетница, т.е. десет денови по Вознесението на Воскреснатиот Господ? За да им ја истолкува на пристуните смислата на она што се извршува пред нивните очи — Слегувањето на Светиот Дух на Христовите ученици, апостолот го наведува старозаветното есхатолошко пророштво. Тоа се зборови на пророкот Јоил за идното настапување на денот Господов, големиот и страшен, кога Бог ќе излие од Својот Дух на секоја плот (Јоил 2. 28; Дела. 2. 17). И во дадениот случај «последни денови» апостолот го именува времето на изливање на преизобилната благодат на Светиот Дух на почетната Црква на апостолиТе и учениците Христови.
Како да се помири оваа очигледна противорЕчност на апостолското сведоштво? Тоа се помирува тогаш, кога ние во едно видение ги обединуваме двете смисли на христијанската есхатологија — «историската» и онаа, што се открива во благодатното духовно искуство на Црквата.
И тогаш како есхатолошко возвестување се јавува самото Евангелие на Господ наш Исус Христос, т. е. благовестието за доаѓањето во светот на Спасителот. «Последниот» — е Христос. Така, во книгата на Тајносозерцателот, апостолот и евангелист Јован Богослов, за Христа вели, дека Он е Првиот и Последниот («протос» и «есхатос»), Кој беше мртов, и еве, жив е (Откр. 2. 8). И Самиот Господ говори: Јас сум Алфа и Омега…, Кој е и беше и доаѓа, Седржителот (Откр. 1. 8).
Така, «последните времиња» — тоа пред сè е онаа полнота на времињата (Гал. 4. 4), кога се јавува Синот Божји, кој со Воплотувањето станува Син Човечки. Значи — и вистиски, Богопомазан Цар.
Со доаѓањето на Царот-Христос доаѓа и Царството Божјо. Првиот пат тоа доаѓа на незабележлив начин (Лк. 17. 20) за надворешниот свет. Уште повеќе , светот го отфрла Христа како Спасител и Искупител. Но, Царството Божјо наоѓа место во секој Христов ученик и следбеник, меѓу нас христијаните (Лк. 17. 21).
Од оваа гледна точка «последното време» — е времето на искупителното дејствување на Синот Божји и создавањето на Христовата Црква на каменот на апостолското исповедание. Така, апостолот Петар вели: Не со гнилежно сребро или злато сте искупени од суетниот живот што ви го предале татковците, но со драгоцената Крв на Христа како непорочно и чисто Јагне, предназначено уште пред создавањето на светот, а кој се јави во последните времиња за вас (1 Пет. 1. 8–20).
Во исто време зацарувањето на Бога во Црквата сè уште не е победа на Божјото Царство во овој свет. Црквата е присуство на Божјото Царство на земјата, но «овој свет» — во евангелската смисла на овој поим – останува надвор од Црквата. Светот кој «во зло лежи», во кој царува гревот и победува пропадливоста — тој свет престојува во очекување на крајот, завршетокот на својата историја. Токму во овој свет мора да се јави Антихристот. Сепак во Црквата, која престојува во овој свет, царува Спасителот Христос.
Христовото Доаѓање често се означува со зборот «парусија», што истовремено значи и «присуство» и «доаѓање». Тој збор успешно ја изразува двојната смисла на христијанската есхатологија.
Есхатолошката епоха во историјата на светот започнува уште од првото доаѓање на Христа. Настапуваат тие «последни времиња», кои не се нешто друго, освен времето на Црквата, времето на нејзината мисија во светот. Зашто по Своето Вознесение Господ не ја остави Својата Црква. Давајќи ѝ ја заповедта за проповедање «дури до крајот на земјата», Он ѝ го дава и ветувањето за Своето присуство: И ете, Јас сум со вас во сите денови до крајот на векот (Мт. 28. 20).
Со други зборови, Црквата живее и го извршува своето служење во «временски меѓупериод» меѓу двете доаѓања на Спасителот. И за самата Црква, второто Христово доаѓање не е радикално нов настан. Зашто Црква во духовен однос веќе престојува во крајот на времето на светот, веќе е со Христа.
Тоа престојување на Црквата, не само во историското, туку токму во есхатолошкото време, е особенно јасно израазено во Евхаристиската молитва, која се извршува во времето на Божествената литургија. Во таа молитва ние го спомнуваме, т.е. осознавме и секогаш повторно го преживуваме, целото дело на нашето спасение: Поминающе убо спасительную сию заповедь (т. е. заповедта за извршување на Вечерата Господова) и всја, јаже о нас бившаја: крест, гроб, тридневное воскресение, на небеса восхождение, одесную седение, второе и славное паки пришествие (второто и славно повторно доаѓање) Твоја од Твоих Тебе приносјащее о всех и за всја, Тебе поем…
Ова е вистински есхатолошки текст, во кој е нарушена обичната логика на времето. Зашто, Црквата е устремена во иднината, која за неа веќе настапила, која што таа веќе ја преживува. За тоа сведочи дијалогот на свештенослужителите за време на литургијата: Христос посреди нас! — И есть, и будет!
За Црквата второто доаѓање на Христа е — доаѓање во светот во слава на Оној што веќе престојува во Црквата, зашто е нејзината Глава.
Така, целосното есхатолошко видение препоставува задржување во свеста на два аспектa на парусијата — како сè уште само настапувачко второ доаѓање на Спасителот и како веќе извршено и Негово постојано извршувачко присуство во Црквата. Идното доаѓање е доаѓање во «овој свет». И тоа е страшно за светот, бидејќи значи Суд над него. И затоа тоа е страшно и за нас — во онаа мерка, во која ние самите го носиме во себе овој свет », во која живееме според неговите стихии и закони.
Истовремено отсекогаш христијаните, исполнети со вера и надевање, со радост очекувале второто доаѓање на својот Господ и Спасител, чекајќи го «животот на идниот век».
За идното второ доаѓање на Спасителот во Светото Писмо се говори таинствено и прикриено. И за тоа зборува не само апостолот и евангелист Јован Богослов во својата книга Откровение, туку и Самиот Господ во Евангелието, во така-наречениот «мал апокалипсис» (Мк. 13).
Овој последен текст не остава никакви сомневања во однос на историските рокови за настапување на Крајот на светот: За тој ден, или час, никој не знае, ни небесните Ангели, ни Синот, туку само Отецот (Мк. 13. 32). Затоа и главната заповед што ни ја дава Спасителот во врска со пророштвото за Крајот, е таква: Внимавајте, бодрувајте, молете се, зашто не знаете кога ќе настапи тоа време (Мк. 13. 33).
Како треба да се однесуваме кон т.н. есхатолошки очекувања, кои од време на време се засилуваат во Божјиот народ?
Како такви тие се јавуваат просто како пројава на христијанската вера, во таа смисла на верата во тоа, дека Господ доаѓа со слава и затоа неизбежно ќе настапи крајот на светот и историјата. Еве, Женикот/Младоженецот доаѓа на полноќ, и блажен е слугата, кого што ќе го најде буден. И не ретко во историјата на Црквата за приближувањето на Крајот на овој свет и за Божјиот Суд возвестувале подвижниците омудрени со благодатта на Светиот Дух — исто како што тоа го правеле древните пророци и Христовите апостоли.
Но, зошто светите нè потсетувале и нè потсетуваат за тоа? Не затоа ли, што минувајќи долго искуство, тие научиле да престојуваат во постојано трезвење и бдеење, т. е. — целовремено претстоење пред Господ Исус Христос? Имено искуството на соединувањето со Бога во постојана молитва им овозможува на светите особено јасно да го видат злото на овој свет и неговата апостасија/отпадништво.
Сепак да се види насоченоста на овој свет и злото, кое во него дејствува, – тоа не исто што и предавањето на «апокалиптички расположенија». Уште повеќе, бодро да се очекува второто доаѓање на Спасителот, Кој ќе дојде «како крадец во ноќта» (2 Пет 3. 10), — не е истото, што и напрегнато да се очекува доаѓањето на Антихристот.
Зашто, како што вели апостолот, не доцни Господ со исполнување на ветувањата…, но долго нè трпи, не сакајќи, некој да загине, но сите да дојдат до покајание (2 Пет. 3. 9). За жал, има и такви христијани, за кои поважно од духовното бодрување/бдеење е барањето на знаците за Крајот на историјата, кој како да пристигнал пред нивните очи. Нивниот духовен вид е свртен не толку кон Христа кој царува во Својата Црква, колку кон идниот Антихристот. За нив Христос е — или во минатото, или во иднината, додека во сегашноста се — «апокалиптичките очекувања», а подобро е да се рече — стравувања. Тоа е едносторана, а затоа и изопачена есхатологија, кој го изопачува духовното расположение на нејзините приврзаници.
Не треба да забораваме двете најважни христијански вистини.
Според светоотечкото учење, «овој свет» — пред сè се гревовните страсти, кои востануваат против душата и телото на христијанинот и војуваат против неговата вера и надеж. И, ете, не само Божјото Царство, туку и овој гревовен свет «внатре во нас е». Имено, нашата гревовност и приверзаност кон овој свет прават да се плашиме од настапувањето на последниот Суд. Зашто, пријателството со светот е непријателството против Бога (Јк. 4. 4).
Но, од другa стрaнa, нашата вера е насочена кон Оној што рече: Бидете смели: Јас го победив светот (Јн. 16. 33). Да ги спомнеме првите христијани кои со радост и надеж го чекале скорото Христово доаѓање, воскликнувајќи: Да, дојди, Господи Исусе! Правилното духовно расположение — тоа е радоста во Воскреснатиот Господ и за даровите на Неговата благодат, кои им се даваат во Христовата Црква, која никогаш нема да биде поразена од адот (Мф 16. 18).
Говорејќи со јазикот на светот, може да се каже, дека христијанската есхатологија е оптимистичка. Но, во исто време тој оптимизам нема ништо заедничко со удобноста и самозаспаноста. Зашто оние што ја губат верата и се зачмаени во гревот, ги очекува Божјиот Суд, кој не гледа на лице.
Есхатологијата говори за «последните нешта», т.е. за завршетокот, а подобро е да се рече — за завршувањето на светот. Тоа завршување истовремено е Божјо дело и човечко дело. Зашто ние не можеме да добиеме спасение без Бога, но и Бог не може да нè спаси — без нас самите. Затоа есхатологијата ни кажува и за тоа, каков треба да биде нашиот однос кон светот во кој живееме и го вршиме својот духовен пат.
Од една страна, есхатологијата ни кажува за тоа, дека светот како космос, како животно пространство на човекот, без оглед на неговата изопачена состојба, не е туѓ за христијаните. Ние не смееме да бегаме од светт, во кој дошол Божјиот Син за да го спаси. Токму во светот Црквата, која е Телото Христово, ја има својата мисија. Тоа е мисија за просветување и осветување на светот. „Не молам, Ти да ги земеш од светот – говори Спасителот за Своите ученици во Првосвештеничката молитва, — туку да ги зачуваш од злото” (Јн. 17. 15). Христијаните не смеат да потонуваат во «апокалиптичките очекувања» на скориот Крај на историјата, заборавајќи го својот долг и повик во историјата на овој свет.
Но, од друга страна, есхатологијата ни кажува за тоа, дека судбината и повикот на човекот не се ограничува со престојот во овој свет, каде што, во крајна сметка, победува смртта. Зашто, смртта веќе е победена со Воскресението Христово. И таа победа ќе восторжествува по крајот на овој свет, кога Господ кој дошол во слава ќе Му го предаде Своето Царство на Бог и Отецот (1 Кор. 15. 24). И тогаш ќе се јават Новото небо и Новата земја — каде што живее правдата.

15/11/ 2005 г.
www.patriarchia.ru
превод од руски: ѓакон Тони Петрушевски

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная