логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Бескомпромисната верност на Светото Писмо и светоотечкото предание на Лоски, во спрега со неговата постојана грижа за едно артикулирано православно сведоштво на Западот, Ги направија неговите дела ненадминливи за секој современ образован православен христијанин што сака својата вера да ја сфати сериозно и да може за неа да им зборува и на другите.
Ј. Маендорф

Белешка за писателот

Владимир Николаевич Лоски веќе и е познат на македонската читателска публика по делото „ Мистичната теологија на црквата од Исток ", капитално дело од неговиот богат опус. Роден е на 25 мај 1903 г., во Петербург, во семејството на познатиот философ Николај Лоски. Во 1920 г. стапил на Петроградскиот универзитет, но две години подоцна го прекинува школувањето, зошто заедно со семејството се сели, прво во Прага, а потоа во Париз. Во Париз, во текот на неколку години ја изучувал средновековната историја и философија, а веќе кон крајот на 20-те гогини се сосредоточува на богословските и црковни теми. Наскоро, почнуваат да излегуваат неговите први богословски дела. Во текот на Втората светска војна тој е учесник во француското движење на отпорот. Од 1944 г., во текот на неколку години, Лоски држи предавања по догматика на новооснованиот француски православен институт Во последните години од животот предава Пастирско богословие при западноевропскиот Патријаршиски Егзархат и активно учествува на философските и богословските конференции. Се упокоил во 1958 г., на денот кога се слави св. Григориј Богослов, во Париз.


crkva.svSofija.jpgI
ДВА „МОНОТЕИЗМА“

Бог не е предмет на науката, а богословието радикално се разликува од философската мисла: богословот не го бара Бога како што се бара некој предмет, туку Бог самиот овладува со богословот, како што се случува да овладее со нас нечија личност. И токму затоа што Бог прв го нашол богословот, затоа што, така да се каже, му излегол во пресрет во своето откровение, богословот може да го бара Бога, како што ние, со сето свое битие, што значи и со сиот наш ум, бараме нечие присуство. Бог на богословието е оној „ти" - живиот Бог на Библијата. Конечно, Он е апсолутот, но личносен апсолут, кому му се обраќаме со „ти" во молитвата.
Односот „јас - ти" меѓу верникот и личниот Бог може да се сретне не само во јудео-христијанската традиција. Но, таму Бог не е врховен и единствен Бог, туку само една од многубројните божествени персонализации на политеизмот. Воопшто говорејќи, политеизмот е само понизок аспект на монотеизмот. Сепак, апсолутот во кој „боговите" се раствораат никогаш не е личносен. „Боговите", па и „личниот" Бог на хиндуизмот, се само аспекти, пројави на некој безличен апсолут; за нехристијанскиот Исток тоа се пројави подеднакво условни како и светот спроти кој стојат, и се повикани, како и светот, да исчезнат, да се растворат во чиста самовдлабоченост, во потполна самоидентичност. Таа идентичност не знае за „друг" и проголтува секаков личен однос.
Во религијата на Стара Грција, исто така, боговите требало да и се потчинуваат на анонимната „нужност", господарката на сето постоење. Философите не претпоставувале лице над тие богови, туку некој највисок свет на стабилност и светлина, сфера на убавината на безличното битие. Така е кај Платон, кај стоиците, дури и кај Аристотел. „Новоплатонизмот", пак, пристапува кон „мистиката на задлабоченоста", која делумно потсетува на учењата на Индија.
Треба малку да се задржиме на Плотин, чија мисла претставува, се чини, врвен дострел на небиблискиот антички свет. Таа мисла подоцна ќе ја усвојат и ќе ја исползуваат многу свети отци, вистински довршувајќи ја.
За Плотин, првиот степен на познанието се остварува во светската душа, која го опфаќа сето многуобразно единство на вселената; боговите не се ништо друго, освен нејзини многуобразни пројави.
Понатаму, во човекот како центар на светот, следен степен на единство е неговиот ум („нус"). Рамништето на „нус" е истовремено рамниште на битието, или поточно „нус" и „битие"; мислата и нејзиниот објект се идентични: објектот постои бидејќи се мисли, мислата постои бидејќи објектот, во крајна линија, се сведува на интелектуална суштина. Сепак, таа идентичност не е апсолутна ако се изразува како некоја заемност, во која продолжува да постои сферата на „другиот". Значи, за да се познае „Едното" во потполност, треба да се издигнеме над рамништето на нус.
Кога ќе ја надминеме границата на мислата и на реалноста што може да се мисли, таа последна дијада на битието и на интелектот, влегуваме во сферата на неинтелектуалното и небитијното (одречноста овде укажува на плус, на трансцендентност). Но, тогаш неминовно настапува молчење: на неизреченото не може да му се даде име зашто тоа не му се противста-вува на ништо, со ништо не се ограничува. Единствениот начин да се достигне тоа е - да не се знае тоа; незнаењето, како порив кон одандестраното, претставува екстаза. Философијата ја достига својата крајна граница и, на прагот на непознатото, се умртвува себеси. „Едното" може да се познава само пред и по екстазата, а тоа значи - да не се познава, бидејќи тоа веќе не е екстаза. За време на екстазата нема „друг", што значи нема ни познание. Порфириј вели дека во текот на својот живот Плотин се наоѓал во екстаза четири пати. Но, таквото познание на божествената природа едновремено и се остварува и, во тоа безличносно непознание, се уништува себеси.
За разлика од мнозинството религии и метафизички системи во кои односот „јас - ти" исчезнува токму со приближувањето кон божествената сфера, Библијата ја утврдува несомнената отпочетност на Бога како истовремено апсолутен и личен. Но, во споредба со полнотата на христијанското откровение, овде гледаме друго ограничување: Богот на Евреите ги сокрива длабочините на својата природа. Он се пројавува само во својата власт, а самото негово име е неискажливо. Он се опкружува со непристапна светлина, а човекот не може да го види и да остане жив. Не е можна ни вистинска заемност, ни средба лице в лице на таа страшна божествена монада со смирената творба. Зборовите се само од Бога, а од човекот е само мракот на непослушноста и верата. Самото „богословие", како што го разбираат отците, за Израилот останува затворено.
Значи, гледаме дека надвор од христијанското учење, еден спроти друг, стојат:
- кај Јудеите (и подоцна во исламот што има авраамитски карактер) - монотеизам, кој го утврдува Бога како личност, без да ја знае неговата природа: тоа е жив Бог, но не и божествениот Живот;
- во античкиот свет (и до денес, во традициите туѓи на семитската) - метафизички монотеизам, кој ја претчувствува природата на апсолутот, но не е способен да и пристапи на друг начин, освен по пат на растворање на неговата личност.
Од една страна се наоѓа мистиката на задлабочувањето, каде што се покажува дека познанието на Бога е невозможно, бидејќи самата негова личност се раствора во неизреченото; од другата страна е личната послушност на личниот Бог, но без видување на божествената природа, чие познание е забрането од божественото лице, кое како да е скриено самото во себе.
Од една страна е природата што го апсорбира лицето, а од друга божественото лице што ја крие природата. Така, надвор од христијанското учење, едно наспроти друго стојат неможното познание (ако тоа ги одрекува и познаваното и познавачот) и забранетото познание (штом нема општа мера, тогаш нема ништо што посредува меѓу Творецот и творбата).
Откривајќи ги во сета полнота личниот Бог и неговата природа, христијанството го ослободува човекот од тие две ограничувања. Со самото тоа, христијанството го овенчува најдоброто од Израилот и најдоброто од другите религии или метафизички системи, и тоа не во некаков синкретизам, туку во Христос и низ Христос; навистина, во него човештвото е реално соединето со божеството и божествената природа и се придава на човечката, за оваа да се обожи. Тоа е одговор на Израилот. Но, Синот им е едносуштен на Отецот и на Духот, и ете го одговорот на безличното метафизичко учење. Божествената природа не е „вон" личноста. Напротив, полнотата на таа природа е токму во општењето на божествените лица и таа му се соопштува на човекот низ лично приопштување.
Но, не е лесно да се познаат тие одговори, а и завршувањето во Христос е, исто така, „соблазна" и „безумие".
„За Јудеите соблазна": како може едниот, трансцендентен Бог, немајќи заедничка мера со човекот, да има Син, кој е и самиот Бог и во исто време човек, понижен и распнат?
„За Елините безумие": како може безличниот апсолут да се воплоти во личност? Како е можно неподвижната вечност да влезе во сферата на времето? Како може Бог да стане тоа, имено што е неопходно да се совлада за да се раствори во него (во Бога)?
На тој начин, христијанството се појавува истовремено како завршување и како соблазна. Но, какви и да се позициите на „Елините" и „Јудеите" што не го примаат Христос, во црквата, т.е. во телото на тој Логос, кој возглавува, воздигнува и очистува се и кој ја постава на вистинското место секоја вистина, не треба да има никаква разлика меѓу Елините и Јудеите.
Овде изникнуваат две опасности: првата е кога богословот се појавува како „Елин" во црквата, кога тој толку му се потчинува на модусот на своето мислење што го „интелектуализира" откровението, губејќи го библиското чувство за конкретното, а со тоа и „егзистенцијалниот" карактер на средбата со Бога, со што се определува очигледниот антропоморфизам на Израилот. На таа опасност, која постоеше од епохата на схоластиката се до времето на научниците на XIX век, во наше време и одговара една сосема спротивна опасност: опасноста од некаков вештачки устроен „библизам" што се обидува на „философијата на Грците" да и ја противстави традицијата на Израилот и да ја стави нивната теорија во чисто семитски категории.
Мегутоа, богословието треба да се изразува на вселенски јазик. Бог неслучајно ги сместил отците на црквата во грчка средина: потребата од философска јасност, поврзана со потребната длабочина на гносисот, ги поттикнала да го очистат и да го осветат јазикот на философите и на мистиците за да му го дадат на христијанското благовестие, кое го опфаќа, но и го надминува Израилот, сето негово вселенско значење.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3120
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7590
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная