логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Justin.Pavru

Љубовта трпи се’
Интервју на монахиња Нина (Хагопјан)
 
 
Откако се обратив во Православие и ги примив монашките завети, ја имав таа благословена можност да ги посетам манастирите на Романија и да живеам во нив две години. Мојата длабока љубов кон таа земја и нејзините жители во тоа време возраснуваше и јас се научив на многу нешта, меѓу што е и примањето на духот на вистинското христијанско гостопримство. Романија била православна од самиот почеток, неа евангалски ја просветил светиот апостол Андреј. Православната традиција тука се сочувала во продолжение на вековите. Јас се сретнав со многу луѓе, монаси и мирјани и нивната светост, љубов кон Бог и ближните ми оставија силен впечаток и ме преобразија. 

Еден од тие со кои се запознав и кои направија силно влијание врз целиот мој живот беше отец Јустин Парву. Кога прв пат се сретнав со него, тој беше духовник во манастирот Секу, во кои живееја околу 50 монаси. Прекрасниот отец Јоаникиј (Балан)1 , автор на “Романскиот патерик”, радосно не’ прими, нас кој бевме дојдени да се запознаеме со о. Јустин.  
 Кога го видов отец Јустин јас заплакав. Нешто во длабочината на мојата душа беше допрено. Јас ја почувстував неговата светост и длабочина, осетив привлечност и духовна љубов кон него и посакав да дознаам што може повеќе за него. Почнав да ги прашувам луѓето за отецот и дознав, дека за време на комунистите тој бил во затвор 16 години (1948-1964). Ми кажаа, дека тој никогаш не пали печка преку зимата во својата келија и дека се подвизува во пустината, па затоа многумина бараат совет од него и исто така утеха и успокојување.    
 Решив да го интервјуирам, во што ми помогна о. Стефан кој преведуваше. Гледајќи како луѓе од најразлични слоеви од сите краеви на земјата одат во келијата на отец Јустин, си помислив дека на истиот начин луѓето брзале да ги видат светите и мудри оптински старци, за да се посоветуваат и исповедаат.
         Чекав, онака како што обично се чека пред вратите на неговата келија. Сите носеа подароци на батјушката, компири, масло, леб и др., а тој сето тоа го подаруваше на следниот посетител. Отецот ги примаше сите со совршена љубов. Неговите духовни чеда знаат многу случаи, кога им помагал, а многумина велат дека е светец.  
 На прв поглед отецот изгледа прост, а во исто време се чувствува дека има нешто необично во него. Најмногу ме порази безмерното страдание, кое се родило во него поради Господ. Затоа секое бреме, положено на неговите плеќи, било лесно или тешко, отецот го носи како свое сопствено. Имав можност да видам, како болката, скриена во зборовите на луѓето, го поразува во самото негово срце. Отец Јустин седи молчешкум, слуша, а после тоа од неговата уста излегува токму тоа, што е неопходно за тебе – едноставно и вистинито. Во неговите очи постојано сјае радост која носи утеха.
Сега отец Јустин живее во друг манастир, основан од него и наречен Петру Воде. Кога една моја пријателка од Букурешт го прочита првото интервју, направено со отецот Јустин во манастирот Секу, таа реши да направи интервју за еден православен весник. Тоа е второ интервју. Во третото, отец Јустин ми раскажа за едно чудо, кога се случило во она време кога тој бил политички затвореник, раскажа за гревот на страшливоста и за искупувањето на тој грев. Го направиваме ( интервјуто) неколку дена пред да си заминам од Романија.

Монахиња Нина ( скит на Светитот Крст, манастир на светиот Паисиј, Форествил, Калифорнија)
 

Монаштвото во нашето време претполага да се напушти самотништвото

        Архимандрит Јустин: Соврмениот монашки живот потполно се разликува од оној, кој бил во минатото. Во сегашно време, монаштвото е повикано да ја заштити вистината на верата. Од монахот се очекува да ја остави својата осаменост и затвор. Да се присетиме на свети Василиј. Тој својот свет живот го поминал среде човечките страдања. Болниците, кои се основани од него и неговите други дела, сведочат за тоа, дека му биле познати многу житејски страданија.
             Монахот е единственото човечко суштество, кое ја има следната привилегија: тој секогаш треба да е подготвен да работи секаде каде што е потребно, без да прими материјална награда. Тој се труди тешко за утешувањето и олеснувањето на страданијата и животот на луѓето - сам. Затоа, она што го прават монасите, се цени многу малку.
Собитијата не’ претекнуваат. Ние, по се изгледа не разбираме, со какво духовно сиромаштво се судираат нашите браќа во светот. Монахот треба напрегнато да пребива во монаштвото, а во истото време треба да се грижи и за светот. Тој треба да биде и молитвен сведок, светлина за луѓето, маченик, принесен на жртва за вистината на христијанството.  
              Манастирот е навистина место за молитва. Но, нашите манастири имаат мака со тоа, како самите монаси да се оддржат себеси во состојба на молитва. Ако ние сме ладни и го немаме соодветниот живот, тогаш од таа гледна точка не сме молитвеници. Како тогаш можеме да им помогмнеме на луѓето во светот, кој ја бараат вистината и кои се се повеќе и повеќе?
            Се разбира, мирјаните сакаат да видат во монасите светлина овде, сега, на оваа земја. Затоа не треба воопшто да ги мамиме. Ние, монасите, не можеме само да им говориме, дека Бог постои и дека потребно е да се верува во Него. Ние треба да сме молечки икони, кои согоруваат од копнеж по Бог, светилници, бидејќи луѓето, кои доаѓаат кај нас, се многу интелектуално подготвени (образовани и културни) и ја бараат вистината. Ние ја немаме верата и храброста на светите оци. Вистинско чудо на земјата е тоа, да се живее свет живот помеѓу толку нешта од кои треба да се откажеме.
          Ние романците, навистина сме живееле некако изолирано, без многу да учествуваме во големата благосостојба и технологии и таа ситуација била особено погодна за нивото на духовната мудрост. На пример, семејниот живот; здрав семеен живот е неопходен на секое човечко суштество. Сакам да кажам, дека кога не сме биле среќни од материјална гледна точка, не сме биле помалку добри како христијани. На запад, христијанската духовност ослабнала многу, поради големиот технолошки развој, кој особено започнал по Француската револуција..
               Можам да ви кажам што е монаштвото – тоа е единственото оружје на нацијата, кое секогаш треба да се бори на првата линија на фронтот. Точно е дека ние монасите, денес сме слаби и средствата ни се оскудни. Такви сме станале по Првата светска војна, кога франкомасонството ја исполнило нашата земја. Црквата станува се попокорна. Карол II 2 имал трговски каактер. Тој ги убил највидните луѓе во земјата, ги навлекол политичките партии една против друга и ги натерал да дејствувааат против интересите на земјата.
Црквата секогаш била политички покорна, потчинета на политичките дејства и каприци. Нашето религиозно образование беше оскудно. Дејстуваше само една семинарија за монаси во манастирот Черника но, и таа беше затворена по 1940 – та година, по политички мотиви.  

              Криејќи се зад зборовите “потчинувајќи се на властите се потчинуваме на Бог” 3 нашата јерархија се покори на цезарите на овој свет. Тоа го подрива самото наше постоење. Јас не сакам да кажам, дека треба да сме без почит но, ваквото изопачување на библискиот стих не’ поробило, нас монасите на политичарите. За несреќа ние не ја владееме верата и храброста нa нашите свети оци, кои излегувале од манастирите и местата на отшелништво и оделе на улиците и пазарите на Константинопол, за да не го допуштат уништувањето на светите икони по цена на својот сопствен живот. Ако имавме дел од таа вера на светителите во Господа нашиот Исус Христос, ние безусловно, ќе можевме да ја измениме судбината на нашата земја.  
              Вие гледате дека ние молчевме многу долго, ние премногу се правевме, како да не гледаме и да не слушаме ништо. Ние се’ уште спиеме. Не дај Боже, да одговараме пред Господ, како предавници на верата!
 
Најинтересното животно искуство е да се познаеш себеси


       Монахиња Нина: Оче, ве молам да ни раскажете за годините, кои ги поминавте во затвор.


      Архимадрит Јустин: Драги мои, тоа беше период на ужасни страдања, години, во кои беше тешко да се живее. За да се успокојам душевно и да одговарам на прашања би ни била потребна цела година.
Сослушувањата, кои тогаш се правеа, засегнаа многу луѓе. На пример, ако јас во 1945 година зборував со некого 10-15 минути и после ако по половина година повторно се сретневме, тогаш неговото име се појавуваше на сослушувањата.
            Ние требаше да одговараме на прашањата вака:” Да, се разбира, имав со него краток разговор, а истражителите прашуваа: За што зборувавте? Како да го организирате отпорот?” Ние пак одговаравме: “Не ништо такво, ние зборувавме за обични нешта”, и тогаш не’ тепаа и дејствуваа на нашaта психа, додека не потпишеме документ, во кој беше напишано, дека ние знаеме за сето тоа и дека сме престапници. Така добивавме затвор од 10 – 15 години.
              Сето ова значеше многу во мојот живот. А кога сите тие сослушувања завршија, во мојот живот настапи период на спокој: фактички, сите ние кои бевме затворени, поминавме низ тој период.Тој започна кога ни беше дадено да влеземе внатре во себеси. Тоа е најважниот опит,  кој воопшто можеме да го имаме во својот живот: да се познаеме себеси.
             После тоа, следувше период на укрепување по патот на страданието, благодарение на што ти се дава можноста да се познаеш себеси. Тоа беше совршено едноставно - тоа, дека се откривавме самите себеси во тие часови на одарот на болеста: тоа беше зов.
                По 15 години јас сретнав еден од бившите затвореници кој стана епископ и отиде во манастир. Тој ми рече: “Оче, знам дека многу имаш пострадано. Но, дали можеби ти се чини, дека не би требало да влегуваме во политиката?” - “Преосветен, со ваша дозвола, тоа не е политика. Тоа е наше право и долг - да бидеме бодри и да се заштитуваме себeси и христијанската вистина. Ние треба да зборуваме и да им укажуваме на луѓето за опасностите, со кои се судира христијанството во нашите денови”. Епископот не беше задоволен од тој одговор.
Сфаќајќи зошто сме затворени, почнавме да даваме отпор. После тоа следи еден период, кога си замислувавме, дека американците ќе дојдат и ќе не’ ослободат но, ги изгубивме и тие илузии. А луѓето гореа од надеж. Оваа гласина беше само проба за чиста пропаганда. Тоа беше метод на комунистите, со чија помош тие заробија уште повеќе жртви, уште повеќе луѓе станаа затвореници.
             После тоа доѓа вистинското духовно зајанување. Тоа беше многу силно и речиси необјасниво, бидејќи бевме совршено изолирани во такви тврдини ако Ајуд и Герла. Тие беа во буквална смисла на зборот фабрики за производство на маченици.  
            Ние бевме сведоци на деградирањето на самото тело. Во определен стадиум ние веќе не чувстуваме ништo, тоа наликуваше на длабок спокој. Можеш да го осетиш само својот ‘рбет. Единственото, што го држеше телoто беше силата на мускулите. Во тој период нам ни остануваше само тоа да ја очекувaме смртта и да се подготвуваме за неа; да живееш постојано во таа реалност и постојано да ја имаш пред своите очи смртта беше просто ужасно. Тоа одеше дотаму, што веќе не се вознемируваш, кога твојот брат од соседната ќелија, за несреќа, повеќе не одговара на повик. Можеби е веќе мртов, така одеднаш имаше многу починати. Од крајната изнемоштеност целото тело започнуваше да отекува: нозете, рацете, главата. Ние се прашувавме: зошто сме такви подуени? Меѓу нас имаше лекари и тие ни објаснуваа, дека кога телото останува без сила, тоа не е во состојба да ги исфрли течностите од мускулите. Ја притискавме со прстите својата кожа и таа не се враќаше во претходната состојба. Таа состојба значеше, дека смртта беше само прашање на часови.
            Сите ние бевме многу млади: од 22 до 35 години. Кога влегуваш во таа фаза, можеш да загубиш контрола над себе си, веќе не можеш да положиш сметка за она што го говориш и чиниш.
 
Тие денови беа жртвопринесувања и саможртвувања, исклучителни, единствени
 
           Што можев да направам јас како свештеник во таа ситуација? Почнав да ги исповедам луѓето, особено во постите: за време на Великиот пост, на Божиќниот, Успенскиот, Петровиот. Но, можев да исповедам само по тројца - четворица, кои се измачуваа во една соба со мене. Но, што можев да направам за останатите, кои страдаат во соседните ќелии и оние над нас? Како да ги добијам Телото и Крвта на Господ Исус?
           Таа одговорност да се измени духовниот живот на луѓето стана главната радост во мојот живот. Лично јас веќе не чувствував болка. Имајќи го тоа свое дело, јас таму бев посреќен, откога се наоѓав на слобода, во светот. Тоа се случуваше и затоа што нашиот духовен живот стануваше подлабок, многу повеќе, од пред затворот.
           Еднаш лежев во изолација со хепатит. Тогаш заврши и последната честичка од Светата Причест – не остана ниту ронка. Таму лежеше и еден 28 – годишен маж, Шербан Константин од Констанца. Тој страдаше од цироза, кај него започнуваше стадиумот на распаѓање. Цел ден, тој крескаше, стенкаше и плачеше. Не беше примил Причест четири години, а дома оставаше жена со две деца. Што можев да направам? Ноќта и раното утро, меѓу 4 и 5 часот, јас го исповедав по пет минути, затоа што чуварот не’ следеше низ шпионката. Тие одеа од едниот крај на ходникот до другиот и погледнуваа во шпионката на секоја врата: дали можеби не си клекнат на колена и дали можеби се обидуваш да се молиш за некој?
              Што можевме да направиме тука? Ние се договоривме да поразговараме и јас реков: “Момчиња, ние треба да отидеме да не’ прегледа лекар, затоa што сме многу слаби и имаме право на малку вино.”
 Така и започнав: Со мало парче леб, кој го имав и со сите молитви кои ги знаев, во аголот, кој се наоѓаше надовор од зоната на видливото на шпионката, сам. Тие денови беа жртвопринесувања и саможртвувања, исклучителни, единствени.
                 Беше многу болно да се гледа, како човек умира пред твоите очи. Тоа е вистинско мачење. Така ми беше дадено да предадам света Причест на тој маж од Констанца, кој умре по три дена и го однесоа од собата.
 Исповедав луѓе од други соби со помош на морзеовата азбука. Секој знаеше како да комуницира преку ѕидовите. Што да се прави? Да се водат разговори не ни беше толку лесно, особено кога ги иницираа тие, кои соработуваа со власта. Имаше можност да кажеш нешто во разговорот, тоа се запишуваше на магнетофон и после тоа се ползуваше против тебе.  
              Сите имавме големи осуди: по седум, осум, девет, десет и повеќе години. Кога имаше можност ние криевме по неколку трошки леб во шевовите на облеките. Навистина не’ проверуваа но, не многу детално. Така што ако ни се пружеше можност да сокриеме по 20 - 25 грама леб, тоа беше доволно да се подготви Света Причест за стотици луѓе.
 Единственото место за средби за нас беше тоалетот. Можеше да соопштиме со помош на морзеовата азбука, дека во некое место во тоалетот исповеданиот човек ќе најде Света Причест. Или можеше да предадеш Причест, кога минувавме покрај келиите и бевме убедени дека чуварите нема да приметат.
 Тоа беа светли и радосни денови, животот беше наситен. Тоа беше најдоброто место за религиозно воспитание. Но, потоа чуварите не’ открија и веднаш се потрудија да не’ растурат по разни места. Не’ испратија во рудниците за сол, без да прават разлика меѓу здрави и болни луѓе.
 
Празнувавме Воскресение Христово на длабочина на 800 метри под земјата
 
Следеа две седмици на тежок труд. Требаше да носиме гигантски чекан од 15 - 20 кг. И со него да раскршуваме големи парчиња сол. Долу во јамата температурата беше околу 35 - 40 степени и потта се лееше како река.
 

Си спомнувам како еден свештеник, отец Шербан, Бог да го прости, во еден момент не можеше повеќе да го држи чеканот во рацете и ни рече: “Слушајте, јас имам намера да им кажам, дека се откажувам да извршам самоубиство на тој начин.” Следниот ден на пребројувањето тој направи чекор напред и проговори: “Господине началник, јас повеќе не можам да се спуштам во јамата; ако сакате дајте ми некаква друга работа горе.”
Началникот му одговори: “Добро, ќе видиме, а сега спуштај се во копот”. Макар што тоа не му се допадна, што му го кажаа, тој се спушти долу. Следниот ден, началникот му рече: “Шербан, ти остануваш горе”.
Во логорот имаше долга ограда висока неколку метри, која опкружуваше еден дел земја. На нас не ни беше дозволено да се приближиме до тоа место. Го поставија Шербан во кујната да чисти компири. Дежурниот војник заповеда на Шербан да ја земе корпата за ѓубре и да ја изнесе од кујната. А таа беше точно до оградата.
-    “Јас не треба да го носам тоа таму.”
-    “Аjде, фрли го ѓубрето таму!”
Тој ја зема корпата, ја истури, се заврте и во тој момент го застрелаа. Тоа се случи во 9 часот утрото.
 Во 1954 го празнувавме Воскресението Христово на далбочина од 800 метри под земјата во рудникот за сол. Сето тоа се правеше според советски образец, целиот жвиот се градеше по него: празниците, музиката, се’. Дури и на чуварите тоа им здосади, па не’ помoлија: “Испејте ни една романска песна. Сакаме да чуеме за животот на романците, домашни сме си”.
 Долу во рудниот коп, ние се трудевме рамо до рамо со цивилни граѓани но, нас не’ нарекуваа “специјална работна сила”. Не ни дозволуваа да се обраќаме еден кон друг по име, носевме броеви: 2121, 400 или 200. Дали можеш да си го претставиш тоа?
 Ние, затворениците, бевме заедно со тие луѓе, цивилните рудари и тие се трудеа да ни покажат, како треба да работиме и не’ научија. Соработниците на Секуритате без разлика дали се облечени во униформа или се цивилни, сеедно беа од чуварската служба – рекоа на работниците, кои работеа со нас, дека тие ќе работат со многу опасни затвореници, капитални престапници и со таквите не треба да се зборува повеќе од најнеопходното, оти сме станувале многу агресивни и можеме дури да убиеме.  
 Ние ги носевме железните инструменти кои се користат во коповите, многу тешки. Не помина ниту еден месец и цивилните разбраа, дека престапниците се зачудувачки мирни. Тие започнаа да се обраќаат кон нас со “господин професор” и “оче”. А после тоа си поставуваа прашање: Како вака? Какви престапници се овие момци?
 После тоа почнаа да ни пренесуваат информации од земјата: исечоци од весници и слични нешта. Не може да си претставите, што значеше тоа за нас, особено за интелектуалците. За нив беше смртна казна да не знаат што станува во општеството.
 
        Треба да имаш многу здрава психа, за да се помириш со тоа, да ја спасиш душата, срцето, умот, да ги сочуваш во целост и неизменетост. Навистина се трудеа да го уништат токму тоа во нас, се трудеа да ни ја умртват душата, умот, срцето и волјата. Така што можете да си замислите, каков благослов беше за нас, кога тие цивили ни носеа некакви вести, информации.
Еднаш најдовме еден ваков запис: “Стоп за напредување во работата. Властите сакаат да не’ натераат да работиме колку можеме повеќе, а ние не можеме! Се подготвуваат да ни ги намалат платите, а ние имаме семејства, кои треба да ги храниме”.
Ние работевме интелегентно, знајте го тоа, среде нас имаше многу умни луѓе, образувани, макар и надворешно да не се забележуваше тоа. Но, кога сфативме, зошто односот кон нас се промени “ја сменивме плочата”. Ние, затворениците, бевме многу честни но, цивилите не’ научија што треба да правиме: го полневме вагонот со камења, а од горе ставаме руда. Така наместо 50 вагони излегуваа 70. Така што излегуаше, дека ние работиме попородуктивно, и началството почна да ги отпушта цивилите.
 Во истото време некои од нив со голема претпазливост започнаа да носат во своите раце весници. Среде нас имаше луѓе со најразлични политички погледи, исто како сега. Тие откога ќе ги прочитаа весниците, даваа длабоко прозорливи политички коментари. После тоа почнаа да се појавуваат фрагмени од Светото Писмо. Но, на крајот од краиштата се’ беше откриено, оти меѓу нас имаше агенти. Сeкој трет беше агент.
 После тоа следеше цела година вистинска изолација. Ние бевме толку одделени од светот, што не можевме да дознаеме, кога почнуваше Светата Пасха. Особено во Ајуд бевме збунети: од рефоматорската црква точно во 24 часот звонеше камбана, а ние чекавме кога ќе се чуе православниот храм, се бевме претвориле во уво, само да не го пропуштиме тој ѕвонок.  
 

“Смееш да кажеш дека веруваш во Бог”
 

          Јас самиот бев од тие кои ги буткаа вагоните, кои се користеа во јамата за превоз на руда, така што мојата работа беше сврзана со многу одење. Многумина од нас се трудеа заедно. Како да ја отпразнуваме Пасха? Ги собравме сите метални остатоци од секачот за карпи и ги закачивме на јаженце. Тие даваа чудесен звук. Јас поминував по нив со метална прачка.
 Времето за соборот беше договорено за 2.30 часот. Тоа беше тој момент кога ние влеговме во лифтот и започна ра-та-та-та-та. Тоа беше воодушевувачки момент во нашиот живот, кога осетивме како од духовен восторг ни сопира духот. Ние, свештениците, запеавме се’ што знаевме, силно, длабоко, со голема смелост. Како да бевме надвор од себе. Никој не се плашеше од опасноста: сега или никогаш. Влегувајќи во лифтот, ние пеевме: “Христос Воскресе”. А после тоа ја чувме смената која од површината се симнуваше и нивното пеење во длабочината на јамата.
Ние почнавме да пееме долу, под земјата и продолживме и на земјата. Во бањата исто влегувавме со пеење. Откако ќе се измиевме обично ни даваа чај но, тој ден началството наместо чај не’ затвори во бараките во текот на два дена.
 По два дена не’ построија пред началникот на логорот: “Вие знаете, зошто ве затвориле, нели? Ви влегува ли во глава дека сте тука на превоспитување? Кога ќе се вразумите? Слушајте, еј параталковци! Вашиот живот е наши раце, ние решаваме што ќе стане со вас. Така што решивме, дека не ве бива за ништо. Сите ќе ве стреламе! А сега сите свештеници да застанат на десната страна!”
              Таму бевме 20 свештеници, како православни, така и унијати. Јас не излегов, останав со мирјаните. Началникот повторно започна: “Погледнете ги внимателно! Ги гледате ли? Ете кој ве учи на своите идеи. Тоа се убијци, кои ви набиваат во вашите глави мисла за Бог. Јас не знам од каде свештениците ја земале таа идеја. Еј вие! Дали уште смеете да говорите, дека верувате во Бог?! Кој кажува дека верува во Бог, еден чекор напред веднаш!
 Што да правам? Прво не направив чекор напред но, сега морав да направам. Во тој момнет не ми достигаше храброст но, си реков, дека е неопходно да кажам: Јас верувам во Бог. И излегов напред. Началникот ме познаваше многу добро: “Кажи од каде си?” Јас му реков од каде сум и тој ме праша: “Ти навистина веруваш, дека Бог постои, нели?” - “Да!” - “Дали има друг освен тебе? Да ги собереме сите.”
                Ги собраа сите свештеници. Дворот на логорот беше целиот со длабоки јами, полни со вода. Началниците не’ бркаа по тие јами скоро два часа. Најнакрај ниту во една јама немаше вода, а целиот двор се претвори во калиште.
 За нас настапија тешки времиња. Тие се плашеа, дека ние ќе организираме група за отпор. Прво почнаа да не’ испрашууваат. Но, она што следеше беше без пристрасност, може да се каже дури цивилизирано. Просто началството веќе знаеше се’ за нас; ние бевме таму веќе многу години, за време на рaспитите не’ слушаа внимателно, да видат, што ќе кажеме.
           Меѓу нас имаше луѓе од различни категории: универзитетски професори, инеженери, лекари, судии и свештеници. Сите се учеа еден со друг. Тоа беше таква школа, длабок животен универзитет. Таму научив германски и италијански. Имаше богослови, тие не’ учеа на догматика, молтиви, славословија, акатисти и се’ друго. Сите се учеа взаемно. Така се сочувуваше искрата на животот и ете така останавме живи.
 Можеше да слушаш пчелар и во текот на долгите години да дознаеш во детали се за пчеловодтвото и добивањето на мед. Истовремено имаше шанси да станеш винар или географ. После затворот, можеше без труд да се запишеш на секој универзитет, ако имаш желба. Сето тоа се случуваше во ситуација, кога немаш дури ни хартија и молив. Но, можеше и француски да научиш, гребејќи букви на земјата или на ѕидот со клинец или со нокти. Наставникот по француски, кого што го познавав, пишуваше на ѕидот зборови и цели текстови.
Ние од дното на душата сметаме, дека би била апсолутна грешка да не се спротиставиме заедно, не исполнувајќи го својот долг да се принесуваме себеси во жртва.
               Се започна во 1917 година, со руската револуција, т.е. со комунизмот. Ние можевме јасно да ја видиме заканата, читавме весници, зар не? Само не очекувавме дека таа катастрофа ќе не’ погоди после 1944 година, а тогаш и не бевме обединети против комунизмот. Ние немавме сила и поради причината, за која што говорeв порано, Црквата претпочиташе да не се меша во политиката, беше склона да се потчинува на државата. Но, тогаш тоа не е Црква! Што ќе остане во неа од Црквата? Каде ќе е нејзината сила? Комунистичкиот режим знаеше, како да се здружи со оние кои се покоруваат...

Комунистите прекрасно знаеја, дека најголемата опасност претстаувува Црквата.
 
        Стефан (романски преведувач): Оче, јас мислам, дека кај нашиот народ нема ништо заедничко со идеите на комунизмот.
       Архимандрит Јустин: Немаше, тоа е вистина. Ние никогаш не сме верувале во нивните идеи. Комунистите знаеа, како да си стават свои луѓе на овие или оние места. Што уште можеа да направат? Заклучија многу луѓе. Земаа по 7 - 8 луѓе од секое село, елита, свештеникот, учителот, најупатените и најуважуваните. Останатите се потчинуваа безропотно.
              Во училиштата воведоа химна наместо “Оче наш”, ги ставија најзначајните луѓе и учителите во затвор и ги заменија со оние, кои едвај можеа ја читаат и пишуваат без грешка, ете на кого ја дадоа власта. Комунистите ги буткаа напред, во власта, најниските елементи, луѓе без вера и без Бог. Им ветија материјални блага и им ги дадоа, бидејќи тие беа многу сиромашни. Така тие станаа членови на комунистичката патрија. Но, тоа не беше ни коминизам. Тоа беше гротескна комедија на комунизмот и национализмот.
 Комунистите знаеја совршено точно, дека најголемата опасност претставува Црквата. За цело време тие вака говореа: “Како можете да сте толку глупави и да верувате на поповите? Зарем, не гледате, дека сега тие станаа наши? Тие немаат ништо заедничко со Црквата. Не гледате ли дека тие веќе не служат на Црквата?”
 Во тоа време јас со обезбедувањето зборував директно, без страв. Тие не можеа да ме казнат уште повеќе - јас и онака бев осуден на доживотна казна. Така што тие ме слушаа. Во еден  момент тие се поколебаа: “Зарем не е подобро да му поверуваме, бидејќи тој страда заради нас?” Но, тие се разбира не можеа да избегаат од комунистите, онака како што посакуваа. Ми велеа:” Ти си во право, тука ти си престапник, иако во тебе нема ништо заедничко со престапниците.”
Заедно со нас имаше и осудени и вистински престапници: крадци, разбојници, осудени на 10 - 15 години. Беше страшно да ги гледаш.
“Зошто на нас не ни давате дури ни половина од она што им го давате на нив?”


Нас ни забрануваа да се гледаме со роднини, да имаме преписка, а во истото време криминалците и крадците пишуваа, примаа пратки од дома, се’ што сакаа.
 За ова, оние кои беа во чуварската служба постојано ни говореа, дека ние сме навистина опасни престапници, поради нашиот начин на мислење.” Со вашиот начин на мислење вие можете да убиете цел народ, додека тие ( криминалците) убиваат тука - таму по еден човек. Опасноста сте - вие со вашите идеи и умови. Затоа не ви допуштаме да говорите дури со роднините”. - “Тоа е затоа што ќе ги убедиме во она, за кое што и вие самите знаете дека е добро и вистинито. Така што ако ти не го прифаќаш тоа, тоа е против твојата совест.”
 Така зборував без да се плашам. Го нарекувам тоа убивање на образот на луѓето. Ние не знаеме како да го заштитиме своето битие, нашите срца и души. Тоа е многу важно нешто, тоа е нашата длабока реалност, која ние како човечки суштества сме должни постојано да ја поддржуваме и заштитуваме. Но, ние никогаш не сме умееле да ја заштитуваме својaта душа. Кога паѓа материјалното ниво, ние се буневме но, никогаш не се дигавме, кога ни ја напаѓаа и уништуваа душата.



Црквата треба да се врати кон својата должност


 
         Стефан: Дали мислите, дека религиозниот живот може сега да ни помогне?
        Архимандрит Јустин: Се разбира, да. Таа може суштински да ни помогне. Но, за несреќа ние ја имаме истата корумпирана јерархија, која што беше и 45 - та за време на комунистите. Јерарсите, несомнено, си ги знаат својот занает, знаат како да разрушуваат, така што речиси целата наша јерархија има одвратни, грди дамки на својата совест. А дамките не излегуваат долго време.
 Јас ги разбирам. Да се греши е човечки. Но, да остануваш во гревот и да продолжуваш да грешиш е ѓаволско дело. Јас не можам да ја прифатам таа измамничка позиција на Црквата, свештениците и епископите, на секој, во време кога е неопходно да сме бодри и да се бориме, кога нацијата и верата се во опасност.  
       Стефан: Дали сте оптимист? Мислите ли дека Романија....
      Архимандрит Јустин: Ако Романија сега си дојде на себеси, ако стане почесна и ако се бори за својот живот и права, тогаш се разбира, може да победи. Но, за тоа е потребно сите да се поддржуваме едни со други, да се држиме заедно до крајот. Јас исто така треба да кажам, дека луѓето се такви, какви што сме ние, и свештениците ги учиме да бидат такви, какви што сме самите ние. Ние ги гледаме луѓето, како одраз во вода.
 Црквата треба да се врати кон својата должност, оти нејзиното значење и влијание се огромни. Патријархот е должен да земе се’ во свои раце и да разбере, во што се состои должноста на денешните луѓе. Ова не значи дека сите луѓе треба да се вклучат во политиката. Треба да се занимаваме со она, што не’ научил Исус Христос.
      Стефан: како го гледате развојот на монашкиот живот?
      Архимандрит Јустин: Тешко можам да кажам до кога ќе страдаме од тој болен менталитет. Монаштвото страда од истата болест како и општеството. Но, кога монашкиот живот повторно ќе стане здрав, општеството исто така ќе оздрави. Сега монашкиот живот трпи опаѓање.
 Многу се тревожам за жртвите, кои протестанскиот прозелитизам почна да ги собира во нашата земја. Православната вера ја разбираат само со материајлна стимулација, зарем не гледате? Северниот дел од Молдавија е исполент со материјализам. Одат и ги купуваат молдовјаните со материјални блага, цигари, џинс и незнам што уште. Нашиот добар православен христијанин е сосема пропаднат, несреќникот. Материјалните блага се единствените нешта, кои толку многу го интересираат. Молдавија бела една од најдуховните области на земајта. А сега таму се открива материјалната перцепција.
      Стефан: дали мислите, дека се’ уште може да се открие воинствениот карактер на нашето монаштво? Во што се состои тој? Би било добро да чуеме за тоа.
      Архимандрит Јустин: Православниот устав е вторичен елемент во споредба со суштината на нашата вистина, со вистинскиот призив и мисија. Уставот е дело човечко. Тoа не е догмат, не е доктрина. Се разбира, важно е кога и како ја читаш вечерната или ја извршуваш светата Литургија по следот на чинодејствата. Но, најважно е ние во себе да искристализираме, да развиеме во себеси дух на жртвеност, саможртвата е срцевината на сите наши пројави. Јас говорам за способноста да го разбереме времето во кое живееме сега и нашата улога во исповедувањето на православната вистина.
 Дали монаштвото ја осознава мисијата пред која е поставено? Бидејќи монаштвото, онака како што јас го сфаќам, го движи светот, тоа го сочувува пламенот на животот и вистинaта во светот. Во монаштвото е генијот на христијанството. Не сум уверен, дека читањето нa тропари, вечерни, бденија, станувањето на полноќ за читање на акатист го прават човекот среќен. Би сакал да видам, како генијот на човекот го обновува монашкиот жвиот, во онаа смсила, тој да се исполни со творечки сили. Тоа е тоа што го посакувам. Но, засега такво нешто не забележувам.
Ние гледаме, дека врз Православието од сите страни се нафрлиле атеизмот, неопротенстатизмот, рамнодушноста и др. Си го видовме тилот од тие закани, а ние продолжуваме да го даваме истиот одговор:” Дајте ни да постиме, да се молиме, да се исповедаме”. Сето ова е точно и неопходно. Но, сепак ние тоа не го правиме во пракса. Бидејќи ако го правевме, тогаш ќе можевме да го видиме резултатот – а тоа е, духовната обнова на нашта вера, живот, исполнет со жртва.
               Монаштвото е највисокиот призив во денешно време. Само тоа со својата светлина и енергијата на својата жртвеност е способно да ја надмине современата криза. Но, за жал работата не е таква. Луѓето често велат: Јас ја видов Агапија 4. Каков убав и мил манастир, колку голем! Какви воодушевувачки работилници и предмети!
Ние сме во криза, зар не? Во најголемата во целата историја на Црквата! Ако продолжиме да живееме така, нема да поминат ниту 50 години и ќе исчезнеме како нација. Моето мислење е такво: ова е најстрашната криза во целата историја на христијанството! А верните луѓе, кутрите, се’ уште продолжуваат да прашуваат: каде се нашите духовници, каде се нашите свештеници, каде се нашите манастири? Што да прават тие?
 
1. Архимандритот Јоаникиј Балан бил многу близок со архимандритот Јустин, дури биле родени на ист ден - 10 - ти февруари.
2. Карол II бил крал на Романија од 1930 – 1940 година.
3. Се има предвид Римјаните 13:2.
4. Агапија – манастир во Њамц.
 
Источник:
https://pravoslaven-sviat.org/2013/08/07/liubovta-tarpi-vsichko/

Подготви за Преминпортал: М.Б.

 27ми јануари 2023 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7705
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная