логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

mc3_5095

 

ФИЛОСОФИЈАТА Е ЉУБОВ КОН БОГ

Денешните луѓе гледаат од погрешна перспектива на верата, плашејќи се од науката и доказите. Тие велат: „Науката е продукт на борбата со религијата, во суштина таа има атеистичка основа“. Но доколку се загледаме во историјата на философијата, повеќе од очигледно е дека реалноста е токму спротивното! Но, од друга страна звучат гласовите: „Философијата е штетна за верниците“. А при тоа вистината на христијанството се докажува со помош на философските инструменти.

За тие парадокси, за прашањата кои што ги задава философијата, за одност на Светите Отци кон таа наука, зборуваме со раководителот на катедрата „Философија“ на Православниот универзитет „Св. Тихон“ – доц. Виктор Лега.
– Предметот кој што го предавате е философија. Некои сметаат дека изучувањето на философијата не е од корист за православните христијани. Што ќе кажете на тоа?

Наједноставниот аргумент е мислата на отците на Црквата, кои што активно ја изучувале философијата. Помеѓу нив се св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов, св. Августин, св. Јован Дамаскин, преп. Максим Исповедник – тие много добро ја познавале философијата на своето време. А за луѓето кои што не сакаат да ја изучуваат философијата, св. Григориј Богослов одржал доста суров надгробен говор за св. Василиј Велики:

„Мислам, дека секој, кој што има ум, ќе признае, дека првото благо за нас е ученоста, и тоа не само таа најблагородна ученост, која што, презирајќи ги сите украси на словото, се зазема со спасението и умно – достижната убавина, но и надворешната ученост, од која што многумина од христијаните бегаат како од лошо искуство, опасност и оддалечување од Бог… Напротив, мора да признаеме за безумието на  тие луѓе, кои што, држејќи се до тоа мислење, сакаат да ги видат сите подобни на себе си, та во општиот недостиг, да го сокријат сопствениот порок и да го избегнат обвинувањето во незнаење“ (Слово 43, Надгробно за св. Василиј).

Философијата е љубов кон Вистината. Вистината е Бог и затоа, философијата е љубов кон Бог. За тоа зборуваат горенаведените Свети Oтци.

За античките философи св. Јустин Филосов вели, дека тие, макар што живееле пред Христос, во суштина биле христијани, бидејќи го барале истиот божествен Логос. И како први помеѓу нив, св. Јустин ги посочува Хераклит и Сократ. Св. Василиј Велики исто така Сократ го нарекува христијанин пред Христос, бидејќи тој е чудесен пример за човек, кој што живеел според Божjите заповеди, макар што не ги познавал.

Црковните Отци не го осудуваат изучувањето на философијата, напротив! Заедно со тоа, тие велат дека треба да ги разликуваме добите и лошите философии. Добри философии се: сократовата, платоновата, аритотеловата. Св. Јован Дамаскин, на пример, нè учи дека доколку не ја познаваме философијата на Аристотел, неминовно ќе паднеме во ерес. Врз тоа е изградено и неговото дело Извор на знаењето. Во почетокот тој го изложува учењето на античките философи – тоа е првиот дел, наречен Философски глави, вториот дел е наречен – За ересите, односно за тоа, до кое што можат да дојдат оние што не ја познаваат философијата, третиот дел е Точно изложение на Православната вера.Врз основа на аристотеловата философија може точно и јасно, со кристални определби да се изложи нашето богатство, нашето христијанско богословие.

Ќе ги цитирам зборовите на преп. Јован Дамаскин од предговорот на Извор на знаењето:

И пред сè, ќе го изложам најдоброто од елинските мудреци, разбирајќи, доколку кај нив има нешто добро, тоа е дадено од Бога. Доколку нешто е спротивно на вистината, тоа е дело на заблудата и измислиците на несреќниот разум. Затоа, по примерот на пчелите, ќе го искористиме само тоа, што е близу до вистината, и од самите непријатели ќе добијам плод – спасение.


– Дали философијата е во противречност на науката? Или ѝ помага? Доколку ѝ помага, со што го прави тоа?

Философијата ни помага да ја докажеме вистинитоста на христијанството: рационално, логички, врз основа на разумот – т.е. на начин, од кој што се плашат денешните луѓе, доверувајќи се единствено на науката и гледајќи на верата од високо. Ни помага да најдеме одговор на прашањата за присуството на злото во светот, страдањата на праведниците и зошто Бог го допушта сето тоа; на кој начин може да се разбере човековата слободна волја и Божјата промисла – т.е. на аргументите, со кои што атеистите честопати шпекулираат.

Отците на Црквата разбрале, дека не е доволно да кажеме, едноставно поверувај бидејќи ја зборувам вистината. Без разумна, логичка основа, тоа не функционира. А зошто пак вие да ја зборувате вистината? Можеби вистината е тоа што го зборуваат другите – несторијанците, или аријаните, или муслиманите или пак јудејците? Токму поради тоа, Отците на Црквата ја користеле философијата за полемички цели, започнувајќи уште од првите векови на христијанството. Поради истата причина, философијата секогаш била изучувана во духовните училишта, таа им дава на христијаните незаменлив инструмент за нивната проповед.
Денешниот човек не ги прифаќа зборовите, покајте се, зашто се приближи Царството Небесно, така како што биле разбрани пред 2000 години. Тој ќе праша: А зошто? Кога? Утре, или после илјада години? Дали ме засега тоа мене? Треба да можеме да го убедиме.
Јасно е, философијата не е единствениот инструмент со чија што помош луѓето доаѓаат кај Бога. Тој инструмент честопати е неопходен за луѓето што мислат, за паметните или едноставно за оние што само размислуваат, дури и за самите христијани, помрачени од многуте соблазни.

– Какви прашања поставува денешниот обичен човек во споровите со еден христијанин?

Денешниот човек е доста прагматичен. Можам да дадам еден пример от личен опит. Имам богословско образование, ја познавам историјата на Црквата, ја познавам догматиката и светоотечкото учење. Но тоа, што ме прашуваат е: Зошто Бог допушта зло во светот? Не ме прашуваат кога бил првиот Вселенски собор, не ме прашуваат која е разликата помеѓу аријанството и несторијанството, не ме прашуваат за особеностите на православната литургија и разликите со католичката миса. Јас можам да одговорам на тие прашања врз основа на своето знаење, но ме прашуваат нешто друго: доколку науката и христијанството не се во противречност, тогаш зошто Галилео бил осуден за тоа, бидејќи го следел Коперник?


– Спомнавте за единството на науката и христијанството, но во свеста на мнозина, наложена е претставата дека науката противречи на верата.Тоа прашање, во каков однос се религијата и научното знаење, е особено важно за современиот човек. Денес, во голема мера е распространета заблудата, дека науката се раѓа во борбата со христијанството.

Изучувајќи ја историјата на философијата, ние гледаме, дека вистината е сосема поинаква. Христијанството е таа идеолошка, идејна и поточно основна почва, во која што се раѓа науката. Гордо ќе кажам: науката е дел од христијанството. Еве еден едноставен пример:  науката се појавува во христијанските земји, не во исламските, не во јазичничките. Треба точно да разбереме што е науката, во што е спечифичноста на научното творештво на Галилео, Декарт, Спиноза, Лајбниц…

Во современото општество постои култ кон науката, но науката не е сесилна, таа може да му донесе на еден човек среќа, но исто така и несреќа. Современата антропологија честопати е научно неоснована, бидејќи човекот, како што вели Достоевски е премногу широк, невозможно е да се објасни само со методите на науката.– А зошто се појавила философијата?Обично во световното и особено во нашето философско образование се даваше еден едноставен одговор: луѓето насекаде се еднакви, во определен момент од своето развитие сакаат со разумот да ја спознаат природата. Во почетокот ја познаваат примитивно, на митолошко ниво, после тоа на философско ниво и на крај преку науката. Јас вниманието на студентите им го насочувам врз фактот кој што бил посочен уште во II век од познатиот богослов, Климент Александриски: тој уште тогаш забележал (а денес ние го потврдуваме), дека философијата фила распространета само во древна Грција. Кај некои други народи, дури во Кина, во Индија, каде што имало длабока мисла, чистата философија не се појавила. Персијците, египјаните, индијанците од Северна и Јужна Америка не ги ни спомнувам, таму воопшо немало философија.Зошто философија имало само кај древните грци? Климент Александриски дава одговор, кој што ми изгледа целосно оправдан: тоа е промислата Божја. Прераскажувајќи ја слободно до некаде неговата мисла, тој факт можам да го објаснам вака: обично се мисли, дека пред Христос имало само еден богоизбран народ – еврејскиот народ. Климент вели: Не! Постоел и грчкиот народ на кого што Бог му дал друг дар, способноста да размислува, со сопствениот разум да се издигне кон вистината. Има две патеки за искачување кон Бога: преку читањето на библиските книги, преку кој Бог сам се открива на луѓето, и преку размислувањето, зашто како што рекол апостол Павле во Посланието до Римјаните: Оти она што е невидливо во Него, односно вечната сила и божеството, се гледаат уште од создавањето на светот (Рим. 1:20). Грците тргнале по тој пат.Уште еден прекрасен факт: покрај тоа што древните грци живееле во општество, во кое што луѓето се поклонувале на многу богови, скоро сите грчки философи едногласно велат: Не, Бог е еден. На пример, Ксенофан Колофонски во крајот на VI век пр. Хр. докажува дека Бог е еден и дека е проста суштина. Тој не може да е составен од делови. Има само еден Бог, најголем помеѓу луѓето и боговите… Тој гледа сè, сè создава и сè чува без напор, само со помисла создава сè. Вечно на едно место пребива Тој, без да се движи. Напишано од философ, јазичник…– Првото прашање на кое што одговара философијата е прашањето за Бог?Да. И тоа не е својствено само за древните философи. Колку чудно може да му изгледа тоа на човек, воспитан во современата материјална средина. Целата философија барала одговори на прашањата за Бога.– Дури и современите?Дури и тие. Но, се разбира, сосема е поинаку: има атеистичка философија, има философија на науката, да речеме позитивизам – тој служи на туѓи интереси: помага на науката. Но тогаш, кога философија проблемите ги поставува самостојно: што е вистината? што е битието?, и се обидува самостојно да се справи со нив, обично, таа доаѓа до религиозни извори

МОНАХ РАФАИЛ (ПОПОВ)

 

http://www.pppe.mk/2017/%d0%b7%d0%be%d1%88%d1%82%d0%be-%d0%b5-%d0%bf%d0%be%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%b1%d0%bd%d0%be-%d1%85%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d0%bd%d0%be%d1%82-%d0%b4%d0%b0-%d1%98%d0%b0-%d0%bf/#more-10475



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3220
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7714
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная