логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ТРИНАЕСЕТТА ГЛАВА

III. 7. ЉУБОВТА - НАЈВАЖНА ВО ВРЕМЕТО И ВО ВЕЧНОСТА
(Superior to Gifts - Τό μαγαλύτερον  χάρισμα εΐναι αγάπη)

ХИМНА ЗА ЉУБОВТА
(Ύμνος τής αγάπης)
( 1. Кор. 13, 1-13)

ЉУБОВТА СПОРЕДЕНА СО ПОВЕЌЕ  ДАРОВИ НА ЧУДОТВОРСТВА И СЕБЕПОЖРТВУВАНОСТ
( 1. Кор. 13, 1-3 )
13,  1   Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи.
 Апостол Павле за   „љубов “  го употребува изразот „агапи-αγάπη“ како што е употребен во целиот Нов Завет. Инаку, дотогаш се користел изразот „ерос“ со што се изразувала телесната љубов, освен кај Платон, каде што тој на истиот  израз му дава и повозвишено и поблагородно значење, но секако таа љубов се однесува кон сопственото „јас“. Христијанската љубов - агапи е љубов која ништо не сака за себе, туку сè дава,   сè жртвува и  се жртвува за сите: и за своите и за туѓите, и за добрите и за лошите, и за праведните и за виновните, и за пријателите и за непријателите.
 Производот на таа љубов е Бог - „љубовта Божја“ (2 Кор.  13, 13; 1. Јов. 4,16); „љубовта Христова“ (2. Кор. 5,14; Гал. 2,20); „љубовта за Духот“ (Рим. 15,30). Таа не е само човечка можност и највисока добродетел, туку и Божји дар   (Рим. 5,5 - 6). Таа е совршена нова спротивставеност на нашето егоистично дејствување на човечката природа . Љубовта е христијанството во времето и во вечноста! За неа апостолот говори како за нешто највисоко и најголемо во Христа и во христијанството. Таа е внатрешна сила на животот.
 Без љубов човекот ја губи својата Божја содржина. Љубовта е вредноста на човекот, зашто само таа го поврзува човекот  со Бога, Кој  „е љубов“ (1 Јов.4,8). Човекот без љубов не е човек, туку маска човек, форма на човек. Тој го има ликот човечки, но ја нема суштината. Без љубов тој е обессуштен, обезбожен и обезбоголичен.
 Апостол Павле најпрвин го спомнува она што било најмногу ценето меѓу коринтјаните, а тоа било дарот зборување јазици.
 Човекот може „да зборува на сите човечки јазици, па дури и на ангелски јазици“, но ако „нема љубов“, ја нема вистинската вредност. (1. Кор. 14,5 - 12). Зборот и зборувањето е голем дар на човекот и единствено тој го има на земјава,  а се извршува и до ангелите на небесата.  Но и таа големина не е поголема од љубовта. Што е ангелот што зборува ангелски јазици, а нема љубов?  Нечовек, ѕвер.
 Коринтјаните, според својата незнабожечка и елинска навика, речитоста ја ценеле повеќе од сè, па затоа апостол Павле, на ваков начин, им ги отвора очите, да ја согледаат Божјата вистина дека љубовта е сè, а не филозофијата и зборувањето дека речитоста  без љубов не вреди ништо, бидејќи таа е „бакар што ѕвони, или кимвал што ѕвечи“  (сп.  Псал.  150,5). Таа е празен звук. Непотребно тропотење. Безвредно ѕвечкање и бесцелно ѕвонење.
 И магарицата зборувала кога требало, а и камењата можеле да зборуваат и да Го фалат Бога, ако  требало.

 13, 2   Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера што и планини да поместувам, ако љубов немам, ништо не сум.
 Пророштвото  е духовен дар, но,  ако тоа не е исполнето со љубов, тогаш не само што не му користи на човекот, туку повеќе му штети - му служи за осуда, бидејќи, добил дар од Бога, но не го чувал и не го употребувал правилно.
 Пророкуваат и лажните пророци: гатачите, бајачите и „видовитите“, но преку ѓаволот , а не со дар од Бога.
 Човекот  може да ги знае „сите тајни“ на небото и на земјата и да ги има  „сите знаења за сите работи“, но, нема ли љубов, сето тоа е безвредно, а и самиот човек со него претставува едно страшно „ништо“.  „Сите знаења“ без љубовта се ништо - ова е евангелска вистина. Знаењето без љубов е како окото без зеница. Знаењето без љубов е најопасен бактериопренесувач на смрт. Интелигенција без љубов е -  ѓавол. Човекот, ако го умножува знаењето без љубов, тој еволуира кон ѓаволот. Интелигенцијата, ако е отргната од Бога и од љубовта, таа  небитието го прогласува за битие, ѓаволот го става место Бога и „ништото“ го објавува за сè, а она што е сè - за ништо.Тоа е потполна нихилизација и целосно уништување на сè.
 „Да имам... и така силна вера, што и планини да преместувам, - ако љубов немам, ништо не сум“. Господ Исус Христос рекол дека верата може  и планини да поместува (прочитај: Матеј 17,20).
 И првата  добродетел - верата, својата вредност ја добива  од љубовта. „Верата којашто дејствува преку љубовта“ (Гал. 5,6). Верата, ако нема љубов во себе, таа не му користи на човекот, туку спротивно, човекот со таква вера му  робува на сатанското „ништо“. Таква вера имал Јуда Искариотски. Значи, љубовта е живот и сила на верата, па затоа верата „дејствува преку љубовта“ (Гал.5,6), а без неа, верата е мртва и со своето мртвило го умртвува и човекот, претворајќи го во „ништо“.
 Така,  без љубовта, најголемото се претвора во најмало, знаењето во незнање, верата во безверие, човекот во нечовек, ангелот во ѓавол и сè  во „ништо“, а човекот во најголемо „ништо“. Зборовите „ништо не сум“ значат дека тој повеќе не е - „не сум“, не е тоа што е. Не  е човек, без љубовта. Такво нешто не постои. Тој не е она што треба да е - „не сум“ она што сум. Не сум човек. Останувам  ништо. Па дури и ништото е нешто - тоа е ништо, а тој, не е ни тоа, „ништо не сум“. Не е, не постои такво нешто.

 13, 3. И да го раздадам целиот свој имот , да позволам телото да  ми изгори - штом љубов немам, ништо не ми користи.
 Било каква жртва, милостина, давање, добродетел па дури и давањето на животот - и мачеништвото, ако не се исполнети со љубов, не му користат на човекот. Ананиј ја продал нивата и го дал својот имот, но без љубов, па не добил награда, туку казна од  Бога, и умира веднаш, од ненадејна смрт (прочитај: Дела: 5,1-10). Колку ли егоизам може да се крие во пројавената самопожртвуваност?!
 „Да позволам телото да ми изгори, - штом љубов немам, ништо не ми користи“. Жртвата без љубов е себична жртва  и таа е жртва на гревот, а не на спасението. Таквата жртва е безвредна, бидејќи човек може да жртвува се заради некои глупи и себични идеи, страсти и убедувања. Така на пример: Блудникот го жртвува своето тело на - блудот, пијаницата - на алкохолот, материјалистот - на материјализмот итн. Но, тие жртви се убиствени, а не спасоносни. Вредноста на жртвата е во нејзината цел и во нејзината исполнетост со љубов, а не во самата жртва. Љубовта ѝ дава вечна вредност на секоја жртва. Христијаните, по љубовта треба да се познаваат и тоа е нивниот знак на распознавање меѓу луѓето (Јован 12,34-35;  1. Јов. 4,9, 4,7,16;  2. Кор. 13,11).
 Во што се состои љубовта кон Бога?   Во исполнување на Божјите заповеди (1. Јов. 5,3;  2. Јов.1,6: Јован 14,21,15, 24, 23; 15,10). А, доказ за нашата љубов кон Бога е љубовта кон ближните (1. Јов. 4,12) и обратно (1. Јов. 5,2).
 Бог не гледа само на делото, туку и на целта со кое  е направено, бидејќи многумина прават многу за човечка слава.

ШТО ПРАВИ И ШТО НЕ ПРАВИ ЉУБОВТА
(1. Кор. 13, 4-7)
 13,  4.  Љубовта е долготрпелива , полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее.
 Душата  на христијанското долготрпение  е љубовта.
 „Љубовта е долготрпелива“ - μακροθυμεί. Господ Исус Христос е Бог на трпението. Он е најдобар пример за тоа како  љубовта долго трпи.  Христос трпел сè, уште  од раѓањето, па сè до распнувањето на крстот. Трпел, не заради Себе, туку заради спасението на светот. Затоа во припевот на Велики Петок пееме: „Слава долготерпенију Твоему Господи“.
 И светите апостоли трпеле разни маки и страдања од луѓето, но не затоа што биле немоќни да се одбранат, туку од љубов. Долготрпеливоста е света добродетел (види: 2. Кор. 6,6;  Ефес. 4,1- 2). Апостол Павле  е пример за долготрпелива љубов (прочитај: 1. Тим.  1, 16; 2. Тим, 3, 10; сп.  2. Петр. 3,15-16; Јак. 5,10-11).
 Трпението е спасоносно за христијаните и  ние сме повикани да трпиме се до Второто Христово доаѓање. Свети апостол Јаков вели: „Бидете трпеливи, браќа мои, до доаѓањето на Господа!“ (Јак. 5,7; 1. Сол. 5,14).
 Како искрата што паѓа в море и ништо не му наштетува, туку таа угинува, така и сите зли намери паѓаат во долготрпеливоста и се уништуваат.
 Љубовта е „полна со добрина“ - χρισεύεται. Добрината е главна особина на љубовта . Таа е цела од љубовта . (2 Кор. 6,6). „Љубовта не му прави зло на ближниот “ (Рим. 13, 10).
 „Љубовта  не завидува“ - ού ζηλεί,  никому и за  ништо,  бидејќи таа на сите им посакува само добро. Во природата на љубовта е всадено доброто, а не зависта. Зависта е болест на душата. Таа постојано крика со забите на туѓото добро, на туѓиот напредок и успех. Зависта го отргнува човекот од Бога и го предава на ѓаволот. Затоа, оние што имаат завист во душата, тие нема да го наследат Царството Божјо (Јак. 3,14 - 15).

  „Љубовта не се превознесува“ - ού περεπερεύεται, затоа што знае дека сè што има, го добива од Бога. Нема со што да се фали, кога се е туѓо, а не  наше и се сме добиле од Бога. Не постапува лесномислено и не се занесува.

 „Љубовта не се гордее“ - ού φυσιούται. Таа не зборува за своите добрини. Љубовта се смирува пред сите и пред секого. Ете, Христос од љубов се смири, дотолку, што постана човек од љубов кон луѓето, за да ги спаси. Таму,  каде што има љубов, има и смирение, а онаму каде што е гордоста, таму има само леш на љубовта.


 13, 5.   не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло,

 Љубовта не прави „што е непристојно“ - ουκ ασχημονεί, бидејќи таа има одлучна волја да го прави само она  што чини и да го одбегнува она што не чини. Љубовта е учителка за најдобриот христијански и општочовечки бонтон.
 Првата половина на спсението е да не правиме лошо, а втората - да правиме добро.
 Христијанската љубов е моралната евангелска сила до која човекот може да ги исполнува евангелските заповеди.
 Љубовта „не бара свое“, бидејќи таа дава се од себе и сè свое дава на љубениот.
Љубовта е единствената сила која ја пробива обвивката на човековата себична саможивост. Апостолот вели:  „Не грижете се само за себе, туку и за другите“ (Филип. 2,4). Човекот исполнет со евангелска љубов ништо не смета за свое:  ни земјата, ни имотот, ни богатството,  ни телото , ни па нешто друго, затоа што се што има е од Бога, освен гревот. Онаму, каде што нема љубов, владее  скржавиот егоизам и саможивоста. Кога сите луѓе би ја имале евангелската љубов, тогаш во светот би се спровеле најсовремените економски правила, зашто економскиот проблем и криза  во светот, всушност е морален проблем.
 Љубовта „не се срди“ - ού παραξύνεται,  не се огорчува, бидејќи знае дека срдењето е грев. И  да сретне нешто што би ја огорчило и расрдило, таа великодушно непријатноста ќе ја замени со љубов. Значи не допушта ни да се зачне гревот на огорченост и срдба.  Љубовта може да се срди на гревот, но не и на грешникот, зашто него го сака со солзи се моли на Господа за Неговото спасение.  Љубовта „не се срди“ ниту на навреди,  ниту на клевети, ниту на обвинувања.  „Не се срди“ за ништо и никому.
 Љубовта  „не мисли зло“ - ού λογίζεται το κακον. Таа не само што не прави зло  (Рим. 13, 10), туку и „не мисли зло“, бидејќи за љубовта злото е неприродно и противприродно. Таа не ни помислува на него. Тоа нејзе ѝ е туѓо. И пророкот вели: „Никој од вас да не му мисли зло на ближниот свој„ (Зах. 8,17). Љубовта „не мисли зло“, бидејќи секогаш мисли на доброто.  Да мислиш добро за се и за секого, ете, тоа е дејноста на љубовта. Таа е оган кој во душата согорува се што е лошо и гревољубиво.

 13, 6.  на неправда не се радува, а на вистина се радува.

 Љубовта „на неправда не се радува“, бидејќи таа не се гордее и не завидува. „На неправда не се радува“ затоа што неправдата произлегува од злото, а љубовта не може да се радува на злото.
 „На неправда не се радува“ оној што е исполент со правда. Господ Исус Христос, е прв во овој наш свет, потполно праведен човек и „во  Него нема неправда“ (Јован 7, 18). Секој што е Христов, тој „на неправда не се радува“.
 Што е неправдата? Секоја неправда е грев (1. Јов. 5,17). Оној што прави грев, прави неправда кон себе си или кон својот ближен, но, во секој случај кон Бога. Неправда е: блудот, лакомството, крадењето, зависта, убиството, ликавоста, лагата, озборувањето, караницата, насилништвото, фалењето, непослучноста кон родителите, неверието,  непомирливоста, немилосрдноста итн. (прочитај: Рим. 1, 29 - 31). За сите овие неправди доаѓа гнев Божји од небото (Рим. 1, 18; 2 , 8), па затоа љубовта „на неправда не се радува“.  Апостолот набројува и кои се неправедници (прочитај: 1. Кор. 6,9 - 10).
 „А на вистина се радува“. „Се радува“ затоа што љубовта дејствително се грижи за другите и сака да им помогне. Вистината е природен сојузник на љубовта. Вистината е Христос и се што е Христово. Љубовта се радува на вистината, бидејќи вистината е нејзина сестра. Нема вистина без љубов, ниту љубов  без вистина. „Бог е љубов“ и „вистина“ (1. Јов. 4,8,16; Јован 14, 6; 18,37). Вистината и љубовта природно се неразделливи.
 Со доаѓањето на Христа на земјава, во нашиов свет, ние јасно знаеме што е вистина , а што лага, односно дека Хриатос е вистина , а ѓаволот лага, па како што „вистината е во Исуса“ (Ефес. 4,21), така и лагата е во ѓаволот (Јован 8,44) и „ниедна лага не доаша од висдтината “ (1. Јов. 2,21). Само ѓаволот не се радува на вистината „зашто во него нема вистина... зашто е лажец и татко на лагата“ (Јован 8,44). Противвистиноборците „имаат запечатен ум, лишени се од вистината“ (1. Тим. 6,5).

 13, 7.  Сè извинува, во сè верува, на сè се надева, сè претрпува.

 Со четирикратното повторување на изразот „сè“  апостол Павле сака да ја нагласи моќноста на љубовта.
 Љубовта „сè извинува“ - στέγει, проштева, покрива, трпи и поднесува. Тоа го право без избор и без граници. Таа секому се проштева. Љубовта ги покрива грешките на другите и ги трпи нивните недостатоци и слабости. Ги поднесува туѓите гревови и ги премолчува. Таа ги гледа гревовите на ближниот, но милостиво ги простува, молејќи се на Бога. Уште кога ќе се сетиме, пак, какви сме ние и дека не проштеваме никому, никого не покриваме и никого не трпиме, ништо не поднесуваме и не само што не премолчуваме, туку и брзо-брзо разгласуваме за виновностите и гревовите на другите, тогаш можеме да видиме колку е голема љубовта и колку е добро и возвишено дело да постапиме според љубовта која „сè извинува“. Затоа, апостол Петар вели: „ Пред сè, имајте постојана љубов меѓу себе; оти љубовта покрива многу гревови“ (1. Петр. 4,8). Таа е покривало за сè. „Омразата предизвикува раздори, а љубовта ги покрива сите гревови“ (Изрек. 10, 12).
 Среде химната на љубовта Апостол Павле неа ја поврзува со верата и со надежта. Љубовта „во сè верува“. Таа верува „во сè“ што е од Бога. Љубовта е оган. што го спалува секое неверие, маловерие и сомневање. Таа „во сè верува“ и во однос кон луѓето. Секому му пристапува со доверба. Луѓето со најголема љубов имаат и најголема вера. Љубовта е доверлива, но не е лесномислена и лесноврена. Таа ги сака и ги почитува нелажливите. Никогаш и нукому не говори и не прави со итрост и лукавство, ниту пак допушта другите да прават така. Па така, љубовта е јазик на верата и нејзин доказ, бидејќи верата преку љубовта се доживува и докажува.
 Љубовта „на сè се надева“. Верата е неразделна од надежта и надежта од верата, а двете, пак, од љубовта.Ако една од нив се отргне од троичноста се гиби нивната целина. Љубовта без вера и надеж е  кандидат за смрт, бидејќи овие три можат да живеат само заедно, а љубовта е нивната синтеза која ги соединува во едно тројно и трајно единство.
 И кај себе и кај другите секогаш, разочараноста, склоноста кон очаеност и лошо, свртувајќи кон надежност. И кога се работи добро, и кога се прави добро, некогаш го нема очекуваниот успех, па не снаоѓа  дури и неуспех, но не треба никогаш да губиме надеж. Надежта, верата и љубовта, со Божја помош, на крајот ќе го свртат трудот на љубовта кон успех.
 Љубовта „сè претрпува“, бидејќи знае дека во трпението е спасението. Дека љубовта сè трпи имаме пример од светите маченици кои сè трпеле од љубов кон Христа. Трпението е составен дел на љубовта (прочитај: Матеј 10,22; 24,13; Марко. 13, 13). Спасителот ни благовести: „Со трпение спасувајте си ги душите“ (Лука 21, 19; сп. 2. Кор. 1,6; Евр. 12,1 - 4; 2. Тим. 2,12; Рим. 12, 12; 2. Сол. 3,5; 1. Тим. 6,11-12; Јак. 5,11).
Апостолот ни советува: „Ние силните, должни сме да ги поднесуваме немоштите на слабите“ (Рим. 15,1).
Извор:
Проф. д-р Ратомир Грозданоски: Прво послание на Светиот апостол Павле до Коринтјаните. Проучување и толкување на текстот. Едиција Толкувања. Македонска Православна Црква. Православен Богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје, 2009, стр. 216-224.

Подготви: Мирјана Даниловска



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная