логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 starec.Sofronij.freska.jpg

ЗА МОЛИТВАТА  СО ИСУСОВОТО ИМЕ (6) Архимандрит Софрониј

Колку повеќе се смируваме во болното покајание, со тоа побрзо нашата молитва досега до Бога. А кога го губиме смирението, никакви подвизи нема да ни помогнат.
Делувањето на гордоста во нас,  осудувањето на братот,
воздигнување над ближниот и нетрпението спрема него - далеку не отфрлаат од Господа.

Ние му приоѓаме на Бога како последните грешници. Искрено се осудуваме себе си за се.  Ние ништо не замислуваме, ништо не бараме, освен,  простување и милост. Таква е нашето трајна внатрешна состојба .
Ние  Го молиме Самиот Бог да ни помогне за да не го  навредуваме Светиот Дух  со нашите гнасни страсти;  на својот брат (на секој човек) да не му чиниме никакво зло.

Се осудуваме себе си како недостојни за Бога - на пеколни маки. Ние не очекуваме никакви посебни дарови Одозгора,  туку единствено со сите сили тежнееме да ја запознаеме вистинската смисла на Христовите заповеди и да живееме во склад со нив.
Ние извикуваме:
„Господи Исусе Христе, помилуј не, и сиот твој свет“

 И Бог не слуша, и ни испраќа спасение. И секој што ќе го призива името Годсподово (во такво духовно расположение), ќе се спаси (Јоил 2,32).

Покајте се .(Мт.4,17)

Потребно е најсериозно да го прифатиме овој Христов повик; радикално да го измениме нашиот внатрешен живот и нашето сфаќање за светот,
нашиот однос спрема луѓето и кон секоја појава на тварното постоење;
да не ги убиваме непријателите,
туку со љубов да ги победуваме;
секогаш да ни е на ум дека НЕМА  апсолутно зло; апсолутно е само -
беспочетното Добро!
 И ова добро нам ни е заповедано:
 „ Љубете ги непријателите свои...
правете им добро на оние  што ве мразат...
бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен.

Не постои човек во кој што во поголема или помала мера не е присутна светлината - зашто Бог го просветува секој човек кој што доаѓа во светот.
Заповедтта  - „не противете му се на злото“, е најефикасен облик во борбата против злото.
Кога луѓето насила се спротивставуваат со истите средства на кој што прибегнува и овој што чини неправда,
 тогаш расте динамиката на  светското зло.

 Убиството на невините, често на невидлив начин ги преместува моралните сили на човештвото на страната на она добро за кое што невиниот човек страдал.

  Победата со физичката сила не трае вечно!
Бог, бидејќи е света и чиста светлина, отстапува од престапниците; тие отпаѓаат од единствениот извор на животот и умираат; ...
Не одмаздувајте се за себе, возљубени; туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе ја отплатам! - говори Господ.”
 Не оставај да те победи злото; туку победи го злото со добро!
(Рим. 12, 19 и 21)

+++
Долгогодишната молитва толку ја преобразува нашата падната природа, што таа постанува спремна да прими осветување низ Вистината која што нам ни се открива; и тоа пред  да го напуштиме овој свет (Јн.17,17):
„Господи , Исусе, помулуј не“;

Неизмерната величина на задачата која што  е пред нас, не плаши!  Речено ни е дека Царството небесно со напор се здобива и дека подвижниците го задобиваат (Мт. 21, 10),
а моќта на  осветувањето која што истекува од Името, сеуште нејасно се чувствува.  Секој понатамошен напредок, меѓутоа, нужно се поврзува  со се подлабоката свесност за гревовноста која што не доведува  до очај. Тогаш ние со се поголема енергија го призиваме чудесното Име:
„Исусе, Спасе мој, помилуј ме.“

Светото Предание, најдрагоценото наследство кое што Самиот Бог ни Го предаде преку апостолите и отците на Црквата, не учи да пребиваме во сиромаштво, свесни за гревовната смрт која е присутна во нас и која што не можеме да ја противречеме ,  ако навистина се стремиме да стоиме во вистината.  
 Ако речеме дека немаме грев се измамуваме самите  себе, и вистината не е во нас.
  9 Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда.
10 Ако речеме дека не сме згрешиле Него Го правиме лажец,  и Неговото слово не е во нас
 ( Јн. 1,8 - 10).

„Господе Исусе Христе, Боже наш, помилуј ме грешниот“.

Луѓето, врз кои се  настрвиле смртоносните болести живеат со голема напрегнатост; со таков , а понекогаш и со уште поголем ужас   луѓето во себе си го доживуваат присуството на гревовните страсти,  кои што ги одвојуваат од Господа.
 Таквите, вистински се свесни  дека се „полоши од сите“ и  искрено се гледаат себе  си во крајната темница. Тогаш, во нив се собира најголема енергија на молитвата на покајанието.  Тоа може да достигне таков степен, што умот да запре и да не може да најде зборови, освен:
„Исусе, спаси ме грешниот“.

Спасоносно  за нас е , ако во нас расте одвратноста спрема гревот, одвратност  која што оди до омраза кон самиот себе. Поинаку  сме во опасност да се соживееме со гревот кој што е толку многустран и истанчен, што обично и не го забележуваме неговото присуство во се што правиме, дури и во она што ни изгледа - добро.
 Тежок е, но и прекрасен подвигот да го нурнеме својот висок  ум во невидливиот центар на сопствената личност, призивајќи го Името на Исуса Христа. Без верата во Него, никој не е  во состојба да го види смртоносниот отров на гревот, кој што делува во нас.

 Низ таквата борба со злото кое живее во нас, ни се откриваат длабочините не само  во нашето сопствено битие, туку и таинствените бездни на космичкиот живот. Во тој процес, нашиот дух се оддалечува од безначајните и површните појави на секојдневието, и во „ужас“ од самиот себе ја спознава светата сила  на другата молитва, другиот план, воскликнувајќи:

„Господи, Исусе, Спасе мој, помилуј ме грешниот“.

За молитвата со Името на Исуса Христа може да се говори користејќи ги изразите од Писмата и делата на светите отци.
На пример: Таа е пламен што ги согорува страстите  (Eв. 12, 29) ;
таа е светост што го просветлува нашиот ум; која што го прави прониклив и далекувид, способен да види се што се случува во нас.

За неа достојно може и да се говори и со зборовите на посланието до Евреите
 ... Зашто Божјото Слово е живо, и делотворно, и поостро од секој меч остар од двете страни, и навлегува до разделувањето на душата и духот, на зглобовите и на мозокот; и ги суди мислите и намерите на срцето   и нема создание кое е невидливо пред Него;  туку сè е голо и откриено пред очите на Оној, пред Кого ние ќе поднесеме  сметка.
 (Евр 4,12 - 13).

Творењето на оваа молитва го доведува човекот до средба со многу сили сокриени во „Космосот“; таа, тие космички сили , или подобро кажано „господарите на темнината на овој свет“, на духовната злоба и на поднебесието предизвикува на голема борба против молитвеникот.
Сепак, победата не изостанува  при покајанието,
„до омраза  кон себе“
(Лк.14,26).

 Начинот на оваа борба  е опишан во Откровението на светиот Јован:
И тие го победија заради крвта на Јагнето и заради словото на своето сведоштво и не го засакаа својот живот, дури и до смртта
(Отк. 12, 11).

При  пламено покајание, оваа молитва го вознесува духот човечки во сферите кои се над досегливите граници „на мудроста на мудрите на овој век“
(Кор. 19-20).

Страшно е за неа да се говори: водејќи не нас низ бездните на најцрната темнина, скриена во нас, таа , понатаму  го соединува нашиот дух со Духот Божји  и веќе тука ни дава да живееме во света  вечност.

Во сите времиња, отците се восхитувале  на големината на овој дар на паднатиот свет.

„Господи Исусе Христе, Единствен Свет, Единствен вистински, Спасителу на сите, помилуј не нас, и твојот свет“.

( продолжижува)
Преведе Мина Даниловска

 

 Друго:

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2037
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2057
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 503
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная