логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Молитва со Исусовото  име е применлива во сите околности 
(Архимандрит Софроније)

Оној  кој навистина верува дека евангелските заповеди ни ги даде Единствениот Вистински Бог, веќе  во самата вера црпи сила за живот по Образот Христов.
Оној кој што верува, не си дозволува себе си критички пристап на зборовите Господови, туку себе се поставува пред судот на тие зборови. На тој начин тој себе си се гледа како грешник и тагува заради својата неславна положба. Отсуството на тага заради гревовите  знак е дека се уште не му се отворил  оној образ по кој што е замислен човекот пред создавањето на светот.

Секој кој навистина се кае, повеќе не бара согледувања: тој е потполно зафатен со борбата против гревот, против страстите. Дури кога ќе се очисти од страстите , макар и несовршено, нему на природен и ненасилен начин пред очите  му излегуваат  заплиснати со Светлина духовни хоризонти за кои што до тие моменти ниту насетувал, а во умот и срцето се восхитува на Божјата љубов. Тогаш се обновува нашата природа разбиена со падот и се подотвораат дверите во областа на бесмртноста.

Патот кон светото согледување води низ покајанието. Додека во нас владее мрачната гордост, несвојствена за Бога, т.е. Светлината во која што нема никаква темница ,  дотогаш не можеме да бидеме примени во Неговата вечност.
Но, оваа страст е исклучително истенчена и ние не сме во состојба сами и до крај да го препознаеме нејзиното присуство во нас. Оттука нашата усрдна молитва:
...И од оние тајни очисти ме и од туѓите запази го слугата Твој, за да не овладеат со мене.
 Тогаш јас ке бидам непорочен и ќе бидам очистен од големите престапи.  Зборовите на устата моја и помислите на срцето мое нека бидат благоугодни пред Тебе, Господи, Помошнику мој и избавителе мој! (Пс.18,13-15).

Никој од нас, синовите Адамови, не ги гледа јасно сопствените гревови. Само во миговите на осветленост со Божествената Светлина ние се ослободуваме од тие страшни пранги. А ако тоа го нема, тогаш  е добро да се извика низ солзи:
„Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот.“

Ревносното почитување на Христовите заповеди го доведува човекот до спознавање на сите возможни случувања во духовната козмичка сфера; тој самиот не е во состојба ниту да се спротивстави, ниту јасно да разбере што го уништува, а што го спасува.
Заради тоа во очај ќе го повикува Името на Живиот Бог. И ќе биде блажен ако го посети зракот на Светлината од непристапната област на Божественото, кои  ќе  ја пројават вистинската природа на секоја појава. Но не треба да има страв доколку Светлината се уште не дошла, туку  треба упорно да се молитви:
 „Господи Исусе Христе, Сине на Живиот Бог, помилуј ме“ - и сигурно ќе не посети спасоносната сила.


На почетокот на подвигот  нам не ни се јасни патиштата кои што Бог ни ги покажува; ние се обидуваме да се отргнеме од тешката борба против врелите искушенија (1.Пт .4,12).
 Можеме долго да се наоѓаме во мачната состојба на неразбирањето: зошто Бог , Сесовршената љубов, дозволува Патот кон Него на моменти да изгледа навистина страшен? Ние го умолуваме да ни  ги открие тајните на патиштата на спасението.  Нашиот ум постепено се просветлува, а срцето собира сила да тргне по Христа и преку нашите мали страдања да се приближи кон Неговите страдања.
Неопходно е да поминеме низ болка и ужас за пред нас да се отвори длабочината на постоењето и за да постанеме способни за љубов која нам ни  е заповедана: Без страдањата, човекот останува духовно мрзелив,  дремлив, туѓ на Христовата љубов.
Знаејќи го тоа, ние, кога нашето срце постанува слично на изгаснат вулкан, го призиваме Името на Исуса Христа  за да го згрееме:
Господи, Исусе Христе, Сине на Живиот Бог, помилуј ме.“
И пламенот на Божјата љубов, навистина го допира нашето срце.

Да се стекне молитва со Името на Исус, значи да се стекне - вечноста.
Во најтешките моменти на распаѓање на нашиот физички организам,  молитвата „Исусе Христе“ постанува облека на душата; кога ќе престане делувањето на нашиот мозок и кога сите останати молитви ке постанат претешки и да ги изговараме и да се сетиме на нив, единствено Светлоста на Богоспознанието која происходи од Името и која нам ни постана  блиску позната - останува неотуѓиво со нас. 
Бидејќи го видовме крајот на нашите отци, кои умреле во молитва, силна е нашата надеж дека небесниот мир кој го надминува секој разум, и нас засекогаш ќе не  обземе.
„Исусе, спаси ме... Исусе Христе, помилуј, спаси...Исусе, спаси ме... Исусе, Боже мој“.

Тивкото и свето славење во спознанието на Богот на Љубовта раѓа во нас длабоко учество во страдањата на целото човештво. Овој Се - човек е мојата природа, моето тело, мојот живот и љубов.  Јас неможам да се откажам од својата „природа“, неможам да се одвојам од своето „тело“, од  непрестајното растргнувачко непријателство на едните “келии“ против другите, кои во суштина сочинуваат единствен организам.
 Ова големо тело „Се-човек“ непрестајно се наоѓа во состојба на  болно кинење на деловите што ние не можеме да ги управуваме. Болеста изгледа неизлечива. Тоа и е, нашата судбина на планетата земја.
Душата до изнемоштеност плаче во молитва , но, спасението не доаѓа поинаку додека луѓето сами, во полнота на својата слобода не  посакаат и не го изберат тоа спасение.
  Љубете ги непријателите свои - ете, во што е лекот на историскиот живот и спасението во вечноста. Оној кој што ја запознал силата на љубовта спрема непријателите, го запознал Господ Исус, кој што е распнат заради непријателите.
Таков човек однапред го почувствувал и своето воскресение и Царството на Христа, Победникот (Јн.17,21-23; 11,51 - 52; Еф. 2, 14; 1.Кор. 3,22 и друго).

„Господе, Седржителу, Христе Исусе, помилуј не нас и Твојот свет“.

Во светот на човечкото духовно постоење само христијанството го дарува искуството и нетварната Светлост на Божественото, и најцрната темнина на пеколот. Таква полнота на спознаја се дава исклучително низ Христа - Бога и Светиот Дух.
Од историјата на аскетското делување на нашите отци гледаме дека  ним им било дадено животно согледување на адскиот мрак.  И тоа во таква мера, што тие луѓе со исклучителна храброст подоцна со децении ридале во своите молитви.
Но, кој е во состојба да говори за тоа? Оваа тајна е скриена од луѓето кои што немаат животно искуство и ќе остане скриена се додека не настапи Сеопштиот последен Суд.  (Мт.25,31)

starec.Sofronij.freska.jpg

„Господи Исусе Христе, спаси  не“.

Голем е дарот да се види вечноста во недостжната Божествена Светлина. Оној кој што го вкусил ова блаженство повеке не тежнее во стекнување на привремени вредности. Благодатта на оваа сила не останува засекогаш со човекот и Светлината во душата се смалува. 
Лишувањето од ТАКВИОТ Бог предизвикува страдање на целокупното наше битие, но таквите периоди на Богооставеност, неопходни  ни се на сите нас, за никој да не се успие на ловориките, туку  да продолжи да го следи  Господа Кој се качува на Голгота,   на духовен план, највисока од  сите планини.
Макар и колку  да е  безизгледен таквиот обид, тој сепак го препородува човекот давајќи му нова сила како би го примил подобието Христово.

„Исусе, Спасе наш, спаси ме и мене грешниот“.
Кога се наоѓаме на тивко и осамено место, често секакви непотребни мисли упорно се вртат околу нашиот ум, одвлекувајќи го вниманието од срцето. Молитавта нам ни изгледа бесплодна, зашто нашиот ум не учествува во призивањето на Името Исусово, и само уште устата механичи ги повторува зборовите. А кога ке ја завршиме молитвата, обично помислите се одалечуваат, оставјќи не нас на мира.
Оваа непријатна појава сепак, во себе носи некаков смисол:  Со призивањето на Името Божјо ние го доведуваме во покрет се она тајно што се крие во нас; молитвата е како сноп на светлосни зраци фрлени на темно место на нашиот внатрешен живот, па ни открива, какви се страсти или склоности се вгнездени во нас. Во тие случаи треба ревносно да се изговара  Светото Име, за чувството на каење да се зајакне во душата:

„Господи, Исусе Христе, Сине Божји помилуј ме грешниот“.
Нашиот дух, вечен спрема Божјата замисла за нас, се измачува во мракот на гревовните страсти. Колку е подлабока болката заради свесноста за нашата одалеченост од Бога  заради гревот, така  посилно е настојувањето на нашата душа кон Бога и таа се моли во голем копнеж, со многу плач, барајќи соединување со Него.
И Тој не  го остава скрушеното срце, туку ни приоѓа; и „длабокото“ срце човечко постанува свесно за својата сродност со  Него, со Бога, Кој на „опиплив“ начин присуствува и делува во нас. Од тоа се гледа дека и нашето тело,  во својот својствен облик, го прима дишењето на Живиот Бог.

„ Исусе, Сине на Живиот Бог помилуј не“.

Наследството кое што ни го оставија отците; нивното учење и изложување за Божјите дарови ги вклучува исто така и укажувањата на патиштата на Боговидението те. описи на борбите кои што ги воделе во својот внатрешен свет против „законот на гревот“ (Рим.7,13), кој што живее во секој од нас, против трагичните последици на првиот голем пад на човекот.
 Секој кој што ќе стапне на  боиштето на многукратните битки за стекнување на светата вечност, ќе се сретне , покрај другото и со неопходноста да се спротивстави  на погубното влијание на светот кој што нас не опкружува, кој што ја отфрла молитвата; најсигурниот штит е притоа пак:
„Господи Исусе Христе, помилуј не нас и Твојот свет“.

( продолжижува)
Преведе Мина Даниловска

 Друго:

ЗА МОЛИТВАТА - Архимандрит Софроније (извадок)

ЗА МОЛИТВАТА - Архимандрит Софроније

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная