логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Николај Бердјаев, За предодреденоста на човекот.


 

Бог и човек

goran.igor4.jpgНа прашањето за разликувањето на доброто и на злото, како и за потеклото на доброто и на злото, му претходи примарното прашање за односот на Бога и човекот, за Божествената слобода и за човековата слобода или за благодатта и за слободата. Спорот меѓу Творецот и тварното создание – а ние се наоѓаме во знакот на тој спор – е расправата за злото и за неговото потекло. Борбата со Творецот ја води не само оној што со злото го деформира ликот на тварното, туку и оној што го измачува злото на создадениот свет. На поставувањето на етичкиот проблем му претстои теодикеја. Етиката постои затоа што постои теодикеја. Ако постои разликување на доброто и на злото, ако постои злото, тогаш е неизбежно оправдување на Бога, зашто оправдувањето на Бога е решение на прашањето за потеклото на злото. Кога не би постоело разликувањео на доброто и злото, кога би го немало злото, никогаш не би се појавил проблемот на теодикејата и проблемот на етиката. Дури може да се каже, што е парадоксално, дека етиката не е само суд над човекот, туку и суд над Бога. Против Бога не се подигнало само злото, туку и доброто коешто не е во состојба да се помири со фактот на постоењето на злото. Атеизмот корените ги има не само во злото, туку и во доброто. Злите го мразат Бога затоа што Тој им пречи да прават зло, добрите се подготвени да го мразат Бога затоа што не ги спречува злите да прават зло и што го дозволил постоењето на злото. Самото разликување на доброто и на злото, како последица на падот во грев, станува извор на атеизмот. Етиката се раѓа од истите основи од кои се раѓа и атеизмот, што врз неа фрла злокобна светлина. Дали традиционалната теодикеја на теолошките учења го решава мачниот проблем, го објаснува ли таа потеклото на злото? Традиционалното теолошко учење за создавањето на светот и за падот во грев сите нешта ги претвора во божествена комедија, во игра на Бога со Самиот Себе. Не мора да се согласиме со гледиштето на Маркион и на манихејците, но не може а да не ги почитуваме зашто толку ги измачувал проблемот на злото. Потеклото на злото обично се објаснува со слободата којашто Бог му ја подарил на тварното создание, коешто, од своја страна, ја злоупотребило. Но, ваквото традиционално објаснување останува на површината и воопшто не го објаснува потеклото на злото. Слободата, преку која созданието се приклонува кон злото, созданието ја нема сама по себе; слободата потекнува од Бога, т.е., во крајна линија, е детерминирана од Бога. Слободата е кобен дар кој човековата судбина ја прави фатална. Сосема е невозможно сето тоа да се рационализира и да се искаже преку каегориите на катафатичната теологија. Традиционалната катафатична теологија води кон атеиза на добрите, коишто ги придвижува моралниот патос. Вообичаеното теолошко поимање на слободата во никој случај не го ослободува Творецот од вината за злото и за болката на светот. Слободата ја создал Бог и Тој може да проникне до самата нејзина суштина. Бог, според сезнаењето што му го припишува катафатичната теологија, ги предвидел во вечноста кобните последици од слободата што Самиот, во Свое име, му ја дал на човекот. Тој ги предвидел злото и страдањето на светот, кој во целина со Негова волја е повикан во живот и се наоѓа во Негова власт, предвидел сè, до пропаста и вечните маки на голем број луѓе. Тој се согласил да го создаде светот и човекот во тие страшни услови. Тоа, всушност, е длабокиот морален извор на атеизмот. Подарувајќи му ја на човекот слободата и очекувајќи одговор на својот призив, Тој го чека одговорот од Самиот Себе. Тој однапред го знае одговорот, Тој се игра со Самиот Себе. Катафатичната теологија во тешките мигови се повикува на тајната и се спасува во апофатичната теологија. Но, рационалиацијата на тајната веќе е отидена предалеку. Сосема следствено, треба да се заклучи дека Бог во вечноста едните ги предодредил за вечно спасение, а другите – за вечна погибел. Калвин вели дека Бог создава нееднакво, едни за вечно спасение, други за вечна погибел. Макар што е страшно, учењето на Калвин има огромна заслуга за reductio ad absurdum. Тој конечно го изговара она што неизбежно произлегува од традиционалното учење за создавањето на светот. Навистина, самата судбина е недостапна тајна, страшна за умот и за свеста, но кон неа води патот на рационалната теологија. Катафатичната теологија оди предалеку во рационализацијата на тајната и премногу рано му одредува граници на сознанието поставувајќи забрани. Ние почнуваме полесно и послободно да дишеме, излегуваме од темнината кога преминуваме во апофатична теологија. Во тоа е големото значење на тајната, големото значење на docta ignoranta. Сето значење, смислата и вредноста на животот се определуваат со тајната сокриена зад него, со бесконечноста којашто не подлегнува на рационализација, и за која е можен само символ и мит. Бог е бесконечна тајна скриена зад битието. Единствено затоа може да се поднесат злото и маките на светот. Неиздржливо е човекот и светот да си бидат доволни сами на себе, и да не постои ништо што е подалеку и повисоко, подлабоко и потаинствено. Ние воопшто не Му пристапуваме на Бога затоа што рационалното мислење го бара Божјото постоење, туку затоа што светот се соочува со тајна во која завршува рационалното мислење. Тоа значи дека секоја катафатична теологија е егзотерична и дека не зборува за крајното. Посериозен пристап до тајната има мистичната апофатична теологија. Границата на рационалното сознание ја поставува тајната, а не забраната.

 Божественото Ништо или Апсолутно за апофатичната теологија не може да биде Творец на светот. До оваа вистина дошла германската спекулативна мистика. Таква е смислата на Екхартовото учење за Gottheit и на Бомеовото за Ungrund. Од Божественото Ништо, од Gottheit, од Ungrund, се раѓа Света Троица, се раѓа Бог-Творец. Создавањето на светот од Бога-Творецот е само секундарен чин. Од тој аспект може да се смета дека слободата не ја создал Бог-Творец, туку дека таа е вкоренета во Ништо, во Ungrund, дека е примарна и без почеток. Слободата не ја детерминирал Бог-Творец, таа е во онаа непостоење од кое Бог го создал светот. Разликувањето на Бога-Творецот од слободата на непостоењето е секундарно – во исконската тајна, во Божественото Ништо таа разлика се елиминира, зашто од Ungrund-от се разоткрива Бог, а од Него, пак, се разоткрива слободата. Но, од Бога-Творецот се симнува одговорноста за слободата којашто го родила злото. Човекот е Божјо дете и дете на слободата – на ништожноста, на непостоењето, на меонот. Слободата на непостоењето се согласила на Божјата творба, небитието слободно ја дало согласноста за битието. А оттука прозлегло и отпаѓањето од Божјото дело, настанале злото и страдањето, и битието се помешало со небитието. Тоа е вистинска трагедија, трагедија не само на светот, туку и на Бога. Бог го сака Својот друг и Својот пријател, тагува по него и чека од него одговор на Својот повик за Божествен живот, за Божествена полнота, за соучествување во Божјото создавање коешто го победува небитието. Бог не си одговара Самиот Себеси, Нему му одговара слободата која не зависи од Него. Бог-Творец е семоќен над битието, над создадениот свет, но Тој не владее над небитието, над несоздадената слобода, Тој не може да ја разбере. Во првиот чин, во чинот на создавањето на светот, Бог се јавува како Творец. Но во чинот на создавањето на светот не може да се избегне можноста од злото што се наоѓа во мионичката слобода. Митот за падот во грев раскажува за таа немоќ на Творецот да го спречи злото настанато од слободата којашто Тој не ја создал. И ете, почнува вториот чин на Божјиот однос спрема светот и човекот. Бог не се јавува од аспект на Творец, на творечка сила, туку од аспект на Искупител и Спасител, од аспект на Бог Кој страда и ги прима врз Себе гревовите на светот. Бог од аспект на Богот-Син слегува во бездна, во Ungrund, во длабочината на слободата од која се раѓа злото, но од која потекнува и секое добро. Единствено така може да се разбере тајната на Искупувањето, ако не се разбете правно-судски. Од бездната, од Божественото Ништо, се раѓа троичниот Бог и Нему Му е спротивставена слободата на непостоењето. Тој од непостоењето го создава светот и човекот и чека одговор од нив за Својот повик, одговор од длабочината на слободата. Одговорот, прво, бил согласност за созданието, а потоа востание и непријателство спрема Бога, враќање во првобитното небитие. Зашто, секое востание против Бога е враќање во небитие коешто ја примило формата на лажното фантазмагорично битие, победа на непостоењето над Божествениот свет. Тогаш и самото ништо, коешто не е зло, се претвора во зло. Бог го извршува вториот чин, слегува во непостоењето, во бездната на слободата којашто се изродила во зло и се открива, не во силата, туку во жртвата. Божествената жртва, божественото самораспнување, мора да ја победи слободата-злото на непостоењето, да ја победи без да ја присилува, без да му ја одзема на созданието, туку само просветлувајќи го. Таквото поимање на Божествената мистерија не ја прави етиката атеистична. И тоа никој не може да го нарече пантеизам. Во пантеизмот постои делче од вистината, а тоа е вистината на апофатичната теологија. Но лагата на пантеизмот е во тоа што тој ја рационализира тајната и ја преведува вистината на апофатичката теологија на јазикот на катафатичката теологија. Мистиката има свој јазик и тој не смее директно да се преведува на јазикот на теологијата. 

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная