логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Владимир Соловјев



(Единаесетта и дванаесетта лекција)

kire.svsimeonbogoprimec.jpgВоплотувањето на божествениот Логос во лицето на Исус Христос претставува појавување на нов духовен човек, на вториот Адам. Како што под првиот, природен Адам не се подразбира само одделно лице, присутно напоредо со другите лица, туку личност којашто во себе го опфаќа сето природно човештво, така и вториот Адам не е само тоа индивидуално битие, туку, истовремено, и универзално битие, битие коешто во себе го опфаќа сето родено, духовно човештво. Во сферата на вечното, божествено битие, Христос е вечен духовен центар на вселенскиот организам. Но, бидејќи тој организам, или вселенското човештво, спуштајќи се во текот на збиднувањата, им се покорува на законите на надворешното постоење и е должно со труд и преку страдање во времето да го востанови тоа што му е предодредено во вечноста – односно да го востанови своето внатрешно единство со Бога и со природата, – така и Христос, како дејствувачки почеток на тоа единство, за негово реално востановување мора да се спушти во истиот тој ток на збиднувања, мора да се потчини на истиот тој закон на надворешното постоење, и од центар на вечноста да стане центар на историјата, пројавувајќи се во одреден миг – во полнотата на времето. Злиот дух на раздорот и на непријателството, вечно бессилен против Бога и во почетокот на времето победник над човекот, во средината на времето треба да биде победен од Синот Божји и од Синот Човечки, како првороден од сета твар, за да на крајот од времето биде изгонет од сето создание – тоа е суштинската смисла на воплотувањето. Латинските богослови од средните векови, коишто го пренеле во христијанството јуристичкиот карактер на Древниот Рим, изградиле извесна правна теорија за искупувањето како задоволување на нарушеното божествено право. Оваа теорија, како што е познато, особено детално ја разработил Анселм Кантербурски, и таа, видоизменета и зачувана, не е сосема лишена од здрава смисла, но таа смисла совршено е затскриена со такви груби и недостојни претстави за Божеството и за неговиот однос спрема светот и спрема човекот, коишто подеднакво им се спротивни и на философското поимање и на вистинското христијанско чувство. Навистина, Христовото дело не е само јуристичка фикција, казуистичко решение на невозможен спор – тоа е вистински подвиг, реална борба и победа над принципот на злото. Вториот Адам не се родил на земјата за да доврши еден формално-правен процес, туку за реално спасение на човештвото, за негово вистинско избавување од власта на силата на злото, за да во Него, на дело, се открие царството Божјо.

Но, пред да говориме за Христовото дело, заради кое е извршено воплотувањето, мора да одговориме на две прашања: за можноста на воплотувањето, односно за можноста за реалното соединување на Божеството со човештвото, и за начинот на таквото соединување.

Што се однесува до првото прашање, воплотувањето, се разбира, не е можно доколку на Бога се гледа како на одделно битие коешто пребива некаде надвор од светот и од човекот. Според такво (деистичко) гледиште, вочовечувањето на Божеството би претставувало директно нарушување на логичкиот закон на идентитетот, односно сосема незамислив чин. Но, во иста мера е невозможно и воплотувањето и според пантеистичкото гледиште, според кое Бог е само сеопшта супстанција на светските појави, универзално „сè“, а човекот е само една од тие појави. Според ова гледиште, вочовечувањето би ì противречило на аксиомата  дека целото (сè) не може да биде еднакво на еден од неговите делови. Но, нужно ли е Бог да се поима или како едно посебно битие, или како една општа супстанција на светските настани? Се разбира, не. Само поимањето на Бога како целосен или совршен (апсолутен), ги елиминира двете еднострани определби и го открива патот на едно друго гледиште, според кое светот, како севкупност на ограничувања, бидејќи е надвор од Бога (во своите граници), како материјален, истовремено е и суштински поврзан со Бога со својот внатрешен живот, или со душата којашто се состои во тоа да секое битие, утврдувајќи се себеси во своите граници како тоа, надвор од Бога, истовремено не се задоволува со таа граница, се стреми да биде и сè, односно се стреми кон внатрешно единство со Бога; соодветно на тоа, и Бог, макар што сам по себе е трансцендентен (пребива зад границите на светот), истовремено се јавува  и како дејствувачка творечка сила, којашто на светската душа треба да ì соопшти што самата таа бара и кон што се стреми – а тоа е полнотата на битието во форма на сеединство, сила којашто треба да се соедини со душата и од неа да роди жив образ на Божеството. Со ова се определува и космичкиот процес во матреријалната природа, кој завршува со раѓање на природен човек, и со историски процес кој следи потоа, процес кој го подготвува раѓањето на духовниот човек. На тој начин, ова последното, односно воплотувањето на Божеството, не е нешто чудесно во сопствена смисла, односно не е нешто што му е туѓо на општиот поредок на постоењето, туку е, напротив, нешто што е суштински поврзано со сета историја на светот и на човештвото, нешто што е подготвувано и што логички следува од таа историја. Во Исус не се воплотува трансцендентен Бог, не апсолутна и во себе затворена полнота на постоењето (што би било невозможно), туку се воплотува Бог Словото, односно принцип кој се пројавува спрема надвор, принцип што дејствува на периферијата на постоењето, и неговото лично воплотуваење во индивидуален човек е само последна алка во долгата низа други воплотувања, физички и историски – ова пројавување на Бог во човечка плот е само поцелосна, посовршена теофанија во редица други нецелосни, подготвителни и преобразувачки теофании. Според ваквото гледиште, појавата на духовниот човек, раѓањето на вториот Адам, веќе не е потешко разбирлива од појавата на природниот човек на земјата, раѓањето на првиот Адам. И едното и другото биле нови, дотогаш непознати факти во животот на светот, и едното и другото се, во таа смисла, чудесни; но ова новото, дотогаш неслучено, било подготвувано од сето претходно постоечко, и претставува нешто што го посакувал, кон што се стремел и кон што одел сиот претходен живот: кон човекот се стремела и тежнеела сета природа, кон Богочовекот се насочила сета историја на човештвото. Во секој случај, кога се говори за можноста или за неможноста за вочовечувањето на Божеството, главната работа е во тоа како се разбира и Божеството и човештвото; воплотувањето на Божеството не само што е можно, туку и суштински влегува во општиот план на космосот. Но ако фактот на воплотувањето, односно на личното соединување на Бога со човекот, ја има својата основа во општата смисла на вселенскиот процес и во поредокот на божественото дејствување, со тоа не се решава прашањето за начинот на тоа соединување, односно за односот и за заемодејството на божествениот и на природниот човечки принцип во богочовечката личност, или прашањето за тоа што претставува духовниот човек, вториот Адам?

Општо земено, човекот претставува некакво соединување на Божеството со материјалната природа. Ова подразбира постоење на три составни елементи во човекот: божествен елемент, материјален елемент и елемент кој ги поврзува овие два елементи, а тоа е човечкиот елемент; соединети, овие три елементи го сочинуваат вистинскиот човек, при што човечкиот елемент, човечкиот принцип е разумот (ratio), кој, всушност, претставува однос меѓу другите два принципа. Ако тој однос се сведува на директно и непосредно потчинување на природниот принцип на божествениот, тогаш станува збор за реализација на првобитниот човек – прототип на човештвото, затворен во вечното единство со божествениот живот, односно човек кој сè уште не се одвоил од тој живот; тука природниот човечки принцип се содржи само како зародиш, potentia, во божественото битие. Кога, спротивно на ова, во човекот е реализиран неговиот материјален принцип, кога тој себеси се наоѓа како факт или пројавување на природата, а божествениот принцип во себе го има само како можност, како potentia да стане друго битие, тогаш зборуваме за природниот човек. Трет можен однос е кога и Божеството и природата подеднакво се присутни во човекот, и неговиот личен човечки живот се состои во активно усогласување на природниот принцип со божествениот, или во слободно потчинување на природниот принцип на божествениот. Таквиот однос го претставува духовниот човек. Од оваа општа претстава за духовниот човек следуваат три нешта. Како прво, за да во човекот се реализира усогласувањето на божествениот принцип со природниот, неопходно е тоа усогласување да се изврши во единично лице – во спротивно, тоа би било само реално или идеално заемодејство меѓу Бог и природниот човек, и би немале нов, духовен човек; за реално да постои соединување на Божеството со природата, неопходно е лице во кое би се реализирало тоа соединување. Како второ, за тоа соединување навистина да биде соединување на два принципа, неопходно е реално присуство на двата овие принципа, неопходно е таа личност да биде Бог и вистински природен човек – неопходни се двете природи. Како трето, за самото согласување на двете природи во богочовечката личност да биде слободен духовен акт, неопходно е во него да учествува човечката волја, којашто се разликува од божествената, и преку отфрлање на можноста да ì противречи на божествената волја, слободно да ì се потчинува, и да ја воведува човечката природа во целосна внатрешна хармонија со Божеството. На тој начин, поимот духовен човек претпоставува една богочовечка личност, којашто во себе соединува две природи и има две волји.

Првобитното непосредно единство на двата принципа во човекот – единство претставено со првиот Адам и со рајската состојба на неговата невиност, единство коешто е нарушено со падот во грев – не можело потоа едноставно да се воспостави како такво. Новото единство не може веќе да биде непосредно, невино: тоа мора да се достигне, тоа може да биде само резултат на слободно дејствување, на подвиг, и тоа двоен подвиг – самоотфрлање и на божественото и на човечкото; зашто, за вистинско соединување или хармонија на двата принципа нужно е нивно слободно учество и дејство. Видовме претходно како преку заемодејството на божествениот и на природниот принцип се определува сиот живот на светот и на човештвото, и сиот тек на тој живот се состои од постепено зближување и од заемно проникнување на овие два принципа, прво далечни и надворешни еден на друг, потоа сè поблиски, се подлабоко и подлабоко проникнати еден во друг, додека во Христос природата не се пројавила како човечка душа подготвена за целосно самоотфрлање, а Бог – како дух на љубовта и на милосрдието, на таа душа ì ја дал сета полнота на божествениот живот, не со сила што истиснува и не со поимање што просветлува, туку преку живототворна добрина. Тука станува збор за вистинска богочовечка личност, способна да го изврши двојниот подвиг на богочовечкото самоотфрлање. Таквото самоотфрлање веќе претставува, во извесна мера, и целиот космички и историски процес; зашто тука, од една страна, Логосот Божји со слободно дејство на својата божествена волја или љубов се откажува од пројавувањето на своето божествено достоинство (на Божјата слава), го напушта мирот на вечноста, стапува во борба со принципот на злото и се излага на сета вознемиреност на светскиот процес, пројавувајќи се во стегите на едно надворешно битие, во границите на просторот и на времето; потоа му се јавува на природното човештво, дејствува врз него преку различни конечни форми на световен живот, кои повеќе го сокриваат, одошто го откриваат вистинското Божјо битие; од друга страна, и световната и човечка натура во своето постојано страдање и стремеж кон нови и нови восприемања на божествените образи постојано се отфрла самата себеси во своите дадени и реални форми. Но тука (т.е. во космичкиот и во историскиот процес) тоа самоотфрлање од двете страни не е совршено: зашто, за Божеството границите на космичките и на историските теофании се само надворешни граници кои ги определуваат Неговите пројавувања за другиот (за природата и за човештвото), но на никаков начин не се однесуваат на Неговото внатрешно самодоживување; од друга страна, и природата и природното човештво во својот постојан прогрес не се отфрла со слободен акт, туку само преку инстинктивен стремеж. Божествениот принцип, пак, во богочовечката личност (од причини што тој спрема другиот не се однесува преку надворешно дејство, поставувајќи му граници) самиот не се менува, туку преку внатрешно самоограничување, кое на другиот му дава место во себе – таквото внатрешно соединување со другиот претставува вистинско самоотфрлање на божествениот принцип; тука тој навистина се смалува, се уништува, ја прима врз себе улогата на слуга.  Божествениот принцип тука за човекот не се затвора само со границите на човечкото сознание, како што било во претходните нецелосни теофании, туку самиот ги восприема овие граници: не за да исцело влезе во тие граници на природното сознание, што е невозможно, туку тој вистински ги доживува тие граници како свои во дадениот миг, и тоа самоограничување на Божеството во Христос го ослободува Неговото човештво, ì дозволува на Неговата природна волја слободно да се одрекне од себеси во полза на божествениот принцип не како надворешна сила (таквото самоодрекување би било неслободно), туку како внатрешно добро, и со тоа во вистинска смисла да го стекне тоа добро. Христос како Бог слободно се одрекува од славата Божја, и со самото тоа како човек ја добива можноста да ја достигне таа Божја слава. На патот, пак, на тоа постигнување човечката природа и волјата на Спасителот неизбежно се среќава со искушението  на злото. Богочовечката личност претставува двојно сознание: сознание на границите на природното постоење и сознание на својата божествена суштина и сила. И така, доживувајќи ја ограниченоста на природното битие, Богочовекот може да се изложи на искушението да ја направи својата божествена сила средство за постигнување на целите што произлегуваат од оваа ограниченост.

Како прво, за битие потчинето на условите на едно материјално суштество, претставува искушение материјалното благо да му биде цел, а божествена сила средство за остварување на таа цел: „Ако си Син Божји, кажи овие камења да станат лебови“. Тука божествената природа – „Ако си Син Божји“ и откривањето на таа природа – словото („кажи“) треба да служат како средство за задоволување на материјална потреба. Како одговор на ова искушение, Христос вели дека Словото Божјо не е орудие за материјален живот, туку самото е извор на вистински живот  за човекот: „Не само од леб ќе живее човекот, а и од секој збор што излегува од устата на Бога“. Надминувајќи го ова искушение на плотта, Синот Човечки ја добива власта над секоја плот.

Подготви: д- р Драган Михајловиќ
 
Посети: {moshits} 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5793
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6392
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5590
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная