логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

svetlina.nakniga.jpg


 (Продолжение)

8

МОНАШТВО И БРАЧЕН ЖИВОТ

 Православната духовност е достапна за сите луѓе и како таква, нејзиното примање не е ограничено до какви и да било посебни сталежи. Сите кои се крстени во името на Триединиот Бог треба да ги чуваат Христовите заповеди. Нема исклучоци во движењето кон обожување, во движењето од состојба “по образ Божји” до состојба “по подобие”. Апостол Павле јасно вели: сите, што се крстивте во Христа, во Христа се облековте (Гал. 3, 27).

 Од претходните глави ни стана јасно дека суштината и целта на православната духовност се дадени во словото на Исус Христос и во словата на светите апостоли. Цитатите од Светото Писмо, наведени погоре, покажуваат дека првите христијани живееле духовен живот, достигнувале до просветлување на умот и имале непрекината молитва.

 Говорејќи за девството и бракот апостол Павле пишува дека неженетиот се грижи за Господови работи, - како да Му угоди на Господа; а женетиот се грижи за световни работи - како да и угоди на жената (1Кор. 7, 32-33), но истовремено нагласува: ова ви го велам, браќа, оти времето натаму е кратко, та оние што имаат жена, да бидат како да ја немаат (1Кор. 7, 29). Во апостолските времиња и оние кои стапувале во брак живееле во подвиг, и имале личен опит од духовниот живот. Освен тоа, сите Посланија на апостол Павле до различни цркви (во кои говори за очистување на срцето, за просветлување на душата, за здобивање на умна молитва, за непрекината срдечна молитва, за богосиновство по благодат и живот во Светиот Дух), биле упатени до христијани кои имале семејства. Ова покажува дека христијаните од првите апостолски цркви живееле така како што живеат монасите денес во светите манастири.

 Но подоцна, кога со прекратувањето на прогоните христијанството станало официјална државна религија, во Црквата проникнало светското,  и подвижничкиот начин на живот бил изгубен во голем степен. Тогаш се развило монаштвото како обид да се сочува суштината на духовниот живот. Затоа светите отци нагласуваат дека монаштвото е еден вид на продолжување на апостолските времиња и животот на првата Црква, а монасите “кои живеат евангелски”, се луѓе кои го живеат покајанието во оптимален степен и се стремат строго да ги чуваат Христовите заповеди. Секој православен монах, кој живее правилно, е Христов апостол, маченик и пророк. Монашкиот живот е пророчки, апостолски и маченички.

 Ако сакаме да видиме каква е суштината на монашкиот живот, можеме да ги прочитаме блаженствата. Монахот го започнува својот пат со длабоко покајание, со плач и солзи, кои ја донесуваат Божјата милост и го очистуваат срцето. Во Евангелието и Посланијата на апостол Павле присуствуваат сите елементи кои го сочинуваат вистинското и светоотечко монаштво.

 Можеме да ги откриеме сите овие елементи во последованието на монашкиот постриг. Од таму се гледа дека за време на послушанието идниот монах се наоѓа во чинот на огласените, бидејќи живее во длабоко покајание и очистување на срцето. Тоа и е првата љубов за која говори евангелистот Јован во Откровението. Кога ќе заврши покајанието доаѓа монашкиот постриг, кој се нарекува “второ крштевање”.

 О ново звање! О дар на тајната! Второто крштевање го примаш денес, брате, богатството на дарови од човекољубивиот Бог. И бидејќи се очистуваш од своите гревови и стануваш син на Светлината, Самиот Христос, нашиот Бог, се радува со Своите свети ангели за твоето покајание, заколувајќи за тебе угоено теле (Оглашение од чинот на постригот).

 Монашкиот постриг се нарекува тајна, затоа што монахот го искусува дејството на очистувачката и просветлувачка Божја енергија. Освен тоа, второто крштевање, според зборовите на преподобен Симеон Нов Богослов, е крштевање со Дух, т.е. просветлување на умот и стекнување на умна молитва. При монашкиот постриг се вели: Од гревовите се очистуваш и стануваш син на Светлината. Ова покажува дека до постригот монахот преживува очистување на срцето, а при постригот се стекнува со просветлување на умот. Тука имаме директно сведоштво за апостолскиот живот и духовната состојба на првите христијани, како што тие се опишани во Посланијата и Делата на апостолите.

 Монашкиот живот е апостолско и евангелско дело, затоа што му претходи умирање на стариот човек и монахот станува храм на Сесветиот Дух. Ова го нагласуваат молитвите од чинот на постригот: Сотвори го орган доброгласен, псалтир прекрасен на Светиот Дух... да го соблече стариот човек, кој се распаѓа во сластољубието на прелесната многуобразна змија, да се облече во Новиот Адам, според Бога да биде создаден во преподобие и вистина. Утврди го секогаш да ги носи раните и крстот Исусов на своето тело, на него да го распне светот и себе за светот.

 Но семејните христијани, исто така, се повикани да живеат сообразно на Евангелието и Христовите заповеди. Никој не е ослободен од одговорност. Покајанието, надминувањето /надвладувањето/ на себељубието и стекнувањето на љубов кон Бога и ближните треба да бидат од сите усвоени.
 Се разбира, брачниот живот е различен од оној во манастирот. Затоа барањата за сопружниците слично се приспособени. Најмногу, бидејќи она што за монахот е манастирот, за оние кои живеат во брак е семејството. Семејството е местото за подвиг на оној кој живее во брак. Во семејството тој е повикан да ја исполнува Божјата волја...

 Сам Ти, Владико Пресвети... благослови го овој брак и дај им на овие Твои слуги живот мирен, долгоденствие, целомудрие, взаемна љубов низ сврзките на мирот, долговечно потомство, од чедата задоволство, несвенлив славен венец. Удостој ги да видат чеда од чедата, сочувај го во безопасност нивното легло /постела/, и дај им од небесната роса од горе и од плодноста на земјата. Исполни го нивниот дом со пченица, вино и елеј, и со секое добро, за да даваат и на оние кои имаат потреба, дарувајќи им, во исто време, и на оние кои се со нив, се што молат за спасение (Молитва од тајната Брак).

 Црквата го вложила своето учење за бракот во молитвите на тајната на Венчавањето. Гледаме дека брачниците треба да живеат во целомудрие и љубов, следејќи ги Божјите заповеди.

 Горната молитва потврдува дека во брачниот живот треба да има целомудрие, љубов, милосрдие, и дека главната цел на семејниот живот е спасението.

 Карактеристични се молитвите на крајот на тајната, кога свештеникот се моли двајцата сопрузи да ги исполнуваат Божјите заповеди:
 Возвеличи се, младоженецу, како Авраам, биди благословен како Исаак и размножи се како Јаков, одејќи во мир и исполнувајќи ги во вистина Божјите заповеди. И ти, невесто, возвеличи се како Сара, развесели се како Ревека и размножи се како Рахил, радувајќи се за својот маж и чувајќи ги уредбите на законот, зашто Бог ти благоволил.

 Спомнатите мажи и жени од Стариот Завет кои се удостоиле да Го видат Бога, како и молитвите за сочувување на Божјите заповеди и законите на природата, го покажуваат подвижничкиот и спасителен карактер на бракот во Христа.

 Светите отци учат дека начинот на зачнување, бременоста и раѓањето на човекот се оние “кожни облеки” во кои Адам бил облечен по падот во грев. Но на крајот на краиштата, се тоа било благословено од Бога. Преподобен Максим Исповедник пишува дека бракот, таков каков што го знаеме денес, е последица од падот во грев: Претходната /првобитната/ цел не била да се раѓаме низ бракот од распадливост, но престапот на заповедта довел до установување на бракот.

 Свети Јован Златоуст учи дека евангелските заповеди - со исклучок на оние за бракот - се заеднички за сите луѓе - како за монасите, така и за семејните: Затоа што се кај нас, при оние кои што се поврзани во брак, е заедничко со монасите, освен самиот брак. Освен тоа, Павле по овој повод говори во се да се споредуваме со него, велејќи дека образот на овој свет поминува, и оние кои имаат жени да бидат како оние кои ги немаат32.
 Свети Василиј Велики, исто така, говори дека сите луѓе, монаси и семејни, сме повикани да ги исполнуваме Христовите заповеди, Евангелието: Од сите луѓе се бара исполнување на заповедите; и од монасите, и од оние кои се во брак.

 И свети Григориј Палама, говорејќи за чистотата на срцето вели дека и семејните можат да ја постигнат: И оние кои живеат во брак можат да ја постигнат оваа чистота, но со многу поголеми потешкотии.

 Фактот што многу светители, како во Стариот, така и во Новиот Завет, кои биле семејни, ја постигнале умната молитва (како пророчицата Ана, на пример, мајката на Самуил) покажува дека брачните односи не можат да бидат пречка за православниот духовен живот. Пророчицата Ана, мајката на пророк Самуил, во срцето ја имала умната молитва и се молела непрекинато, кога душата и била во скрб /мака, тага/ (1Цар. 1, 10).
 Така, според критериумите на православната духовност, луѓето не се делат на несемејни и семејни, на монаси и мирјани, а на луѓе кои имаат Свет Дух и луѓе кои Го немаат. Сите се способни, под раководство на духовен отец, да ги следат Христовите заповеди и да живеат православен духовен живот. Во православното предание нема аристократи и привилегирани.

(Продолжува)

 

Подготви: А.И.

Друго: ikona.gulab.jpg

АРХИМАНДРИТ ЈЕРОТЕЈ ВЛАХОС- ПРАВОСЛАВНА ДУХОВНОСТ

 

  katakomba.jpg Архим. Јеротеј С. Влахос- ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ (1)

Svetlina.lit.jpg


Архим. Јеротеј С. Влахос - РАЗЛИКАТА НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ ОД ДРУГИТЕ ТРАДИЦИИ (2)

Monah.dacha.jpgАрхим. Јеротеј С. Влахос - ЦЕНТАРОТ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ (3)

 Monah.svetilka.jpg  Архим. Јеротеј С. Влахос - ЦЕНТАРОТ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ (4)

  CRKVA.Ruska.jpgАрхим. Јеротеј С. Влахос - ПРАКСА И ТЕОРИЈА (5)

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная