логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Василиј НИКИФОРОВ-ВОЛГИН
  
  
МОЛИТВА 
   
  

molitva.otec.jpgСелото Струги, во кое живее отец Анатолиј, е тивко, сиромашно, со дрвени куќи, и познато е единствено по своите градини преполни со јорговани. Мошне одамна, некој патник ги убедил селаните дека дрвото јоргован штити од секаква заразна болест – и тие го прифатиле тоа како вистина и го насадиле селото со јоргован од едниот до другиот крај.

Кога јоргованот ќе процути, селото не се гледа. Ако гледате на него одблиску, ќе можете да видите само еден густ лилаков облак, легнат на земјата.
  
Токму во таков период на цутење на јоргованот, престојував кај отец Анатолиј. Нашите научници и учени луѓе го сметаат за „надри-свештеник“, бидејќи и во умот е скуден, и образованието му е слабо, и на лик е несвиден, и проповедите му се слаби.

– Но затоа толку многу верува во Бога – одговарале оние што го сакале – што може да прави чуда!

Мене ме уверуваа дури и со извесна доза на заколнување: кога отецот Анатолиј се моли, свеќите самите се палат!

Прозорците од собата на батјушка Антониј гледаа на градината, на белата ноќ, сета во јорговани и во славеи. Отец Антониј седеше на прозорецот и неколкупати се свртуваше кон мене – очигледно, чекајќи да заспијам. Се преправив дека спијам.    
  
... Отец Антониј ја соблече излитената, искрпена мантија и се облече во бела свештеничка облека, под која се наѕираа црни чизми. Се подготвуваше за нешто. Раката му трепереше додека со чешел ја расчешлуваше прво жолто-црвеникавата брада, а потоа и истата таква коса. Ми се пристори дека по неговото грубо селско лице прелета некаков грч, а собраните гистие веѓи сведочеа за длабока замисленост.  

Свртувајќи се уште еднаш кон мене, се качи на табутерката, и со својата темна и – соодветно на ниската става – релативно долга рака почна да ги пали кандилата пред иконите.    

Темниот агол се осветли од седумте пламенчиња. Застанат пред иконите, отецот Анатолиј неколку минути гледаше во тие пламенчиња, како да им се восхитува. Од неговото созецувачко восхитување во собата, и самата градина како да стана потивка, макар што славеите и понатаму пееја.     

Ненадејно, таа тишина ја прекина глувиот крик и тешкиот пад на колена на отец Антониј. Тој ја приклони главата кон подот и десетина минути лежеше без да се помести. Ме обзеде неспокој. Конечно, тој го крена лицето кон Неракотворениот Спас – кон големиот црн лик, и започна да разговара со Него. Во почетокот тивко, но потоа се погласно и погласно.
    
– Повторно ì се обраќам на Твојата милост и седумдесет и седум пати   ќе Ти се обраќам. Додека не ме услишиш, Твојот грешен свештеник!...
Подигни го од кревет болниот Јегорка! ... Та, тој има само седум години... Тој сака да живее... Сака да трча по зелените ливади, да собира печурки, да лови ракови... Утеши го малечкиот! Земи го за рачето! Прегрни го, Господи, Господи, Господи! ... Тој е единец на родителите... Очајни се, зашто нивното чедо и нивната радост умира!...   
Господи! Како што мене ми е лесно да помислам за Твоето воскресение, така и Тебе Ти е лесно да го исцелиш младенецот! Ти здосадив, Господи, со моите молби, но не можам да отстапам од Тебе, зашто големо е страдањето на младенецот!  

Отецот Антониј повторно го допре подот со челото и, веќе со липање и со грч во гласот ги изговараше зборовите:

Помогни... исцели го ... Јегорка! ... Младенецот на Георгиј!...   

Ја испружи раката како да сака да ја допре одеждата на Бога Кој стои пред него.    
  
Тоа беше страшно. Во бедно наместената соба на вдовецот, среде грубиот селски намештај, позлатен единствено со светлината од кандилата – свештеник, селанец, разговара со Бога и, можеби, го гледа Неговиот неискажлив блескот...

Единствено Боговидец може да се моли така. Отец Антониј направи три длабоки поклони и како да се смири.   

Неколку минути стоеше молчејќи, истоштен и беден, со капки пот на челото. Усните му трепереа. Повторно почна да зборува со Бога, сега потивко, но со истата надеж и црвстина.

– Јас, недостојниот и  грешен Твој свештеник, Те молев многукратно да го спасиш слугата Твој Корнилиј од прекумерно пиење ... и повторно те молам: спаси го! Тој ќе загине! Жена му плаче, децата негови плачат... Наскоро ќе мора да питаат... Не дозволи го тоа, Господи! Закрепни го, Корнилиј!

Прости му и на слугата твој Павлушка... односно Павл... Павле, Господи! Јас сето ова Тебе по селски ти го кажувам... Огрубе јазикот мој.. Но, ете, тој Павлушка... поради незнаењето свое, кога ќе се опијани, песни неприлични пее за светите угодници... минувајќи со хармониката покрај црквата, плукаше на неа... Прости му, Господи, и осветли ја неговата душа!... Ќе се покае!
  
И уште, Господи, Те молам, макар што Ти здодеав... Награди го со здравје и со добри деца Ефим Петрович Абрамов... Тој на своја сметка ги посребри свеќниците во црквата и вети дека дури ќе ми купи и нова мантија, зашто мојата веќе сосема е излитена... сета е во крпеници... Благослови го, Милосрден Господи ... Тој е добар!
 
За што уште сакав да Ти се помолам? Ах, да. Еве, родот ни напредува добро... и нека има жито, и секакво овошје, и плодови... А Дарја Иваникова заздраве, Господи! Ти благодарам и го воспевам пречесното Твое име!.. Три зими таа лежеше од слабост и во грижи, а сега оди и се радува!     
 
Тоа би било сè... Да!.. уште ова, спаси и помилуј го гостинот мој, слугата Твој што лежи тука, Василиј ... Помогни му... Тој во душата се измачува...

И уште спаси го и запази го ... слугата Твој... како ли се викаше?   
Отец Антониј се збуни, и почна да се присетува на името, потчукнувајќи се по челото со раката.
  
– Но, како ли се викаше? Е, памет моја старечка!.. Но, оној што живее на Света Гора... И пчеларникот уште му стои... ми подари чизми... Добар е тој... Сите го знаат... Брада има до појасот... Но, како ли го викаат? На врв на јазикот ми е...!  

Отец Антониј постоја замислен пред Господа и кратко му рече:   

– Ти го знаеш, Господи! Ти сите ги знаеш... Прости ми, Милосрден, што те вознемирувам... Веројатно Ти е тешко, Господи, да гледаш на нас, грешните и недостојните?    

Отец Антониј ги изгасна кандилата, оставајќи да гори само едно, пред Неракотворениот Спас.

Приоѓајќи кон креветот на кој лежев, тој се провртка и воздивна:

Спие човекот!... А заспа без да се помоли... Е, што ти е младост! Но, што да се прави тука?... Треба да го прекрстам... Осени го Господи, со силата на чесниот и живототворен Твој крст и спаси го од секое зло... 
   
  
Журнал Фома, 2004.

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7623
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная