Грижата е страшна работа за духовниот живот.
Таа е силен отров што го уништува човекот. Не само духовниот, туку и секојдневниот живот, како и човечките односи. Гледате ли колку семејства се распаѓаат? Зошто? Затоа што таткото е преокупиран со илјада работи, а мајката со уште илјада други.
Како тогаш овие луѓе ќе најдат време еден за друг?
Постојано слушаме: „Не можам сега, имам работа!“ Детето доаѓа и вели: „Мамо, сакам нешто да ти кажам“, а одговорот е: „Остави ме сега, зафатена сум!“
А кога нема да бидеш зафатен? Кога ќе завршат сите тие работи?
Грижи, грижи, грижи... Тие полека го исцрпуваат човекот. И на крајот може да се случи да остане без она што е највредно.
Духовниот човек треба да знае за мерата. Постави си граница. Кажи: „Доста е за денес.“ Застани. Одмори се.

Кога ќе се вратиш дома, остави ги настрана телефоните и обврските. Сега си дома. Посвети време на семејството, на себе и на Бога.
Митрополит Атанасиј Лимасолски
03.06.2026


























