АКО БОГ Е ЉУБОВ, ТОГАШ СИТЕ РЕЛИГИИ НЕ СЕ ИСТИ!
ѓакон Андреј Кураев
... Две од овие прашања ќе ги пратиме во длабочината која ја истражуваме и на овие две прашања ќе чекаме одговор . Првото од нив е дали во односната религија постои идејата дека Бог е - Љубов. Ако оваа формула ја нема, тогаш - дали ја нема само поради случајност (да речеме дека таа идеја авторитетните текстови и учители во дадената традиција просто не стигнале да ја изнесат), или таа во таа традиција во принцип е невозможна и логички неповрзлива со нејзините појдовни претпоставки.
А второ прашање е - ако оваа идеја историски постои (или барем логички е дозволена) во дадената традиција, тогаш како таа традиција ја сфаќа.
(Продолќение)
Дали во Шаманизмот Бог е - Љубов?
Да го започнеме нашето истражување од религијата која вообичаено се смета дека е најархаична; од шаманизмот. Може ли од гледиштето на шаманизмот да се рече „Бог е Љубов"? Не. Работата е во тоа што во шаманизмот нема претстава за Бога. Постојат духови: духови на тајгите, духови на тундрите, духови на ѕверовите, духови на претците... Шаманот „работи" со овие духови, ја ограничува нивната волја (или влијае на неа) со своите магиски баења. Искачувајќи се или спуштајќи се по „светското дрво", шаманот стекнува пристап во светот на духовите. Ако магиските знаења на шаманот се потполни и силни, тогаш тој го потчинува духот кого го дочекал со своите баења, а неговата енергија ја свртува во служба на онаа цел, поради која тој и го извршува својот магиски обред. Овде нема место за прашањето дали шаманот го сака духот или духот го сака шаманот. Овде доаѓа до борба на волјата, судир на силите.
За Бога, пак, како Единствен Извор на севкупното битие шаманизмот не знае. Затоа произлегува дека формулата „ Бог е љубов" за шаманизмот е беспредметна.
Извадок од книгата:
„НЕМА СПАСЕНИЕ НАДВОР ОД ЦРКВАТА“
Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархија