За глупавите парохијани
Од „Прологот“
Во еден византијски град, заспаните, мрзливи жители толку заборавиле секаков срам, што со задоволство правеле секакви безаконија и дури не ни помислувале да го слушаат својот стар добар епископ, колку и да ги молем да се исправат. Граѓаните само се исмевале над старецот, и одмавнувале од него со рацете, како од досадна мува.
На крај, нивниот стар епископ умрел. А на негово место дошол млад архиереј и започнал да живее така, што се ужаснувале дури и искусните жители на тој град. Тогаш тие се сетиле на својот добар и кроток старец-епископ.
Конечно, не издржувајќи ги постојаните кавги, навреди, напади и најневеројатните беззаконија на новиот архиереј, граѓаните на градот, како еден рекле:
- Господи, зошто токму кај нас испрати такво чудовиште?
Тие не умееле да се молат како што треба, но сепак, после нивните долги молби, Господ му се јавил на еден од граѓаните и му рекол: „Барав за вас полошо, но не најдов!“
Издавач: Кумановско- осоговска епархија 2016
Со благослов на митрополитот Кумановско- осоговски Г. д-р Јосиф
Друго:
Скопје, 04 октомври 2016
НУБ „Свети Климент Охридски“