логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Ревност и љубов
In Православие, Современи искушенија, мпц, црква on Февруари 20, 2013 at 1:01 pm

Од Митрополитот на Оропос и Фили, Кипријан

„А слугата Господов не треба да влегува во расправии; туку треба да биде кроток кон сите, поучлив и незлобив“ (2.Тим. 2, 24).

Нашите побожни браќа и сестри, народот Христов, исто така мораат да внимаваат да не бидат заведени од духот на светот и да не ја мешаат неразумната ревност со вистинскиот дух на евангелската љубов.

Свети Нектариј, само во неколку реченици, ни дава опис на вистинскиот ревнител (зилот) Христов:

„Зилотот (Ревнителот) според учењето, мотивиран од љубовта кон Бога и неговиот ближен, сите работи ги прави со милосрдност и скромност; не прави ништо што би можело да го нажали ближниот; таквиот зилот е просветлен од учењето и ништо не го поттикнува да отстапи од она што е морално исправно“ (види во Себепознание, стр. 135-136).

Зилотот благословен од Христа е пример за вистински христијанин, чијшто главни карактеристики се горешта љубов кон Бога и ближниот, благост, верска толеранција, простување, учтивост во однесувањето, и воглавно, сите плодови на оној што пребива во Светиот Дух.

Спротивно на ова, оној кутар христијанин кој е инспириран од ревност не според учењето е „деструктивен човек“, кој буквално го испревртува Евангелието на благодатта и љубовта.

Свети Нектариј Егински

Ајде да видиме како го гледаат светителите на Православната Црква зилотот, чијашто ревност не е според мудроста:

Свети Нектариј Егински

Неговата ревност е „заводлив оган, оган што проголтува“;

„Од него доаѓа деструктивноста и пустошот оди по него“;

„Тој Го преколнува Бога да испрати оган од небесата и да ги проголта сите оние, кои не ги прифаќаат неговите начела и убедувања“;

Тој „се одликува со омраза кон оние од други религии и вероисповеди, завист и траен гнев, насилнички отпор кон духот на Божествениот закон, неумерена тврдоглавост во одбраната на неговите ставови, страстна ревност за доминирање во сè, славољубие, кавги, препирки, и со љубов кон немирот“ (Свети Нектариј, на истото место).

 

Православната духовност секогаш сметала дека од суштинско значење е ревноста да оди рака под рака со љубовта, за да не стане ненормална:

„Ревноста за побожност (или запазување на Црквата и Светото Предание – БМБ) е добра работа, но само кога е искомбинирана со љубов“ (Свети Јован Дамаскин, Patrologia Graeca, Vol. SCIV, col. 1436).

Величественото послание на свети Дионисиј Ареопагит до монахот Димофилос, во коешто тој на Боговдахновен начин ги изложува крајностите на наметливата ревност, и покажува дека ова „искушение“ помеѓу побожните е древно.

А сега да ги споредиме со демонот на неразумната ревност, зилотите на Светоотечката побожност, повикувајќи се на нивните Светоотечки поуки:

„Ние нема да ги прифатиме вашите бесни напади, кои се туѓи на автентичната ревност (незавидни побуди), дури и ако ги повикате Финес и Илија илјада пати“ (Свети Дионисиј Ареопагит, Patrologia Graeca, Vol. III, col. 1096C, „Послание до Димофилос Монахот [или Терапевтес, термин што го употребува свети Дионисиј за монасите], 5).

Исто така, нашиот Спасител, преку Апостолот Павле, „нè учи дека треба со благост да ги поучуваме оние кои го отфрлаат учењето Божјо“; „зашто оној што не знае, треба да биде поучен, а не казнет, исто како што не ги казнуваме слепите, туку ги водиме под рака“ (на истото место).

Никогаш да не заборават благочестивите верници дека критериум на автентичноста на нашата љубов не е неразумната ревност, туку откажувањето од сите наши страсти:

„Труди се подеднакво да ги сакаш сите луѓе, и за кратко ќе ги истераш сите твои страсти“ (Свети Таласиј, (Грчко) Добротољубие, 2 Том, стр. 213, и Patrologia Graeca, Vol. XCI, col. 1441B).

Нашата ревност кон побожноста, како и секој друг духовен напор, има сомнителна чистота и вистинитост ако таа не го поттикнува срцето кон љубов и смирение:

„Зашто секое тежнеење и секоја упорна работа што не завршува во љубов и скрушен дух е залудна, и донесува бескорисни резултати“ (Свети Симеон Нов Богослов, Катихези I, Sources Chretiennes, Vol. 96, pp. 143-145).

Па оттука: „Ревноста за побожност е добра работа, но само кога е искомбинирана со љубов!“

Од Orthodox Tradition, Vol. XIII, No. 2 (1996).

Превод од англиски јазик:

Свештеник Јани Мулев

Изворник:

http://www.orthodoxinfo.com

Zeal and Love

by Metropolitan Cyprian of Oropos and Fili

Преземено од: Ортодоксија и ортопраксија

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2038
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2058
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 506
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная