логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


МИТРОПОЛИТ АНТОНИЈ  ХРАПОВИЦКИ
ИЗБРАНИ ДЕЛА И СТАТИИ
 
 Bogorodica.freska.Matka.jpg
 
ЗА  ПАСТИРОТ И ПАСТИРСТВОТО
 
 
ЗНАЧЕЊЕТО  НА МОЛИТВАТА  ЗА ПАСТИРОТ
 
Разликување на прелеста од благодатниот дар
 
Состојбата на прелеста  која што  е плод и на други видови отстапувања  од правилниот подвиг  на молитвата и на духовниот живот воопшто, се препознава  по своите  следни пројавувања.

1) Подвижникот кој што се наоѓа во прелест после усрдната молитва  или воодушевеното читање на Словото Божјо , или проповедта, или после добриот дел , наместо очекуваното спокојство  и внатрешниот мир , чувствува несфатлив немир  и нејасни сомнежи  или раздразливост , или осудување на другите , воопшто – внатрешно растројство , кое сепак, не е пропратено со духот на самопрекорувањето  .


2) Човекот  не смее да се потпира на такви молитвени и други подвизи, лични и општествени (на пример богослужбени) , кои што задоволувајќи го вкусот на подвижникот  им нанесува само жал  на неговите ближни и разбудува во нив , а потоа и во самиот себе , злоба и кавги.

 Такво е на пример, слепото придржување  на Уставот  во потполно неподготвена парохија , остро разобличување во проповедтта  веќе во првите чекори на пастирството, неумерен пост кој што предизвикува раздразливост,  семејни кавги и сл.
 
3)  Молитвата не е спасоносна  ако подвижникот не се насладува  со нејзината содржина , туку само со должината , гледајќи во неа  доказ за силата  на својата волја  и гледајќи на молитвата како на заслуга пред Бога , наспроти Христовите зборови.
 
4)  Таа не е спасоносна ниту во случаите , кога оној што се моли , а  особено пастирот , одвојувајќи се од  општеството наспроти зборовите на апостолот  (Евр. 10, 25) и сметајќи дека е над црквените норми , гордо измислува сопствени правила на  келијна, па дури и на црковна молитва.


 Познато е дека лукавиот непријател, кога  ги измамува  ревносните послушници, тоа го прави така  што им сугерира поголеми , самоволни молитвени правила , наместо оние кои што им ги одредил старецот. Се случува таквите подвизи особено да  ги следи исклучителна усрдност, но неа не ја подржува чистата совест, туку  лесна помисла на гордост.
 
Доколку се одбегнат опишаните искуства за време на  усрдното и  внимателно  обавување на молитвениот подвиг  во храмот и во својата куќа, пастирот наскоро ќе биде  награден од Бога  со овој дар на третиот, највисокиот степен  на молитва, Навистина, Господ понекогаш  ќе го испитува неговото смирение и ќе го лишува  од чувството на молитвено умиление , за да се сфати дека тоа се дава  заради Благодатта Божја , а не заради човековите добродетели.
 
Сепак, Господ нема да го остави за долго пастирот во такви искушенија,  туку ќе го олесни неговиот подвиг повеќе отколку  подвигот на пустиножителите , сожалувајќи ја не само душата на пастирот, туку и сите негови деца чии воздишки и молитви тој ги принесува на престолот Господов.
  Кој ќе посака да се увери  во тоа колку  смирени ереи на православниот свет Господ ги богати со блага молитва , нека го запраша верниот народ  за таквите светила  и следејќи ги неговите упатства, ќе види дека во секој град, во секој округ , има пастири кои што секогаш се молат со солзи, со воодушевено умиление; нивниот дух за време на молитвата  како да излегува од телото и слично  на  оган  исчезнува  во небесните висини по зборовите на псалмопеецот (Пс. 118).
 И ние добро знаеме дека силата на нашата Црква , која што поседува многу милиони  умови и срца , се темели токму на овие  смирени молитвеници,  дека токму тие  се оние кочии  Израилеви и коњите  негови.


Преведе : Мирјана Даниловска
Пренесено од :
http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Bogoslovlje/MitropolitAntonijeHrapovicki/MitropolitAntonijeHrapovicki65.htm

13.01.2013 god.



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2038
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2058
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 506
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная