логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Јstarec.Siluan.jpgас сум голем грешник, но ја видов големата љубов и милост Господова врз себе.
Уште од мал научив да се молам за оние што ќе ме навредеа. Велев: “Господи, не
им го земај тоа за грев заради мене”. Но, иако сакав да се молам, не можев да го избегнам
гревот. Но, Господ не си спомна за моите гревови, туку ми даде да ги сакам луѓето, и
душата моја сака да се спаси целата вселена, и да биде во Царството небесно, гледајќи ја
славата Господова и насладувајќи се со Неговата љубов.
2
Судам според себеси: кога Господ мене така ме возљуби, тоа значи дека сите
грешници ги љуби исто така како и мене.
О љубов Господова; не е возможно да се опише, оти е безмерно голема и чудесна.
Божјата благодат дава сила да Го љубиме Љубениот. Душата непрестано ита кон
молитвата и ниту за миг не може да Го заборави Господа.
Господи Човекољупче, како е можно дека не заборави на Својот грешен слуга, туку
милостиво погледна на мене од висината на Својата слава и на несфатлив начин ми се
јави?
Јас секогаш Те жалостев и Те натажував, а Ти, Господи, за моето мало покајание,
ми даде да ја познаам Твојата голема љубов и неизмерна благост.
Твојот тивок и кроток поглед ја привлече душата моја.
Со што да Ти возвратам Господи? Каква пофалба да Ти воспеам?
Ти ја даваш благодатта Своја, за душата непрестано да гори од љубов, и таа ни ден
ни ноќ не знае за покој од љубовта Твоја.
Сеќавањето на Тебе ја грее мојата душа и таа во ништо не наоѓа мир на земјата
освен во Тебе. Заради тоа Те барам со солзи и повторно Те губам, и повторно умот мој сака
да се насладува со Тебе. Но, Ти не го покажуваш Лицето Свое, иако по Него копнее душата
моја и дење и ноќе.
Господи, дај ми единствено Тебе да Те љубам.
Ти ме создаде, Ти со светото крштение ме просвети, Ти ми ги простуваш гревовите
и ми даваш да се причестувам со Твоето пречисто Тело и Крв. Дај ми и сила секогаш да
пребивам во Тебе.
Господи, дај ни го Адамовото покајание и Твоето свето смирение.
Тагува душата моја на земјата и копнее по небесното.
Господ дојде на земјата за да нè возведе онаму каде што пребива Он, Неговата
Пречиста Мајка Која Му послужи на земјата за нашето спасение, Неговите ученици и
следбеници.
Господ нè повикува таму, без оглед на нашите гревови.
Таму ќе ги видиме светите апостоли кои се во слава заради проповедта на
Евангелието. Таму ќе ги видиме светите пророци и светиите – учителите на Црквата. Таму
ќе ги видиме преподобните кои ја смируваа својата душа подвизувајќи се со пост. Таму се
прославуваат јуродивите заради Христа затоа што го победија светот.
Таму ќе бидат прославени сите оние кои се победија себеси, кои се молеа за целиот
свет и ги носеа на себе неволјите и страдањата на целиот свет, бидејќи ја имаа во себе
љубовта Христова, а љубовта не може да поднесе да загине макар и една душа.
Таму сака да се всели душата. Но, ништо нечисто не влегува таму каде што се
доаѓа преку големи страданија и преку скрушеноста на духот и преку многуте солзи. И само
децата кои ја имаат сочувано благодатта на светото крштение преминуваат таму безболно.
И таму преку Светиот Дух Го познаваат Господа.

 

 Друго:

Старец Силуан - Тага по Бога

10.01 лето Господово 2013

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2038
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2058
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 506
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная