логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Духовни бисери од светите отци

ИСКУШЕНИЈА И ЗАБЛУДИ

Bogorodica.f.Matka1.jpg

Заблуда и илузија

✣✤✣

Причина за илузијата е самоувереноста
(св. Јован Лествичник)

Сите луѓе се наоѓаат во извесна состојба на илузија, која произлегува од нивната самоувереност. Ние сме многу наклонети кон тоа, зашто секоја самоизмама му ласка на нашето самољубие, на честољубието и гордоста.

Искушувачот се потпира на оваа состојба на самоизмама, сака да нѐ залаже, ги бранува нашите страсти, го распалува славољубието и алчноста и се обидува да нѐ натера на задоволување на сето тоа.

Илузијата дејствува директно на нашиот разум; без противење прифатена таа го искривува текот на мислите и движењата на срцето, го зема целиот човек под свое и се распространува на целата наша дејност.

Илузијата му се заканува на секој кој се труди да се здобие со доблести,images.jpg особено кога се работи за најголемата меѓу нив – молитвата. Демонот овде применува секаква итрина за да ги фати ревнителите во својата мрежа. Најчесто на илузијата ѝ паѓаат во плен оние молители, кои во самоуверение копнеат бргу да постигнат повеќе степени на молитва. Наместо да стојат во смирение пред Бога и да се трудат во извршувањето на Неговите заповеди, тие со употреба на надворешни техники на молитва тежнеат кон духовни доживувања. Меѓутоа, единствено будното внимание, срдечното покајание и смирение ја сочинуваат основната цел на молитвата.

Што ја загрозува молитвата?

Плаши се најмногу од високо мислење за себеси
(свети Теофан Затвореник)

Застранувањата кај Исусовата молитва зависат од тоа, каде се наоѓа вниманието. Кој стои пред Бога само во главата, не може да се собере, тој постојано ќе се бори против налетот на мисли и страсни движења. Кој пак, во срцето стои пред Него, се наоѓа надвор од опасност; но уште посигурно е кој со длабоко покајание во срцето тежнее кон Бога и се моли за заштита од илузии.

Ти стоиш во молитва пред Бога – срцегледачот. Никогаш не си дозволувај да Го искушуваш и лекомислено, без стравопочит, со сомнеж или со неверничка љубопитност да ја извршуваш Исусовата молитва. Моли се со внимание, со стравопочит и внатрешен напор, како изгубен кој во животна опасност моли за спасение – што само Бог може да го дарува.

Никогаш не се потпирај само на надворешните правила или на техниката на молитвата. Кој се задоволува со тоа „точно да исполни“, лесно потпаѓа под самозадоволство и се гордее – слично на фарисејот – пред себе и пред другите. Но, со тоа неговата молитва губи секаква вредност пред Бога.

images__2_.jpgВнимавај: правилата и техниката на извршување на молитвата се само нужни скелиња, додека зградата се подига помеѓу нив во срцето. Затоа насочи го вниманието кон своето срце (св.Теофан Затвореник). Извршувај ја Исусовата молитва во мир и смирение. Грижливо стражари над тоа и никогаш не ревнувај жестоко и неумерено при извршувањето на срдечната молитва. Невозможно и опасно е доколку сакаме духовната молитва да ја изнудиме преку пренапрегање на телесно-душевните сили.

Бог неа ја подарува во свое време – и тоа не на гордиот телесно-душевен ревнител, туку на духовното чувствување на најдлабоко смирение и срдечно покајание, а при умерена, постојана и внимателна молитва (старец Агапие Валаамски). Ако Исусовата молитва се извршува во смирение, тогаш таа се вселува во нас; но штом умот западне во самоувереност, тој ја остава молитвата или запаѓа во илузија. Искусните молитвеници посебно внимание обраќаат на опасните последици: зошто прерано бараш повисоки состојби на молитва? Зошто ревнуваш преку надворешниот механизам на дишење за да го добиеш дејството на благодатта? Со тоа само ја откриваш својата гордост, која те лишува од сите вистински плодови на молитвата (св.Игнатиј Брјанчанинов). Малку ни користат духовните уживања без болка и страдање. Извршувај ја својата молитва и пред сѐ внимавај на твоите грешки и слабости, кои се многубројни како песокот во морето и страдај заради нив. Само според мерката на твоето смирение се ближи милоста Божја (старец Макариј Оптински).

Од ова јасно следува дека многу опасен потфат е предвременото барање на стекнување на Божјата благодат; тоа се противи на редот на самата молитва. Исто така надуено и бесмислено е за почетник да користи помошни средства кои искусните ги предвидуваат за поодминатите на патот на умносрдечната молитва.

Внимавај на молитвениот ред и напредувај од степен во степен. Така сам ќе ги победиш своите страсти, ќе го ограничиш влијанието на искушението и ќе достигнеш, со помош на Божјата благодат, од состојба на самоизмама и неслобода, во вистина и слобода.

За заслепувањето (илузија) на умот

Илузијата е оштетување на човекот преку лажење
(свети Игнатиј Брјанчанинов)

Сите видови на заслепување – прелест произлегуваат од погрешно користен ум. Нивен предуслов е гордоста. Човечката гордост како самопрелест му нуди на демонот удобно живеалиште, тој само го додава своето илузионерство. Самозалажувањето му се заканува на секој горделивец, кој самоуверено тежнее кон натсетилното, трансцеденталното доживување.

Во молитвата човекот треба внимателно и трезвено да стражари над својот душевен живот, својата свест и слобода да ја подари на Бога, и пред Него да стои со покајание во срцето. Треба да се остават сите волни фантазии и сништа и строго да се одбиваат сите неволни помисли и виденија, кои се подигаат во свеста. Зашто помислите и фантазиите ја вознемируваат душата, ги разгоруваат страстите и ја валкаат молитвата. Виденијата го заведуваат незрелиот кон заблуда и илузија: пред своето обновување преку Светиот Дух, човекот е нечист; во таква состојба тој е немоќен да општи со чистите, светли духови (ангелите). Тој уште се наоѓа како заробеник во областа на темните духови (ѓаволите); и може, доколку дојде до видение, само нив да ги гледа. Ако тие забележат дека тој има високо мислење за себе, тогаш му се прикажуваат во форма на свети ангели, дури и како Господ и му ја заслепуваат душата (свети Игнатиј Брјанчанинов). Затоа духовниот закон бара, пред очистувањето на душата да се избегнува сѐ што е надсетилно, трансцендентно, зашто тоа неопходно води во областа на паднатите духови и во заслепеност.

Гордиот човек не обрнува внимание на овој закон и ги прифаќа лажливите фантазии и ласкавите виденија како вистина. Од недостаток на стравопочит и од самоувереност, тој се смета себеси, иако неподготвен, како повикан за повисоки степени на молитва, ревнува во надворешниот  механизам на молитвата и со умот навалува во внатрешноста на срцето – иако неговиот ум е извалкан со страсти. Неспособен духовно да забележува, овој нечист ум како замена за вистинското видение незабележително испредува самодопадливи привиденија, се залажува самиот и паѓа под влијание на лагите и на демоните.

Најчестата и најопасна изопаченост на таквата молитва почива во тоа, за11.jpg време на молитвата да се создадат било какви слики од Светото Писмо, кои ѝ ласкаат на сопствената самодопадливост, на суетата, на божемниот памет или на гордоста. Оној кој таквите заводливи привиденија ги обликува со помош на фантазијата и ги прифаќа, тој ги смета неопходни за дејствување на Божјата благодат. Тој е надвор од себе, неговата претстава плотски се вжарува. Тој се залажува со видението кое произлегува од неговата неисчистена природа и не претставува никаква реалност. Демонот го користи ова самозалажување и го засилува – преку ласкави мисли и привиденија – во ѓаволска илузија.

Безумната гордост се покажува на дело. Човекот непоколебливо е убеден во вистинитоста на своите мисли и привиденија, полн со самодопадливост и слепа самодоверба. Тој се смета себеси за благодатен, за избран, ревнува преку секоја мерка, не сака да се поучува, сака секого да учи – и со тоа, без страв, паѓа во секаков порок.

Покрај лажното задоволство, кое го нуди ѓаволската заслепеност, доаѓаат и часови на будење. Горчината и очајот на овие часови се страшни. Тие со време се зголемуваат и често доведуваат до лудило или се завршуваат со самоубиство (свети Игнатиј Брјанчанинов).

За да се избегнат заслепеноста и прелеста, одбивај го секое вообразување, слика и привидение, зашто сништата, фантазиите и силните душевни возбудувања ја притеснуваат молитвата и ја збунуваат душата. Само оние кои со помош на Светиот Дух ќе се здобијат со совршенство на умот, можат да ги совладаат (свети Нил Сорски).

Заблуда на душата

Кој вообрази дека е благодатен – никогаш нема да се здобие со благодат
(свети Игнатиј Брјанчанинов)

Нездравиот душевен живот води кон самоумие или кон самозаблуда. Гордото76414101_3346337_57861724_000.jpg срце се исполнува со луда алчност за уживање во светите, божествени, духовни чувства, за кои тоа е сосема неспособно. Наместо да тежнее преку молитвата во макотрпно самопознание, единственото што ни е потребно, нечистото срце ревнува да се наужива во божественото блаженство. Во тежнеењето да произведе чувства на „нов човек“, за кои тоа, поради својата страсност, потполно е неспособно, срцето ги заменува со изнаоѓање на лажни чувства, со кои се придружува на влијанието на демонот. Таквиот човек има високо мислење за себе, смета дека им многу доблести и дека поседува дарови на Светиот Дух. Како жртва на илузијата, тој е преблажен, опиен со својата состојба, постојано измислува побожни духовни состојби и плива во нив. Тоа доаѓа од обединувањето на алчноста и саможивоста, кои ја возбудуваат крвта, создавајќи лажна благодатна состојба и произведувајќи сатанска надменост. Иако ваквите најчесто се подложени на гнев и на сетивност, тие поради својата гордост, со напор ги избегнуваат грубите гревови и себеси се сметаат за високоморални.

Но, кој замислува дека е бестрасен, никогаш нема да се исчисти од страстите; кој вообразува дека поседува благодат, никогаш нема да се здобие со неа. Накусо, кој себеси си припишува духовни дарови, со тоа си ласка на себе и ужива во таа самовообразеност, тој си го затвора пристапот на Светиот Дух. Тој ја уништува во себе секоја способност да живее во Духот, бидејќи ја принел вистината на жртва на заблудата.

Овој вид на илузија се задоволува со пронаоѓање на побожни благодатни чувства, како замена за вистинските. Од тоа произлегуваат погрешни претстави за сите духовни дејности, лажни поими за сѐ внатрешно, како и надворешно.
На прелестениот Господ му вели: „...велиш: Богат сум, и се збогатив, и ништо не ми треба, а не знаеш дека си беден и проколнат, сиромав, слеп и гол“ (Откр. 3, 17).

Знаци на прелест

Облагодатеноста – дарува смирение.
Прелеста ги храни самодопаѓањето и гордоста
(свети Јован Кронштатски)

Дејствувањето на благодатта лесно се разликува од прелеста – илузијата.br7_prelest_prelastyavane.jpg Прелеста – илузијата никогаш не се приближува како слободна сила, туку само како заводничка која бара согласност од човекот, и дури преку неа, таа ја добива својата моќ над него. Тој секогаш може да ја одбие. Срцето неа секогаш ја среќава со сомнеж; Дури кога некој сосема ќе ѝ падне во ропство, тогаш не се сомнева повеќе во неа. Прелеста никогаш не ја намалува зовриеноста на крвта, никогаш не води кон самопознание и покајание на срцето. Сосема спротивно, таа буди сонување, ја возбудува крвта, нуди одвратни уживања, ласка, се дуе во самоувереност, го поставува сопственото јас како идол на душата (свети Игнатиј Брјанчанинов).

Благодатните мисли, движењата или видувањата на душата, како и топлината, светлината, ангелот – јасно се разликуваат од оние прелесните. Благодатните душевни движења – секогаш исполнуваат со длабоко смирение, макотрпно самопознание и со сиромаштија на духот. Благодатните видувања се откриваат во тивка светлина и ѝ подаруваат на душата длабок мир. Движењата на прелеста – спротивно, го зголемуваат високоумието. Привиденијата се појавуваат во „розово светло“, предизвикуваат љубопитност, распалуваат и создаваат немир и пречки. Често, внатрешната топлина што ја следи молитвата, станува повод за прелест. Постои една природна топлина како последица на внатрешната собраност во срцето; потоа дури доаѓа благодатната топлина која исполнува со блаженство и со внатрешно добро чувство. Исто така, постои и едно телесно загревање, настанато преку неумерена ревност во молитвата. Прелеста почива во тоа, кога некој ова загревање, таа природна топлина ја прифати како онаа духовна, благодатна топлина, и така се подложи за високо мислење за себе – како веќе сѐ да е постигнато и да стои на врвот од совршенството. Телесното загревање се разликува од духовната топлина преку своите плодови. Плодови на телесното загревање се вообразбата, неумерена самодоверба, превозвишување или гордост. Плодови, пак, на духовна топлина кон Бога се – срдечно покајание, смирение и макотрпно самопознание (свети Игнатиј Брјанчанинов). Кој ја бара топлината само заради нејзиното блаженство, развива духовна сладостраст. Оние кои трезвено се молат, тежнеат таа сладост бргу да ја преминат и единствено во срдечно покајание пред Бога да живеат. Лажните мистици, напротив, го врзуваат целото свое внимание за ваквата топлина, почиваат во неа како во некој топол превез, го одржуваат нејзиното блаженство и се потопуваат во тоа како во празнина. Не дозволувај да бидеш излажан преку внатрешната сладост. Без крстот таа е колеблива и опасна.

Како што гордоста е причина за прелест, самоизмама, така смирението, како спротивна доблест, претставува една сигурна заштита од тоа. Смирението е уништување на сите страсти (преподобен Јован Лествичник). Каде што страстите се победени, нема прелест. Зашто таа доаѓа од страсно вообразување. Пред смирениот ѓаволот бега, зашто не може да го поднесе смирението на срдечното покајание (преподобен Григориј Синаит).

Ако Го повикуваме Бога, ние нема од што да се плашиме, ниту да се сомневаме. Кој стои пред Бога во смирение и послушност и само Него Го бара, а ги избегнува самодопаѓањето и превознесувањето, на него не може да му наштети ниту цела војска ѓаволи. Самоуверените и самоволните кои ѕидаат само на себе, нужно паѓаат во секоја прелестна заслепеност и самоизмама.

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная