логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Извадоци од „Слово за празниците“

„Огледало“ од Кирил Пејчиновиќ

Ако мије не исполниме закон Христов, не смо ни христијани. Пошто не смо христијани, а заошто сме? Пошто не сме Христосови људи, при Христа во рај не можемо да идемо. Пошто не ќе идемо у царство небесное, а зашто се мучимо на овој век, зашто постимо, зашто се крштеамо, зашто се закопуемо, зашто за душа давамо, зашто од други вери мучени биднуемо, зашто од калдрма долу слезуемо, зашто зелено не носимо, зашто од Турци помало зборимо, зашто, каде нè јахат и газат, трпимо, зашто? Не ли за Христа?Пошто за Христа трпимо, баре да го слушаме што ни вели. Он не ни вели нешто тешко, токо лесно. Он ни вели да лубимо еден другого, да се проштааме, да се жалиме, да седимо мудро, да не збесуемо како малии деца, да не се опијаме, да не блудуаме, да не пиемо вино без мера, да не скакамо хоро како безумни што скакат.А мије и празникот што го служиме една у годината, и него непристојно го служиме, а не побожно. Баш на денот вардимо да се опиемо, да скакамо, да збесуамо. Сва ноќ седите, пеете и збесуете, не го молите светецот, токо го наљутуете, и тој не ве измолует пред Бога и не ви поможует, и нафиле си арчите арчот.Ако сакаш да ти се фати што го служиш, што го молиш, слушај да ти кажем како да чиниш. Спроти ден отиди у црква, узми свеќа, темјан и масло за кандилата, запали и помоли му се Богу со молитвата от светецот што го служиш, со негоата молитва да ти прости. Ама ти да простиш свакому кои што ти досади, иди прости се со него, зере и Бог не ти проштаа; ако служиш светца, - и светецот нема што да чинит от када имаш лошо срдце. И опрости се и помоли се за себе и за него, пак дојди дома, помисли имаш ли некој преател или непреател, има ли некои хапс, има ли неко болен, има ли некои гол, има ли некои гладен, и иди види га, отнеси му или заире, или дрва, или штогод, и речи му: „На ти брате за утрешен, или денешен, за негоо имја“. И вечерта седни вечерај мирно, не пој песни раскошни, не седи до полноќ, легни порано стани порано, узми просфора и свеќа, иди у црква на славословие и на божественаја служба, сиреч на литурѓија, и дури седиш у црква не мисли за на дрва, за дома или за трговина, баш и некоја наволја ако имаш, пак да не мислиш и за њу, токо оставија на Господа, и Господ похубаво ќе ти ја расправи от тебе, ти ништо не можеш без Бога.Пак у јутру ашче излезеш от црква, сиромаси просјаци што са пред црковна врата дади им по нешто мало на свакого милостиња, ќи Бог и тебе да те помилува, зашто така вели Христос:„Кој дава ним, мене дава, и ја ќе му вратим отвише и на овој свет и на второ пришествие мое во царство небесное.“

❋ ✤ ❋

А вије се надеате на курбани што колете на Атанасов ден, со тоа да угодите Богу. А не знаете еле тија курбани идолска жертва, еврејска жертва, а не христијанска. Тој христијанин што коле курбан не ест христијанин, токо ест евреин или идолопоклонник, и тој свешеник што поет на глава на овенот со свеќа запаљена лаже за добитка, за пара, за месо, а у закон христијанскиј немат писно поп да чати на овен а христијани да колет курбан.

❋ ✤ ❋


Затоа сакат и требет у празник, зашто се велит да си празен от работа, пак да се соберет у црква и поп да ви кажует што видел у писание и вије да слушате. Зашто велит Бог: „Приидите, чеда, послушајте мене,“ и паки на Богојавление у тропарите Дух Свјатиј велит: „Глас господен на водах вопиет глагоља: приидите, приимите вси духа премудрости, духа разума, духа страха божија.“ Викат Дух Свјатиј за наше добро, а вије ѓоа сте дошле у црква, ама со све срдце не стоиш ли во неа, токо срама ради си дошол колку за закон, да не речат: онсица го немат у црква, и ти си дошол, и мислиш от црква излагаиќи кого да избањаш у вода, да досадиш на празникот, а да не угодиш; и пак велиш: пречинихме Водици, учинихме закон, и за многу години да бидет.Поклади идет, се чудиш колку манџи да напраиш. Пак се берете по две куќи по три на едно да покладите, да разлагуете, да поете песни соблазнителни, да јадете до ден, да се опиете и скверна безделија да чините за три дни. Немојте христијани, не губете си душите, не празнујте погански. Сам поклади си со својата челад, штогодер јади, помало пии, поскоро стани, метание чини, зашто утре велик пост. Зашто го велат велик, голем? Зашто голем колку божиќниј пост и он. Зашто го велат великиј пост? Зашто голем захмет требе да тегнеме во него, многу метание, многу богомолство, непиење, нејадење, нелутење се, некарање се, со жена си у постела неспиење, крштење, сриг и сваќи и гозби нечинење, непцуење се, неврежуење се, опростуење се, сиромаа пригледуење, утро вечер, на полдне, три пути денес када се крстиш, метание да чиниш. Бога да молиш да ти прости што си чинил сва година. И зашто го викаат великиј пост? Зашто ест десеток он. Демек, на годината имат 366 дни, от десет еден да дадеме Богу, другите нам 9 дена. Што си грешуал срдце, да ти простит и да те помилуват во тија дни. Десетоците собрани на куп во великиј пост, от субота и недела башка, чинат 36 и пол со велика субота и со ноќта спроти велик ден. До полноќ све се постит, никоа суббота не се постит, салт велика суббота се постит и спроти неделата до полноќ. Така се плаќа десеток Богу, така се измолует Бога.

❋ ✤ ❋

A вије, како виѓам, едни људи, во сирна недеља ѓоа идет на прочка да се простит, a не се проштеват со гаразлиете, со пизматарите, токо пак со пријателите. И кому што му мисли пак му мислит и велит:

„ Учинихме закон и прочка". A прочка не бива така, токо ка што пишет cтихирата на поклади вечер нa cтиховне, прва стихира глас 4: „Boзсија благодат твоја, Господи, возсија просвештение душ наших. Cе времја благопријатно, се времја покајанија. Oтвержем дела темнаја и облечемсја во oружие cвета да достојно достигнем и празнуем воскресение Xpиста Cпаса нашего, подејуштаго нам велију милост“. Оваја стихира велит да врлимо и да исфрлимо темните работи, сиреч црните грехови, да се облечеме во всео-ружие света, сиреч во добри pаботи, во харно чинење. Това eст opyжие xристианину, при това оружие дјавол He може да приидет, ако приидет ќе cе набодет и ќе плачет во веки.

❋ ✤ ❋

Ете тако се празнует великиј ден, кој ест христијанин и кој ест радлив за своја душа. А како гледам во едни села, да чува Господ, дип грубо. Ни христијани можем да ги наречем ни пак неверници. Велики петок и велика суббота јадат и пијат, у великиј пост хора играат, со жена у постеља спијат, на забита се клеветат, давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден велик ден причешна чекаат. А, попот узел, осум села попуат, каде понапред да стасат, трчат от село на село, со меинзил носит свјатиј тајн. А едни сиромаси христијани, дури ги жалим, зашто до само полдне чекаат попа, на сам царскиј велики ден гладнии стоат и чекаат попа да му донесат причесна и викаат: „Се забави попот, тоа му било, она му било!“ Дргии пак велит: „Хајде да му се натепамо, ќи уште еднаш да не забават!“ А еднии чорбаџие што сет, мало позенгини, како кметинке, пак тије велат: „Не така. Да го тепамо ќе не глобит забитот. Токо мије, ка што сме се собрале в куп, да идемо да однесемо овен на агата или на пашата, да му аливерисамо ќутек, ем да го напудимо, да земемо друготого попа, ако е подалеко со куќата.“ Пак другиј кмет велит за друготого попа: „Каков глобар ест и тој поп многу земат, махни го тамо. Овој поп се забават ама баре помало земат, ем вересие пеет, чекат за паре со години, а другиот поп со Турци си земат хакот, ако му не платиш.“


❋ ✤ ❋

Вије сиромаси, честите човека више од Бога и затова не чува Бог, и град биет и друго нешто. А богатите честат цревото свое, а не Бога, велат: „Овоа похубаво нека стоит да го јадеме не тој ден, на оној, кога ќе имамо гости.“ Да, затоа христијани паѓат град, зашто сте едни человекоугодници, а не богоугодници, а не познаете свој грех, свој кабает, свое безумие, токо велите: „Не држиме четврци затова паѓат град“, попотого го карате зашто работит во четврток, што не сте достојни да го учите а дила да го карате. Затова паѓат град и заради други поганштие што се чинат: или скришом се фрлило копиле, или скришом се отепал некои некого, ем не знает кои, или се клеветите меѓу себе, или гараз држите, не се проштавате, или причесна не исповедани земате, или у црква унутра мирски песни пеете, или сиромаху, или сакатому, пелтеку, шушкавому, муткавому, гушавому, халосаному, хулавому, будалому, грешному се смеете, шегате го, пудите го, задирате го, со него егленче чините, и за други грехови таквија, затова идет гнев Божји на сини непокоривија.

❋ ✤ ❋


 title_dr2.gif„Слово за празниците“ е оригинален текст на Кирил Пејчиновиќ напишан на народен јазик, тетовски говор.

Темата е празнувањето на христијанските празници, а идејата - како да се поправат грешките при празнувањето.

За разлика од традиционалните црковни проповеди каде примерите се земени од светите книги, Пејчиновиќ примерите ги земал од секојдневниот живот на селаните. Освен тоа, во текстот има и дијалози во кои зборуваат селаните што за првпат се сретнува во нашата литература и тоа во книга наменета за црковна богослужба. Затоа овој текст дава слика за положбата и начинот на живот на нашиот народ во почетокот на XIX век.

На почетокот од текстот авторот ги потсетува луѓето на нивните христијански должности и дава совети како да се празнуваат празниците: Водици, Прочка и Велигден. Всушност тој ги истакнува негативните појави: суеверието (носењето на амајлии) и курбанот (принесување на жртви), кои се спротивни на христијанските обичаи.

Понатаму, го критикува непочитувањето на постот, прекумерното пијанчење, невоздржаноста и примитивноста на селаните. Но, не се задржува само на нив, туку ја критикува и примитивноста и неукоста на поповите кои наместо да бидат духовни водачи на народот, тие станале негови ограбувачи.

Целта на Пејчиновиќ не била да им се потсмева, туку да ги насочи на вистинскиот пат и селаните и поповите: „...да живуемо како браќа, еден за другаго да се молимо, еден другаго да жалимо, еден другому да помажемо, еден другому тежина да носимо...“


❋ ✤ ❋

Кирил Пејчиновиќ - Тетоец

220px_Kirilpeichinovich.jpg

 

 


Теарце му негово рождение,

Пречиста и Хиландар посрижение,

Лешок му е негоо воспитание,

Под плочава негоо почивание —

От негово свое отшествие

До Христово второ пришествие.

Молит вас, браќа негои љубимија,

Хотјашчија прочитати сија.

Да речете: Бог да би го простил,

Заре у гроб црвите ги гостил

Кирил.

Овде лежи

Кирилово

тело,

У манастир

и у Лешок

село -

Да Бог за

доброе

дело.


Кирил Пејчиновиќ

(1771-1845)

 


Биографски податоци за Пејчиновиќ дознаваме од „Епитафот“ кој го составил за својот надгробен споменик 10 години пред смртта (1835 г.).

 


Kiril.Pejcinovic.jpgРоден е во село Теарце, Тетовско, а учел црковно училиште во манастирот Св. Пречиста Кичевска и Хиландар на Света Гора. Целото семејство било верски настроено, па татко му и чичко му го продале имотот во Теарце и заедно со Кирил отишле во Хиландар каде се закалуѓериле. Тие останале таму, а Кирил се вратил и работел во Марковиот манастир, близу Скопје. Тука го обновил оштетениот манастир и собирал стари текстови со што ја збогатил манастирската библиотека. Во Марковиот манастир Пејчиновиќ живеел дваесетина години. Отворил манастирско училиште и се истакнал како активен проповедник и просветител на населението. Тука ја напишал својата прва книга „Огледало“, печатена во Будим 1816 година.

1818 година дошол во родниот крај, во селото Лешок и го обновил манастирот Св. Атанасија. Во манастирските конаци отворил училиште, каде поучувал и млади и стари. И тука ја збогатил и уредил библиотеката. Во слободните часови пишувал. Освен „Огледало“, тој ги напишал и делата: „Утешение грешним“, „Житие кнеза Лазара“, како и „Епитафот“ кој е врежан на неговата надгробна плоча. Починал 1845 година и е погребан во дворот на Лешочкиот манастир (Св. Атанасија).

„Огледало“ е требник, прирачна книга за свештениците која ја користеле при вршењето на црковните обреди. Содржи неколку молитви и прозни текстови за различни обреди и една голома проповед - „Слово за празниците“. Молитвите и црковните текстови се напишани на црковнословенски јазик, а „Словото“ на народен јазик - тетовски говор.

„Утешение грешним“ - содржински е продолжение на „Огледало“. Немал средства да ја отпечати, но на крај своите заштедени пари ги дал за обнова на печатницата на Теодосиј Синаитски во Солун, каде 1840 година е отпечатена книгата , а Синаитски напишал пригоден „Предговор“.

„Житие кнеза Лазара“ е книшка за животот на кнезот Лазар, кој го сметал за оснивач на Лешочкиот манастир.

„Епитаф“ - е последно негово дело, но и прв обид да се изрази во стихови. „Епитафот“ нема уметничка вредност, но тоа е првата песничка напишана на македонски народен јазик.

Извор: Бигорски манастир

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная