логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.truba

Ноќ повторно наидува
во утро рано на мои очи,
ученик наместо да се надѕидува
дозволил нешто да го кочи.

Прослава чесна Небесна
за учител се одвива
ликува Небеса, торжествува,
Црквата воскликнува.

А ученик немо поглед упатува
преку планини, горски езера
до место на прослава,
до цела вселена

Радувај се,
Атанасие свети
кој во свои прегратки нѐ прими !

Радувај се,
Бесмртно Име прослави
и за Него душа обручи !

Радувај се,
небесна вечна пофалбо
и земна конечна победо !

Радувај се,
Евангелска вистино
на Духот Свети саду осветен,
во служба Негова, височино
за Крштението учител благодатен !

Во прегратки твои примени
од временски мени заштитени,
нахранети со скромност, издржливост
напоени со нектар на благодарност.

Одгледани со солзи растворени,
испратени во борба отворена,
ти како штит се постави
помеѓу светот и душата положена.

Прости,
прости на оние
кои немаат свечена одора,
се исполнивме со самоволие
од кое срцата ни се затруја.

Затоа ничкум паѓајки
пред твоја врата коленичиме,
поглед не подигнуваме
а само глаголаме :

Радувај се,
прегратко која нѐ удоми,
на немилост не нѐ остави !

Радувај се,
очи ни избистри
столбови ни постави
оградувајќи не со Христови вистини !

Радувај се,
во самоволие залутавме,
а ти родител заштитник
отфрлање не даде
прибра секој патник намерник !

Радувај се,
еве патека се отвора,
маглата се расчистува,
домот да си го видиме
корени диви повеќе да не јадеме.

Радувај се, Атанасие Велики
кој за нас спасоносна молитва сотвори !

 

Од поезијата Манастирски води на сестринството
на Слепченско-πретеченскиот манастир

 

 

3.angeli.so.truba

 24ти април 2020 лето Господово

 https://www.manastirslepche.mk/novost/zivotonosen-istocnik/

 Hristos.sv.Nikola4.jpg

3.angeli.so.truba

Што да објавам на светот за тебе,
дали сум дел од твоето лозје,
дали ќе дозволиш калемов
да се пренесе жив на првиот чокот ?

Еднаш порти ми отвори
во твој предел монах молитва сотвори,
зад мене одамна се затвори

TVITer

7.Vselenski.sobor

СРЕШТА

 

Друго:

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2497
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1674
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2159
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…