Небесна радост
Стариот храм се осветлува;
Од трпезата чесна
тивка светлина доаѓа,
а на неа, Божествениот Агнец
како Јагне Непорочно
се жртвува повторно и повторно.
Престолите го носат
Триединиот Бог,
а Херувимите кадат
неопислив мирис.
Светиот Климент принесува,
рамо до рамо со Наума,
Савва, Горазда и Ангеларија;
Беседи Кирил,
Методиј поучува;
Ангелите пејат со корифејот,
Кукузел, Јован Слаткогласниот.
Апостолите седат пред Божјиот престол
и молат за милост на грешниот народ.
Богомајката – Царица,
украсена, оддесно седи
и умилно се моли:
»Помилуј го, Христе, православниот род!«
Мачениците Божји
крај жртвеникот стојат,
Блажената Злата
со мироносиците свети,
Анастасиј и Ѓорѓи
и Димитриј Солунски,
непобедените херои
со архангелските војски,
Спроти престолот Божји,
Јустинијан и Теодора,
благочестивите господари
на земното царство.
До пустинските отци,
Антониј, Пахомиј и Макариј,
стојат Гавриил, Јован,
Прохор и Јоаким,
Агатангел и Нектариј
и Никодим со
Тивериополските јерарси;
Сите овие се молат на Бога,
да го помилува македонскиот народ