БEСEДА за дoпирoт на Тoма (26.04.2020)
Нeкoи Гo видoа и рeкoа: “Гoспoд мoј и Бoг мoј!” Нeкoи самo Гo слушнаа и рeкoа:“Гoспoд мoј и Бoг мoј!” Нeкoи Гo дoпрeа и рeкoа: “Гoспoд мoј и Бoг мoј!” Нeкoи гo забeлeжаа вo ткивoтo на случувањата и вo судбината на нарoдoт и рeкoа: “Гoспoд мoј и Бoг мoј!” Нeкoи гo
oсeтија Нeгoвoтo присуствo вo свoјoт живoт и извикаа: “Гoспoд мoј и Бoг мoј!”


Многубројните деструктивни поделби меѓу православните, во рамките на една и иста Православна Црква, се индикатор на различни психопатолошки состојби. Поделбите се, самите по себе, дијагноза. Исто така, и социјалните мрежи се идеална платформа за експлицитно
Ако е разврската лесно предвидлива, тогаш зошто така лесно се прифаќаат и се преценуваат повеќето од овие несуштински поделби, што е во корист само на ѓаволот, и зошто се заборава дека тие што ги потхрануваат (на штета на единството на Црквата) се профилираат во негови слуги?
Што беше, беше, и што се кажа се кажа, или се направи, сега останува смирено и со трпение да земеме учество во крстот Христов Кој претрпи за нас страдања и крсна смрт, за да земеме учество во радоста на Неговото Воскресение што ни отвори пат и за наше воскресение. Ако не покажеме смиреност и трпение, и воскресенска радост ништо од нашиот подвиг. Да не заборавиме дека христијаните ја преобразија Римската империја не со сила и бунт,
Избирајќи Го и посветувајќи Му се со љубов на Господ Христос, ние влегуваме во судир меѓу безверието и верата, меѓу стравот и храброста, меѓу схоластицизмот и духовноста, меѓу учењето за создадените и несоздадените Божествени енергии, меѓу рационализмот и опитот, меѓу Варлаам и Григориј Палама, меѓу царството земно и Царството Небесно, меѓу предавството и лојалноста.
3. И му рече Господ на Јакова: „Врати се во земјата на таткото свој и во родот свој; и Јас ќе бидам со тебе!”
Не можат меѓу себе да се разберат оној што, бранејќи го својот национален идентитет – ги губи и истиот и својот христијански идентитет, со оној што бранејќи го својот христијански идентитет – го зајакнува својот национален идентитет.
Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така некаде е напишано, или пропишано; дека ова е забрането, а она дозволено; дека едно смее, а друго несмее; или дека ова е според едно правило, а она според друго, - туку едноставно заради нашата љубов кон Бога.
Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас, со љубов го промислува процесот на нашето очистување. Затоа, главниот фокус не треба да ни биде на страдањето како такво, туку на нашиот личносен однос со Богочовекот Христос.
Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo e oд Oтeцoт.
На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи гревови и слично, а сложени теолошки теми се: ерес, раскол, екуменизам, свети канони, календар... Ве молам, деца, сфатете веќе еднаш: кога немате просветлен ум, секоја тема што е надвор од вас е веќе сложена тема, и ако се занимавате со неа, вие, очигледно, не
Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него сите народи, и ќе ги одвои едните од другите, како што пастирот ги одвојува овците од козите; и ќе ги постави овците од својата десна страна, а козите - од левата.
Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал душата на жeната и видeл дeка таа сè уштe мoжe да сe спаси и да сe исправи, ја навeл на пoкајаниe и ја oтпуштил заштo, иакo сo дeлo направила прeљуба, сeпак нeјзината душа нe била цeлата прeљубна. Прeљубниoт грeв фарисeитe сeпак нeпрeстајнo гo нoсeлe вo свoeтo срцe, нo тиe тoа вeштo гo криeлe и нe гo oсудувалe,
Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и на оние моменти на Крстот Господов. Во последните моменти, кога сите се разбегуваат и одрекуваат од Христа, под Крстот или, поточно, под Оној КОЈ Е на Крстот, остануваат Неговата Мајка и Неговиот возљубен апостол. Сите имаат причини, а Пресвета Богородица и свети Јован Богослов имаат љубов.
Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.
Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се пофалат дека тие секогаш биле примерни.Да си спомнеме и дека во Царството Небесно не е ограничен бројот на места и дека никој ничие место не зазема. Секој има свое (спечалено преку делата на покајание) и затоа не треба да се труди во својата злоба да затвора врата на оние кои сакаат да се вратат.
Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла, и дека без Бог вистински не ни постоиш и во духовна и во материјална смисла! Тоа може да се случи на два начина: или кога со неисполнување на Божјите заповеди, односно кога со неправилен духовен живот, човек сосема ќе се одголи од Божјата благодат; или кога со правилен духовен подвиг човек го достигнува обожението. Првото е да се види себеси расчовечен, а второто е да се види себеси (колку што може) во споредба со Божјото совршенство.























