Свештеник Јане Илиев: „Бог е љубов“
Таков е нашиот Бог, во Кого ние веруваме и Кој е љубов и правда! Пројавувањето на Неговата правда ние, исто така, го гледаме за време на Неговиот земен живот. Спасителот - постојано ги изобличувал книжниците, митарите и фарисеите за нивните беззаконија; со бич ги изгонил трговците од храмот, кои домот за молитва го претвориле во разбојничко гнездо.


Нeма никаква врeднoст за нас тoа какo ќe нè смeта или ќe нè нарeкува свeтoт. Важнo e, и пoвeќe oд важнo, какo ангeлитe на нeбeсата ќe нè смeтаат и нарeкуваат кoга пo смртта ќe сe срeтнeмe сo нив. Тoа e oд судбoнoсна важнoст и сeтo oстанатo e ништo. Или ниe смe бeзумни за свeтoт заради Христа или смe бeзумни за Христа заради свeтoт. Нo кoлку e краткoтраeн збoрoт свeтски!
Во нашиот подвижнички живот во Црквата ништо друго не правиме, освен тоа што градиме љубовен однос со Богочовекот Христос. Црквата е Богочовечка тајна во којашто ја живееме тајната на воплотувањето Христово – вистината дека Бог толку Го возљуби човекот што се поистовети со него, дојде во овој свет воплотувајќи се, стана човек.
Немањето соработка меѓу теоријата и праксата, е резултат на несоработката меѓу душата и телото, и во тој случај благодатта која и го чини и самото простување, и самото покајние, та и исполнувањето на сѐ во се, едноставно е попречена од немањето на таа наша слободна ...
Во самиот почеток од прочитаната свангелска приказна, нашиот Спасител Господ Исус ХРИСТОС ни покажува на кого ја наменил оваа парабола. Таа е упатена кон сите оние кои во себе се уверени дека се праведни, и се надеваат единствено на својата праведност, а сите останати луѓе ги понижуваат и презираат.
Свети Јован Крстител е и икона и почеток на тајната на новозаветното и есхатолошко свештенство, и почеток на крајот на старозаветното: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли доаѓаш?“ (Матеј 3, 14). Зборови што значат токму ова: „И удостој ме, преку мене – недостојниот и грешен Твој слуга, да Ти бидат принесени овие Дарови, [внимавајте!] зашто Ти си Тој Кој принесува и се принесува, Кој прима и Кој се раздава, Христе Боже наш...“
Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште не е. Со јазикот на православната теологија овие периоди уште се наречени: Сенка, Икона и Вистина.
И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина. Oд тoј брак сe рoдил Oвид, таткoтo на Јeсeј и дeдo му на царoт Давид. Рута сe пoнижила дури дo прoсјачка, а Бoг ја 





Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу јасна: обожението на човековата природа во Синот Божји – Богочовекот Исус Христос, е основа на обожението на секој човек кој тоа го сака, во Црквата како Тело Негово – со учество во нејзините свети Тајни и Добродетели.
И кога се исполни времето, Јован ги испраќа своите ученици при Христос, не дека не знае Кој точно Е Тој, туку од љубов кон Него и кон нив, сака и тие да Го запознаат Спасителот на светот; да се исполни истоштителната љубов: „Он треба да расте, а јас да се смалувам!“ (Јован 3, 30).
























