логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


sv.Fotij.Carigradski.jpg

За покајанието
и за тагувањето на царот Ахава за пророкот Јона

Дали ги видовте минатата недела војната и победата?
 Војната ѓаволска,  а победата Христова.
 Дали видовте како покајанието беше фалено и како ѓаволот не  можеше да ја поднесе раната, туку се престрави и преплаши.
А од што ли се исплаши ти сотоно кога покајанието се пофалува? За што плачеш и зошто трепериш?
Со причина, зборува тој,  плачам јас и тагувам, зашто истото тоа покајание ми ги оттргнува  најдобрите мои кораби.
А кои беа тие?
Блудницата, цариникот, разбојникот и хулителот.

И навистина,  покајанието му превзело многу кораби, па  и самата основа на неговата тврдина (акропола) му ги поткопал. Тој од покајанието се здоби со смртоносна рана, како што сите вие од искуство видовте.

Па зошто ние со таква беседа и понатаму не се користиме и не доаѓаме в црква секој ден за да го фалиме покајанието? 
Грешник ли си, дојди во црквата и кажи ги (исповедај ги) гревовите свои. Ако си праведен, дојди, за од правдата да не отпаднеш, зашто Црквата е пристаниште и на едното и на другото.
Ако си грешен,  не очајувај, туку дојди и покај се. Изговори пред Бога:  „ Ти согрешив“.
 Каков е тука трудот?  Какво ли далечно одење?  И каков ли замор?

Каква е тежината да се изговори еден збор : „згрешив“.
 Или се срамиш да признаеш дека си грешен,  зашто не можеш да го победиш ѓаволот клеветник? 
Но ти спречи го тоа и разоружи  го. Негова работа е да клевети. Тогаш зошто не го спречуваш? Зошто не го исповедаш гревот и не ги изравниш своите претстапи, зашто знаеш дека имаш таков клеветник, кој што не може да молчи?
Дали си согрешил?
 Дојди в црква, изговори пред Бога: „згрешив“. Ништо друго од тебе не барам, освен ова.  Зашто и самото Божествено Писмо говори:  „опомени ме да се судиме,  кажувај да се оправдаш“ (Ис. 43, 26).
Изговори го гревот за да се ослободиш од него. А за тоа не е потребен труд, зашто за тоа не се бараат окружни посланици, не се бараат ниту пари, ниту нешто слично на тоа. Кажи збор, признај дека си грешен и изговори:  „згрешив“.

Но, ќе рече некој, како да знам дека гревот ми е простен ако го исповедам?
Еве како. Ќе го наведам примерот од Светото Писмо каде што оној кој што се исповедал, разрешен  е  од гревот,  додека другиот, кој што го затаил гревот, остана осуден.
Обземен од завист Каин го уби  братот свој Авел. Откако го намамил во полето, таму и го уби. А што Бог рекол за тоа:
Го запрашал:  „каде ти е братот Авел?“ (1. Мој. 4,9).
Бидејќи се знае, не запрашал затоа што не знае, туку зашто сакал убиецот да го приведе кон покајание.
Објаснувањето за ова го наоѓаме значи во зборовите:  „каде ти е братот Авел?“ А тој (Каин) одговара: „не знам; зарем сум јас чувар на братот свој?“
Нека е тоа така и да не си негов чувар, но, зошто си убица? Не си го чувал,  но зошто го уби?  Зашто штом кривец во тоа се гледаш; добро ќе беше и да го чуваш.
А што пак Господ на овие негови зборови одговори?  „гласот на крвтта од братот твој вика од земјата кон мене“ (1. Мој.4,10).  Го укорил значи и веднаш го казнил, не толку за делото на убиство, колку за бесрамноста.
Зашто не го мрази Бог толку оној што греши, колку оној што е бесрамен. И така, Каин кој што подоцна се покаја, не прими, зашто не сакаше веднаш да го исповеда гревот.
(Каин рече:) „Казната моја  е толку голема  што не може да се носи“ (1 Мој. 4,13), а тоа значи:  јас многу согрешив и не сум достоен повеќе да живеам.
А што на тоа Бог Му одговори?
„Ти ќе бидеш изгнаник и скитник по земјата“ и му досуди лута и жестока казна. Нема да те убијам - му говореше Бог - за да не се предаде правдата на заборавот. Туку ќе те направам според законот јасен, за да може твоето страдање на другите како пример да им служи.  И одеше Каин како закон подвижен . Нем беше, но испушташе јасен глас од секоја труба, за никој да не го прави она што тој го направи и да не пострада така.
Ја прими значи казната за својата безмилосност, а затоа што не сакаше да си го признае гревот, бидејќи беше укорен, така и остана,  осуден. Зашто порано сам да го исповедаше својот грев, со тоа и ќе го поравнеше.

А за да разберете дека тоа навистина било така,  да погледаме како на друг му  се простени гревовите зашто биле веднаш исповедани.
Да пристапиме на пророкот и цар Давид кога со посебно задоволство го спомнувам заради неговите пророштва, а уште повеќе заради тоа   што неговото царство ја опфати само Палестина, а пророштвото продре до сите краеви на светот.
Неговото царство за кратко време  се разорило, а пророштвата на неговите бесмртни зборови и денес говорат. Подобро би било сонцето да се помрачи, отколку зборовите Давидови да се заборават!
Истиот овој Давид паднал во прељуба и убиство затоа што: „здогледа од кровот - така е напишано, жена како се мие, а жената беше многу убава на очи“ (2. Сам.11,2). Ја посакал и својата желба ја исполнил на дело.
Пророк , а во прељуба падна како бисер во блато. Но опиен од страста не ни помислувал дека согрешил и како што пијаниот кочијаш непромислено со колата кривули додека е во таква состојба, така се однесува душата спрема телото, зашто штом душата ќе се помрачи, веднаш и телото се валка во гревовната блато.
 И како што со кочиите се случува, та правилно возат додека кочијашот на нив крепко седи, а веднаш  криво оди, штом кочијашот  ќе попушти и не може возејќи да се држи, така и на човекот му се случува.  Зашто само додека е трезвена душата и бодра, возможна е телесна чистота, а штом таа ќе се помрачи, веднаш и телото тоне во калта на страстите.
И што се случи со Давид?
Паѓајќи во прељуба,  ниту чувствуваше дека во неа се наоѓа, ниту од било кого беше за тоа укоруван, иако во тоа време веќе беше стар.
Затоа, поучете се и вие од тоа дека  белите коси и староста баш ништо не ни помагаат ако не сме внимателни, како што ни младоста не е вредна ако не сме во опрез.
Зашто не доведува во нормална состојба, возраста, туку добродетелта се раѓа од благоразумието.
Така и Данило во дванаесетата година вршеше судска должност, а старците, по години најстарите, сонувале за прељуба.  И како што на овие , белите коси ништо не им помогнале, така и на оној (Данило), младоста не  му  носеше никаква штета.
И за да разберат дека делата на  чедноста не зависи од возраста туку од волјата која ги произнесува, погледај на Давид, кој што во староста западна во блуд, па и убиство стори, без да помисли дека е тоа  грев, зашто разумот по кој се водеше му беше помрачен со невоздржанието.
И што Бог направи?
 Му го исправи пророкот Натан. Пророкот дојде кај пророкот,  како што се случува често и кај лекарите. Зашто кога еден лекар ќе се разболи има потреба од другиот. Така и тука, пророкот согреши и пророкот го донесува лекот.
И кога пристигна Натан уште од прагот, не го укорувал, ниту говорел:  „Законопрестапниче и непослушнику, блудничару и убицо!   Толку само предности Бог ти даде меѓу смртниците, а ти така ги погази Неговите заповеди!“
Ништо Натан не изговори со што би го посрамотил, зашто тешките гревови на грешникот доведуваат до бесрамност.  Тој, доаѓајќи, се преправаше дека има некаков судски спор.

И што ли му рече?  Царе, дојдов кај тебе да пресудиш!
 „Беа двајца луѓе, едниот беше богат, а другиот сиромав. Богатиот имаше стада крави и овци, а сиромашниот имаше само една овчичка која што со него од еден сад пиеше и на иста трпеза се хранеше, додека на крилото негово спиеше.
(А со ова сакаше да ја претстави искрената наклоност меѓу мажот и жената). Па кога некој гостин ќе дојде, за да ја поштеди својата стока ја презема  од сиромавиот овцата   и дава да ја заколат.“ Забележуваш  ли како пророкот се преправа и под своите усни  крие осило?
А што царот одговори?
Мислејќи дека му суди на друг, изречува преостра пресуда. Зашто, луѓето обично, кога  се работи за туѓите престапи, без размислување донесуваат и најостри пресуди.
Што рекол?
„Жив е Бог.  Тој заслужи смрт и за една овца така ќе наплати.“
Натан повеќе не мораше да зборува со ублажување  туку веднаш започна да прекорува и многу длабоко да сече   за да не престане чувството на болка (заради неправдата). - Ти си царе, рече, тој кој што ова го направи.
 А тој рече: Согрешив кон Господа!
Не рече: Кој си ти што ме укоруваш? Кој те испрати за така смело да ми зборуваш и како смееш така да постапуваш со мене. Ништо слично не рече, но осознавајќи го својот грев изговори:  „Згрешив пред Господа“.
А што Натан на тоа му одговара?
„ И Господ ги симнува од тебе согрешенијата твои“. Ти сам си се осуди, а јас ти го проштевам гревот. Разумно си го призна гревот, затоа и од него си разрешен.
Сам себе си пресуда си изрече, а јас ја поништувам. 
Дали значи сфативте дека тоа што е напишано  „Спомни ме; ќе се судиме; говори, за да се оправдаш“ (Ис.43,26)
 се обистини и дека баш никаков труд не е потребен за веднаш да го исповедаме гревот?
Освен овој начин на покајание, има  и други со кои што може да се очисти гревот.
А кои се тие? 
 Плачот заради гревот. Си согрешил ли, проплачи и гревот твој ќе биде простен. Та каков е тоа труд?
 Ништо друго не  барам од тебе, туку да заплачеш затоа што си згрешил, не ти заповедам дека мориња мораш да препловиш и во пристаништа да влегуваш. Ниту да скиташ  и да преземаш далечен пат, не ти барам пари да арчиш, ниту низ бесните бранови да се пробиваш.
Туку што?
 Плачи над своите гревови.

Но, ќе каже некој: „Како може гревот да ми биде простен ако заплачам?“
И за тоа имаме погоден доказ во Светото Писмо.
Беше некој цар Ахав, кој што навистина беше правичен, но заради својата жена Езавела  лошо царувал. Еднаш тој го посака лозјето на Навутеј Израилецот и испрати ( слуга) кај него говорејќи му:  „ Дај ми го лозјето твое“  (Цар. 21, 3), кое го посакав  и прими од мене или пари,  или промена на место како одштета. Навутеј не  го прифати тоа и му одврати: „ Сочувај Боже ако ти го дадам наследството на татковците свои“ (1.Цар.21,3).
Ахав посакувал и понатаму да го има тоа лозје, но не сакаше  да примени насилство над Навитеј и после таа желба падна во болест.
 Но Езавела, жена бесрамна, погана, нечиста и презрена дојде кај Ахав и рече: „Зошто се жалиш и не јадеш?
Стани и јади, а јас ќе се погрижам токму ти наследник на она лозје да бидеш“:
И зеде хартија, напиша посланица во име на царот и го испрати на сите страешини за насекаде да се разгласи и против Навутеј сведоци да се пронајдат кои што  лажно би сведочеле, дека тој Навутеј, лошо за Бога и царот говорел и дека на обата хулел: -  О, каков е овој пост, исполнет со премрско безаконие! Таа постот го наложила за да се изврши убиство.
 И што се случило?
 Навутеј е убиен со камења, а Езавела, кога дознала за тоа, му рече на Ахав: „Навутеј  умре, стани сега да одиме лозјето да го наследиме“.
 Иако Ахав во еден миг се ожалостил со таа вест, тој сепак отиде да го превземе лозјето. А кога Бог тоа го виде, го испрати пророк Илија кај Ахав велејќи му:  „Кажи му на Ахав, како што он убиство изврши и лозјето го грабна; така и неговата крв ќе се пролие и псите ќе ја излижат и блудницата со неа ке се испере“.
Гневот Божји, значи, веќе е тука, одлуката е донесена и осудата е спремна.

Но да видиме каде Бог го испраќа пророкот?
Во лозјето.
Каде што е извршен престапот против законот, таму ќе се изврши и казната.
Што понатаму се проповеда?
Штом  го виде Ахав пророкот, веднаш проговори:   „Ме најде ли непријателу мој“ (Цар. 21,20) т.е. ме  најде како кривец, јас погрешив , па сега имаш прилика да ме напаѓаш.  „Ме најде ли непријателе мој“.
А тоа Ахав го говорел зашто увидел дека согрешил и дека Илија постојано го укорувал и Божја осуда му изнел со овие зборови: „Вака вели Господ: нели си убил и нели си присвоил?“ . Крвта на праведникот си ја пролил и твојата крв ќе се пролие“.

Ког ова Ахав го сослуша отпочна веднаш да се жали и плаче и призна дека неправда стори, а Бог, бидејќи најпрвин од Илија побара простување, прости. А од Илија бараше простување за да не му се причини Илија како лажен пророк и  тој да не пројде како (пророк) Јона. Зашто и на Јона нешто слично му се случи.

Пазите. На Јона, Бог му рече:  „Стани и оди во  Нинивија, град  во кој сме  дваесет илјади луѓе, освен жени и деца живеат и навести им: нема ни три дена да поминат, а Нинивеја ќе се разори“ (Јон. 1,1).

Но,  Јона на кого човекољубието Божјо му беше многу добро познато, не го послуша словото Божјо.
Што направи:  Побегна.
 „Јас ли да одам - тоа да проповедам; а ти по твоето човекољубие ќе се раскаеш, па како лажен пророк убиен ќе бидам“.
Но морето, по кое што тој прибегна и кое што веднаш го прими, не го сокрило, но го изнесе на копното и жив го предаде на Нинивија.
 „ А Јона стана за да избега во Тарсис од лицето Господово, слезе  во Јопа најде кораб што плови за Тарсис, па откако ја плати возарината, влезе во него за да избега со него во Тарсис, од лицето Господово“ (Јон. 1, 3 ).
Но, каде бегаш ти Јона?
Одиш ли навистина во туѓа земја?
 Но, „Господова е земјата и она што ја исполнува вселената и се што живее на неа“ (Пс. 23,1).
Или во морето се надеваш, а не сакаш да знеш  „зашто Он е основа врз морињата, и на реки ја утврди.“ (Пс. 23, 2).
Или ќе одиш на кај небото? А зарем не слушна ти што Давид рекол: „Кога ке ги погледам небесата,  дела на прстите Твои“ (Пс. 8,3).
Тој исплашено бегаше само во мислите, зашто не е возможно да се побегне од Бога. Па кога морето во Ниневија го изнесе, тој остана да проповеда говорејќи: „Уште три дена, па Ниневија ќе пропадне“.
И за да се уверите дека навистина побегнал само затоа што мислел дека Бог како милосрден ќе се предомисли да им „го издаде злото, кое рече дека ќе им ги стори.“ (Јон. 3, 10),  за потоа тој да  се покаже  како лажен пророк,  тој самиот со себе сето тоа го посведочил , зашто веднаш штом ги изрекол тие зборови во Ниневија, излегол надвор од градот  и таму исчекувал да види што ќе се случи со градот.
 Па кога поминаа три дена и заканата никако да се исполни , го потврди тој првобитното мислење зборувајќи:  „ ...оти знаев дека Ти си Бог добар и милосрден,   долготрпелив и многумилостив, па ќе се сожалиш за бедата. (Јон. 4,2).
Па за истото да не му се случи и на Илија, затоа Бог на Ахав му простува.
 А што Бог му кажал на Илија?
 „Виде ли како Ахав плачејќи и жалејќи се пред мене излезе? Нема, значи, според злобата негова да сториме.“
 О, види чудо!  Бог станува заштитник на робот и Бог за човекот пред човекот се оправдува.
„Не помислувај“, говори тој,  „дека туку  - така му простив, туку затоа што својата нарав ја поправи, јас расрденоста своја во милост ја променив. Па затоа, ниту тебе нема да те сметаат за лажен пророк, оти вистината си ја говорел.
Зашто својата нарав ако не ја сменеше на подобро, она што му било одредено секако би го претрпел.  Но бидејќи станал подобар: затоа и јас во својот гнев попуштив.
 „И дојде зборот Господов  врз Илија Тесвиќанин говорејќи: Виде ли како Ахав се понизи пред мене? Затоа што така се понижи пред мене, нема да го пуштам она зло за време на неговиот живот“.
Гледаш ли значи, како и плач над гревовите, гревови поравнува?
Но ние имаме трет пат на покајание. За многу патишта на покајанието зборуваме, за да знаеме дека низ разновидните патишта, полесно го остваруваме спасението.
Каков е , значи, тој трет пат?
Смирение. Смири се па ќе ги растргнеш оковите на гревот.  А и тоа ќе ви го покажам со пример од Светото Писмо.
 Во Писмото стои:
„Два човека влегоа во храм да се помолат: едниот фарисеј, а другиот митник. Кога застана фарисејот вака се молеше во себе:
Боже, ти благодарам што не сум како другите луѓе: разбојници, несправедливи, прељубодејци или како овој митник“ (Лук. 18, 10 - 11).
Злосреќен и лош човеку!
Кога веќе целата вселена ја осуди, зарем можеше и овој крај тебе да го растажиш. Зарем оптужбите кон целиот свет не ти беа доволни, туку мораше ли и цариникот да го споменеш.
Кога веќе цел свет го осуди, зошто не  поштеди барем еден човек?
„Не сум јас таков, како што е останатиот свет . Постам два пати во седмицата, давам десеток од се што придобивам!“
Горди зборови изговори лош човеку. Целата вселена ја осудуваш, а зошто и ближниот цариник го омаловажуваш?  Зарем не си можел да бидеш задоволен со обвинување на целиот свет, туку мораше да го осудиш и оној што со тебе се моли.
А што на ова цариникот одговори?
Кога ова до неговите уши допре не рече: Кој си ти за мене да зборуваш?
Како ти го познаваш мојот живот? Ти со мене нокогаш не си другарувал, ниту под еден кров сме живееле, а инаку никаде не сме биле заедно. Па зошто така се возгордеа?
Кој ќе ги посведочи твоите добродетели? Зошто самиот себе се фалиш; зошто толку многу себе си си ласкаш?“  Ништо слично на ова цариникот не рече, туку, наведнувајќи се рекол:
„Боже!  Милостив биди кон мене грешниот“. На овој начин се постанува смирен, на овој начин цариникот станува праведник, а не фарисејот. Зборовите извојуваа победа над делата. И првиот, кој ги набројал своите добродетели, го изгубил оправданието, а другиот го придобил со смирените зборови.
Мораме сепак да забележиме дека и цариниковото смирение, не беше вистинско смирение. Зашто смирение е кога некој кој инаку е голем, себе си се унизува, а признанието на цариникот не произлегуваше од смирение, туку , од искреност. Неговите зборови беа искрени, зашто тој не беше ништо друго, туку вистински грешник.
 А ние знаеме дека од цариник ништо  полошо и не може да биде, бидејќи тој од туѓа несреќа извлекува корист за себе и себе си си присвојува плодови со туѓ напор стекнати и на туѓата пот не се обзирнува, туку го зема делот од секој принос.
Заради тоа гревот на цариникот е скоро најголем. Што цариникот друго претставува ако не - јавно насилие, со закон дозволен престап и разубавен грабеж.
Може ли што полошо од него да се биде? Од него, кој седејќи по патиштата ги присвојува плодовите на туѓите напори и кога е време за работа, не работи, а за време на прикупувањето на плодовите, за што не се трудел, учествува.
Кога цариникот, како таков, толкав дар добил, бидејќи се покајал, колкав само дар ке добијат оние кои се полни со добродетели, а смирени?
Така, ако гревовите ги признаеме и стекнеме смирение, ќе бидеме оправдани.
 Ако сакате да разберете кој е навистина смирен, погледајте го Павле кој е узор за смирение. Погледајте го Павле, учителот на вселената,  духовниот проповедник,  кораб избран, тивко пристаниште и непоколеблив столб, кој со своето мало тело целиот свет го опфати и како со крила ги обиколи сите негови краишта.
Погледајте го него, и како мудрец и како прост, и како богат и како сиромашен. И јас токму него го нарекувам вистински смирен, него, кој толку многу се трудеше и однесе безбројни победи над демонот, а за себе проповедаше и говореше:
 „Со благодатта на Бога сум, тоа што сум и неговата благодат која е во мене, не остана празна, но повеќе се потрудив од сите нив“ (1. Кор. 15, 10). Тој што поднесе зандани, рани и  биење, со посланијата свои ја улови целата вселена, со небесниот глас повикан, а сепак се смирува говорејќи:
„Зашто јас сум најмалиот од апостолите и не сум достоен да се наречам апостол“ (1. Кор. 15,9).
Дали сте виделе повеличенствено смирение?
Дали видовте како Павле скрушено себе си се нарекува - најмал:  „Зашто јас сум - рече - најмалиот од апостолите и не сум достоен да се наречам апостол“.

Во тоа е , всушност, вистинското смирение, во се скрушено себе си да се сметаме за најмали. Замилете само кој беше тој, што вака говори.
Павле, небесниот жител, кој, иако во тело, столб е на Црквата, земен анѓел и небесен човек.
И јас, гледајќи на красотата на неговите добродетели, на неговиот пример ќе се задржам со особено задоволство, зашто ниту зраците на изгрејсонцето кои се растураат наоколу, не ги развеселуваат моите очи толку, колку што душата моја ја весели Павловиот зрак  со озарувањето свое. Сонцето само очите ги осветлува, а Павле ме поттикнува да полетам и на самите небесни висини, зашто душата ми ја вознесува, повисоко од сонцето и подалеку од месечината.

Таква е моќта на добродетелта! Таа човекот го прави ангел и душата му ја воздигнува на кај небото. На таква благодат и тој не учеше. Да настојуваме, значи и ние  тоа да го подржуваме. Но, со тоа не трерба да отстапуваме од нашиот предлог.

Нашата намера беше да го покажам третиот пат на - покајанието - смирението - и тоа дека цариникот не по смирение, туку по вистината ги призна и ги објави своите гревови и дека не беше оправдан ниту заради пари, ниту заради пловидбите по морските беспаќа, ниту затоа што на ближните им ги прости или многу време потроши на тоа (покајанието), туку и само заради своето покајание ја придоби правдата и се удостои со Царство Небесно, кое    и ние сите да  го задобиеме по благодата и човекољубието на нашиот Господ Исус Христос,  Кому нека е слава во сите  векови.  Амин


Превод: М. Даниловска - Мина

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная