логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


50 Б Е С Е Д И
ЗА СОВРШЕНСТВОТО


bogorodica.k.dol.jpgБЕСЕДА 3

За тоа дека браќата меѓу себе треба да се однесуваат искрено, едноставно, со љубов, со мир, а да се борат и војуваат со внатрешните помисли.

1. Браќата треба меѓу себе да бидат во голема љубов. Во основата на сè што прават - дали се молат или ги читаат Писмата, или се занимаваат со некаква работа - треба да ја положуваат меѓусебната љубов; во таков случај, Бог може да благоволи да им го даде она што го сакаат. И тој што се моли, и тој што чита, и тој што работи, сè можат да прават со полза, ако сите меѓу себе живеат со добра волја и едноставност. Зашто, што е напишано? „Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата” (Мат. 6, 10), па како што ангелите на небата се наоѓаат меѓу себе во големо едномислие, живеејќи во мир, љубов и искреност, без гордеење и завист, така да живеат заедно и браќата.

2. Значи, браќата, ако прават нешто, треба да бидат во меѓусебна љубов и радост. Кој работи, за тој што се моли нека зборува вака: Богатството, што го има мојот брат, е заедничко; значи, и мое е. И кој се моли, за тој што чита нека зборува вака: Ползата што ќе ја има тој од читањето и мене ќе ми користи. И кој работи, исто така, нека го кажува следново: Услугата што ја правам јас е за општа полза. Како што има многу телесни членови, сите тие сочинуваат едно тело, си помагаат еден на друг и секој член си ја врши својата работа, освен тоа, очите гледаат за целото тело, рацете работат за сите членови, нозете одат носејќи ги на себе сите делови од телото, а еден член сострадува со другиот, такви нека бидат и браќата меѓу себе. Тој што се моли да не го осудува тој што работи зашто не се моли. И кој работи да не го осудува тој што се моли, велејќи: Тој си продолжува со молитвата, а јас работам. Тој што прислужува да не го осудува другиот. Напротив, секој, што и да прави, нека прави во слава Божја. Тој што чита со љубов и радост нека гледа на тој што се моли, и нека расудува вака: Тој и за мене се моли. А тој што се моли, вака нека расудува за тој што работи: Тоа што го прави тој, го прави за општа полза.

3. На тој начин, големата едногласност, мирот и еднодушноста можат сите нив да ги држат во сојуз на мирот, и тие ќе можат меѓу себе да живеат со добра волја и едноставност, привлекувајќи го на себе Божјото благоволение. Најважно од сè, очигледно, е благовременото престојување во молитвата. Освен тоа, предмет на сакањето нека биде само едно - во душата да се има ризница и живот, т. е. да се има Господ во умот. Работи ли некој, се моли или чита, да ја има онаа неминлива добивка, т. е. да го има Духот Свет. Некои, пак, велат дека од луѓето Господ бара само видливи плодови, а тоа што не се гледа го прави Бог Самиот. Но во реалноста не бива така. Напротив, колку што некој се чува себе си според надворешниот човек, толку треба да се бори и да води битка со помислите, зашто Господ од тебе бара да се гневиш самиот на себе, да водиш борба со својот ум, да не се согласуваш со порочните помисли и да не се насладуваш со нив.

4. Но да се искорени гревот и злото што живее во нас - ова може да се заврши само со Божјата сила. Зашто на човекот не му е дадено и за него е невозможно гревот да го искорени со својата сопствена сила. Да се бориш со гревот, да се противиш, да рануваш и да бидеш рануван, тоа е во рамките на твоите сили, а неговото искоренување - тоа е Божјо дело. Кога ти самиот би бил во состојба да го направиш ова, тогаш каква потреба би имало Господ да дојде? Како што е невозможно окото да гледа без светлина, или да се зборува без јазик, или да се слуша без уши, или да се оди без нозе, или да се работи без раце, исто така невозможно е човек да се спаси или да влезе во небесното царство без Исуса. Ако велиш: Се гледа дека не сум блудник, прељубник, среброљубец, според тоа, праведен сум - се мамиш со тоа што мислиш дека сè си извршил. Човекот не треба да се чува само од три делови на гревот, туку од илјадници. Од каде се надуеноста, немањето страв, неверието, омразата, зависта, неискреноста, лицемерието? Зар не треба да водиш битка и борба со нив на невидлив начин и во помислите? Ако кај тебе дома е некој разбојник, веќе самото тоа те вознемирува и не ти дава да бидеш безгрижен, па дури ти самиот почнуваш да го напаѓаш, го повредуваш, а и тој тебе те повредува: така и душата треба да се спротиставува, да се бори и да ги одбива нападите.

5. Твојата слободна волја, борејќи се, трудејќи се и мачејќи се, најпосле почнува да победува. Таа паѓа и станува, гревот повторно ја соборува, во десет и во дваесет борби ја победува и соборува душата, но со време и душата во нешто почнува да го победува гревот. И повторно, ако душата стои цврсто и во ништо не ослабнува, почнува да добива предност, да ја решава работата и да го победува гревот. Но ако и при тоа погледнеш внимателно: гревот сè уште го совладува човекот, додека човекот „не стигне до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст” (Ефес. 4, 13) и не ја победи целосно смртта. Зашто, напишано е: „Последниот враг (непријател) за уништување е смртта” (1. Кор. 15, 26). Така луѓето го надминуваат гревот и стануваат негови победници. А ако, како што кажавме погоре, некој вели: Не сум блудник, прељубник, ниту среброљубец, за мене ова е доволно - во тој случај, тој се борел со три дела, а со другите дваесет, преку кои гревот исто така војува со душата, не се борел, па тој е, всушност, победен од нив. Затоа, треба да се бориме и подвизуваме во сè; затоа што умот, како што не еднаш рековме, е борец и има еднакво моќна сила да спори со гревот и да им се спротиставува на помислите.

6. Ако велиш дека спротиставената сила е поголема и порокот целосно царува над човекот, тогаш Го обвинуваш за неправедност Бога, Кој го осудува човештвото што го послушало сатаната. Штом сатаната е силен и покорува преку некаква принудувачка сила, тогаш, според тебе, тој е поголем и посилен од душата. Слушни ме, конечно. Ако момче се бори со дете и детето биде победено, и ако детето го осудуваат затоа што е победено, тогаш овде има голема неправедност. Затоа, тврдиме дека умот е борец, и тоа рамносилен борец. И душата што се бори, кога ќе побара помош и заштита, ги добива и се удостојува за избавување; бидејќи борбата и подвигот се можни кога силите се еднакви. Да го прославиме Отецот и Синот и Светиот Дух во вековите. Амин.

 Издавач: ЃаконијА

Превод: о. Игор Калпаковски

Друго:

  • sv.Makarij.Veliki.jpg

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная