логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Naum.na.Lit39

        Она што пред некој ден го напишав за редовното причестување со Светите Тајни на Телото и Крвта Христови, слушам дека предизвикало недоумици кај некои мои духовни чеда, иако во ниеден момент не помислив дека такво нешто е можно додека го пишував текстот.

Сега слушајте ме добро. Прво, кога пишувам нешто, гледам да не пишувам од себе, туку од Светото Предание на Црквата, односно од Светите Канони и од Светите отци на Црквата. Можам да ви наведам колку сакате примери и од Светите Канони и од Светите отци на таа тема, но еве само еден: „Сите верни, кои влегуваат во црква и писмата ги слушаат, но не остануваат на молитвата и светото причестување до крајот, како оние кои безредие прават, да се одлачат од црковното општење“ (Правило на светите Апостоли - 9). Ова и многу друго можете да прочитате во официјалниот документ на Руската Православна Црква – „За учество на верните во Евхаристијата“, објавено кај нас прво од Преспанско-пелагониската епархија; еве и линк: http://www.pppe.mk/.../za-uchestvuvaneto-na-vernite.../... - како и на многу други места во светоотечката литература.

            Второ, да не ве лаже никој, Епископот ја возглавува Локалната Црква и се наоѓа на место и обличје Христово; и како икона Христова тој е единствен духовен отец на Црквата што ја возглавува; секое друго свештено лице што извршува духовничка должност е само негова продолжена рака и сѐ што прави, прави во името на својот Епископ, како што и Епископот сѐ што прави, прави само во името Христово. Господ не ја организирал Црквата ниту како презвитероцентрична, ниту како старецоцентрична, ниту како игуменоцентрична, туку само како епископоцентрична.

            Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ Исус Христос во Своето Евангелие, говорејќи им на Своите ученици: „Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува, а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил“ (Лука 10, 16). Затоа, сите верни се должни да го слушаат својот Епископ, додека тој учи согласно Светата Православна Вера, Светите Канони и Светите отци на Црквата и додека е надлежен Епископ за својата Епархија, ако сакаат да го имаат Божјиот благослов во својот живот. Ако се најде некој презвитер (свештеник) кој без канонска причина не го слуша својот Епископ и тајно ги поучува луѓето спротивно на својот Епископ – за што било друго, тој се поставува себеси како идол, од луѓето прави идолопоклоници, а сите заедно стануваат секта. Епископот има власт да го расчини таквиот – ако дознае, но може и да не го прави тоа; посебно ако таквиот и тие неколкумина околу него не значат ништо посебно – како бројка, и немаат никаква активна позиција во Црквата. Но, затоа можат да бидат добар пример за тоа како не треба – и за себе и за другите што ќе видат, од сето тоа што ќе им се случува во животот.    

И таквите треба да си знаат уште од сега, дека надвор од послушание на својот Епископ ниту некаков собир им се важи, ниту причестувањето им се важи, ниту молитва, ниту погреб ќе им се важи, ниту ништо што прават; и можат да си се сметаат како одделени од Црквата – не дека Епископот ги одделува, туку тие самите себе си се одделуваат, одделувајќи се од Епископот и од послушанието кон него, како и од неговиот благослов, а сето тоа на голема нивна несреќа.

       И сѐ додека не се покајат и исповедаат за овој свој грев и пад, или пред својот Епископ или пред свештено лице во негово послушание, состојбата во која самите себе си се поставиле ќе биде активна. А Епископот би им бил најголем непријател ако ова не им го каже, а го знае; и ако ги остави во прелеста во која се наоѓаат. Можеби напишаново некому нема да значи многу сега, но самиот ќе види како во големи несреќи или пред самата смрт – ќе му значи сѐ!, Дедо Наум.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3300
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7805
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/01/2025 - петок

Преподобен Теодосиј Велики; +Преподобен Јоаникиј Ракотински; Блажениот Михаил;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,  учител на монасите во трпението, \ Георгие оче наш преподобен,  застапи се пред Бога...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная