логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Hristos.LEStvica

(Архива)

Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум

Како што вели свети Јован Лествичник: „Сè што е создадено ненаситно тежнее кон сродното на себе: крвта кон крв, црвот кон црв, земјата кон земја“. Така и човечкиот и демонскиот разум најчесто се привлекуваат меѓу себе. Како се случува тоа човечкиот разум да стане компатибилен со демонскиот разум – од каде таа сродност, соодветност, восогласеност и привлечност меѓу двата разума? И како демонскиот ја презема власта над човечкиот разум?


Да се потсетиме: умот има една енергија, но две функции: примарна – кога преку својата енергија се соединува со Божествената несоздадена енергија и  благодатно и љубовно се преобразува, и секундарна – кога преку истата енергија комуницира со создадениот свет. Токму неговата секундарната функција ја нарекуваме разум. Наша цел е да ги восогласиме овие две функции преку преобразувањето на едната енергија на умот, односно да го надминеме внатрешниот расцеп и дуалистичкиот поглед на светот.
Различна е храната на умот од храната на разумот и различно е знаењето на умот од она на разумот. Храна на умот е благодатниот опит од љубовната заедница со Бог, и светотаинската и молитвената – во очистеното и отворено срце, додека, пак, храна на разумот е овоземното теоретско образование (од која било област на науката, културата и уметноста, па дури и на теологијата, како и од разните вештини).
 Знаењето на умот е љубовното познание на Бог (како просветленост или обоженост), додека, пак, знаењето на разумот – само по себе е познание на практичниот опит во овоземните науки и вештини (меѓу кои и црковно-административното управување), како и во културата и уметноста. Идеално би било кога овие две знаења би биле восогласени.
Затоа, многу е лошо нашиот ум да го лишиме од неговата благодатна храна, што истовремено значи и од неговото знаење и љубовно познание на Бог, а истовремено да го прехрануваме нашиот разум исклучиво со разни световни знаења, па макар и со знаења од областа на теологијата, со што само ги храниме нашата суета и самољубие. Штом човечкиот ум отпадне од Бог и од сигурноста во Него, човекот  автоматски ја бара сигурноста во световното знаење и во материјалните блага за да опстане во овој свет и автоматски се разболува од самољубие – од страстите за човечка власт и слава, за овоземно богатство и за телесни наслади, а вообичаено на штета на своите ближни.
Потполно истото им се случило и на демоните. Немаат однос со Бог и опит од заедницата со Него, отпаднати од Него поради безмерното самољубие – што значи примарната функција на нивниот ум е апсолутно запоставена, додека нивниот разум е безмерно прехранет. Со други зборови, нема суштества со толкаво разумско знаење (дури и схоластичко теолошко) и многувековен опит во световните работи какво што е демонот – та секое човечко световно знаење достигнато со помош на разумот да е безмалку смешно во однос на неговото, но истовремено и нема така крајно самољубиво суштество што свесно Го мрази и отфрла Бог.
Токму во прехранетиот и обезблагодатен разум, како и во врвното самољубие, и кај човекот и кај демонот се крие тајната на нивната заемна компатибилност – тајната на нивната заемна сродност, соодветност, восогласеност и привлечност. Од една страна е човекот со својот горд, суетен и прехранет разум, кој е отворен, податлив и гладен за нови знаења преку кои би го задоволил своето самољубие, но истовремено и крајно невешт во разликување на помислите (дали се демонски или негови). Од друга страна, пак, е демонот кој бара токму таков човечки разум – кој е неспособен да го препознае и кој е подготвен несвесно (или свесно) да му служи – за да се соедини со него, да му го пренесе своето знаење и да почне да го води, така што таквиот човек да ги извршува неговите планови за конечно доодвојување на човештвото од Бог и за негово самоуништување. Идеална спојка на гревот, смртта и пеколот.


Митрополит Струмички Наум


Божествена Литургија во Водоча (20.09.2015 11:38)

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2025
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2047
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 493
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная