логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Митрополит Струмички Наум:


КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021 16:39)


Ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека врви по Мене!“ (Марко 8, 34).
Крст Христов се нашите волни и неволни страдања, кои со смирение и благодарност ги трпиме заради заедницата со Богочовекот Христос. Само овие страдања, не – кои било.
Кога ни вели да се одречеме од себе, да го земеме својот крст и да врвиме по Него, Господ Исус Христос нè повикува доброволно да ги поминеме трите степени од нашиот духовен развој: чистењето на срцето од страстите, просветлувањето на умот и обожението на личноста.
Одрекувањето од себе го покажува првиот степен од духовниот развој – чистење на срцето од страстите. Крстот, т.е. страдањето на овој степен, се состои во одрекување од нашето болно јас, кое поради гревовната навика се поистоветува со своите страсти: сластољубие, среброљубие и славољубие; и тоа не е лесно. Но, Крстот Христов ни е прва љубов; и последна.
Одрекувањето започнува од моментот кога ќе се покаеме, ќе ги исповедаме своите гревови и ќе почнеме да живееме во Црквата, под раководство на духовен отец – во послушание.
Земањето на крстот е посебно поврзано со вториот степен од духовниот развој – просветленоста на умот со дарот на умно-срдечната молитва. Крстот се состои во молитвениот подвиг, т.е. љубов кон Бог и кон сите луѓе, а истовремено и во страдањето поради некои луѓе коишто, водени од демонот, нè напаѓаат и мразат, без ништо лошо да сме им сториле.
Одењето по Христос, во вистинска смисла на зборот, се однесува на третиот степен на духовниот живот – обожение. За тоа, во свое време... на дело. Тоа е Воскресение.
Значи, Господ нѐ повикува на освестен и волев подвиг – страдање на децата Божји... Ако не, секако нѐ чекаат неволните страдања на „наемниците“ и „робовите“.
Страдањето е дар Божји што ни го открива нашиот внатрешен свет. Знак дека страдањето го прифаќаме како дар Божји е кога без тоа самото воопшто да се промени – освен нашиот став кон него, истото ни станува извор на радост, утеха и Божја благодат. Како е тоа можно?
Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку прифаќањето и благодарењето истото станува извор на радост од новоостварениот и надградениот однос со нашиот Господ. Секое друго страдање е бесмислено.
Треба да го прифатиме начинот на кој Бог решил да комуницира со нас – па колку тоа и да ни изгледа лошо, а не да го одбиеме. Прво прифаќаме, а потоа гледаме дали тука нешто може да се промени. Љубовно се бунтуваме само кога нешто бараме за друг или за Црквата.
Нашиот однос со Бог е жив однос: едно прифаќаме со благодарност, со друго недвојбено се согласуваме, за трето љубовно се бунтуваме и бараме да се промени – сѐ зависи од тоа колку е изграден нашиот личен однос со Него; на кој степен сме и каква слобода имаме пред Него.
Нема боголикост и богоподобност на човекот, нема вистинска слобода и љубов во односот меѓу човекот и Бог, нема вистински однос меѓу човекот и Бог ако човекот нема можност да ја промени и Божјата волја. Нема човек и нема Бог – нема Богочовек. Нема Крст. Толку.


Пресвета Богородице, спаси нѐ!


Митрополит Струмички Наум

Извор: МПЦ-ОА

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2086
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2104
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 547
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/05/2026 - петок

Свети цар Борис-Михаил Покрстител ; +Пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики; Светите маченици Борис и Глеб; Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот,исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети вселената...

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная