логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 

Во она време дојде Исус од Галилеја на Јордан при Јована за да се крсти од него. А Јован Го запираше говорејќи: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли идеш?“ Но, Исус му одговори и рече: „Остави сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда.“ Тогаш Јован Го остави Исуса.

И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата и Му се отворија небесата и Го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него. И ете глас од небесата говореше: „Тој е Мојот возљубен Син и на Него е Мојата милост“. (Матеј 3, 13-17)

 

Во Беседата на денешното евангелие, Владиката  г. Наум рече:

 

Свети Кирил Ерусалимски вели: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата“. За време на крштевањето на Богочовекот Исус Христос, Бог првпат јасно и конечно се пројави како Света Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух. Значи, имаме повод да зборуваме за чиста теологија, односно за Тријадологијата, односно за Ипостасите на Света Троица и за предвечните односи помеѓу Нив, како и за соединувањето според Суштина. Имаме повод да зборуваме и за Божествената Икономија, за создавањето и спасението на светот и човекот, од Отецот преку Синот во Светиот Дух. Во рамките на тоа, имаме повод да зборуваме и за Христологијата и за соединувањето според Ипостас. Светиот апостол Павле вели: ја говориме мудроста меѓу совршените (1 Кор 2, 6), затоа ние нашата проповед ќе ја прилагодиме и според нашите способности и според приемчивоста на оние што нѐ слушаат и ќе зборуваме за соединувањето според Божествена енергија, и за подготовката за тоа соединување.

Христос е Тој Кој нè спасува, пред сè со Својата личност, како Богочовек, и како таков со сите Негови богочовечки и спасоносни дела и случувања од Неговиот живот: со раѓањето, со крштението, со преобразувањето, со распнувањето, со смртта, со воскресението, со вознесението и со слегувањето (испраќањето) на Светиот Дух. Затоа целиот Божји Домострој на човековото спасение остварен во Богочовекот Исус Христос има сотириолошки (спасителен) карактер и значение, а терминот спасение е основен поим во православниот духовен живот.

Но, да не заборавиме, Богочовекот Христос нема никаква лична потреба од она што го прави, од целиот Домострој на спасението, туку сето тоа го прави само за нас и наше спасение. Конкретно, Христос нема потреба ни да се крсти туку тоа го прави само заради нас и наше спасение. Според свети Григориј Палама: „Соединувањето според ипостас е остварено во Христос. Затоа човечката природа на Исус во ипостасна смисла е едно со Логосот, и во неа божествените енергии, кои го имаат Логосот за свој извор, проникнуваат во создадената природа и ја обожуваат“. Во тоа се состои и разликата помеѓу Христос и христијаните односно помеѓу ипостасното поседување на божествениот живот заради соединување според ипостас, од една страна, и обожението преку благодатта и учествувањето заради соединување преку енергија – на што е повикан секој човек – од друга страна. Ова соединување според енергија, во Христос, во Неговото Тело – Црквата, им станува достапно на сите оние што учествуваат во светите Тајни на Светиот Дух. Така што, Христос со Своето крштевање и ја воспостави светата Тајна Крштение, и ги освети водите Јордански, па дури го освети и самиот Јован Крстител кој Го крштеваше.

Крштението и Миропомазанието во Православната Црква се извршуваат заедно, едно по друго. Светата Евхаристија е и цел и печат и исполнување на Крштението и Миропомазанието. Светото Крштение е облекување во Самиот Христос (Вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте – Гал. 3, 27), при што сите крстени како членови се соединуваат во еден Исус Христос (Гал. 3, 28), т.е. во едно Тело, чија Глава е Христос и сите членови се и Негови и (поодделно) членови меѓу себе, еден на друг (1. Кор. 12, 27). „Крштението – пишува свети Никола Кавасила – не е ништо друго туку раѓање за Христос и примање на нашето вистинско битие и на нашата вистинска природа. Денот на крштението станува за христијаните именден зашто тогаш тие се формирани и вообличени, и нашиот безобличен и неопределен живот добива облик и определување“. Крштението во Христос е учество во Неговата смрт и воскресение преку трикратното целосно потопување во вода и возобновување на нашата природа, односно распнување на нашиот стар човек со Него за да биде уништено гревовното тело и ние да одиме во обновен живот (види Рим. 6, 2 -11).

Учеството во светата тајна Миропомазание е оживотворување на секој член поодделно преку примањето на печатот на дарот на Светиот Дух, односно преку примањето на несоздадената благодат и учеството на сите верни во заедницата на Едниот Дух. На тој начин Црквата, т.е. сите верни, стануваат едно тело и еден дух (Ефес. 4, 4). Примањето на печатот на дарот на Светиот Дух го објаснува она евангелското, ставање на ново вино во нови мевови (Матеј 9, 17). Преку светите тајни Крштение и Миропомазание човекот го прима новиот живот, ја прима полнотата на Божјата благодат во своето срце. Царството Божјо е во вас внатре (Лука 17, 21). Крстениот Го прима самиот Дародавец и Дароносител, Светиот Дух Господ, Дух на восиновување, Кој со неискажани воздишки внатре од неговото срце повикува – Ава Оче! (Рим. 8, 15). Двоедната света тајна Крштение и Миропомазание, како што погоре нагласивме, се исполнува и запечатува со примањето на Телото и Крвта Христови од страна на новокрстениот.

Светото Крштение се нарекува уште и свето Просветлување. Зошто? Затоа што суштината на подготовката за светото Крштение на катихумените, која можела да трае дури и до три години, е во тој период тие да бидат подучувани како да го очистат своето срце од страстите и како да се утврдат во таа наука над науките и во таа уметност над уметностите. Следователно, заедно со Крштението тие можеле да го добијат и дарот на просветлување на умот и умно-срдечната молитва. Значи, не се става ново вино во стари мевови. Во првиот период од гонењето на Црквата, добивањето на овие дарови било олеснето кај оние што имале желба да се крстат и заради фактот што истовремено ја прифаќале и опасноста да станат маченици.

И добивањето на дарот на Големата Схима или на Големиот Ангелски образ исто така се нарекува Просветлување. Зошто? Затоа што суштината на подготовката за примањето на Големата Схима на искушениците или расофорните монаси, која трае околу три години, е во тој период тие да бидат подучувани како да го очистат своето срце од страстите и да се молат во него и како да се утврдат во таа наука над науките и во таа уметност над уметностите. Следователно, заедно со Големата Схима тие можат да го добијат и дарот на просветлување на умот и умно-срдечната молитва. Значи, не се става ново вино во стари мевови. Добивањето на овие дарови е олеснето кај оние што имаат желба да се облечат во Големата Схима и заради фактот што истовремено и целиот свој живот Му го принесуваат на Христос и стануваат маченици според совеста.

Секој што влегол во духовната возраст на просветлувањето, може да Го проповеда јавно со збор Христос и тајните на Царството, но оној кој сѐ уште е на степен од духовната возраст на очистување на срцето од страстите, може да Го исповеда Христос и Царството што го чека само со смирение, со апсолутно послушание и со молчание.

Зар не го гледаме сето ова и во Христовиот пример? Богочовекот Исус Христос до Својата триесета година бил непознат и бил послушен на Своите родители иако сите чуда и проповеди можел да ги направи од Својата најрана младост. Дури после Своето Крштение и знакот на Светиот Дух во вид на гулаб и отворањето на небесата за човековата природа и потврдата од Отецот, Богочовекот Христос тргнува на проповед. И сето тоа го прави за наша поука. Ние денеска, без дарот на умно-срдечната молитва и без просветлување на умот и без да ги познаваме барем малку тајните на Царството Небесно, толку лесно судиме и осудуваме, толку лесно проповедаме, толку лесно дискутираме на теми кои го надминуваат нашето место во Црквата и нашето духовно знаење и толку лесно и со надменост ги поправаме луѓето за кои мислиме дека згрешиле, што се појави на кои се чуди секој нормален човек. Зар не си го затвораме на тој начин патот кон срцето и кон Царството Небесно еднаш за секогаш? Да внимаваме, сѐ си има свој ред, посебно во православниот духовен живот!

Свети Григориј Богослов, прашува: „Што да знаеме, на што да се научиме (од Крштението Исусово)?“ И одговара: „Дека треба прво да се очистиме, и смирено да мислиме, и да проповедаме во совршеноста и на духовната и на телесната возраст. Она првото, за оние што се одлучуваат на Крштевање, а не се подготвени, ниту му пружаат цврстина на искупувањето преку усвоената навика за правење на добро. Зашто, ако дарот на благодатта – а е дар на благодатта! – пружа отпуштање на минатите гревови тогаш тоа (очистувањето) е уште подостојно за почит, така што да не се враќаме на изблуеното. А ова второто, за оние кои се вознесуваат над управителите на светите Тајни, доколку се истакнуваат со некое достоинство. Третото, пак, за оние кои се охрабруваат од својата младост (и ученост), па секое време го сметаат за прилика да ги поучуваат другите или да претседаваат (со другите). Исус се очистува, а ти го презираш очистувањето? Он тоа го прима од Јован, а ти се подигаш против својот духовен отец. Тој триесетгодишен, а ти уште голобрад ги поучуваш старите, или мислиш дека ги учиш, а ниту со (духовната) возраст ниту со некој начин на своето однесување заслужуваш почит...“

Истиот Отец во својата проповед на Светото Просветлување (Богојавление) говори и за Крштение во крв и за Крштение во солзи. Ако првото ни изгледа страшно, кој не спречува за ова второто? Свети Игнатиј Брjанчанинов во своите дела има една цела глава како треба да се принудуваме на солзи, плач и покајание за да ја обновиме белата одежда на душата затемнета од прелеста и гревовите после светото Крштение.

 

 

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная