логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

3.angeli.so.truba

ПРЕПОДОБЕН ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ


Епископот Велички Гаврил е роден во 1926 година во Штип од Православни родители Методиј ( подоцна, со монашко име, Кирил) И Горица Парнаџиеви.
Уште како млад се карактеризирал со посебна кротост и послушност. Во учењето бил остроумен и со посебен наследен тален во ликовната уметност која ја крунисал и со диплома од белградскиот универзиитет на отсек вајарство во 1955 год. Бил еден од подобрите вајари во државата. Подоцна се вработува како професор по историја на уметноста и ликовно образование во штипската гимназија.
Иако служил во световните служби сепак никако не ја заборавал И Божјата служба. Имал навика секојдневно да присуствува на богослужбите во катедралната црква ссвети Никола во Штип . Во тоа време иако било време на најстрог атеизам И комунизам со програмиран прогон на Црквата тој не се откажал од Бога , дури И своите ученици ги поучувал во верата. За Велигден редовно им делел по едно црвено велигденско јајце И им велел: Деца, изедете го јајцата, згмечете ја лушпата и расфрлете ја по градот за да видат сите дека Христос воскресна.


Иако по ништо не заостанувал зад своите врсници па дури и во многу работи бил за чекор напред, неговиот живот во се бил монашки и пред да се замонаши. Во својот дом постојано пребивал во неговата соба читајќи, молејќи се и живеејќи за Бога. А кога во неговиот дом ќе дојдат гости тој културно и од учтивост се поздравувал со нив и повторно се повлекувал во својата собичка како пчелата во својата кошница. Девственоста ја сметал за голема светиња.
Во 1963 година го остава светот И светската служба И заминува со сиот свој живот да му служи единствено на Бога. Заминува на Света Гора атонска. За неговиот престој таму добил директно благослов од игуманијата на Света Гора, Богородица. Се раскажува дека кога стигнал во монашката држава дошол на брегот на Белото море И сакал да се измие . Тогаш здогледал жена која умилно го гледала. По некое време жената, како што дошла, така И заминала. Се размислил И заклучил дека тоа била Богородица , бидејки пристапот на жени на Света Гора е строго забранет. Тоа го охрабрло во неговиот понатамошен подвиг.
За жал , затоа што бил макдонец И несакал да се пише под друга националност , тој за време на на неговиот престој на Света Гора имал постојани политички проблеми од властите, меѓутоа Бог го чувал за цело време. Се споменуваат две такви случки кога во две разли прилики сакале да го протераат од света Гора во едниот случај кога влегол во една пештера пајак исплетол толку голема пајажина што гонителите не го виделе а во другиот случај, пак, го заштитиле змии.
Таму се подвизувал во скитот “ Камена” во една пештера како послушник на отец Татјан ( Рус ) кој за жал , кратко време по тоа се упокојува во Господа. На Литургија И причест најчесто одел во манастирите Хиландар И свети Павле , каде заради неговиот исклучитен тивок карактер го добил И називот Невидливиот затоа шо ниту го гледале кога даѓа , ниту кога заминува единствено можеле да го видат кога пристапувал да се причести со светите И сппасителни животворни тајни Христови.
Бил замонашен во манастирот св. Павле со монашко име, отец Гаврил.


Неговите подвизи на света Гора никој не ги знае, останаа тајна за луѓето И пред Бога но од неговиот живот откако во 1971 се враќа во Македонија можеме да ги претпоставиме. За отец Гаврил слободно можеме да речеме дека е еден од најголемите подвижници на денешнината. Имено тој скоро И никогаш не спиел а И тоа време кога спиел , лежел на земја или на тврда рогозина. Држел најстрог пост . Никогаш не јадел јадења со масло, а јадел една просфора во седмицата. Во празниничните денови заради послушност кон црковните правила само го топнувал прстот во кандилото И го оближувал. Редовно ги служел сите богослужби во манастирот. Се занимавал И со умната молитва во подвигот на очистувањето на срцето од срастите. Во непрестајно изговарање на името Исусово во очистеното срце. Стекнал И умносрдечна молитва. Добил од Бога дар на прозорливост И чудотворство.


Има многубројни сведоштва за светоста на неговиот живот И неговата жед за Бога. Еднаш еден човек кој мноу добро го познавал ми има речено: Не сум видел човек кој тојку го сакаше Бога. Кога во 1971 година се врака од Света Гора барајќИ мир за да може постојано да му се моли на Бога, променува неколку манастири, св.Богородица – Матка, св.Богородица – Побожје, св.Димитриј – марков манстир, св.Преображение –Зрзе?, за да во 1975 година за трајно се насели во манастирот на св.Гаврил Лесновски во Лесново – Брегалничка Епархија тогашна , Злетовско-Струмичка. Каде често знаел И со денови да се повлече од манастирот И да се насели во двете ближни пештери каде се повизувај И негоиот истоименик св.Гаврил Лесновски. Секогаш избегнувал гужви И непријатности И во една таква прилика, бидејкИ живееше во време на атеизам во неговиот манастир дошле една група на војници, тогаш тој се заклучил во својата ќелија И цела недела додека тие биле таму не излегол , пребивајќИ во тишината на непрстајната умносрдечна Исусова молитва.
Имал голема љубов кон верниот народ. често ги собирал за големите празници И им држел сеноќни бденија. Бил строг кон себе а благ кон другите. Сите ѓи поучувал во кротост, љубов, долготрпеливост, саможтвеност, ревост за Бога, верата, молитвата…
Имал голема вера И љубов кон Бога така да за што И да го помолив Бога веднаш го добивал. Имам многубројни примери за чудотворноста на неговата молитва. Овде би споменале еден пример кога на едно негово духовно чедо внукот бил многу болен И пред тешка операција за која докторите не гарантирале дека И ке остане жив. Во тие тешќИ моменти на тага И духовното чедо заборавило на својот духовен Отец но пред самиот ден на операцијата во крајно бунило добила просветлувачка помисла да појде кај дедо Гаврил ( како што многумина го нарекуваа ) и веднаш тргнала . Пред портите ја чекал отец Гаврил со зборовите: Оди си дома твојот внук е здрав. И кога се вратила дома И кажале за чудесното излекување на нејзиниот син на кое многу се чуделе и докторите. Исто така детето Ѓ…. сеуште е жив сведок дека по молитвите на о.Гаврил неговиот јазик се ослободува И тој почнал да зборува.
Манстирот во Лесново постанува кошница за сиот боротражителски народ во тоа време. Притекнувале луѓе од сите краиштан а државата И луѓе од најразличен профил И професија. И станува возљубен духовен отец на многумина кои го бараат Бога.
Отец Гаврил го обновува И руираниот стар конак во манастирот И ја подигнува И Црквата Успение на света Богородица во Пробиштип која е И прва И единствена црква во градот.
Покрај И сите свои подвизи И одговорности учИ и дипломира на теолошкиот факултет во Скопје( меѓу првите). Пишува И книги И есеи во повеќе црковни весници. Покрај уметничките рецензии автор е И на збирката поезија 33 Песни за Ерусалим. Света Гора – Небесна земја( 1978 ), пред најголемиот лубилеј на човекот ( 1980 ), 2000-годишнината на христијанството е на прагот ( 1981 ) Правила И одредби на Православната Црква за постот ( 1994 ) И Отец Херувим (1998 ) и двете објавени постхумно.
Во својата пастирска И духовничка дејност имаше зацртано три цели:
• Обнова на Лесновскиот манастир
• Обнова на монаштвото
• Свечено прославување на лубилејот 2000 години од Христијанството.
Неговата преподобност била почитувана И надвор од нашата Црква. Пред да дојде од Света Гора србите сакале да го направат Владика во СПЦ, имал блиски врски со о.Емилијан Симонопетарски кој тоа време бил игумен на метеорите И сакал да го задржи о.Гаврил како игумен нае ден од манстирите И подоцна го барале да биде игумен во скитот на св. Харитон Исповедник во Јеусалим.
Во 1981 од синодот на МПЦ бил унапреден во архимандрит а на 28. август на празникот на успение на Пресвет Богородица во 1989 е хиротонисан И за епископ со тиулата Велички.
Неговата блиска смрт си ја предвидел И самиот си отслужил 40 заупокоени Литургии. Се упокојува мирно на молитва со своето сакано Евангелие на гради И со бројаницата во рака. Пред да се упокои самиот се си подготвил за својот погреб И на едно ливче напишал Јадењето подгответе го без масло , ги собрал своите духовни чеда од Лесново И И рекол: чеда мои, досега бев со вас, И сега веќе одам во горниот Јерусалим И пак ќе бидам со вас И ќе ве чекам во Небесниот Ерусалим.
Се упокојува 12 Јануари 1990 година. И навистина не ги оставил своите духовни чеда. По неговото заминуање во Горниот Ерусалим на многумина им се јавил во сон, а на едно негово духовно чедо на кое нагло почнал да му слабее видот , му се јавува на сон го излекува И се упатува кон црквичето Вознесение Христово Штип. Во домот на едно негово духовно чедо од неговата слика, која И ја дал додека бил жив, почнало да тече свето миро. А и до ден денес има знаци И чудеса на неговиот гроб од кого се чуствува И благопријатна миризба низ воздухот а селаните кажуваат дека по неговото упокојувње во Господа на неговиот гроб гледале светлина во вид на огнен столб.
По моилтвите на нашиот свет отец Гаврил Светогорец епископ Велички, Господи Исусе Христе, помилуј не. Амин

 

 12ти јануари 2021 ето Господово

 

Православие.Мк †

Друго:

 


    
  



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2682
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7132
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6965
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

14/07/2024 - недела

Св. бесребреници Козма и Дамјан; Преп. патрициј Петар; Св. маченик Потит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная