логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Продолжение)

zitie.slika1.jpg

Монасите во пустињата

       Сите зборови на Варлаам Јоасаф ги сложуваше во срцето свое како бесценети камења во ризница; и сето тоа го исполни неговото битие со таква сладост и тој толку го засака Варлам што посака да не се одвојува од него и секогаш да го слуша неговото учење. А Јоасаф го распрашуваше за пустиножителскиот живот, за храната и за облеката, велејќи: Кажи ми, каква е храната твоја и на оние што живеат во пустината со тебе? Од каде ви е облеката и каква е? -Варлам му одговори: Храна ни е овошјето од дрвата и зелјето што расте во пустината. А ако некој од верните ни донесе малку леб, тогаш тоа го примаме како испратено по Божја промисла. Облека ни се крпите од влакна и од овчи и козји кожи кои се многу изветвени и целите со закрпи, една иста и зиме и лете. А оваа горна облека што е на мене, ја зедов од еден христијанин, мирјанин, за да не препознаат дека сум монах; бидејќи да дојдев во својата облека, не би ме пуштиле кај тебе. Јоасаф го замоли старецот да му ја покаже обичната монашка облека. Варлам ја соблече горната, од мирјанинот позајмена облека, и пред очите на Јоасаф се покажа страшна глетка: телото на старецот целото беше исушено и поцрнето од сончева жега, кожата одвај му се држеше на коските, од бедрата до колената телото му беше опашано со партали од многу остри влакна, а мантијата на плеќите беше слична на тоа.

        Јоасаф се восхити на таквиот тежок подвиг; и изненаден од големото трпение на старецот, тој воздивна и заплака, и почна да го моли и него да го земе со себе во пустината на такво живеење. Но Варлам му рече: Не посакувај го тоа сега, поради тебе гневот на татко ти да не се истури на нашите браќа, туку прими го крштевањето и остани овде, а јас ќе си одам сам. Кога Господ ќе посака и ти ќе дојдеш кај мене: бидејќи му верувам на Бога, дека и во овој век и во идниот јас и ти заедно ќе живееме. – Јоасаф, ронејќи солзи, рече: Ако е таква волјата на Господа Бога, тогаш дај ми го светото крштевање и земи од мене што повеќе злато да го однесеш на своите браќа во пустината за храна и облека. – А Варлам на тоа рече: Богатите им даваат на сиромасите, а не сиромасите на богатите. И како ти сакаш да ни дадеш нам, богатите, а самиот си сиромав? Па и најпоследниот меѓу нашите браќа е неспоредливо побогат од тебе. Се надевам дека и ти, по милоста Божја, наскоро ќе се збогатиш со такво богатство. А кога ќе се збогатиш, ќе станеш скржав и недарежлив. Јоасаф не ги разбра овие зборови, тогаш Варлам му ги објасни вака: Тие кои Христа ради оставаат сè земно, се збогатуваат со небесни блага; а најмалиот небесен дар е поскапоцен од сите богатства на овој свет. – При тоа Варлам му го рече на Јоасаф и ова:Варлаам му се открива на Јоасаф како испосник.

sv.Varlaam.i.Joasaf.Indiski

          Златото често станува виновник за гревот, затоа ние го отфрламе како змија од пазувите; а ти сакаш на моите браќа да им однесам змија која тие со нозете би ја згазиле.Потоа Варлаам му советуваше на Јоасаф да се подготви за светото крштевање: му заповеда да помине во пост и молитва многу денови, а самиот си замина и на осамено место се молеше на Бога за него. Следниот ден повторно дојде кај него и долго му зборуваше за Бога. И така во текот на многу денови, старецот секојдневно доаѓаше кај царскиот син и му го изложуваше учењето на пророците и апостолите и светоотечките преданија. А во денот во кој сакаше да го крсти, тој му кажа ваква поука: „Ете, ти сакаш да го примиш печатот Христов, да се осветлиш себе со светлината на лицето Божјо и да станеш син Божји и храм на Светиот и Животворен Дух, затоа верувај сега во Отецот и Синот и Светиот Дух, во Светата и Животодавна Троица, славена во три Личности и во едното Божество, разделиво по Личности и по лични својства, но соединето со битието. Значи, верувај во Едниот Бог – Отец нероден, и Едниот Господ наш Исус Христос, Светлина од Светлина, Вистински Бог од Вистинскиот Бог, роден пред сите векови; бидејќи од Себлагиот Отец се роди Себлагиот Син, од неродената Светлина засветли Светлина Вечна, од Вистинскиот Живот произлезе Животворен Извор, од самата Сила на Отецот се јави Силата на Синот, кој е Светлење на славата и Личносно Слово, од искона во Отецот и самиот Бог, беспочетен и вечен, низ Кого стана сè видливо и невидливо. И верувај во Едниот Свет Дух кој од Отецот произлегува, совршен Бог, и животворен, Кој осветува, Кој има иста волја, семоќен, сечесен, Кој пребива во својата Личност. Значи така, поклонувај се на Отецот и Синот и Светиот Дух, во три Личности со   Гостољубие Авраамово разни својства, но во едно Божество. Бидејќи на Троица заедничко и’ е Божеството, и нивната природа е една, и едно битие се, една слава, едно царство, една сила, една власт; на Синот и на Духот им е заедничко тоа што се од Отецот; на Отецот пак, својствена му е нероденоста, на Синот раѓањето, на Светиот Дух произлегувањето.

Така верувај во тоа; но не се обидувај да го сфатиш раѓањето или произлегувањето, бидејќи тоа е несфатливо, туку со вистинско срце без никакво испитување примај го тоа: дека Отецот и Синот и Светиот Дух по сè се едно, освен по нероденоста, раѓањето и произлегувањето; и дека Единородниот Син и Слово Божјо и Бог, заради нашето спасение слезе на земјата, по благоволението на Отецот и содејството на Светиот Дух бессемено се зачна во утробата на Светата Дева и Богородица Марија и без промена се роди од Неа и беше совршен човек, бидејќи Тој, како што е совршен Бог, така стана и совршен човек, од две природи, то ест Божество и човештво, и во две разумни природи, волева и дејствена, и кои во сè имаат совршенство, според својството на секоја природа, кои во себе ја содржат и војлата и словото и власта, значи, според Божеството и според човештвото во една Личност; – и сето тоа примај го не испитувајќи го со умот и не се обидувај да го дознаеш начинот на кој се случило сè тоа: како Синот Божји се намали себе и стана човек од девствена крв без семе и без промена, или на кој начин настана соединувањето на двете природи во една Личност. Бидејќи ние преку верата сме научени да го држиме сè она што ни е предадено во Светото Писмо, но да ја разбереме и изразиме самата суштина не можеме. Верувај во Синот Божји кој од милосрдност стана човек и ги прими сите својства на човечката природа, освен гревот: бидејќи Тој и гладуваше и беше жеден и спиеше и се уморуваше и тагуваше со човечката природа и за нашето беззаконие беше предаден на смрт, распнат и погребен, вкусувајќи ја вистинската смрт, додека за тоа време Неговото Божество остана нестрадално и непроменливо.
            Оттука и ништо страдално не припишуваме на Неговата бесмртна божествена природа, туку исповедаме дека Тој пострадал и бил погребен во човечката природа која ја примил на себе, а преку божествената сила воскреснал од мртвите нераспадлив и се вознел на небесата, и повторно ќе дојде со слава да им суди на живите и мртвите, и секому ќе му даде според неговите дела преку вистинска мера: бидејќи ќе воскреснат мртвите и сите кои се во гробовите ќе станат; при тоа, оние кои ги исполниле заповедите Христови и преминале во вистинската вера ќе го наследат животот вечен, а тие кои се оскверниле себе со гревови и отпаднале од вистинската вера ќе отидат во вечни маки. Затоа, не верувај дека постои некое беспочетно зло битие или царство на злото и не замислувај дека тоа само од себе постанало и дека е самостојно или дека свој почеток добило од Бога – да се мисли така, неразумно е. Злото влегло во нас по дејство на ѓаволот, а низ нашето нестражарење, невнимавање над себе. Бидејќи поседуваме слободна волја, можеме слободно да го избираме или доброто или злото. Покрај тоа, исповедај едно крштевање од вода и Дух за отпуштање на гревовите. Примај ја причеста со пречистите Христови Тајни, верувајќи дека тоа е навистина Телото и Крвта на Христа нашиот Бог, кое Тој им го даде на верните за отпуштање на гревовите. Бидејќи таа ноќ во која беше предаден, Тој јасно им даде завет на Своите свети ученици и апостоли, и сите кои во иднина ќе веруваат во Него, велејќи: Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен (1Кор. 11, 25; Мат. 26, 26-28). – Самото Слово Божјо Добриот Пастир дејствено и сетворечко со својата сила, дејствува и низ божествените свештени (осветени) слова и низ слегувањето на Светиот Дух ги претвора предложениот леб и виното во Тело и Крв Негова и ги дава на осветување и просветување на оние кои се причестуваат со вера.

Исто така, поклонувај се со вера и целивај ја чесната слика на ликот на Бога Словото воплотен заради нас, замислувајќи дека во таа слика го гледаш самиот Творец: бидејќи почитувањето кое го укажуваме на сликата, вели свети Василиј Велики, преминува на Прволикот. А прволикот е тој чие лице се слика и тој е причина на сликата; така, гледајќи ја изобразбата на иконата, ние со духовни очи преминуваме на гледање на она кое таа икона го изобразува; и побожно поклонувајќи се на иконата на Оној Кој на себе го примил нашето тело, ние не ја почитуваме насликаната икона, туку ликот на Бога кој заради нас се воплотил и понизил до обличје на слуга со желба и со љубов го целиваме. Така исто целивај ги и иконите на Неговата Пречиста Мајка и сите Свети. Исто така, со вера поклонувај се и на изобразбата на Чесниот и Животворен Крст и целивај го заради Распнатиот на него со телото, за спасение на човечкиот род, Христа Бога и Спасот на светот, кој ни го даде обличјето на крстот заради победата над ѓаволот, бидејќи ѓаволот се плаши и трепери од силата на крстот. Ете во што треба да веруваш и со таква вера да го примиш светото крштевање: и така држи ја таа вера без никакви измени и еретички додатоци сè до последниот здив. Сите пак, учења спротивни на оваа беспрекорна вера, замрази ги и сметај ги за непријателски на Бога, бидејќи светиот апостол вели: Но дури и ние, или ангел од небото да ви благовестеше нешто друго од она, што ви благовестевме ние, нека биде анатема! (Гал. 1, 8). – И навистина, нема друго Евангелие, нема друга вера, освен онаа проповедана од Апостолите и утврдена од богоносните Отци и предадена на Соборната Црква“. Откако го кажа тоа и го поучи царскиот син Јоасаф на Символот на верата, изложена на Никејскиот собор, Варлаам го крсти во името на Отецот и Синот и Светиот Дух во базенот со вода кој се наоѓаше во неговата градина; и на него слезе благодатта на Светиот Дух.

Потоа влезе во собата а Јоасаф, отслужи вета служба и го причести со Пречистите и Животворни Тајни; и обата се радуваа во духот и му вознесуваа слава на Бога. После тоа Варлаам го поучи како треба да живее по крштевањето и откако му ги изложи сите добродетели си замина во своето живеалиште.Меѓутоа, слугите и воспитувачите на Јоасаф гледаа како старецот често го посетува и се чудеа. И најстариот меѓу нив, по име Зардан, кого царот поради неговата верност и предаденост го постави за надзорник во дворецот на Јоасаф, еднаш му рече: Добро знаеш, господару, колку го почитувам татко ти и колку сум му верен, затоа и ме одреди да ти служам. Сега пак, кога гледам колку често оној туѓинец доаѓа кај тебе и разговара со тебе, се плашам да не е од христијанската вера, која татко ти силно ја мрази, па поради тоа би можел да бидам осуден на смрт.

Затоа, или кажи му на царот за него или престани да разговараш со него или отпушти ме, за да не бидам одговорен. – Царскиот син одговори: Зардан, еве што ќе направиме: застани тајно зад завесата и слушај го нашиот разговор;потоа ќе ти кажам што ќе сториме.Кога еднаш Варлаам дојде во дворецот, Јоасаф претходно го сокри Зардан зад завесата и му рече на старецот: Повтори ми го накратко твоето учење, за тоа што посилно да се вкорени во моето срце. – И Варлам почна да зборува и многу му зборуваше за Бога, за побожноста, за идното блаженство и вечните маки. И откако долго благовестеше, тој стана, се помоли и замина во своето живеалиште.

sv.Varlaam.i.Joasaf.Indiski1
          Тогаш царскиот син го повика Зардан и му рече искушувајќи го: Слушна ли што сè ми зборуваше тој лажлив старец? Тој се обидува да ме заведе со своето учење, да ме лиши од моите радости и уживања и да ме приведе на туѓ Бог. – Зардан одговори: Господару, не искушувај ме мене, твојот слуга, и ние знаеме дека неговата проповед е вистинска. Но откако татко ти подигна луто гонење на христијаните, нивната вера е осудена на пропаст. Но ако таа ти станала мила во срцето и ако на себе можеш да ги примиш нејзините тешкотии и страдања, тогаш нека се исполни твојата добра желба.Но што да правам јас? Не сум во состојба ни да гледам такви страдања и такво тешко живеење. Стравот од гневот на царот ми го убива срцето и не знам што ќе му одговорам за тоа што му дозволив на овој човек да доаѓа кај тебе. – На тоа царскиот син му рече на Зардан:За твојата голема предаденост и верна служба јас не наоѓам подобра награда од оваа: да се потрудам да ти ги откријам неискажливите блага: познанието на твојот Творец и верата во Него. Се надевав дека кога ќе го слушнеш вистинското учење, веднаш ќе го засакаш и ќе го примиш заедно со мене. Меѓутоа, гледам дека ме излажа надежта, бидејќи срцето ти е закоравено и не сакаш да ја познаеш вистината. Сепак, исполни ми една желба: За ова не му кажувај на татко ми извесно време, бидејќи ако му кажеш, со тоа ништо не ќе постигнеш, само ќе ја зголемиш мојата болка и мака.Следниот ден Варлаам дојде кај царскиот син и му ја кажа својата намера дека сака да отпатува. Јоасаф, не можејќи да ја поднесе разделбата, тагуваше во душата и ронеше горчливи солзи.Старецот долго разговараше со него утврдувајќи го во верата и во добродетелите и убедувајќи го да не плаче по него. Притоа му прорече на царскиот син дека наскоро ќе се соединат засекогаш. Тогаш Јоасаф, не сакајќи на старецот да му причинува потешкотии, а и плашејќи се Зардан да не го извести царот за него, со солзи му рече на Варлаам: Бидејќи е таква твојата волја, оче мој духовен и учителу добар, јас да останам овде во суетниот свет, а ти да си заминеш на местото на твоето духовно спокојство, не смеам повеќе а те задржувам. Затоа оди си, чуван од Божјиот мир и секогаш
спомнувај ме во своите свети молитви мене бедниот, за со тек на ремето и јас да можам да дојдам кај тебе и секогаш да го гледам
твоето чесно лице. А стори ми љубов: остави ми ја својата искината  ветва мантија за сеќавање на твоето монашко живеење и учење и за одбрана од секое сатанско дејство.Старецот му ја даде својата мантија, која Јоасаф ја ценеше повеќе од царска порфира. Потоа Варлаам стана да се помоли и со умиление се молеше на Бога за Јоасаф, предавајќи го новопросветеното момче на Божјата промисла и заштита.

Откако ја заврши молитвата, тој му се обрна на царскиот син, го целива и му рече: Чедо на Небесниот Отец, мир на тебе и спасение вечно! – Потоа тој излезе од дворецот и отпатува радувајќи се и благодарејќи му на Бога што неговиот пат го усмери на добро.По заминувањето на Варлаам блажениот Јоасаф се оддаде на усрдна молитва и строг подвижнички живот. Гледајќи го тоа, Зардан страшно се разжалости и, преправајќи се дека е болен, замина дома. Царот, откако дозна дека Зардан е болен, кај него го испрати најискусниот лекар да го лечи. Лекарот внимателно ја испита болеста на Зардан; и известувајќи го царот за тоа му рече: Јас не можам во Зардан да пронајдам никаква друга причина за болест освен некоја тага со која е ранета душата негова и тој боледува. – Тогаш царотпомисли дека неговиот син се налутил нешто на Зардан, па овој Старец Варлаам му ја подарува својата облека на Јоасаф изнемоштел од тага. И царот науми сам да го посети болниот и од него да ја дознае причината за болеста. Но Зардан побрза да му се јави на царот и паѓајќи пред него на земја се обвинуваше себе како заслужен за секаква казна, бидејќи небрежно го чуваше царскиот син; и му раскажа на царот сè што се случи со Јоасаф. Еден лукав човек, му рече на царот, волшебник (маѓепсник) и измамник, по име Варлаам, дојде од пустината и разговараше со син ти за христијанската вера и тој му поверува на кажувањето и сега целиот е Христов.
Откако царот го слушна тоа, се стресе од тага, па потоа го обзеде неискажлив гнев и веднаш нареди да му го викнат најглавниот болјар, по име Арахиј, мудар советник и искусен во прорекувањето по ѕвездите.

И му раскажа сè по ред што се случи.Арахиј, тешејќи го царот, рече: Не тагувај царе, бидејќи многу лесно можеме син ти да го одвратиме од христијанската вера, ако го добиеме Варлаам. Ако пак не го најдеме Варлаам, знам друг старец од наша вера кој се вика Нахор: тој живее во пустината и се занимава со прорекување по ѕвездите; кај него и јас се учев; тој по надворешност потполно личи на Варлаам, а Варлаам лично го познавам, бидејќи сум го видел порано. Значи, ќе го повикаме од пустината тој Нахор и ќе наредиме лажно да се претстави како Варлаам, па ќе водиме со него препирка за верата; Нахор ќе се преправа дека е победен во препирката и ќе изјави дека христијанската вера е лажна. А син ти, гледајќи го тоа, ќе се одврати од христијанството и ќе им се врати на татковинските богови.Царот сметаше дека овој совет е добар и донекаде се утеши во својата тага. И така, потпрен на празна надеж, тој итно го испрати Арахиј со мноштво војници да го бараат Варлаам. Поминувајќи долг пат, Арахиј најпосле стигна до Сенаридската пустина. Тука помина низ многу беспатни места, шуми и непроодни низини и некаде под една шума најде мала чета на пустиножители и ги фати.

Меѓу нив еден беше како старешина; тој носеше вреќа од козја кожа полна со коски на некои порано преминати свети отци, за тоа постојано да ги потсетува на смртта. Арахиј ги праша пустиножителите: Каде се наоѓа оној измамник кој го излажа царскиот син.

– Оној со вреќата одговори:Тој не е меѓу нас, ниту ќе биде, бидејќи бега од нас, гонет од силата Христова, а престојува меѓу вас.

– Арахиј го праша: Го познаваш ли?

– Пустиножителот одговори: Го знам тој измамник: тоа е ѓаволот; тој и живее меѓу вас и вие му угодувате.

– Арахиј рече: Те прашувам за Варлаам.

– Пустиножителот одговори: Ако прашуваш за Варлаам тогаш треба да кажеш вака: „Каде е оној кој царскиот
син го одврати од заблудата?“ Тој е наш брат и сопственик на нашето монаштво, но еве има многу денови откако не сме го виделе. – Арахиј праша: А каде е живеалиштето на Варлам? – Пустиножителот одговори: Ја знаеме неговата ќелија во пустината, но нема да ви кажеме каде е.
             Арахиј, исполнувајќи се со гнев, им се закануваше со смрт, а тие се израдуваа кога слушнаа за смрт. Арахиј страшно ги натепа и
ги стави на лути маки барајќи од нив да кажат каде е Варлаам. Но тие молчеа. После тоа Арахиј грижливо го бараше Варлаам насекаде
и откако не го најде никаде се врати кај царот со празни раце, доведувајќи му ги само спомнатите пустиножители, седумнаесет на број. Царот насила ги принудуваше да кажат каде е Варлаам и да се одречат од Христа. Но тие не само што не го послушаа, туку и го прекорија поради неговото безбожништво. Тогаш царот нареди да им ги исечат јазиците, да им ги извадат очите и да им ги отсечатрацете и нозете. И така прекрасните страдалници се упокоија. После нивната смрт Арахиј, по наредба на царот, замина ноќе кај волшебникот (маѓесникот) Нахор, кој во пустината живееше со демоните и се занимаваше со маѓии, му раскажа сè подробно и го Монасите кои пострадале заради Христа замоли да се преправи во Варлаам. Потоа се врати кај царот.

А утредента вооружи еден одред војници и повторно пушти глас дека оди да го бара Варлаам и повторно тргна во пустината. И додека одеа по пустината, се појави Нахор од една клисура; забележувајќи го, војниците се стрчаа по него, го стигнаа, го фатија и го приведоа на Арахиј. А Арахиј, божем не знаејќи дека тоа е Нахор, го праша:

Кој си ти?

– Нахор одговори: Јас сум Варлаам.

– На тоа сите се израдуваа иврзан го поведоа кај царот. Во меѓувреме, насекаде се пренесе глас  дека Варлаам е фатен. Кога слушна за тоа, Јоасаф падна во силна тага и плачеше горко. Но Бог на секоја утеха со откровение го извести Јоасаф дека не е фатен Варлаам, туку волшебникот Нахор наместо Варлаам.Царот најпрвин отиде во дворецот на сина си и го советуваше де со благи и кротки зборови де со лути и жестоки, да ја остави Господ преку ангел го известува Јасаф за измамата христијанската вера и да се врати на татковинските богови. Но со ишто не можеше да го одврати од љубовта Христова: бидејќи Јоасаф а сите зборови на татка си одговараше со голема мудрост, окажувајќи ја ништожноста на незнабожечките богови, а рославувајќи го Единствениот Вистински Бог, Создател на сè и зјавувајќи готовност за овој Бог да оди на маки и смрт. Но бидејќи пиродната љубов на таткото кон синот не му допушти на царот да го мачи па при тоа и совеста го изобличуваше затоа што ја слушна истината од синот, тој му рече: Чедо мое, требаше во сè да се покориш на мојата родитска волја, но ти си груб и непокорен и упорно ми се противиш вообразувајќи дека си помудар од сите. Затоа да го оставиме тоа залудно препирање и да и дадеме место на Царот го убедува Јоасаф да се врати на многубоштвото правдата. Ете, ќе устројам повеќечлен собор, на него ќе ги викнам мудреците од целото наше царство, а ќе ги викнам и христијаните.При тоа, на моите гласници ќе им наредам насекаде громогласно да објавуваат, никој од христијаните да не се плаши, туку без страв да дојдат на соборот, заеднички да расудиме и да разгледаме чија вера е подобра. Во мои раце е и Варлаам кој те излажа, окован е во ланци, бидејќи мир немав додека не го фатив.

           Него ќе го изведам на соборот, со своите христијани да застане против нашите мудреци и да води спор со нив за верата. И ако вие христијаните со својот Варлаам победите, тогаш ќе го добиете она што го сакате; а ако бидете победени, тогаш ќе бидете должни во сè да се покорувате на мојата наредба. – Блажениот Јоасаф одговори: Нека биде волјата Господова и нека биде како ќе наредиш ти; а вистинскиот Бог нека ни помогне да не заталкаме од вистинскиот пат.Тогаш царот на сите страни испрати писмени наредби и гласници кои по сите градови и села громко ја објавуваа неговата волја: сите идолослужители и христијани да се соберат на едно место, притоа христијаните да не се плашат да дојдат на соборот, заради решавање на прашањето на вистинската вера по пат на препирка на христијаните со Варлаам на чело, од една страна, и незнабожечките жреци и волшебници (маѓесници) од друга страна. Притоа царот ги повика сите кои се наоѓаа во неговата земја, најмудрите персиски и халдејски жреци, волшебници и маѓесници, за да ги надвладеат христијаните. И кај царот пристигна огромно мноштво на идолопоклоници, мудри во злобата и препредени во лагата на учењето, кои „наречувајќи се себе мудри, обезумија“ (Рим. 1, 22); христијаните пак, од кои едни беа убиени од страна на неверниците, а другите се беа разбегале по шумите и пустините и се криеја, се собраа во многу мал број и меѓу нив се најде само еден одличен познавач на Светото Писмо, по име Варахиј. Единствено тој бестрашно му притекна на помош на божемниот Варлаам, не знаејќи, всушност, дека тоа не е Варлаам, туку маѓесникот Нахор.
             Царот тогаш седна на висок престол, а и на синот му нареди да седне со него. Но тој, од почитување кон татка си, седна покрај него, крај престолот на подот. Тогаш пред царот се претставија сите незнабожечки мудреци; а беше доведен и Нахор, божемниот Варлаам. Царот, обрнувајќи им се на своите мудреци и философи, им рече: Ете, ви претстои голем подвиг и ве очекува едно од овие две работи: или во препирка да го победите Варлаам и неговите едномисленици христијани и да се удостоите со големи почести од мене; или, победени, да доживеете срам, потсмевање и лута казна, бидејќи сите без милост ќе ве убијам и вашите тела ќе им ги дадам на Царот ги повикува жреците и христијаните ѕверовите и птиците за јадење, а вашите деца ќе ги затворам во вечно ропство, ако не ги победите христијаните.
         Кога царот го изговори тоа, Јоасаф извика: Праведен суд изрече, царе! И јас ќе му кажам нешто слично на својот учител.

– И обрнувајќи му се на Нахор му рече: Добро знаеш, Варлааме, во каква слава и уживање на почетокот ме затекна. Но со своите долги беседи ме придоби да отстапам од боговите и законите на моите претци, да му служам на непознатиот Бог и да се налутам на татко ми и моите господари. Затоа, сега замисли си дека стоиш на вага: ако победиш во препирката и докажеш дека твоето учење е вистинско, тогаш ќе се прославиш како проповедник на вистината и јас ќе му останам верен на твоето учење, служејќи му на Христа до последен здив; ако пак бидеш победен и со тоа ми нанесеш срам, тогаш ќе ти се одмаздам за тој срам: со обете нозе ќе ти застанам на градите и со свои раце ќе ти го искорнам срцето и јазикот, па останатото твое тело ќе им го фрлам на пците за јадење, за и сите други да се поучат од твојот пример да не ги измамуваат царските деца.
          Нахор страшно се исплаши, гледајќи дека е фатен во сопствената мрежа и дека паѓа во јамата која сам си ја ископа. Плашејќи се од неизбежната смрт која го очекува ако го налути царскиот син кој ги има сите можности да го мачи само ако посака, Нахор се реши да се држи до Јоасаф и да ја брани христијанската вера. И кога почна препирката меѓу жреците и христијаните, Нахор проговори како порано Варлаам кој, испратен од царот Валак да го проколне Израилот, наместо проклетство го благослови со многу благослови (4Мој. 22, 4-24, 25); така и Нахор, започнувајќи ја препирката, ја продолжи од утрото до вечерта, зборувајќи како од Светиот Дух; бидејќи понекогаш Божјата благодат знае да делува и во нечисти садови, заради светата слава Своја. И Нахор толку мудро ја изобличи ништожноста и лажноста на незнабожечките богови и толку убедливо докажа дека христијанската вера е единствена вистинска, што никој со ниеден збор не можеше да му противречи. За тоа препирање на Нахор со идолопоклоничките жреци опширно и прекрасно пишува свети Јован Дамаскин во својата повест за свети Варлаам и Јоасаф.Така значи, сите незнабожечки мудреци и философи и жреци и маѓесници стоеја пред Нахор потиштени и молчеа како неми, посрамени, не можејќи да кажат ништо против него. А царскиот син се радуваше во душата и го славеше Господа кој, како некогаш Савле, така сега Нахор, од гонител го направи учител и проповедник на вистината. Царот и Арахиј, вџашени од неочекуваната промена на Нахор, страшно се гневеа на него, бидејќи ги обзеде голем срам. И царот сакаше да го мачи Нахор и останатите христијаните, но не можеше да згази на својот царски збор, бидејќи ги викна христијаните слободно и без страв да дојдат на соборот заради препирање за верата, давајќи им го својот царски збор дека не ќе им направи ништо зло.
           Затоа тој нареди соборот да се растури со тоа што утре божем повторно ќе се состане заради продолжување на препирката. На тоа царскиот син му рече на татка си: Царе, на почетокот на овој потфат изрече праведен суд, така и на крајот држи се до правдата и направи една од овие две работи: или нареди му на мојот учител оваа ноќ да ја помине кај мене, заедно да размислиме што треба да зборуваме утре, а ти земи ги кај себе своите и стори го истото; или своите мудреци остави ми ги оваа ноќ мене, а ти земи о мојот учител кај себе, бидејќи ако обете противнички страни бидат ај тебе до утрешната препирка, тогаш мојот учител секако ќе биде о тага и страв, а твоите мудреци во радост и спокојство. А во таков лучај, ми се чини, работата не ќе може да оди по праведен пат, туку тоа ќе биде насилство на власта над потчинетите и кршење на ветувањата кои им ги даде на христијаните.Царот, победен од мудрите зборови на сина си, ги зеде со себе своите жреци, а на сина си го остави Нахор, имајќи во себе ште некоја надеж во Нахор дека ќе го исполни своето ветување: дека ќе го врати Јоасаф во идолопоклоничката вера. Царскиот син пак, земајќи го со себе Нахор, замина во својот дворец, радувајќи се од Бога својот Спас. А на Нахор, кога дојде во дворецот, му рече: мислиш не знам дека си Нахор, а не Варлаам? Во секој случај добро направи докажувајќи ја вистинитоста на христијанската вера и разобличувајќи ја лажноста на идолопоклоничката вера. Затоа верувај во оној Бог, за чие име денес толку сјајно стоеше (достои).
            Трогнат од зборовите на Јоасаф, Нахор се покаја за сите свои поранешни зла и потполно искрено сакајќи да му пристапи на вистинскиот Бог, го молеше блажениот Јоасаф да му дозволи тајно да побегне во пустината, да им се придружи на пустиножителите кои таму се кријат и да го прими светото крштевање. Јоасаф, откако го поучи во верата, го отпушти во мир. А тој, откако побегна во пустината, најде таму еден свештеник со свет живот и од него примајќи го крштевањето започна животот да го поминува во покајание.
             Утредента царот, откако дозна што се случи со Нахор, падна во очај затоа што му се срушија надежите кои ги полагаше во него. Увидувајќи пак, дека неговите мудреци се победени и дека се наоѓаат во безизлезна положба, тој се разгневи на нив, па ги предаде на страшни потсмевања, а некои и на силен ќотек и нареди лицата Св. Јоасаф го обраќа Нахор во православната вера и Нахор заминува во пустина каде се покрстува со саѓи да им се чадат, па ги изгони од себе. И од тоа време тој повеќе не ги почитуваше жреците, ниту на идолите им принесуваше жртви, туку и ги хулеше. Но не поклонувајќи им се на идолите и во исто време не примајќи ја христијанската вера, тој беше во голема недоумица и многу растроен. Меѓутоа, кај Јоасаф доаѓаа незнабожците и насладувајќи се со неговите спасоносни зборови, се обрнуваа на Христа. А жреците, гледајќи се себе исмеани и посрамени и царот како се одвраќа од нивните богови, итно испрати гласници кај еден знаменит волшебник, по име Тевда, кој живееше во пустината со демоните и, известувајќи го за сè, силно го молеше да им притекне во помош. Тогаш Тевда, земајќи ја со себе големата демонска војска, смело отиде кај царот кој лично го познаваше и сакаше и со своите вешти и заводливи зборови повторно го врати царот на идолопоклонството, и со него устрои голем празник на идолите=демоните. А грижејќи се и блажениот Јоасаф да го одврати  од Христа и да го врати на идолопоклонството, Тевда на царот му даде ваков лукав совет: од Јоасаф да ги оддалечи сите слуги, а наместо нив да одреди убави жени и волшебни девојки да му служат. А јас, велеше при тоа Тевда, ќе испратам еден од демоните кој во Јоасаф ќе го запали оганот на сладострастието и ќе го наведе на блуд. И кога царскиот син само еднаш ќе падне во гревот на блудот, оттогаш, царе, сè ќе оди по твојата волја.
              Царот го послуша лукавиот совет: собра мноштво убави девојки и млади жени, ги облече во раскошни облеки, ги украси со златни накити и ги воведе во дворецот кај синот, а сите слуги ги оддалечи од дворецот. Така во дворецот на Јоасаф не остана ниеден маж и сите работи ги извршуваа само жени и девојки. А таму невидливо наидоа и зли духови, испратени од волшебникот Тевда и започнаа во момчето да ја распалуваат телесната страст и да му шепотат лоши помисли. И блажениот Јоасаф беше на мака и во големо искушение и борба; особено кога една девојка, најубава од сите, поттикнувана не само од царот, туку и од бесовите, ги фрли врз него мрежите на својата убавина. Таа беше ќерка на еден цар, земена во ропство и доведена од својата татковина и предадена на царот Авенир како голем дар. Потпирајќи се на нејзината необична убавина, таткото ја испрати кај синот за да го соблазни. Влегувајќи во неа, демонот заводник ја научи на мудри зборови и заводлив разговор, а во исто време на светото момче во срцето му всади најпрвин љубов кон неа без никаква страст, грижејќи се постепено да го улови во своите мрежи. И навистина, Јоасаф ја засака поради нејзината мудрост и добрина; освен тоа, тој чувствуваше и сожалување кон неа, бидејќи таа, царска ќерка, е заробена, лишена од својата татковина и висока положба; а размислуваше и за тоа како да ја одвои од идолопоклонството и да ја направи христијанка.


Искушението со девојките на св. Јоасаф

Со такви помисли и не чувствувајќи во себе никаква страстна желба, тој со неа почна вака да разговара: Познај го, девојко, Бога кој вавек живее, за да не загинеш во заблуда. Познај го Создателот и ќе бидеш блажена, станувајќи невеста на Бесмртен Женик. – И многу слично на тоа и зборуваше. И ете, во тоа време нечистиот дух таа душа ја научи да почне да соблазнува и кон пад да ја влече. И девојката рече: Ако ти, господару мој, се грижиш за моето спасение и сакаш мојата душа да ја избавиш од идолопоклоничките заблуди, тогаш исполни ми една молба, па јас веднаш ќе се одречам од своите татковински богови и ќе му пристапам на твојот Бог и ќе му служам до својот последен здив, а ти секако ќе добиеш награда за моето обрнување.

– Светото момче ја запраша: Во што се состои твојата молба, девојко?

– А таа го гледаше заводнички и сладострастно му зборуваше: Стапи со мене во брак, па секоја твоја наредба ќе ја исполнам. – Тој на тоа и’ рече: Како се осмелуваш да ми се обрнеш со таква молба? Бидејќи јас, иако го сакам твоето спасение, не се согласувам да се сквернавам себеси.

– А таа, трудејќи се да му го олесни патот кон гревот, рече: Зошто ти, господару мој, преполн со секаква мудрост, зборуваш такви работи, нарекувајќи го бракот осквернување? Јас, исто така, ги знам христијанските книги, многу сум ги читала во својата татковина и многу пати сум разговарала со христијаните. Зар во вашите книги не стои напишано: Бракот на сите треба да е чесен, и брачното легло – чисто (Евр. 13, 4); и уште: подобро е да се женат и мажат, отколку да се возбудуваат (1Кор. 7, 9). Зарем не го познаа бракот древните патријарси и пророците и праведниците, како што за тоа сведочат вашите Писма? Зар Светото Писмо не вели дека Петар, кого вие го нарекувате врвен апостол,имал жена? Кој, тогаш, господару мој, те научи бракот да го нарекуваш осквернување? Всушност, ти си отстапил од вистината на вашето учење.

– Блажениот и одговори: Иако во Светото Писмо го пишува тоа што го рече и навистина секој има слобода да стапи во брак, сепак исклучок се оние кои на Христа му ветиле дека ќе го чуваат своето девство; а јас, штом го примив светото крштевање дадов завет дека ќе му служам на Христа чист во беспрекорно девство. Како тогаш ќе се осмелам да ја нарушам заклетвата дадена на Бога?

– Заводничката на тоа му одговори: Ако не ме земеш за жена, тогаш барем исполни ми една малечка и ситна желба. Ако сакаш да ја спасиш мојата душа, помини ја со мене оваа ноќ. Ако го направиш тоа, ти ветувам дека утре ќе ја примам христијанската вера; и тоа не ќе ти биде само на отпуштање на гревовите, поради таквата твоја грижа за моето обрнување, туку ќе добиеш и голема  награда од Бога: бидејќи „на небото ќе биде голема радост за еден грешник кој се кае“ (Лука 15, 7), вели твоето Свето Писмо. А ако на небото е голема радост поради обрнувањето на грешникот, тогаш не ќе биде ли голема и наградата за оној кој ќе го обрне грешникот и со тоа ќе предизвика радост кај ангелите?

Нема сомнеж дека е така, бидејќи и началниците на вашата вера, апостолите, многу работи правеле по своја волја, престапувајќи ја помалата Божја заповед заради поголемата. Не го обреза ли апостол Павле Тимотеј (спор. Дела 16, 3), иако обрезувањето не е задолжително за христијаните? Сепак, тој не се исплаши да постапи така поради поголем успех во проповедта на Евангелието. И многу слични работи ќе најдеш во своите книги. Затоа, ако навистина сакаш да ја спасиш мојата душа, тогаш исполни ми ја оваа малечка желба.
Кога таа го зборуваше ова, душата на блажениот Јоасаф од разни помисли започна да се колеба помеѓу доброто и злото, цврстината на решението да се сочува девството ослабна, а волјата и разумот омекнаа. Сејачот пак на злото, ѓаволот, гледајќи дека срцето на Јоасаф се колеба, се исполни со радост и им викна на своите другари: Гледате, оваа девојка ќе го направи она што ние не можевме да го сториме! Затоа сега да го нападнеме ова момче, бидејќи позгодна прилика не ќе ни се укаже да ја исполниме желбата и наредбата на оној кој нè испрати.
           Извикувајќи го тоа, валканиот со своите песови силно го нападна војникот Христов и неговите духовни сили се збркаа, запалувајќи ја во него нечистата љубов спрема девојката и силната страст. Тогаш светото момче, согледувајќи се силно распален и кон гревот влечен, се удри во градите и воздивнувајќи му на Бога од длабочината на срцето итно прибегна на молитва и лиејќи потоци на солзи лелекаше кон Оној кој може да го спаси од бурата и велеше: Во Тебе, Господи, ја издигнувам душата своја; да не се посрамам Пратената царска ќерка го искушува св. Јоасаф довека, да не ме исмејуваат непријателите мои (Пс. 24, 2), бидејќи се држам до Твојата десница; притекни ми во помош во овој час и по волјата Твоја исправи ги патиштата мои, за славното и страшно име Твое да се прослави на мене, слугата Твој.Долго се молеше светото момче, залевајќи се со солзи и правејќи многубројни метании; потоа се фрли на земја и заспа. На сон се виде себе како некои непознати луѓе го зедоа и го однесоа на некои прекрасни места, па го одведоа до едно големо поле, покриено со прекрасни и необично миризливи цвеќиња. Тука виде мноштво на разновидни и прекрасни дрвја, полни со непознати и чудесни плодови, пријатни за гледање и слатки за јадење.

Лисјата на тие дрвја весело шушкаа од некој нежен развигор и тивко се лелееја непрекинато од себе ширејќи мирис. Под дрвата стоеја престоли од чисто злато и од скапоцени камења и од скапоцен бисер кои силно блескаа; а исто така, таму стоеја златни постели, покриени со Непознатите луѓе (ангелите) го земаат св. Јоасаф разновидни покривачи со неискажлива убавина и сјај. По средината течеа води чисти и прекрасни, мили за гледање. Споменатите необични мажи го поведоа Јоасаф преку целото тоа поле и го воведоа во градот кој блескаше со неискажлива светлина; ѕидовите му беа од чисто злато и од скапоцени камења, какви никој не видел, а столбовите и вратата од едноставен бисер... Но кој ќе ја искаже целата убавина и сјај на тој град? Свелината која богато сјаеше одозгора, ги исполнуваше сите улици на градот и некои раскрилени и светлоносни војници одеа по градот и пееја милозвучни песни, какви никогаш човечко уво не слушнало. И Јоасаф слушна глас кој му велеше: Тоа е спокојството (мирот) на праведниците! Тоа е веселбата (радоста) на оние кои за време на животот му угодија на Господа.

– А оние мажи го изведоа Јоасаф од градот за да го вратат назад. Но тој, целиот обземен од убавината и прекрасноста на она што го виде, велеше: Ве молам, не лишувајте ме од оваа неискажлива радост,туку допуштете ми да живеам во било кој агол од овој град.

– Тие му одговорија: Сега не е можно да останеш овде, иако за многу подвизи и напори со време ќе дојдеш ваму, ако се принудуваш себе и ги употребиш сите свои сили: бидејќи царството небесно насила се зема и силните го грабаат (Мат. 11, 12). – Кажувајќи го тоа тие повторно го проведоа преку гореспоменатото големо поле и го воведоа во места темни, полни со секаква меланхолија и тага и по сè спротивни од онаа светлина и радост каква што претходно Јоасаф ја виде: бидејќи таму беше темнина непроѕирна и густ мрак и сè беше полно со тага и сметеност. Таму пламтеше огнена печка и врвеше од црви што го јадат човечкото тело и наоколу стоеја духовите на одмаздата.
              Некои луѓе луто беа потпалувани со огнот и се слушаше глас кој велеше: Ова е местото на грешниците! Ова е местото на оние кои се осквернија со срамни дела! – После тоа, тие што го водеа го изведоа оттаму Јоасаф, и тој се разбуди и дојде на себе, но целиот трепереше и порој на солзи му течеа од очите. И тогаш целата убавина на неговата млада заводничка и останатите жени и девојки му стана посмрдлива од изметот и гнојот. Сеќавајќи се на она што го виде, тој де беше обземен со желбата по светлиот град де опседнат со страв од видените маки и лежеше на постела без сила и не можеше да стане.
        Го известија царот дека неговиот син е болен и тој веднаш дојде кај него и започна да го распрашува за причината на неговата
болест. Јоасаф му раскажа сè што му беше покажано во видението и додаде: Зошто си фрлил мрежа врз моите нозе, сакајќи да ми ја
уловиш душата и да ја фрлиш во гибел? Бидејќи да не ми помогнеше Бог, мојата душа за кратко време ќе се најдеше во пеколот. Но колку е добар Бог на Израилот кој мене ништожниот ме избави од челуста на лавот! Во сметеност јас заспав; но од височините ме посети Бог Спасителот мој и ми покажа од колку блага се лишуваат оние кои Го гневат и какви маки си подготвуваат... Татко, бидејќи си ги затворил ушите свои и не сакаш да ме послушаш мене кој ти зборувам за вистинското добро, тогаш барем сега не брани ми да одам по вистинскиот пат. А јас сакам само едно и тоа ова: да оставам сè и да отпатувам таму каде престојува угодникот Христов Варлаам и со него да го поминам целото останато време на својот живот. А ако посакаш на сила да ме задржиш, тогаш наскоро ќе ме видиш мртов од тага и жалост. И тогаш, откако ќе ме изгубиш мене, синот твој, ни ти повеќе не ќе се нарекуваш татко.
       Поради ова, царот повторно го обзеде страшна тага и тој замина во својата палата разжалостен. Непобедивиот војник Христов
Јоасаф го оставија и злите духови и се вратија посрамени кај Тевда  кој започна да ги прекорува, велејќи: Зар сте толку немоќни, бедници, што ни едно момче не можевте да победите?

– А тие, принудени од силата Божја и против својата волја ја кажаа вистината, велејќи: Не можеме да се спротиставиме на силата Христова; не можеме дури ни да погледнеме на крсниот знак со кој момчето се оградува себе.
По некое време царот го зеде со себе Тевда и отиде кај синот. Тевда разговараше со блаженото момче бранејќи ги своите богови,
но не можеше да го надзборува оној кому му беа дадени уста и премудрост одозгора, премудост на која никој не можеше да се
спротистави. Победен и посрамен, Тевда долго молчеше како нем, не знаејќи повеќе што да каже. Најпосле одвај се прибра и му рече
на царот: Нема сомнеж, цару, Светиот Дух живее во твојот син; ние навистина сме победени и немаме што да му одговориме...
Ваистина е велик христијанскиот Бог, велика верата нивна, велики и нивните таинства! – И обрнувајќи му се на царскиот син, го
праша: Кажи ми, осветен во душата, ќе ме прими ли Христос мене, ако отстапам од моите зли дела и Му се обрнам? – Свети
Јоасаф започна да му зборува за покајанието на грешниците и за милоста Божја која брзо ги прима оние кои вистински се кајат. Тевда,
трогнат до дното на срцето, итно замина во својата пештера, ги запали сите свои книги за маѓии и појде по стапките на Нахор: се
Приказната за блудниот син удостои на свето крштевање и го поминуваше животот во големо покајание.
Меѓутоа, царот повеќе не знаеше што да прави со синот. Тогаш Арахиј му советуваше да го раздели царството на две половини, па едната да му ја даде на синот. И Ахариј му велеше на царот: Царе, посакаш ли да го мачиш синот свој, тогаш ќе бидеш непријател на самата природа и не ќе се наречеш татко туку мачител на сопствениот син, па и синот патем ќе го погубиш и сам без пород
ќе останеш и во голема тага ќе паднеш. Останува да се направи само едно: раздели го царството свое на половина меѓу себе и синот
и нареди му на синот да царува во неговата одредена половина.
Зафатен со животните грижи, тој постепено ќе се навикнува на таков живот каков што живееме ние и сè ќе излезе така како што сакаме, бидејќи навиките вкоренети во душата не се менуваат толку со насилство туку со љубов. А ако тој дури и остане во христијанската вера, сепак за тебе донекаде ќе биде утеха во тагата и самиот факт дека не си без деца туку имаш син цар.
         Примајќи го советот на Арахиј, царот постапи според него: го раздели царството на две половини и над едната половина го
постави за цар својот син Јоасаф. Јоасаф, копнеејќи по пустиножителски монашки живот, не ни помислуваше на царската власт, но
расудувајќи дека сè ќе излезе на добро, ја прими доделената половина на царството, стапи на престолот и, пред сè, се погрижи
да го искорени незнабожечкото многубоштво и да ја рашири верата во Единиот Вистински Бог. Значи, тој по целата своја земја ги сруши идолите и до темел ги разори нивните одвратни идолишта, а место нив подигаше свети цркви и ја распространуваше светата вера Христова. Откако слушнаа за тоа, христијанските епископи,презвитери и монаси кои се криеја, слегуваа од шумите и излегуваа
од пустините и стигаа кај светиот цар Јоасаф кој со радост ги примаше и заедно со нив се грижеше за спасение на душите човечки.

 И за кратко време тој со светлината на верата ги просвети и ги крсти сите свои поданици и непрекинато со солзи се молеше на Бога за обрнување на својот татко. И милосрдниот Бог не ја презре неговата усрдна молитва и солзи, туку милостиво го услиша: со светлината на благодатта Своја Тој се допре до срцето на Авенир, па од очите на неговиот ум падна дебелата завеса на темнината и тој ја здогледа зората на вистината и го позна ништожеството на лажните богови. И царот Авенир ги повика своите советници и им ја откри намерата на своето срце: дека сака да ја прими верата на својот син. Сите ја пофалија оваа намера, бидејќи по молитвите на Јоасаф сите нив – ги посети Исток од висините (Лука 1, 78). Царот веднаш со писмо го повика својот син, од него да се научи на верата и побожноста...

О, со каква радост Покајанието на цар Авенир за син му и веселба се исполни срцето на Јоасаф кога виде дека татко му се обрнува кон вистинскиот Бог! Доволно поучувајќи го татко си на верата през многу денови и кажувајќи му ги тајните на светата вера, Христијанството со кое св. Јоасаф го зарадува целото царство како некогаш нему преподобниот Варлаам, Јоасаф го приведе кон светото крштевање и самиот го прими од светата бања. Дело – навистина ново и прекрасно: синот му стана татко на својот татко и посредник во духовниот препород на оној кој по тело го роди. И не само царот Авенир туку сите негови големци и војници и робови – со еден збор: целата земја Индија го прими светото крштевање. И стана голема радост на земјата и на небото: на земјата се радуваа верните поради обрнувањето на неверните, а на небото се радуваа ангелите, не поради еден туку поради големиот број на грешници кои се кајат.

(Продолжува)

 

Подготви: отец Игор Калпаковски

Илустрација: Сарита Коневска

Извор: Православен пат

Житие на преподобните отци наши Варлаам и Јоасаф Индиски (1)

Житие на преподобните отци наши Варлаам и Јоасаф Индиски (3)


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная