логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

ЧУДОТО НА СВЕТИ НИКОЛА, КОЕ СЕ СЛУЧИЛО 1956 ГОДИНА
(По овој настан е снимен филм)

1956 Година во времето на Советскиот диктатор Хрушчов, во градот Самара сеслучило чудо познато како "Зоиното стоење", што го потресе целиот православен свет.
Во време кога, диктаторскиот режим сакал да го одвои народот од Бога,Бог допуштил да се случи ова чудо кое кај многумина ја вратило вербата и богобојажливоста.
Кај младите во тоа време се проширил голем атеизам и било срамно ако дома имаш икони. Па така и Зоја, која решила со пријателите да ја пречекуваат Нова Година во нејзиниот дом, се расправала со нејзината мајка која била верничка и била против веселби за време на Божикните пости. Најпрво сакала да ги отстрани и иконите од домашниот иконостас, но мајка и’ се побунила па тргнале само некои икони, а некои останале. Зоја не ја послушала својата мајка и ги повикала пријателите. Сите дошле, но вереникот на Зоја, Николај закаснил. Свирела музика, младите танцувале, а само Зоја немала партнер за танцување. Гневна на нејзиниот вереник, таа ја откачила од домашниот иконостас, иконата на свети Никола, и рекла: - "Штом го нема мојот Николај, ќе танцувам со свети Николај".
Една од пријателките пробала да ја одварти од намерата,а таа дрско одговорила: - "Ако има Бог, нека ме казни!"
Со овие зборови, таа затанцувала во круг со иконата во раце, и на третиот круг, во собата одеднаш се слушнал силен шум,се кренал виор, засветлила заслепувачка светлина, и сите уплашени избегале. Само Зоја застанала на место, со притисната кон градите иконата на светителот, се скаменила, и станала ладна како мермер.
Не можеле да ја помрднат од место, зашто нозете, како да биле срастнати со подот.
И иако надворешно немала знаци на живот, Зоја била жива и срцето и чукало.
Од тој момент, таа не можела ниту да пие, ниту да јаде. Лекарите ги вложувале сите напори, но не можеле да ја освестат, ниту да ја поместат.
Веста за чудото брзо се раширила низ градот, и многумина доаѓале да го видат "Зоиното стоење". Но по некое време градските власти го забраниле пристапот, и одред полицајци биле распоредени околу домот. А на љубопитните граѓани кои доаѓале одговарале дека нема никакво чудо и ништо не се случило.
Дежурните полицајци, ноќе слушнале како Зоја вика: - "Мамо, моли се! Гинеме во гревови! Моли се! "
Медицинското истражување потврдило дека чукање на срцето на девојката не застанало и покрај скаменетите ткива. Не можеле дури да и стават инекција, зашто иглите се кршеле. Повикале и свештеници, читале молитви, не можеле да ја земат ни иконата од нејзините раце.
На Божиќ (6 јануари) дошол отец Серафим Тјапочкин, отслужил водосвет и ја осветил целата соба. По што ја зел иконата од рацете на Зоја и рекол: "Сега треба да чекаме знак на Велигден".
Пред празникот Благовештение, некој благообразен старец го молел обезбедувањето да го пушти, но бил одбиен. Доаѓал и следниот ден, но пак го вратиле, и дури на третиот ден, на самиот ден, Благовештение, стражарите го пуштиле. Дежурните слушнале, како старецот зборувал на Зоја: - "Па, како е, се измори ли се да стоиш?" Поминало извесно време, но старецот не излегувал. Кога погледнале во собата, таму го немало. Сите сведоци на настанот се убедени дека се појавил самиот свети Никола.
Зоја престојала 4 месеци (128 дена), до самиот Велигден, кој таа година била на 23 април.
Во ноќта на Христовото Воскресение Зоја гласно повикувала: - "Молете се! Страшно е, земјата гори! Целиот свет гине во гревови! Молете се! "
Од тогаш почнала да оживува, во мускулите и се појавила мекост и виталност. Ја ставиле на креветот, но таа продолжуваат да повикува и да ги моли сите да се молат за светот кој гине во гревови, и за земјата, која гори во беззаконија.

 

- Како живееше, кој те хранеше "- ја прашале.
- Гулаби, гулаби ме хранат, - одговорила Зоја.
Со своите молитви свети Никола ја помилувал и го прифатил покајанието нејзино, и и’ ги простил гревовите.
Сето ова толку многу ги погодило жителите на Куйбишев (како што тогаш се викал градот) и неговата околина, та многу народ се свртел кон верата. Брзале со покајание во црквата, некрстените се крштевале, оние кои не носеле крст, почнале да носат, и дури почнало да снемува крстчиња.
Кога после неколку години, протоереј Анатолиј Литвиненко го прашал архимандрит Серафим, тој ли ја зел иконата од рацете на Зоја, тој само смирено ја наведнал главата. Но, по молчењето станало јасно дека тој сака да го скрие овој факт,поради неговото големо смирение. А, и властите можело пак да започнат гонења против него, поради големиот прилив на верници кои ќе сакаат да се допрат до иконата на свети Никола, која секогаш била во храмот, каде што служел отец Серафим.
По некое време,сепак властите наредиле да се прибере иконата и да се скрие од народот, и таа била пренесена во олтарот.
"Тие денови два пати одев околу домот на Зоја", - вели пензионерката Ана Федотов. Одев од далеку, зашто куќата беше опколена од полиција. Тогаш решив да се распрашам за се’ кај некого од полицајците, од стражарите. Наскоро еден од нив, сосема млад, излезе од киоскот. Јас тргнав по него и го запрев:
- Кажете, дали е вистина дека Зоја стои? А тој одговори: "Ти ме прашуваш, исто како жена ми. Но, ништо нема да ти кажам, а по добро види сама ... "
Тој ја тргна капата и се покажа неговата целосно побелена коса: - "Гледаш ли?! Тоа кажува повеќе од зборовите. Бидејќи ние сме се потпишале и ни е забрането да раскажуваме. Но да можеше да знаеш колку страшно беше да ја гледам таа скаменета девојка! "
Неодамна се најде човек да раскаже нешто ново за самарското чудо. Тоа беше почитуваниот во Самара настојател на црквата св. Софија, отец Виталиј Калашников: "Ана Павлова Калашников е тетка на мајка ми. 1956 година таа била лекар во Кујбишев, во" брза помош ". Во тој ден, таа дојде утрото дома и рече: -" Вие тука спиете, а градот веќе одамна е на нозе! "И раскажа за скаменетата девојка. А и призна, иако се потпишала, дека штотуку била во тој дом, по повик. Ја видела застанатата Зоја со иконата на свети Никола во рацете. Се обиделе да и стават инекција, но не успеале. Сите бевме шокирани од тоа што го раскажа.
Ана Павлова Калашников работеше во "брза помош" уште многу години потоа. Почина 1996 година. Сеуште се живи многу луѓе на кои таа раскажала што се случило, во оној истиот, прв ден од новата година.
Духовна ќерка на о. Серафим го запрашала: - "Оче, вие ли ја зедовте иконата од рацете на Зоја и направивте чудото? А старецот одговорил: - "Ќерко, чудата ги прави Бог, а ние недостојните, по молитвите ги добиваме".
Од спомените на Александра Иванова:
Во Кујбишев живееја мои роднини, на истата улица, каде и Зоја. Кога се случи тоа, имав 14 години. За да не се собира народ околу куќата, навечер ги исклучуваа светлата. Но повиците на Зоја ги доведоа сите во ужас. Млад полицаец, стоејќи на стража, побеле во косата од тоа. Моите роднини, очевидци на случајот, станаа верници. Чудото на "Зоиното стоење" длабоко се запечати во мојот ум.
"На петтата недела од Великиот пост 1982 пристигнав во Ракитно и осмели да прашам:" Оче, а каде е иконата на свети Никола, која зедовте од рацете на Зоја? Тој строго ме погледна. Настапи молчење. ..
Зошто го прашав за иконата ли замолче?
По строгиот поглед на отец Серафим, си реков: "Леле, зошто го прашав"! Но одеднаш отецот рече: - "Иконата беше во храмот на аналојот, а сега е во олтарот. Такви времиња беа, и ми наредија да ја приберам ". И додаде: - "Вие сте првата на која кажувам". - "И по две недели отец Серафим почина"
Чудото со Зоја беше лекција за мнозина. Бидејќи кон светињите треба да се однесуваме со почит. Тоа е лекција за неверниците. Ти може да не веруваш, но не потценувај ја светињата, бидејќи ќе следи казна!
Да, во оние времиња имаше голема потреба од чуда, за луѓето. Но чуда се јавуваат кога треба, и кога Господ одлучи.
По земањето на иконата од рацете на Зоја,го наклеветија и поднесоа тужба против отецот, а Владиката Јероним го симнаа од Кујбишевската епархија.
Еве што раскажа 1989 година игуменот Герман од Оптинската пустина (50-тите години тој служеше во катедралниот храм во Кујбишев) :"Што не сум видел, нема да зборувам за него, а што знам, тоа и ќе кажам. Улицата ја опколија, зедоа потписи за неразгласување. На настојателот на соборот повикан како овластен по религијата и побараа да објави од проповедалната уште во првата недела дека нема никакво чудо. Отецот настојател, му одговори: "дозволете прво да видам, и ќе кажам, она што сум го видел". Овластениот размислил околу минута и вети дека наскоро ќе се јави. Заѕвони по еден час и рече дека не треба ништо да објавува (од проповедалната)...

По материјали од книгата "Белгородскиот старец архимандрит Серафим (Тјапочкин) ", (Св.-Троицка Сергиева Лавра, 1998)

(По овој настан е снимен филм, чие сценарио, поради непознати причини, малку е изменето од вистинскиот настан, но поголемиот дел е многу убаво прикажан)

Извор: http://vesniknovost.beep.com/---------------2015-11-30.htm



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная