логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


  21/05/2015   Поуки - совети


                 Четириесет дена по Своето воскреснување, Христос се вознесе на Небесата, каде што беше претходно, според зборовите што Он Самиот им ги кажа на Своите ученици пред Своето страдање: Ова ли ве соблазнува?

А, ако Го видите Синот Човечки да се искачува таму каде што беше претходно? (Јн. 6, 62). Секако, тоа не значи дека Христос, како Бог, не бил на Небесата за време на Своето вочовечување, туку дека ќе се вознесе и со човечкото тело. Впрочем, Неговото слегување од Небесата се подразбира како Божествено снисходење, а не како просторно преместување.

Во периодот помеѓу Неговото воскресение и вознесение, многу пати им се јавувал на учениците, на кои им ги откривал тајните на Царството Божјо, според зборовите на евангелистот Лука. На кои им се претстави жив по Своето страдање со многу верни докази, јавувајќи им се преку четириесетте дни и зборувајќи им за Царството Божјо (Дела 1, 3). Господовиот празник Вознесение има големо значение и важност за христијанскиот и духовниот живот, затоа што е поврзан со обожувањето на секој човек.

Во продолжение, прикажувајќи ги централните христолошки моменти на овој голем Господов празник, ќе ја констатираме и неговата голема вредност. Најпрво треба да видиме што точно вели Светото Писмо за Божественото Вознесение. За овој голем Господов настан пророкува Стариот завет, а го прикажува Новиот завет. Нема да ги изложиме сите цитати, туку најиндикативните, затоа што во анализата што следиќе видиме и други цитати во кои се зборува за Христовото Вознесение.

Како што за сите Господови настани имаме пророштва во Стариот завет, истото се случува и со Божественото Вознесение. Пророкот Езекиил имал видение, кое се однесува на Христовото вознесение: И славата Господова се подигна од прагот на домот, па застана над херувимите. И херувимите ги подигнаа крилјата свои и се подигнаа од земјата пред очите мои. Кога тргнаа, и тркалата беа до нив; па застанаа при влезот на источната врата од Господовиот дом, и славата на Бога Израилев беше над нив одозгора (Ез. 10, 18 – 19). Пророштвото кое се однесува на овој голем Господов настан, се забележува во Давидовите псалми. Во еден од нив се вели: Се вознесе Бог при восклици, Господ во трубен звук (Пс. 46, 5). А во друг псалм се вели: Ги приклони Он Небесата и слезе, а мрак падна под нозете Негови. И седна на херувими, па полета и се понесе на ветерните крилја (Пс. 17, 9 – 10).

Познато е дека Божјите откровенија во Стариот завет се откровенија на невоплотениот Логос. Тоа што се пророкуваше во Стариот завет, се реализира во Новиот завет со воплотувањето на Логосот Божји. Така, многупати во Новиот завет станува збор за Христовото Вознесение. Ќе го видиме тоа во три конкретни точки. Прво, во учењето на Самиот Христос. Во една Своја беседа кон учениците, непосредно пред страдањето, го кажува следново: Излегов од Отецот и дојдов во светот; сега пак го оставам светот и одам при Отецот (Јн. 16, 28). И во еден друг случај Христос потврди: Никој не се издигна на Небото, освен Синот Човечки, Кој слезе од Небото и Кој пребива на Небото (Јн. 3, 13). Второ, Вознесението го гледаме во раскажувањата на евангелистите, кои се однесуваат на овој настан. Конкретно го наведуваат евангелистот Марко (Мк. 16, 19), а евангелистот Лукаго наведува и во своето Евангелие (Лк. 24, 50 – 53), и во Делата Апостолски (Дела 1, 3 и 9 – 11). Деталите за настанот на Вознесението и за начинот на кој се случил, се опишуваат во книгата Делата Апостолски, што ќе видиме во продолжение. Трето, постојат многу апостолски цитати во кои се гледа сигурноста на апостолите за овој настан.

voznesenie



Секако, Вознесението во древната Црква претставувало една од карактеристичните точки на Крштелните символи, т.е. се содржело во исповедањето на верата пред Крштението. Апостолот Павле, осврнувајќи се на централните моменти на Христовото искупително дело, односно на делото на Божјиот домострој, го опфаќа и Вознесението: Бог се јави во тело, посведочен беше од Духот, се покажа на ангелите, беше проповедан на народите, светот Му поверува, и се вознесе во слава (1 Тим. 3, 16). Осврнувајќи се на силата на Отецот, вели дека таа Он ја покажа во Христа кога Го воскресна од мртвите и Го постави од Својата десна страна на Небесата (Ефес. 1, 20). Секако, на друго место кажавме дека силата на Отецот е сила и на Синот. Христос, откако нè очисти од гревовите, седна оддесно на величието во висините (Евр. 1, 3), и тоа ветување им го даде на оние кои ќе се соединат со Него, дека и тие ќе седнат на Престолот на Неговиот Отец: На оној што победува, ќе му дадам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Својот Отец на Неговиот престол (Откр. 3, 21).

Од цитатите што беа изложени, многу добро се гледа дека Црквата му дава големо значење на настанот на Вознесението, затоа што, како што ќе видиме подолу, тоа ја изразува најдлабоката смисла на духовниот живот. (Извадок)

 

Извор:

Скопска православна епархија

Јеротеј Влахос: ГОСПОДОВИТЕ ПРАЗНИЦИ

Превод од грчки:

јеромонах Атанасиј Арсоски


 Вовед

 Христос е единствената глава на нашето спасение од многу причини. Он е Синот Божји, “икона на невидливиот Бог” (Кол. 1, 15), прототипот на човекот, Создателот на светот и Глава на Црквата. Според тоа, ние и како созданија и како луѓе и како членови на Црквата многу сме поврзани со Христа и многу сме Му должни.
 Во светоотечките текстови може да се сретнат многу изрази коишто ги прикажуваат Личноста и делото Христово, а секој од тие изрази покажува еден од белезите Христови, додека, пак, и сите заедно не можат да го искажат тое што е Христос. Он е животот на сите, патот, вистината и животот”, како што објави Самиот (Јован, 14, 6).
 Помеѓу изразите коишто ги употребуват светите отци за Христа се и следните: Он е “тајната на надспознатливото молчание”, “резиме на се сетилно и умно”, “Украсител на сите твари”, “славно скончание на законските установи”, “почеток на средината и на крајот” на човекот, “висина и длабочина, должина и ширина на познанието”.
 Еден значаен дел во православното учење зазема и Христологијата, т.е. словото за Христа. Овој дел од православната вера е премногу важен, затоа што Христос е толкувањето на сите нешта, бидејќи преку Него разбравме за Троичноста на Бога, преку Него беше создаден и пресоздаден светот. Он е главата на Црквата, преку светите Тајни ние стануваме Негови членови, членови на Неговото прославено Тело. Поради тоа Христологијата е клучот на православната вера и на вистинскиот живот.
 Светите Отци му дале големо значение на учењето за Христа, затоа што ако се искриви тоа учење, тогаш се менува и Тријадологијата, бидејќи Христос е “Еден од Троица”. Тогаш немаме ниту правилна нтрополгија, бидејќи Он е прототипот на создавањето на човекот. Тогаш не ја живееме ниту вистинската еклисиологија, бидејќи Христос е главта на Црквата и Црквата е Неговото славно воскреснато Тело. И тогаш, се разбира, не можеме да го постигнеме спасението, бидејќи надвор од Него е невозможно спасението на човекот.
 Затоа што врз тајната на Богочовекот Христос “се сопна” целата јудејска и елинско - философска мисла која што ја употребуваа нагласено еретиците, затоа светите отци широко го развиле Христолошкото учење. Ако внимателно забележиме, ќе се увериме дека сите Вселенски Собори се занимавале со тајнта на Богочовекот Христос. Само Вториот Вселенски Собор повеќе проникна во Личноста на Светиот Дух, но и тоа е најтесно поврзано со Христологијата на другите Вселенски Собори, од една страна затоа што учењето на Вториот Вселенски Собор е продолжение на Првиот, од друга страна, пак, затоа што Христос Го испраќа Светиот Дух.
 Целото учење на Црквата за Христа на убав и индуктивен начин е распоредено во Господовите празници, коишто се празници на божјиот домострој. Кога зборуваме за Божјиот Домострој мислиме на вочовечувањето на Синот и Логосот Божји за спасението на човечкиот род. Божјиот Домострој, којшто е единствената надеж за живот, се поставува наспроти човечкиот домострој, или подобро Богочовекоцентричноста се поставува наспроти современата, еретичка и погрешна човекоцентричност. Навистина, денес денес центарот е некако преместен. Од Божјата Икономија (Домострој) одиме кон економски системи, а од Богочовекот Христос одиме кон човекобогот, што е најголемиот проблем на нашево време.
 На Семинарот на Катихетите којшто се одржа во Атинската Архиепископија во 1994 - 1995 година ја развивме Христологијата на Господовите празници, коишто се празници на Богојавлението и на Божјата љубов, но и на обожувањео на човекот. Се обидовме да ја видиме целата оваа тајна на Божјото вочовечување и на обожувањето на човекот. И верувам дека беше посебен Божји благослов колку за мене што ги изложив овие реферати, толку и за слушателите, затоа што ни се даде можност, но и прилика повеѓе да Го возљубиме Христа, Којшто е “непотрошлива ризница на сите блага”, “веселие на срцето”, и “сладост на јазикот”.
 Оваа книга е поделена на два основни дела. Во првиот дел се објавени рефератите за Господовите празници коишто беа искажани на Семинарот за којшто спомнавме претходно, и коишто празници ги сочинуваат Дванаесетте празници. Во нив се прикажани, главно, Христолошките теми на тие големи Господови празници. Како што ќе се увери читателот, употребувам цитати од многу свети отци на Црквата, но најмногу ми послужија во развивањето на овие теми св. Јован Дамаскин, св. Григориј Палама и св. Никодим Агиорит, и се разбира, ми послужија и беседи од други светители коишто ги изговориле за овие Господови празници. Во вториот дел се вметнати некои текстови коишто порано беа објавено во разни списанија, и повеѓе анализираат некои Христолошки страни, коишто се прикажани во првиот дел. Мислам дека имаше потреба да се вметнат и овие текстови во ова издание.
 Признавам, се разбира, дека теолошките теми, а пред се Христолошките се многу суптилни и бараат особена работа и особено внимание. Оној којшто се занимава со такви сериозни прашања нагласено ги увствува зборовите на свети Григориј Богослов дека “да се богословствува е исто како да се оди на јаже”. Треба секој постојано да оди по јаже, да внимава, да не падне во погрешни теории. Впрочем, формулацијата на догматските термини барала многу време и го барала присуството на големите отци на Црквата, коишто имале опит - Откровение, но и познание на претпоставките, врз основа на коишто богословствувале еретиците. Токму поради тоа, ако и покрај мојата волја и покрај мојата лична вера, во некои моменти формулацијата не е прецизна, молам да ми се укаже за да ја исправам, затоа што и покрај моето лично несовршенство, сакам да останам во вистината, во учењето и во животот на Црквата.
 За појаснување треба да се нгласио дека тајната Христова, тајната на Божјиот Домострој е единтвена и не може а се дели, т.е. не може апсолутно да се подели во различни празници. На пример, ког некој зборува за тајнта на Божјото вочовечување, секако треба да се осврне на Христовото смирение (с). Но тоа Божјо смирение најизразно се гледа за време на Христовите Страдања. Исто така не може целосно да се оддели Крстот од Христовото Воскресение. Така, поделбата на Господовите празници е спогодбена, но и нужна, поради човечката слабост. Црквата ги празнува одделно тие Господови собитија, а востановила да им претходи пост и молитва, за да му се даде можност на човекот да ги доживее стадиумите на Божјиот Домострој во својот личен живот. Покрај ова значение, Црквата со распределувањето на Господовите празници во целата црковна година го осветува времето, го преобразува и го возведува во вечноста. Всушност го преобразува човекот којшто живее во времето и го води во вечноста.
 Сите собитија и сите т. н. стадиуми на Божјиот Домострој се доживуваат на секоја Литургија, каде што го живееме Христовото воплотување, она што го кажа и што го направи Христос, Неговите страдања и Крст, Воскресението, Вознесението и Педесетницата. Затоа и светите Отци велат дека “секогаш е Божиќ” и “секогаш е Педесетница”. Со други зборови, во Литургијата на денот на Христовото раѓање го доживуваме и Христовото Воскресение, и во Литургијата на празникот на Воскресението или на Вознесението го доживуваме и настанот на Божјото воплотување.
 Уште треба да се забележи дека стадиумите на Божјиот Домострој тесно се поврзани со стадиумите на духовниот живот. Христијаните аналогно на степенот на својата духовна состојба ги доживуваат Господовите собитија. Според тоа, не се работи за едно надворешно сообразување, т.е. не се работи за еден формален празник, туку за духовно доживување, и за да бидеме попрецизни, за светотаинско и аскетско подражавање на Христа.
 Секако, терминот “подражавање на Христа” има попримено едно еретичко фалсификување, затоа што од другите конфесии на овој термин му е дадено етичко значение и поимање. Но сепак терминот “подражавање на Христа” е библиски и светоотечки и го содржи целиот двиг на човекот кон обожувањето, што е неговата најдлабока цел.
 Свети Григориј Палама учи дека оние коишто живеат според Христа го подражаваат Христовото живеење во тело. Како што објаснува карактеристично св. Григориј Палама, “пожеток” на подражавањето е светото Крштение коешто е образ на Гробот и на Воскресението Христови, “средина” е добродетелниот живот и живеењето согласно со Евангелието, а “крај” е победата над страстите преку духовната борба. Таа победа го предизвикува безболезниот и небесен живот. И св. Григориј Палама продолжува велејќи дека и светителите коишто се поврзани со Христа, ќе умрат кога ќе дојде нивното време, како што впрочем се случи и со Христа, но ќе воскреснат со Него, прославени и нетрулежни, и ќе се вознесат за да го пресретнат Христа кога ќе дојде при Второто Пришествие.
 Св. Максим Исповедник, осврнувајќи се на подражавањето на собитијата од Божјиот Домострој и на нивното лично доживување, јасно вели дека Христос се зачнува во душата на човекот со вистинската и неосквернета во дух вера, се воплотува со вршење на заповедите, се распнува со трудот на практичната философија којшто труд е борба за преобазувањето на страстите, и воскреснува во срцето на човекот со духовните созерцанија. Така, аналогно со степените на духовниот живот, ги доживуваме Господовите празници, ги живееме воплотувањето, Богојавлението, Преображението, Крстот, Воскресението и Вознеснието на Христа. Според тоа, степените на духовниот живот, како што ги анализира св. Максим Исповедник, и коишто се практичната философија, природното созерцание и мистичната Теологија, најтесно се поврзани со личното учество во собитијата на Божјото вочовечување.
 Според светите отци Христос им се случува и принесува на луѓето аналогно на нивнта духовна состојба. Он е очистувањето на оние коишто се очистуваат, Он е просветелението на просветлените и Он е созерцанието на обожените (св. Максим Исповедник). Он им станува на луѓето постојана и бесмртна храна и пиење. На оние коишто се младенци и цицаат им станува светлосна дојка, на тие коишто се оддоени им се нуди како грижлив татко којшто ги воспитува, а на тие коишто пораснале им се нуди како најсладок леб (св. Симеон Нов Богослов). Аналогно со духовната состојба на човекот Христос се принесува како брат, пријател, татко, мајка и младоженец (св. Григориј Палама). На оној којшто му студи му станува облека, на тој на којшто е гладен му станува леб, на тој кој што е жеден му станува пиење. Затоа и Отците на Црквата ни советуватда врвиме неосудено преку сите “возрасти и сили Христови” (св. Григориј Богослов).
 На ова степенување на духовниот живот се осврнува и Апостолот Павле кога зборува за разликата помеѓу животот на духовниот младенец и на духовно зрелиот маж. “Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детинското” (1. Кор. 13, 11). Токму за таа цел даде Бог пастири и учители во Црквата, та да пораснеме “во маж совршен, во мерата на возраста на полнотата Христова, за да не бидеме веќе мали деца” (Еф. 4, 11 - 13).
 Според тоа, Господовите празници од Црквата ни се принесуваат за нашето духовно усовршување и созревање, за духовното растење. Тие не се прости “фолклорни” пројави, туку извори на живот и спасение. Според степенот на учеството во тие празници изразуваме дали сме младенци или зрели духовно. И, се разбира, на тој начин го изразуваме и нашиот црковен начин на мислење.
 Христос, според пророштвото на праведниот Симеон Богопримец, “лежи за паѓање и подигање на мнозина во Израилот и е знак против Кого ќе се зборува” (Лука 2, 34). Он е “владетел на сите, судија на сите, цар на сите, творец на светлината и на животот Господ” (св. Симеон Нов Богослов). Он “е спокој на сета твар” (Исихиј Ерусалимски), но истовремено е големиот камен “и кој ќе падне врз тој камен ќе се разбие, а тој врз кого падне, ќе го здроби” (Мат. 21, 44).


Го напишав овој вовед во Атина на 25 Март 1995 година, на празникот на Благовештението на Богородица, коешто е објавување на тајната од вековите


  Архимандрит Јеротеј С. Влахос

 

Друго:

http://www.youtube.com/watch?v=805SREX88HU&feature=share

 

Историјат на празникот Вознесение Христово

th_Andrej_Rublev_Voznesenie_Gospodne_1408.jpg

Вознесението Господово, како една од тајните на Домостројот Божји за спасение на човекот, го надминува сетилниот опит и не се ограничува само на собитието на Христовото издигнување на небото. Не случајно св. Григориј Ниски овој празник го нарекува „η επισωζομένη“ – „Спасовден“, зашто токму во овој ден се доврши делото на нашето спасение и искупување, дело во кое човечката природа стекна целосно учество во божествениот живот и вечното блаженство. Овој ден во 5 канон на Никејскиот Собор се нарекува и „четириесети ден“, а во богослужбените книги на грчкиот јазик „ανάληψις “.

Во вероисповедните формулари од I и II век за Вознесението се зборува како за едно основно собитие од земното служење на Христа. Така, во повеќето древни символи на верата, на пример во Никео-Цариградскиот, спомнувањето на овој настан доаѓа веднаш по Воскресението: „И се вознесе на небесата и седна оддесно на Отецот“. Вознесението исто така е внесено и во некои древни евхаристиски молитви (анафората).

Во почетокот празникот Вознесение Христово се славел во периодот на Педесетницата кој соединувал повеќе собитија. Имено, Педесетницата се сфаќала како особен период од црковната година кој брои 7 недели и доаѓа после Пасха, а не како одделен празничен ден. Малку подоцна, во некои записи настанот на Вознесението се прославувал на денот на Слегувањето на Светиот Дух, односно 50 дена после Пасха, на самата Педесетница, иако како што сведочи Светото Писмо се случил во четириесеттиот ден после Пасха. За овој факт зборуваат и древните записи од поклониците на Светата Земја. Еден запис од Евсевиј вели дека во негово време Вознесението се славело 7 недели после Пасха, значи на Педесетница. Еден друг запис, пак, на Етерија вели дека вечерта на педесеттиот ден после Пасха, на денот на Слегувањето на Светиот Дух, сите христијани се собирале на Елеонската гора, на местото наречено „Имвомон“ од каде што Господ се вознел на небесата и извршувале служба со читање на Евангелието и Делата апостолски кои зборуваат за Вознесението Господово. Ова сведочи дека во нејзино време сѐ уште не постоело одвојување на празниците. На друго место Етерија вели дека во Витлеем на четириесетиот ден после Пасха се извршувала торжествена празнична богослужба. Меѓутоа, ова последново зборува за еден друг податок: имено, дека токму во 383 год., четириесеттиот ден после Пасха се паднал на 18 мај, кога ерусалимците го славеле споменот на Витлеемските младенци. На христијанскиот Запад, пак, во проповедите на епископот Хроматиј Аквилејски, среде Големите Господови празници се вбројува и денот на Вознесението, во кој Господ „се вознесе на небесата околу Педесетницата“. Сето ова покажува дека во тоа време празниците Вознесение и Педесетница биле неразделни – и според собитијата и литургиски.

Одделувањето на празниците Вознесение и Педесетница (Света Троица, или Слегување на Светиот Дух) се случило после осудувањето на ереста на Македониј на II Вселенски Собор, кој се одржал во 381 година. Имено, како резултат на победата на правомислието, било особено важно во Домостројот на спасението да се истакне и благодатната улога на Светиот Дух. Така периодот помеѓу празниците Вознесение и Педесетница станал подготовка за слегување и примање на Светиот Дух.

Индивидуалното празнување на четириесеттиот ден после Пасха, односно на Вознесението, се спомнува во проповедите на св. Јован Златоуст и св. Григориј Ниски, како и кај Блажени Августин. Беседи за овој празник напишале и светите отци: Методиј Олимпијски, Атанасиј Александриски, Епифаниј Кипарски, Прокло Константинополски, Кирил Александриски, Софрониј Ерусалимски, Јован Дамаскин, Григориј Палама и др.

Местото од каде што Господ се вознел на небесата уште веднаш станало место на длабоко почитување. Таму, на Елеонската Гора, царицата Елена изградила велелепен храм, кој за жал бил разурнат од Сарацените. Денес само една мала црквичка го означува местото кое уште од древноста се означувало како место на Вознесението Христово, и каде и сега се гледаат траги од стапките на Спасителот при Неговото Вознесение.

Во црковните песни на овој празник, од една страна се воочуваат радосните восклици на апостолите, а од друга страна нивните тажни размислувања дека останале без нивниот Господ како сираци на земјата. Каноните на Вознесението ги напишале Јован Монах и Јосиф Химнограф. Празникот Вознесение секогаш се паѓа во четврток и се слави 10 дена, односно заедно со 1 ден претпразненство и 8 дена попразненство.

Извор: Бигорски манастир

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная