логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 ОТЕЦ АРСЕНИJ ПАПАЧОК: „ЖИВОТ ШТО СЕ ЖИВЕЕ БЕЗ ЗБОРОВИ“

 
„Бев мал, но размислував зрело“

Отец Арсениј, со родено име Ангел, се родил во 1914 година на 28 август, на великиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Роден е од побожни родители, Василе и Станка, во село Мишлеану, област Јаломица. Татко му бил санитарен инспектор во шест села и еден од главните ктитори на селската црква. Името „Папачок“ потекнува од неговиот прадедо, кој бил свештеник во Македонија. И затоа што бил свештеник (поп) со мала брада (чок), го нарекле Папачок, но правилното презиме му било Албу.
Уште од самото детство, отец Арсениј бил многу побожен и привлечен од духовното богатство на Црквата. Самиот тој признава: „Благодарение на домашното воспитување, уште од мал го познав присуството на Господ меѓу нас. И ова многу ми помогна. Бев мал, но размислував зрело. Одев во црква, бев единствен во фамилијата што постеше...“
Малиот Ангел не бил како другите деца, туку се разликувал од нив поради неговото смирено однесување и поради тоа што намерно со ништо не се истакнувал; напротив, бил попустлив. Отецот раскажува како еден ден некои лоши деца од соседните села го начекале и го претепале со трнливи прачки. И покрај тоа што можел да го искористи влијанието на својот татко, малиот Ангел воопшто не избрзал да ги пријави за лошото дело. Си рекол во себе дека подобро е да истрпи отколку да се одмазди, уште од таа возраст чувствувајќи дека одмаздата не е добра пред Господ.
Уште од детството му се обликувал уметничкиот талент. Првото одделение од основното училиште го завршува како прв во генерацијата, пишува поезија и учи вајарство. До дваесет години младиот Ангел практикувал разни спортови и добил неколку медали на школските натпревари во Букурешт: прво место во трчање и второ место во скокање. Отецот раскажувал дека активноста во младоста многу му помогнала во животот, вежбајќи му ја остроумноста и постојаната присутност во сѐ, и дека на сите им ја препорачува. Познат по брзото трчање и скокање, бил наречен „синиот пантер“. Така, на еден фудбалски натпревар трчал толку брзо што не можел да го заобиколи играчот, па скокнал преку него.

Младост

По завршувањето на училиштето за уметност и занаетчиство во Букурешт, поведен од силното национално чувство, распламтениот Ангел се приклучил на редовите на Легионерското движење. Желен за борба заради убавината на правдата, на чие чело стои Архангел Михаил, отец Арсениј целосно се оддал на Легионерското движење, истакнувајќи се со посебното чувство за организирање.
Поради активноста во Легионерството, во декември 1938 година бил притворен за време на владеењето на царот Карол II и бил испратен во логорот во Мјеркуреа Чук, во кој била затворена и целата романска интелигенција. Во 1940 година бил ослободен и работел како секретар на еден адвокат во општината Зарнешти, во областа Брашов. Благодарение на дарот на говорништво што го поседувал, бестрашниот Ангел за кратко време, возљубен од локалното население, бил избран за градоначалник.
Во 1941 година, отец Арсениј повторно бил притворен и осуден на шест години затвор од воениот суд во Брашов. Тие шест години ги поминал во затворот во Ајуд, каде што се сретнал и стапил во контакт со „мистиците“, со кои формирале група од подвижници во непрестајната молитва. Тука, во срцето му се појавила желба за очистување и восовршување преку монашкиот живот, преку одрекувањето од световното и соединувањето со преслаткиот Женик – Христос. Имајќи го за духовник и верен другар во страдањата отец Марку од Сихастрија (Костика Думитреску), наречен и „Факирот“, младиот Ангел поминал низ затворот како низ рајска градина. Сметајќи го монаштвото за голема работа кај Божјото создание, поголема и од ангелските тајни, младичот со ангелско име горел од ревност за стапување во монашки живот.



„Станав монах за да се борам со Господ и да Го победам“

Ослободен во септември 1946 година, Ангел одлучил својот живот да Му го посвети на Спасителот Исус Христос. Воден од еден човек што ги познавал сите манастири, младиот Ангел стигнал до метохот на манастирот Фрасинеи. „Стариот Симеон, Старец-игумен на манастирот Фрасинеи, ми рече: ’Не те примам брате, те гледам дека си малку пообразован и не можам да те ставам кај кравите. И што ќе кажат тогаш браќата: Овој го држиш за во канцеларија, а нас нѐ поставуваш на тешки работи!‘ Неговото мислење беше погрешно, но и јас не можев да му ја докажам мојата лудост по Христос“.
Оттука се упатил кон манастирот Козија, каде што бил добро пречекан и бил примен во братството. Бил поставен како клисар и бргу го совладал манастирскиот типик. Исто така, овде ги изработил и царските двери на манастирската болница. Вежбајќи се во послушанието и отсекувањето на сопствената волја, отецот се трудел да се здобие со монашките дарови во нивната полнота. „Во манастир треба да ја отсекуваме својата слободна волја“, вели отецот, „значи, со кого се бориш? Со Создателот на слободната волја! Теоретски е лесно, но практично?!? Сѐ што се кажува за човекот – дека може да се обожи преку благодатта, јас пробав и видов колку се може. Да си ја отсекуваш волјата значи да се изгубиш во тоа што си бил како личност во светот и да се пронајдеш во тоа што е ангелот, затоа и се нарекуваме – Ангелски чин“.
Забележан поради интелектуалните способности што ги поседувал, Ангел бил назначен за професор по граѓанско образование во манастирот Турну. Уште од самиот почеток на учениците им ја најавил темата за цела година – Христос. По првиот семестар кај него дошле комунистите за да му ја сменат темата и да го убедат да предава за материјализмот и комунистичката доктрина. „Да предавам АЛРУС, односно за демонот. И јас велам: како? Не е можно! Целиот мој живот се борев против него, а сега да соработувам со него?“ Така, отецот поднел оставка од професорската катедра, иако игуменот се противел на тоа и му заповедал да соработува со комунистичкиот режим.
Оттука започнало едно постојано прогонување и омаловажување од страна на игуменот кон Ангел. „Бев радосен, верувајте ми, но бев и одлучен: ако ме избрка, ќе одам во друг манастир, но не заминувам по сопствена волја!“ Манастирот Козија се протегал на 300 хектари и се наоѓал на два километра од градот Каракал, во општината Команка. Од манастирот месечно по еден брат бил испраќан на тоа место за да го надгледува имотот и работниците кои работеле. Игуменот, за да се ослободи од Ангел, го испратил во Команка за да се грижи за бербата. Ангел со голема радост го примил послушанието. Тука минал низ многу лишувања, тешкотии и несреќи. Но сепак, имало и многу духовни утехи и радости. Меѓу таквите се вбројува и настанот со козата. Отецот имал навика да се моли во магацинот со жито. Студената зима и волците ја исплашиле и неговата коза, која очајно блеела за и таа да влезе внатре во магацинот. „Не можев, затоа што имаше многу жито, а требаше да се грижам и за неа. Но ја внесов, ја фатив за еден рог и ја повлеков до мене, за да седи мирна. Немав друг избор... ја клекнав на предните нозе за да не може да оди. И продолжив да се молам. Кога отидов другиот ден, козата дојде до мене и самата клекна како минатиот пат. Сфаќате ли каде ме испрати игуменот Герман, во каква голема радост!“

Сихастрија

Во Команка бил забележан од отец Герасим Иску (кој подоцна станал исповедник во комунистичките зандани и темници), игуменот на манастирот Тисмана, кој бил зачуден што таква личност како отец Арсениј била чувана и затворена на такво незнајно место. По послушание бил испратен во скитот Чокловина, близу Тисмана, на четири километри во планината. Тука отецот се занимавал со пчеларство и послушанието му било доста тешко, затоа што кошниците тешко се чувале од мечки и волци. „Ноќе тропав на тава и мечките бегаа. Воопшто не се откажував, си направив мала градина и ја полевав“. А волците, пак, подоцна го одбраниле од нов притвор, затоа што поради нив комунистите не можеле да дојдат до него.
На почетокот на 1949 година, тој пристигнал во манастирот Сихастрија за да побара совет од отец Клеопа. Поради страв од Секуритате, изгонет од сите манастири, тука отците го примиле со радост и го поставиле за готвач. Љубовта и великодушноста на Ангел бргу ги придобила браќата и отците од манастирот Сихастрија. Отецот радосно се сеќавал: „Ги прашував браќата дали им се допаѓа јадењето, а тие одговараа: ’Не ни се допаѓа, брате Ангеле, но ти ни се допаѓаш‘“. Помеѓу Ангел и отец Клеопа се родило силно духовно другарство. Отец Клеопа го сметал за голем духовник и честопати го поставувал да беседи или, пак, да го замени кога тој ќе заминел некаде или кога ќе заминел со овците.

Арсениј – човек Божји

Благодарение на талентот за цртање и вајарство, кон крајот на 1949 година бил повикан во Библискиот институт во Букурешт, каде што цртал и правел скулптури во минијатура. Бил сместен во манастирот Антим покрај големите духовници, подвижници и интелектуалци, како: отец Петрониу Танасе, отец Даниил (Санду) Тудор, отец Бенедикт Гиуш, отец Софијан Богиу. Иако со душата постојано бил во Сихастрија, Господ му го одредил овој манастир за подвизување. Бил замонашен од отец Бенедикт, добивајќи го името Арсениј (име што го извлекол на ждрепка), а бил приведен од отец Петрониу. Овде, во манастирот Антим, учествувал во духовните мистични собири на „Несогорливата капина“, заедно со луѓе од високиот сталеж, како Василе Воикулеску, отец Димитриј Станилое итн., духовни собири кои подоцна привлекле илјадници млади студенти.
Занимавајќи се со минијатурна скулптура, отец Арсениј почнал да има проблеми со видот. Ова во суштина било и мотив да бара отпуст од епархијата и враќање во Сихастрија. Барањето му било одобрено и така се вратил во манастирот што отсекогаш го имал во душата. По кратко време, на иницијатива и препорака од отец Клеопа, бил ракоположен во ѓакон, и точно по една година од замонашувањето, бил ракоположен за свештеник. Иако не го посакувал свештенството, како што ги посакувал тихувањето и желбата да остане анонимен монах, отец Арсениј целосно се предал, со душата и телото, на тој повик, свештенството и духовништвото.
Во 1950 година, на барање на Романскиот Патријарх Јустинијан, отец Клеопа бил повикан да формира монаштво во манастирот Слатина, во Сучеава. Отец Клеопа прифатил под еден услов, а тоа било да биде придружен од својот другар, отец Арсениј. Така, отец Арсениј бил назначен за игумен на манастирот Слатина, а отец Клеопа за Старец на сто и дваесет монаси. „Не беше манастир“ – кажувал отец Арсениј, „тоа беше академија!“ За кратко време манастирот Слатина станал познат како најреномиран манастир во државата со општожителен карактер, како модел за духовен живот, љубов и хармонија.

Во пустината заедно со отец Клеопа

Горејќи од љубов за Христос и за поголем подвиг, отец Клеопа се повлекол во пустина, на планината Станишоареи, покрај Слатина, но не без неговиот пријател, отец Арсениј. Иако бил „случаен пустиник“, како што имал навика да се смирува отец Арсениј, а и повеќе го сакал општожитието и братската љубов отколку суровиот пустински живот, сепак го придружувал отец Клеопа во подвизите и отшелништвото. За искуството од пустината, отец Арсениј запишал: „Не потклекнав, ми помогна Мајката Божја, си ја задржав пустинската позиција. Пустината е работа за голема пофалба. Треба да сфатиме дека молитвите на еден пустиник многу му помагаат на светот. Но, пустиножителството нема сила ако го немаш целиот свет во твоето срце! Јас не бев по мерата на еден пустиножител... Треба да заминеш како херој во пустината, откако си го победил светот“.
Пустината го научила отецот да ги разбира гласот и движењата на природата, но да биде и претпазлив со самиот себе за да може да истрае во борбата против демонот, кој понекогаш се спротивставува гради в гради во пустината. „Во пустината – велел отецот – проблемите се овие: да го држиш демонот на дистанца, бидејќи се допира до тебе ако те држи со нешто в рака. Не се издржува доколку не поседуваш вистинско смирение. Едно смирено смирение. Никогаш не се согледуваш смирен. Смирението е уметност да си седиш на своето место. И можам со смелост да кажам дека – не бев во пустина! Освен само што ја трпев суровоста на зимата која беше долга, не можеше да видиш човек, се наоѓаш на пусто место, но сепак, тоа не значи пустина. Пустината значи состојба над човечкото битисување на кој било начин. Над високите човечки планови, затоа што духовниот живот не е испланиран живот, туку живот што се живее без зборови.“

„Планината се затресе, а испадна едно глувче!“

„Кој бега од прогонство, бега од Господ“, вели свети Теодор Студит. „Црквата има потреба од прогонства, затоа што те држат буден и секогаш подготвен за борба.“
Кога сѐ уште бил во пустина со отец Клеопа, тие биле зафатени од силно невреме во шумата. Отец Клеопа спиел под еден бор, а отец Арсениј под друг, на растојание од два метра. Во тој момент, една змија излегла од леглото каде што спиел отец Арсениј. По кратко време, бил советуван од отец Клеопа да се разбуди и да стане; борот паднал од удар на гром. „Имав претчувство дека ќе ме приведат, и навистина ме приведоа“.
Баран од осумдесет и девет офицери со три камиона, отецот бил земен од Слатина по завршувањето на ноќната служба на која и самиот служел. „А јас вака им реков: ’Планината се затресе, а испадна едно глувче! Можевте да ми ѕвоните по телефон и самиот ќе дојдев. Што ви беше потребен ваков театар?‘ И ме однесоа во полициската станица во Сучеава“.
„Сигурен сум дека небесните ангели беа љубоморни на нас, затоа што тие го немаат страдањето како ние, над нашата природа“.
Ако во пустината не бил исполнет затоа што не можел да Го спознае и да Го засака Бог така како што посакувал, чувствувајќи се лишен од жртвуваното смирение по кое постојано ревнувал, затворот со сите негови измачувања и понижувања му го овозможил тоа. Како што и самиот рекол: „Во затвор човекот премногу се доближува до Божественото, затоа што секој што е ранет, сака да си ја очисти раната (да го извади трнот). А инструментот со кој би се очистила раната и би се извадил трнот во затворот беше само Господ! Кон Него повикувавме... Ништо не може да те ослободи освен тоа што си свесен дека си на Крстот и го прифаќаш колку што е можно повеќе... Совршено – малку е потешко, само Спасителот го прифати совршено“.
Испрашуван во подрумите на Секуритате во Сучеава, под неоснован мотив дека „многу пишувал“, му подметнале досие дека повторно е активен во Легионерското движење. Со врзани очи цела ноќ, на негова духовна радост го сретнал отец Марку – „Факирот“, неговиот другар од Сихастрија. Другиот ден, со врзани очи, биле пренесени од Сучеава во Букурешт, каде што се одвивало судењето. Но, овој пат отецот не бил обземен од страв, туку напротив, имал повеќе сила да им се спротивстави на испрашувачите. „Испрашувањето траеше деведесет дена и беше многу непријатно. Тепање, удирање, цело време ме влечеа за брадата на секаков можен начин...“ А на крајот, и испрашувачот се исплашил. „Ме фати за брада и ми ја пресече на пола. Му реков: ’Ќе одговараш пред Господ за оваа работа!‘ Знаете што ми рече? ’Остај, зашто не е монаштвото само во брадата‘. Кога ги кажа овие зборови, му реков: ’Не зборувавте вие, господине, туку Светиот Дух‘“.
Бил осуден на четириесет години тешка работа за да бидат сигурни дека овој пат нема да биде ослободен. Но, Божјите планови биле други.

Затворот во Ајуд – Небо на земјата

Заедно со отец Арсениј биле притворени и отец Димитриј Станилое, како и отец Василе Воикулеску, кон кого отец Арсениј имал голема почит. Поголемиот дел во Ајуд го поминал во самица, каде што биле затворени под режимот за уништување на најсилните и бескомпромисните затвореници. Сепак, отецот го сметал за чудо фактот дека го преживеал тој режим, од кој повеќето затвореници умреле.
Но, не само што преживеал туку самицата ја чувствувал како небо, и никако како болка. „Ова беше тајната: присуството Божјо продолжува, знаејќи за што страдаш. Ова е како едно материјално оправдување, како еден монолог, така да се изразам; но оваа работа не може да се сфати: живеев во Господ, бев на небото. Таму не можеш да глумиш; во огнот не можеш да речеш малку вака или онака, огнот е оган, гориш од сите страни без да изгориш. Или, полека, полека да изгориш – многу тешка работа да се разбере и да се објасни: тоа беше како една скриена благодат, која го ослабнуваше непријателскиот меч, што ме наведе да кажам: ’Бог ги обликува историските мигови!‘ Ова беше знак што луѓето можеби не би го разбрале. Ја откриваш убавината и Бог во човекот, ги откриваш овие работи – едно истанчено чувство, кое постои во човекот кога си присутен. Ако не си присутен, паѓаш, предаден си. Немаше што да се изгуби, не си игравме со животот. Тука, во Ајуд, не стануваше збор за Легионерското движење, тие сакаа комплетно да ни ја уништат верата во Христос. Тоа им беше примарна цел, а не нешто друго“.
Така, отецот на сѐ возвраќал со молитва, затоа што од неа најмногу се плашеле. Многу добро била позната храброста на отец Арсениј за тоа како ги исповедувал затворениците преку Морзеовата азбука, со конец околу вратот наместо епитрахил, или како секојдневно служел Света Литургија, користејќи вода и својата дневна порција од триста грама леб. „Имав една мала земјена чаша со вода и триста грама леб. Чашата ми служеше како путир и ги извршував сите моменти од Светата Литургија“.
Поради овие работи отецот често бил испраќан во самица во Ајуд. „Во затворот владееше режим за уништување, најпрво со незамислива глад; бевме слаби и суви како даски. Често ме ставаа во самица, каде што смртта беше сигурна. Во зима нѐ ставаа таму, бевме облечени во тенки алишта, а таму и во летото беше ладно. Самицата беше една ладна комора, насекаде со цемент и висока пет метра; не ти беше дозволено да седнеш, а ние немавме сила ниту да се издишеме“.


Сакајќи да види дали е превоспитан и „достоен“ за ослободување, тој што го испрашувал го запрашал:

–    Кажи ми за постоењето на Бог.
–    Господине, на оваа возраст вие ми поставувате прашање како во прво одделение? Очите со кои гледаме, срцето кое нѐ одржува во живот и кое љуби – тоа се човечки или Божји дарови? Тоа го докажува постоењето на Бог. А самиот факт дека тука страдаме и сѐ уште сме живи е најголемиот аргумент.
Полковникот, гледајќи дека е победен, го запрашал:
–    Кој е твојот последен збор?
–    Подготвен сум да умрам за тоа што го велам.
–    Готово е, носете го оттука, рекол полковникот.

По четиринаесет години затвор, поминувајќи и низ затворите во Брашов и Жилава, отец Арсениј бил ослободен во 1964 година. Маките на отецот не завршиле тука, тој бил гонет од манастир во манастир.
„По ослободувањето од затворот не ме примаа во ниту еден манастир. Патријархот Јустинијан ми предложи да заминам за Клуж, во една парохија, каде што имаше слободни места. Служев како парохиски свештеник две години, во парохијата Филија. Бев назначен за Старец во манастирот Ќелија, во областа Прахова. По шест години бев преместен во манастирот Каладрушани, со послушание на економ и благајник. Оттука ме преместија во „Манастирот од едно дрво“, со послушание на свештенослужител и духовник. Потоа, една и пол година служев во манастирот Черника, а од 1976 година бев назначен за свештеник и духовник во скитот Света Марија во Текирѓол“. Отец Арсениј бил пратен во манастирот Текирѓол, повеќе поради некои интриги, затоа што требало да биде следниот Старец во манастирот Черника. Но, како вистински слуга Христов, кој ја вкусил благодатта од страдањето и прогонството, отецот од сѐ срце го прифатил послушанието, како да му е дадено од Божјата рака.

Триесет и петте години поминати како духовник во манастирот Текирѓол (женски манастир) придонеле да стане познат како духовник на целиот народ од крајбрежјето на морето. Служејќи ја речиси секојдневно многусаканата Света Литургија, по која ревнувал толку многу во затворот, отецот ги исповедувал не само сестрите од манастирот, туку и реките верници што постојано доаѓале кај него за да земат благослов. Отецот станувал пријател со сите луѓе што се исповедале кај него.

„Да сакаме добро, да сакаме убаво, да ја сакаме раната и тој што ни ја нанесува!“

Господ допушти Неговиот слуга Арсениј да поживее долги години на земјата, како овенчување за страдањата, непрестајните понижувања и прогонства што ги поминал во Негово име. На 19 јули 2011 година, на 97 години, отец Арсениј премина кај својот возљубен Господ Христос, оставајќи зад себе мноштво ученици.
Неговиот вечен спомен, молитвите и застапништвото на преподобниот и исповедник на верата, отец Арсениј, да ни дадат сила да го следиме неговото учење, да Му се доближиме и да Го возљубиме Христос. Инаку, ова биле и последните зборови на отец Арсениј, кажани на оние што биле до неговиот кревет до последниот момент: „Да сакаме добро, да сакаме убаво, да ја сакаме раната и тој што ни ја нанесува!“

извор: „Atitudini“, број 18, август 2011
превод од романски: о. Константин и Анка Митеви

Преземено од ПРЕМИН бр.103/104

 

Друго:

арх. Арсениј (Папачок)- За молитва е најнеопходно срцето



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3214
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7701
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная