логоFacebookTwitterYouTubeeMail


  Осамена на Божик

Вечерта на Бадник, на еден човек при рака му дојде слика под која пишуваше „Осамена на Божик“. На сликата, со снег завеани куќички, секоја свети како ѕвездичка,  се вее тенок чад од оџакот. Се чувствува радост, веселба и топлина. Празник е. Сите се заедно, но, само една ситна, кревка Жена, со благороден лик, скромно облечена, е сама. Навалена на прагот го гледа патот од осветлените прозорци. Кутрата, во оваа блага ноќ, таа нема никој свој. Човекот се загледа подобро и виде тенок ореол над главата на Осамената Жена. Очите му се исполнија со солзи.  Па тоа е Мајката Божја, сама пред вратите, чека некој да се сети на неа и на нејзиниот Син. Зафатени со овоземните добра, со трпезата и обичаите, луѓето не ни знаат што слават. Не се сеќаваат на Оној, заради Кого се собрале околу трпезата, каде за сé има место, освен за Него и Мајката Негова. Оваа слика повлече рој од мисли. И пред две илјади години, кога на земјата дојде Богочовекот Христос, Творецот и Царот, за Него немаше место. А Пресветата Мајка, немаше каде глава да потслони. „Го роди својот Син Первенец, Го пови и Го положи во јасли, оти за нив немаше место во гостилница“ (Лк. 2, 7). Зар ништо не се промени во овие два милениума?Подигнати се прекрасно украсени и осветлени храмови, каде пееме умилни Божикни песни. Ги накитивме домовите со бадникови гранчиња, елки и подароци, но, во единственото место каде што Он би сакал да влезе,  за Него нема пристап.  Не Му дозволуваме да влезе во нашето срце. Тоа би значело да се откажеме од некои наши навики, да започнеме да се менуваме. И така, секогаш Го изневеруваме, одложувајќи сé за другиот ден, другиот празник, а животот поминува но, далеку од Бога. За жал, на крајот така и завршува, зошто никој не знае колку време му преостанало. Тогаш човекот започна да се моли: „Ти, Кој се роди во Витлеем, за да нé оживееш и спасиш, направи го најголемото од сите чуда: обнови ги срцата наши! Преку патиштата кои Ти Единствен ги знаеш, врати нé кон Себе и избави нé од неверие. Направи да не Те изгониме од средината наша во оваа света Божикна ноќ, како и во останатите денови од нашиот живот, туку Ти, Господи, секогаш да владееш во срцата на Твоите неблагодарни деца, кои Те сакаат“.

Е. Посељанин



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2667
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1821
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Страстите се тие што го држат срцето заробено и затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен. Страстите и демоните, кои секогаш се поврзани со нив, се тие што ги држат...

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Никогаш не треба да губиме предвид колкави должници сме Му на Бог; и поради сите дарови што постојано ги добиваме од Него и поради сите гревови со кои Му возвраќаме...

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

о.Зоран Пецовски: ПРЕОБРАЖЕНИЕ  ХРИСТОВО

о.Зоран Пецовски: ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО

Кој им дава поткрепа во нивните неуморни подвизи; добро и убаво им било на сите светители, зашто за сите нив не постоел ниту еден друг идеал кој  би бил  достоен...

   Свештеник Јане Илиев: СЕДМА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Свештеник Јане Илиев: СЕДМА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Секое појавување на Спасителот Господ Исус Христос меѓу народот претставувало поттик околу Него и Неговите ученици да се собере многу народ. Некои од нив доаѓале заради љубопитност, некои од мака,...

Митрополит Струмички Наум: Разлика помеѓу Божјо и демонско чудо (21.08.2021 )

Митрополит Струмички Наум: Разлика помеѓу Божјо и демонско чудо (21.08.2021 )

Прашањето што се поставува сега е: дали имаше основа за чудо и во случајов на Апостол Петар? Дали тој дава нешто што не е достаточно и за самиот него, т.е....

Митрополит Струмички Наум: Давање и кога се нема доволно за себе – основа за Божјо чудо (14.08.2021)

Митрополит Струмички Наум: Давање и кога се нема доволно за себе – основа за Божјо чудо (14.08.2021)

    Во нашиот живот е важно да имаме волја за добро дело – во слава Божја и од љубов кон ближниот, останатото е Божја работа. Апостолите ја гледаат потребата...

« »