логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Витомир Митевски

Говор на промоцијата на „Слова за Словото“
од г.г. Стефан, Архиепископ   Охридски и Македонски
(5 октомври 2019 МАНУ, Скопје)


Пред нас се првите две книги од предвидената серија  беседи на неговото Блаженство г. г. Стефан. Во првата книга се содржани 74, а во втората 87 беседи, односно вкупно 161 беседа.
Нивниот заеднички наслов е карактеристичен - „Слова за Словото“ при што вториот дел од насловот, Словото односно Логос,  јасно упатува на доминантно верскиот карактер на нивната содржина. Во духот на христијанската традиција, тоа се омилии во поширока смисла на зборот бидејќи опфаќаат и световни теми, односно содржини од настани по разни поводи: осветување на цркви, манастири, обраќања на разни народни собири итн.

    Уште при прво читање, паѓа в очи не само разнородната содржина туку и низа јазични, стилски и композициски обележја кои упатуваат не само на продуховен туку и на широко образован автор со изграден стил и префинет и длабоко осмислен начин на изразување.

    Меѓу другото, добрите познавачи на беседништвото во антиката и во византискиот свет, тука ќе препознаат многу траги од таа блескава традиција чии носители се славните имиња на Демостен, Кикерон и Јован Златоуст. Имено, на многу места наидуваме на типични белези на оваа традиција, а тука мислам на одликите на брилијантното беседништво како што се префинет и одмерен начин на изразување, промислена композиција, емотивна фигуративност на стилот и истовремено свежина и логика во излагањето. Кон ова се надоврзува и способноста на убедлив начин да се соопшти основната порака, приемчиво за соодветната публика.

    Осврнувајќи се сега на содржинскиот карактер на беседите кои се објавени во првите два тома, треба да одбележиме дека и покрај споменатиот факт дека тоа се слова по разни поводи, па следствено се и разнородни по својата тематска определба, нив сепак ги обединува основниот идеен став на авторот како и духот кој во нив провејува.
    Оние слова што имаат духовен карактер ќе му ги препуштам на следниот говорник, проф. Ѓорѓевски, кој секако нив ќе умее подобро да ги претстави од мене. Јас пак ќе се задржам на оние теми што мене ми се посебно блиски и наедно ми оставија особен впечаток.

Ако треба да го истакнеме основниот белег во беседите со доминантно световен карактер, ќе упатиме на патриотизмот, грижата за Македонија, љубовта кон македонскиот народ како и топлината која зрачи во тие обраќања до своите верниците.

    Независно од својот духовен профил и должностите, г. г. Стефан во своите слова често пати излегува во областа на световното со намера на своите пораки да им даде јасен контекст и актуелност. Затоа и на многу места наидуваме на навраќање на состојбата во која се наоѓаме како народ.

    Притоа изненадува неговата отвореност во пристапот, искреност и непосредност.


    Осврнувајќи се на едно место на безобзирните и агресивни напади што ги поднесуваме особено последниве три децении од осамостојувањето, тој ќе рече, без заобиколување:
    „Ете, најотворено, едногласно и здружено се нафрлија против нас, против сè  што е македонско, против нашата Македонска Црква и против  нашата македонска држава.“

    На друго место, во словото изговорено  по повод страдањата на нашите бегалци од Егејска Македонија, тој ќе укаже директно на изворите на нашите несреќи. „За жал“, читаме, „оние кои го извршија невиденото злосторство продолжуваат и денес да копаат по нашите рани. Продолжуваат со негирање на нашето вековно име, поддржани од оние кои некогаш учествуваа во поделбата на Македонија.“ Тука веќе недвосмислено и најотворено, но во исто време промислено се укажува на корените, генезата и намерите на безмилосните притисоци што се вршат над нас од разни страни.

    Во еден миг, исполнет со индигнација, на површина избива она човечко чувство на барање сомилост од големите делачи на белосветски правди. Оттука избликнува повикот: „Па грев ли е што сме Македонци, што сме чеда на Македонија?“

    Наспроти овој извик на човек кој го крева својот глас против неправдите што ни се нанесуваат од разни страни, доаѓа апелот до сопствениот народ и до оние што го водат или подобро, треба да го водат: „Не прифаќајте промени што ќе значат изобличување на македонскиот народ, промени што ќе ја урнат македонската вистина!“

    Со намера да даде поттик и насоки за сегашното македонско поколение, поколение кое сега ги живее трагичните мигови на својата историја, говорникот се повикува на илинденските идеали, исковани во не многу различни околности од денешните.    Тој тука ја наоѓа поуката од минатото...

    Па така, читаме:
    - „Нашиот Илинден од 1903 продолжи да живее и стана наша најсакана болка и радост. “    - „На Илинден паднавме, но победија илинденците, победи копнежот по слобода, победи љубовта кон Македонија!“
    - „И кога ни земаа територии, ни го селеа народот, ни ги протеруваа децата, кога ни ги гореа куќите и храмовите, кога ни ги одземаа или ги минираа манастирите – и тогаш и таму трае Илинден, зашто истиот е длабоко во нас, во нашето постоење и опстојување.“

    Во потрага по нишките што ја поврзуваат и оддржуваат нашата духовност низ вековите и ни даваат определба како народ, беседникот го истакнува големото значење на нашиот македонски јазик, вкоренет во милениумски стариот црковнословенски јазик. Тој вели: „Корен и тврдина на нашето јазично и пошироко опстојување е црковнословенскиот јазик, нашето најтрајно обележје.... Токму неговата древност во нас буди спомени кои нè враќаат далеку наназад и нè прават горди поради фактот што тој наш јазик, тргнат од Солун пред 11 и пол векови, сè уште патува, учествувајќи во богослужбата на сите словенски народи.“

    „Затоа е добро што не бегаме од архаизмите со старомакедонско и црковнословенско потекло туку ги задржуваме и користиме во современиот литературен јазик...“ Тоа важи не само за термините кои се препознатливи во христијанскиот, верски контекст како што се Благовештение, Успение и сл., туку јас би ги додал и зборовите како што се свест, завет, тајна итн. за кои малкумина знаат дека исто така се создадени од нашите христијански првоучители или во духот на нивните јазични препораки.

    Продолжувајќи им го животот на тие древни зборови, всушност, ја чуваме и нивната, односно нашата Татковина, се чуваме и себе си.
    На крајот, не оставајќи ги во недоумица оние што го следат неговото Слово, нашиот беседник им нуди поука и тоа не само верска туку и поука која буди надеж сред виорот на нашето невесело секојдневие.

    Повикувајќи се повторно на историското паметење, тој прво се прашува:
    „Што нè снајде? Колку ние самите придонесовме за сето ова да ни се случи?“

    На оние што само помош од белиот свет очекуваат и веруваат дека некој од надвор ќе се загрижи за нас и ќе ни помогне, тој им одговара:
    „Зар некој туѓинец ќе го возобновеше Плаошник и Светиклиментовиот храм, дали некои поробители ќе вложеа во Бигорскиот манастир или во заштита на нашите стари фрески и икони? Ќе додадеме, зарем туѓинци ни ги изградија нашите цркви и манастири низ вековите.“

    „Сигурно дека не“, додава тој, „зашто да сакаа, имаа можност да  возобнуваат и заштитуваат, но не неправија ништо освен што грабаа и изнесуваа наши сакрални предмети, икони...“
    Затоа следи завршната и најзначајна порака на нашиот беседник, архиепископот  Стефан:
    „Браќа и сестри, да си подадеме рака, да си простиме, да бидеме заедно – заради нас и заради наша Македонија. Само безусловното единство ни е спасение.“
    
    Нека му е честито.

5 октомври 2019 МАНУ, Скопје

Преминпортал (К.Т)

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2683
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7133
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6965
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная