логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Patot.na.podviznikot2

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ
ГЛАВА ОСМА
За бдеењето — да не оживее повторно победеното зло

              Кога првпат ќе ја победиш својата сопствена слабост, можеби ќе си речеш: „На добар пат сум!“ Но не мисли дека си достигнал добродетел. Наместо тоа, благодари Му на Бога, зашто Тој ти ја дал силата. Не радувај се прекумерно, туку веднаш продолжи со борбата. Инаку, победениот грев може повторно да се разбуди и, тивко приоѓајќи, да те нападне од зад грб. Запомни: на Израилците Бог им заповедал — „протерајте ги од пред себе сите жители на оваа земја, разрушете ги сите нивни камени идоли и сите нивни излеани идоли, и сите нивни жртвеници, разорете ги “ (4. Мој. 33:52), за да научиме и ние од нивниот пример.

Големината на победата над себеси не е важна. Можеби се состои само во тоа да се воздржиш од утринското кафе или од цигарата, или од некоја привидно безначајна работа — да не погледнеш некого, да не задржиш поглед на нешто што те искушува. Она што се случува надворешно не е толку важно. Малото може да стане големо, а големото — безвредно. Но следниот степен на борбата веќе е тука. Секогаш мораш да бидеш подготвен. Време за одмор нема.

И повторно: молчи! Нека никој не го забележи твојот подвиг. Ти се трудиш за Оној Невидливиот, затоа нека и трудот твој остане невидлив. Ако почнеш да фрлаш трошки околу себе, птиците пратени од лукавиот веднаш ќе ги исколваат, објаснуваат светите отци. Пази се од самозадоволство — тоа може во еден залак да го проголта плодот на сите твои подвизи.

Затоа Светите Отци советуваат: што и да правиш — расудувај. Ако стоиш пред две зла, избери го помалото. Кога си сам, земи го најмалиот залак; но ако некој те гледа, избери среден пат, оној што најмалку привлекува внимание. Биди што е можно понезабележлив — нека тоа биде твоето секојдневно правило. Не зборувај за себе: како си спиел, што си сонувал, што си доживеал. Не изнесувај мислење ако не ти е побарано. Не говори за своите желби и грижи. Секој таков разговор ја храни обземеноста со сопственото „јас“.

Patot.na.podviznikot

            Не менувај ја својата работа, домот, или условите во кои живееш. Запомни: нема место, нема заедница, нема околност која не може да ти послужи во борбата што си ја избрал. Единствен исклучок е онаа работа што директно го храни гревот.

Не барај високи положби ниту човечки почести — колку пониско стоиш, толку послободен си. Биди задоволен со домот и состојбата во која се наоѓаш. Воздржувај се од желбата да се истакнуваш со своето знаење или искуство. Задржи ги за себе забелешките од типот: „Не е така, туку вака.“ Не влегувај во препирки и не докажувај ништо — допушти му на другиот секогаш да биде во право. Никогаш не ја издигај својата волја над волјата на ближниот. Тоа ќе те научи на тешката, но спасоносна добродетел — послушанието, а со неа и смирението. А смирението е поважно од сè.

             Примај ги забелешките од другите без негодување. Биди благодарен кога не те забележуваат, кога те потценуваат. Но не создавај сам ситуации во кои ќе се понижуваш — тие и така се јавуваат доволно во текот на денот. Ќе ги имаш колку што ти треба. Кога ќе видиш човек кој постојано се поклонува и со својата понизност привлекува внимание, можеби ќе помислиш: „Какво смирение!“ Но вистинскиот смирен човек никој не го забележува — за светот тој е невидлив, „нула“, како што вели апостолот: „Затоа светот не нѐ знае, зашто не Го спозна Него. “ (1 Јов. 3:1).

Кога Петар и Андреј, Јован и Јаков ги оставија своите мрежи и појдоа по Христос (Мат. 4:20), што рекоа нивните сотрудници кои останаа на брегот? За нив, тие беа исчезнати — отидоа. Не двоуми се и не плаши се и ти да исчезнеш од овој прељуботворен и грешен род. Зашто, што се надeваш да добиеш: целиот свет или сопствената душа? (Мк. 8:34–38). Тешко вам кога сите луѓе ќе зборуваат добро за вас (Лк. 6:26).

 

За Преминпортал подготвил Симеон Стефковски

 2025

 Bogorodica.CVET

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2143
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2159
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 602
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/05/2026 -недела

Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни; Светиот свештеномаченик Мокиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2026

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2026

Рамноапостолни  учители на словенските земји, богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная