логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до развратена душевна сила која преку покајание (преумување) треба да се преобрази во добродетел. Главна човекова страст е самољубието, која треба да ја преобразиме во Богољубие и човекољубие.

Во Ирод четворовласникот го препознаваме самољубието во сите три негови пројави или потстрасти: сластољубие (телесни задоволства), среброљубие и славољубие (човечка власт и слава). Кај свети Јован Лествичник читаме дека понекогаш страстите се противат една на друга, односно една страст во даден момент ја потиснува другата. Така, и кај царот Ирод гледаме дека овие три страсти во исто време немаат ист интензитет и сила, и гледаме како посилната страст ја потиснува послабата.

Имено, во моментот кога ќерката на Иродијада игра и со својот танц го задоволува неговото сластољубие, Ирод е подготвен да ѝ даде и половина од царството што му припаѓа. Значи, сластољубието во тој момент го потиснало среброљубието во него. Освен тоа, гледаме дека токму поради своето сластољубие Ирод го држи во затвор свети Јован, зашто овој го прекорувал дека не смее да ја земе жената на брат му. И покрај сè, ниту сластољубието, ниту некакво среброљубие го принудиле да го убие свети Јован, туку само да го држи затворен, иако и понатаму го почитува на некој свој начин и сака да го слуша.

Но, откако царот Ирод ѝ вети на девојката и ѝ го даде својот збор дека ќе ѝ даде сè што ќе посака, дури и половина од своето царство, таа, поучена од мајка си, ја бара главата на свети Јован Крстител. Иако се сневесели поради тоа, сепак, гледаме дека неговото славољубие не му дозволува да го повлече зборот што го дал пред гостите. Очигледно, најмногу од сè Ирод држи до својот збор, до своето јас, до својата гордост и високото мислење за самиот себе. Значи, неговото славољубие и гордост го убиваат свети Јован Крстител, односно конечно го убиваат и покајанието во него самиот.

Слично на него, и ние со своето среброљубие и сластољубие му штетиме на покајанието, но на тој начин што го држиме затворено и загушено некаде во нас. Но, со нашиот славољубив и горд ум ние го убиваме покајанието, кое ни е дадено како најголем дар во Христос Богочовекот, во Црквата.

И да заклучиме – најсилната страст што го убива покајанието во нас е славољубието, гордоста на умот. Ние, пак, наместо да ја преобразиме таа страст во смирение, продолжуваме да ја негуваме. А како ја негуваме? Па, сакаме секаде да сме први, сакаме сите да нè фалат, да нè слават и да нè сакаат – исто како лажните пророци. Луѓето што нè навредуваат и повредуваат, кои Бог ни ги праќа за да ни помогне да видиме која е најсилната страст од која треба да го очистиме нашето срце – луѓе кои се, всушност, дар Божји за нас – ги мразиме и им враќаме зло за „зло“. Со тоа ги отфрламе дарот Божји и Божјата промисла за наше преобразување и спасение. Таквото наше однесување значи само хранење и развивање на страста славољубие, гордост, во нејзините демонски димензии.

Свети Јоване Крстител, моли Го Бог да ни дарува делотворно покајание!

 (Обновено)

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1110
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1049
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

   Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење. Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво,...

 Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

 Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е...

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури...

  Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

 Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните...

Митрополит Струмички Наум:  За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Да те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и...

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

 Сите имаме свој крст, но прашањето е: дали нашето страдање Бог го прима како учество во Крстот Христов или тоа е само обично, очајно и бесмислено човечко страдање? Односно, дали...

« »