логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ
(НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА)



(Мрк. 10: 35-38)


Во името на Отецот Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри!

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба да ја бараме во фактот што нашите молитви честопати се самољубиви, егоистични па дури и неразумни. Еве ни таков пример од денешното свето Евангелие: „Пристапија кон Него Зеведевите синови, Јаков и Јован, и рекоа: Учителе, сакаме да ни направиш она, што ќе побараме. Он ги праша: Што сакате да ви направам? А тие Му одговорија: Дај ни да седнеме до Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево, во славата Твоја. Но Он им рече: Не знаете што барате..." (Марко 10: 35-38).
И денес многумина од нас не знаат што бараат од Христа Бога. Зошто е тоа така? Едноставно, затоа што немаме темел на здрава молитва и затоа што нашата молитва не излегува од длабочините на нашето срце. Кој е темелот на здравата молитва? Темелот на молитвата е човечката насоченост кон вечното и неминливото,а не кон непостојаното и минливото. За ова имаме извонредни примери во светителите на Православната Црква, кои биле вистински молитвеници, а тие говорат дека усната молитва, онаа која ја читаме и пееме, сеуште не е вистинска молитва. Таа молитва сеуште е само надворешна молитва. Услишена од Бога. На таквите Бог не им вели само: „Не знаете што барате", туку уште ги потсетува и на зборовите кои Бог му ги беше рекол на псалмопејачот Давид: „Зошто ги кажуваш Моите наредби и со уста го примаш Мојот завет? А самиот ја мразиш поуката Моја и зад грб ги фрлаш зборовите Мои? Кога ќе видеше крадец, се зближуваше со него и со прељубници се дружеше; устата твоја е полна со злоба, и јазикот твој лукавство плете; седиш и го клеветиш братот свој, и против синот на својата мајка се соблазнуваш. Ти го изврши тоа, а Јас молчев; ти си помисли дека Јас сум, каков што си ти. Ќе те изобличам и ќе ти ги изнесам пред лицето твое гревовите твои. Разберете го ова вие, кои го заборавате Бога, за да не ве грабне, па тогаш ќе нема избавител" (Псал. 49:16-22).


Овие зборови, иако кажани пред неколку илјади години браќа и сестри, се однесуваат до сите нас. Тие се актуелни и денес, зашто човечкото срце и по толку многу години останало закоравено во својата грешност и злобност. Затоа Бог понекогаш не ги исполнува нашите молитви и затоа Бог ни вели дека не знаеме што бараме.
И навистина не знаеме што бараме. Некои луѓе се молат и за нешта кои противречат на Божјата добрина, за нешта кои се штетни и за нив самите, но и за нивните ближни. Дали родителот ќе му дозволи на своето дете да пие киселина, кога знае дека од неа ќе умре? Се разбира дека милостивиот Бог нема да ја исполни таквата неразумна молитва, само заради доброто кое му го посакува на оној кој се моли. Тоа експлицитно, во Светото Писмо е речено: „Просите, а не добивате, оти зло барате, за да го трошите во вашите похоти" (Јаков 4: 3).


Некои од нас, пак, се обраќаат со молитва кон Бога, но својата надеж целосно ја полагаат кон надградба на материјалните добра. Го оставаат Бога и се ослонуваат на своите пријателства со моќниците од овој свет.Таквите, кога се во храмот на молитва: се расеани, мислат на други нешта кои се непотребни, ги озборуваат оние кои се околу нив во храмот и кројат разни интриги и сплетки за своите ближни. Тие ниту со внимание ја следат општата молитва, ниту, пак, имаат своја одредена молитва. Можеби нивниот јазик изговара некои зборови и увото им слуша некои изрази, но нивниот ум и срце талкаат некаде напразно и бесцелно. За таквите Господ вели: „Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене" (Матеј 15: 8).
Неразумна е нашата молитва кога се молиме на Бога да им се одмазди на нашите непријатели, да ги уништи оние кои ни мислат зло, да ги понизи нашите соперници, да ги казни оние, кои не навредиле... Божјиот збор ги поучува верните да се молат на Бога не да се одмаздува, туку да им прости на сите кои нам ни наштетиле. Потенцирано ни е како да се молиме: Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата. Тоа значи дека е неразумно да се бара се да се извршува според нашата волја и желба, според нашите егоистични пресметки и планови. Тоа е навредливо за Бога. Во таков случај Бог не само што би не укорил за нашето неразумно молење, туку за таа дрскост би ни рекол: „Бегајте од Мене, не ве познавам"!


Нашите молитви треба да бидат исплетени од благотворни гранчиња на длабока вера и длабока смиреност со покајание. Само тие можат да идадат сила да го развие цветот и да донесе плод. Ако тие елементи ги нема, тогаш молитвата е неплодна. Тоа е одговорот на прашањето: зошто нашите молитви честопати остануваат неслушнати.
Кога се молиме на Бога, треба да знаеме што е тоа што го бараме. Вистинскиот православен христијанин задолжително треба да знае дека неговата молитва не смее да биде поинаква од Господовата молитва: „Нека биде Божјата волја, како на небото, така и на земјата", за Бог да ни ги даде во изобилство нашите насушни потреби за да имаме тивок и безбеден живот, а пред се, да ни ги прости нашите гревови, како и ние што им ги простуваме на сите оние, кои нам ни згрешиле. Нашата вера и нашата надеж во Бога, како и покајанието и смирението неизоставно ќе ја направат нашата молитва да биде плодоносна. Но, да запаметиме дека сето тоа треба да биде достојно за Бога и во подеднаква мера корисно како за нас, така и за нашите ближни. Инаку, нашата молитва ќе остане бесплодна.


Нека Господ Бог ни даде сили да бидеме истрајни и постојани во молитвите, за тие да донесат вистински и корисен плод. Амин.

 

презвитер Славе Костадиновски

 

Скопје, 29-ти март, лето Господово  2015

 

Друго: Божествена Литургија во храмот на св. Јован Крстител, Скопје (29.03.2015)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная